Да ѝ ја открие сета своја љубов која не ја покажувал, особено во нивната заедничка италијанска пролет, пред неа и по неа. – Животот, мила – продолжи Татко, во задоцнетиот одговор – е како облакот на небото кој мигум се распаѓа, исчезнува.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
При првата средба во Струга, со доверлива искреност, која мигум се воспоставува, сведочеше за неговиот егзил, за првите минати години во Галилеја, за трагичната 1948 година, кога по нападот на Израел, ќе го доживее крајот на рајот на детството и ќе започне неговиот егзил, кој ќе трае до крајот на неговиот живот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
XXIII Не затворај ја вратата Не губи се во заборав... Махмуд Дарвиш Во моите дипломатски години во Картагина, како амбасадор во државата Палестина, како и во Тунис, беа од посебно значење во формирањето на претставата за Палестина, за нејзината борба за признавање и независност, за нејзиното движење на чело со Јасер Арафат, за личноста, животот и поезијата на Махмуд Дарвиш, овековечени со нашата прва средба во Струга, во август 1978 година, а потоа и со нашето долговечно и ненаметливо пријателство.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Таму блесна голема молња, која мигум го осветли небото.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Оп, ми прелета пред нос еден галеб кој мигум се стори раскошна галабица. Павташе со крилјата во ритмот на Интернационалата.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)