кој (зам.) - конечно (прил.)

Но тука е непобедивата работничка класа на чело со уште понепобедливата партија, која конечно го совладува Бога.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Овде беше основана и последната Илирска Империја од страна на императорот Пирус Бардули во 385 година пред новата ера кој конечно ја обединил Илирија, а Скадар го прогласил за главен град.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ме одби мене за свој дом, не ме настани во Него, и не се зарадува срцето мое во Господа; и Господ ме остави од денот кога дојде мојот душогубник, оној кој конечно ме фрли во страдање и несреќа: Филозофот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беше дел од ритуалот кога испишаните ливчиња, на кои бдееше, како еден вид Кербер, непогрешливиот шифрант Петар Иваз, сенката на мојата дипломатска мисија, од која конечно вистински се ослободував, кога тој конечно ќе заминеше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
„Значи - помисли Рада ,- тетка ми, сепак, нашла начин со кој конечно без правни пречки целосно може да се господари со имотот“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)