кој (зам.) - исцело (прил.)

Посилен впечаток по својата физиономија остава единствено станицата „Лувр“, која исцелно аранжирана во стилот на музејските вредности и на патникот ненаметливо му сугерира дека на оваа станица треба бездруго да слезе за да влезе во музејот „Лувр“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И така, додека скокавме од тема на тема за Уј или за Скопје, погледите неусетно ми запреа по ѕидиштата на големиот салон, кој исцело беше украсен со уметнички дела од минатите векови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)