Зашто ателјето на Гого беше жива слика на општ неред, во кој исклучиво тој гледаше некаков ред или ред нему што му годи колку што му треба, па затоа за жива глава не оставаше туѓа рака да го зачисти, па макар да е тоа и неговата сопствена жена.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Објектот имаше седум соби кои исклучиво се користеа за кур пауза на дел од вработените во институциите од централното градско подрачје, но тие не беа регистрирани како простор за спиење.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Захаријадис сакаше армија која ќе се бори против англоамериканскиот империјализам, како што имаше обичај да се изразува, но не без одредена причина; тој сакаше армија која исклучиво ќе се определи кон оние основи, кои Захаријадис уште како младинец ги беше донел од Москва...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)