Таа е дојдена за друго, самовилска ќерка, таа е дојдена да ги земе Петревите лоши
очи, тие очи во кои засекогаш ќе биде најубав нејзиниот лик, а нему ќе му остави пуста темнина во која ќе ја бара.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Она што несомнено и непобитно е, е дека „Две тишини“ е исклучителна песна која на времињата, на просторите, на чувствата и на кобата на судбината гледа со исти очи, со очите во кои засекогаш е втиснат стихот како глетка, но и како порака и писмо до вечноста.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Животното така би претставувало природен објект кој засекогаш е загубен за човечкото суштество и кој само уште носталгично можеме да го оплакуваме.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Офицерот нешто забележа во својот бележник, веројатно некаква оценка, мислење за настапот, која засекогаш ми остана непозната!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Бургиба Јуниор, во доверлива искреност, ми ги изрече зборовите кои засекогаш ги запаметив и ја чинеа суштината на мојата замислувана телеграма: - Мојот татко Хабиб Бургиба е мудар човек.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Како да не бил никогаш во Цариград Знаев дека речиси во текот на целиот живот ми остануваше потрагата на татковата тишина како облик на живеење, на откривање моменти од неговиот живот кои засекогаш останаа отворени дилеми.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На тој начин , може да се рече, дека навистина располагав со доволно време за да ги средам до последен детаљ сите мои намери.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Дилемиве за кои зборувам, а и оние кои засекогаш ќе останат недоречени, ги разместував и средував во размислите во некоја од самиците на затворот по она мое неконтролирано однесување откако го бев слушнал разговорот на Катерина со Јана и Мирко Банде од канцеларијата на Роман Гигов Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И тоа не e сѐ. Колку ли се тие кои засекогаш останаа на гробиштата во источно-европските земји, поранешниот СССР и во поранешна Југославија? Бројки.... бројки... бројки....
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Претставниците на власта и партијата им се радуваа на новите припадници на работничката класа кои засекогаш се збогуваа со животот и со навиките во планините и кои сега, сигурно, ќе му зададат конечен удар на домашниот и на странскиот класен непријател.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Како ли се чувствуваат оние кои засекогаш ќе ја загубат надежта?
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Велиш: сè беше забележано и нацртано во тие планови како на дланка, а вие сепак за една тегла злато губевте и по неколку ноќи!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ме учеше турски. Ме научи неколку зборови, од кои засекогаш ми остана во сеќавање синтагмата на турски aç kapi (ач капи), односно отвори ја вратата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Една долга зима, напаѓа еден од најголемите снегови кој засекогаш остана запаметен во нашиот град.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Во неговите страници беше продолжено среќното време од детството кое го живееше во Солун, крај својата вујна, чудесната Италијанка Клементина која засекогаш ја задржа во спомените како мајка, подоцна како светица, во својот живот во егзил.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)