кој (зам.) - едновремен (прил.)

Со изборот на пазар кој едновремено се движи кон центарот на самоконституцијата, социјалната интегра­ција и системската репродукција, пазарните стандарди тежнеат кон тоа да доминираат над моралната одговорност или да ја заменат, а една од последиците е губењето на одговорноста за оддалечениот странец - без оглед дали тој се јавува во ликот на денешните сиромаси или во идните генерации.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Фактот дека во случајот на пантерот со јазик не е воведен никаков недостиг нему му дава обележје на самодоволност која едновремено го прави толку привлечен и толку страшен.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Мојата култура, пак, е духот на народот кому му припаѓам, духот кој едновремено ги проникнува и моето највозвишено мислење и најпростите гестови од мојот секојдневен живот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А тоа нам - било како на личности, било гледано низ една колективна, “македонска” призма, токму за да фатиме контакт со тој фантом на идентитет каков и да е и каде и да е, кој едновремено е и нашиот најголем култ и најголем страв - ни е повеќе од потребно.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Интересот на државата за дистрибутивна правда секогаш потешко добива легитимација - тоа е рецепта за изборен пораз.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)