Решението за престанок на работниот однос го донесува директорот на јавното претпријатие, против кое работникот има право на жалба до управниот одбор во рок од 8 дена од приемот на истото (чл. 37ч). 110 ЗАКОН ЗА СТЕЧАЈ Законот за стечај (ЗС) е донесен во 2006 година,108 со што престана да важи дотогашниот Закон за стечај од 1997 година.109 За периодот на нашата анализа (2010 – 2014), новиот Закон за стечај има претрпено вкупно 4 изменувања и дополнувања.110 Со рогацијата од април 2011 година дојде до намалување на износите на глобите предвидени за должникот – правно лице и одговорното лице на должникот – правно лице, (чл. 6 од ЗИДЗС/апр.11) трговецот – поединец и одговорното лице на трговецот – поединец, (чл. 7 од ЗИДЗС/апр.11) а беше воведена нова казнена одредба за стечајниот управник кој нема да внесува или неажурно ќе ги внесува и доставува потребните податоци. (чл. 8 од ЗИДЗС/апр.11) Со измената на Законот за стечај од 31.05.2013 година е предвидено дека одлуките за објавување на повик за одржување на собрание на доверители, како и известувањето за вршење увид за во план за конечна распределба на средствата и известувањето за вршење увид во табела за утврдени или оспорени побарувања се објавува на веб страницата на Централниот регистар на РМ и во еден од трите најтиражни дневни весници кои се дистрибуираат на целата територија на Република Македонија. (чл. 3 од ЗИДЗС/мај.13) До дополнителни измени дојде и кај побарувањата од повисок исплатен ред кои дополнително беа дополнети и со придонесите за здравствено осигурување и осигурување во случај на невработеност. (чл. 66 од ЗИДЗС/мај.13) Третото и четвртото изменување и дополнување од ноември 2013 и февруари 2014 година не донесоа некои позначајни промени кои се поврзани со остварување на правата од работен однос. 108 Закон за стечај, Сл. весник на РМ, 34/06.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Беа додадени неколку нови става кои дополнително ја допрецизираа процедурата при продолжување на лична работна дозвола издадена за вршење на дејност самостојно како единствен сопственик, каде сега подносителот – странец, со барањето треба да достави и мислење од Министерството за економија.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)