Знаев јас дека тешко ќе пронајдам човек кој ќе може да се носи со приказната за принцезата која дење се претвора во жаба.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Не е слепо црево зафрлено на приграничната периферија, туку широко отворена порта и осветлен канал низ кој дење и ноќе се претура синџир од камиони, автобуси, патнички коли, отворена артерија која води кон светот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Кога навечер, по враќањето откај сарајот, не можејќи да се скраси в постела, нервозно шеташе нагоре-надолу по плоштадката пред Капан-анот, која дење се полнеше од трговски договарања и преговарања, тој избегнуваше да се сретне дури и со Марин Крусиќ, зашто сега со никој жив не сакаше да ја дели својата болка, како таа единствено да му остана од Атиџе.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)