Пред училишниот двор сé повеќе нараснуваше вриежот на луѓето, кои гласно, брановито и со песна ја силат и незапирливо ја одгласуваат сета радост во себе.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Ја извади крпата од појасот и откако си ја избриша потта од лицето, на мајките, жените, сестрите и децата на отидените на Црн Камен, кои гласно лелекаа, тивко плачеа, им заповеда: А вие престанете да кобите.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И додаде: Со нив е Трајана, таа нема да ги остави да се опакостат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Многу често ме будат нејзините родители кои гласно крескаат за ќерка им да ги чуе.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Летното сонце уште печеше така што плажите беа прекриени со капачи кои гласно и весело вреваа, прскаа и се плискаа во водата или се сончаа мрзоволно испоналегнати по песочниот брег.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Ни краток, ни долг, ни премногу тесен, ни премногу широк, со убав пад и лесно оформени ноздри.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)