Но, тоа не значи дека не знаеш, оти знаењето не се мери во чекори; ако беше така, оној кој везден чекори и си нема друга работа освен да нѐ става во искушение, ќе беше најумен, асикрит на сите асикрити!“
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Мајка, која везден ја чистеше насобраната прав од книгите, продолжи со сите нас, децата, тажно да ги прелистува книгите, гледајќи н како се мачиме и никако не можеше да ни ја смират гладоста ниту нејзините волшепства кога со преостанатиот мал дел од брашното од изминатиот месец и разретченото масло правеше вкусни пити.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)