Овој луциден судија кој го водеше предметот, покажа одличен правен сенс (elegantia iuris) – што е сосема ретко од нашите партиски подобни судии, образовани во духот на бедниот и буквалистички правен позитивизам – кога заклучи дека прекинот на работата се случил спонтано поради незадоволството на вработените прогласени за технолошки вишок 49 кои со жив штит ги попречиле вагоните да тргнат од пероните на станицата и дека: „Не е јасно како може, без индивидуализација на делата на секој од тужителите посебно, тие да бидат казнети ‘во пакет’, и дали во конкретниот случај се работи за некој нов изум на ‘колективна одговорност’ кој тужениот се обидува да го примени во своето работење“!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А и самиот управител имаше отворен и другарски однос кон сите вработени, што Мушаланов го оценува како доста позитивна работа и наведува дека, доколку управителот професионално и навремено ги плаќаше обврските спрема вработените, самата Агенција можеше да прерасне во модерна компанија. 289
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Вреди да се одбележи дека со оваа пресуда, и покрај ригорозните и репресивни законски мерки насочени против организирањето штрајк, се востанови еден одличен судски преседан дека „блокадите се суштина на синдикалното делување“ (зат. цит. – стр. 3).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Спорот траеше прилично долго, една година и четири месеци, со одржани само три рочишта за главна расправа, на кои тужената страна ниту еднаш не се појави иако беше уредно поканета.4
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Иако цело време Агенцијата доцнеше со исплатата, за спорен период се земени само четири месеци, поточно времето од јуни до септември 2007 година – за што Мушаланов претходно и се консултираше со адвокат (С.Атанасовски), кој беше негов сосед и близок пријател.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)