Инаку се и големи талкачи; талкаат со говеда, со овците, низ полето, ливаѓето и по ридовите; талкаат, ловат и риболоват, во Црна, во мртвиците, во Блатото,а поледелието и сточарството, иако им врват одлично, повеќе ги сметаат за нужности на поминокот и поводи за празненства, дедека становниците на Градиште, судејќи според она што останало по нив за да сведочи за нив, кованите пари, керамиката, разните украсни предмети од железо и преданијата, кои сегашниве жители на Потковицата, чувајќи ги и пренесувајќи ги од колено на колено, ги измешале до непрепознатливост, морале да бидат воини и инородци.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Настанети на Чауле, заради прегледноста, бездруго имале задача ако не за да пазат на патот од Стоби за Хераклеја, тоа себеси да се пазат од честите завојувачи кои, по него, по патот, нагрнувале на југ, спрема Битола и спрема Солун, и оттаму, по Виа Егнација и по море, спрема Азија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Изложбата ќе ја посетат околу 50 милиони луѓе, па сосем е сигурно дека големо мнозинство од нив ќе бидат обични посетители на кои сегашниве експонати не би можеле во нужната светлина да им ја доловат нашата земја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)