Честопати, враќајќи ѝ на средбата со Ататурк, со сознанијата што ми ги носеа новите времиња, во мене се потврдуваше мислата дека секоја револуција, решавајќи го проблемот со забрзана промена на животот на луѓето, елиминира еден поредок за кој претходните генерации вложиле голем труд, големи маки и страдања...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
На 5 октомври 1943 година мисијата Mulligatawny пристигнала во Црвена Вода каде се наоѓале Главниот штаб на НОВ и ПО на Македонија и ѝ се придружиле на мисијата Monkeywrench која претходните денови пристигнала при ГШ на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)