Именуваниот суд (преку судијата С.Зиков како претседател на советот), постапувајќи по тужбата, а по пет одржани рочишта за главна расправа и по повеќе од година и пол, во декември 2006, донесе позитивна пресуда во корист на Ристевски со која неговото тужбено барање се усвојува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
За времетраењето на спорот не беше изречена „времена мерка“, иако тоа беше побарано од страна на Ристески и неговиот адвокат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ворхол од Тавеловите сценарија не бараше основа за наративен филм, туку изговор и контекст од кој неговите протагонисти ќе откријат нешто за себе, односно создавање предтекст за настан.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Ворхол во тоа име го ангажира и сценаристот Роналд Тавел, па дури во еден момент ги откупува и правата за романот „Пеколниот портокал“ на Ентони Барџис според кој е снимен Vinyl (оваа верзија ѝ претходеше на Кјубриковата).
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Без хипербола, Будимпешта е град во кој неговиот ширен, отворен простор - парковите, улиците, кејовите, булеварите, авениите се исполнети со скулптури.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Место тоа, во слободното време Миха си дозволуваше да се занимава со дејности, за кои неговите колеги не пројавуваа интерес - заглибени во рутинското практицирање на својот високоучен занает и евентуално привлечени да составаат, односно да компилираат, по некој средношколски учебник по психологија.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Без да ги затвори вратите од гаражата, се одвеза по патот по кој неговата сопруга одеше пред еден ден.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Но болката секогаш се враќаше, со визија на безнадежно глувче што се плетка на полјана за да најде дупка, за која неговиот запленувач знае дека не постои.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Френк ги забележуваше малите нешта, на кои неговиот брат, поради расеаноста, забораваше да им обрне внимание.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Меѓу плодното и ценето дело на академикот Харалампие, почесно место зазема комплетот за Поетот - четири книги во тврд подврз, во кои неговото дело е стручно осветлено од историски, духовен и егзистенцијален аспект.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Оттаму, длабоката привлечност кон телото, кои неговите состојби и промени, кон остварувањето на допир со другото тело, кај мене извира само од љубопитноста на истражувачот за немирните игри на виртуозот Ерос.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
По масата имаше расфрлани весници со потцртани изјави на политичари, до кои неговиот пријател имаше начкртано превод на англиски.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Уште повеќе, што сите причини заради кои неговите родители не ја сакаа, не можеа да бидат од пресудно значење за неговата одлука да живее со Марија.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Поставен во услови на уништени културни институции, тој ја препознава својата ситуација во која неговата публика, т.е. класата што е носител на една постојана мисловност и е отворена за дијалог, исчезнала.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Виктор стана. Поточно тоа станување личеше на скок за кој неговиот изведувач и не беше свесен.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Различно од било кој негов современик, или претходник, за Коро се тврди дека ја зачувал суштината на своите детски шкработини во идните дела.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тоа е прв таков случај во модерната уметност.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тој таквите објекти и форми-формални објекти ги третираше како да се болни и како физички да мораат да се променат преминувајќи од цврста состојба во течна, така што нивната топлина да стане достапна и да може на луѓето да им прави добро.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сепак, за творец на хепенингот се смета Алан Капров, еден од уметниците кои учествуваа во работата на Кејџовата класа во New School For Social Research (1958...).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Предавањата во училиштето за Кејџ беа начин да се направи себеси достапен на сите коишто сакаа да работат со него. (На сличен начин, издавањето на своите книги тој го објаснува како доследно спроведување и проширување на тој принцип кој неговите искуства ќе ги направи достапни до поголем број почитувачи и следбеници).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Така што уметнички воведувал “здрав хаос, здрава безобличност” - дали потопувајќи се во такви материјали како што се медот и земјата, или преку акциите и флуксус деловите кои неговата психа и тело ги ставаа во течност, во елементарен процес - Бојс се вратил не само на состојбата на сонот и фантазиите од детството туку и на топлиот, безобличен, формативен период на животот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Всушност, се обидел да го оствари својот повторен развој.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Посебен, поинаков и посамосвоен облик на театар претставуваа различните форми на наслојување на повеќе поединечни, самостојни дела поврзани со некој заеднички елемент на структурата (најчесто со ритмот).
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Престанало да врне... Треба да се работи...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Меѓутоа, кога го читаме Чехов, забележуваме дека во сите ситуации во кои неговите драмски или прозни ликови комуницираат суштествено и вистински, изменувајќи ги автентичните чувства (а не само зборовите со кои тие чувства наводно се искажуваат или се опишуваат), не зборуваат за некои големи и важни нешта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Има ли, воопшто, книжевноста некоја друга задача?
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Градите ѝ беа свиснати; пупките изгледаа собрани од студот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Неговите изуми се оддалечуваат од активниот неред на животот”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ти повторно беше во бикини, завиткана во Навахо ќебето, а јас ги имав навлечено кратките пантолони додека гаќите сѐ уште ми висеа од задниот џеб. Ѝ го испитуваа телото со батериите од кои неговата белина блескаше.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Стомакот изгледаше надуен како да беше полн со галони вода.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
А Патриша Меривејл, која го споредуваше Борхесовото дело со она на Набоков, завршува со следната дистинкција: “Додека Набоков обично ги пушта своите актери ‘да испарат’ и нѐ враќа во стварниот свет, Борхес ја доведува својата приказна докрај и постојано нѐ потсетува дека обајцата, и писателот и читателот, се ‘творба од која се направени соништата’.”
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ќе ги најдеме, ми се чини, во Кантовите антиномии и во Зеноновата дијалектика”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ајде да направиме нешто што не направил ниеден идеалист: да ги побараме нестварностите кои би ја потврдиле таа природа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Заклучокот е неизбежен: Борхес е волшебник на зборови и мајстор на итрини. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 217
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Многу негови кратки раскази го прават токму тоа: ги претставуваат нестварностите (човекот што сонува друг човек и го воведува во стварноста, библитеката со нечитливи книги, една година содржана во минута) во коишто читателот препознава концептуализација на метафизиката и хипостаза на теологијата.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Изградил еден анти-свет, совршен и кохерентен простор во кој неговиот ум може да измислува колку што сака...
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Во еден ран есеј од 1939-та, Борхес веќе го оцртал правецот по кој неговата проза конечно ќе тргне: „Да го признаеме“, вели тој, „она што го признаваат сите идеалисти: халуцинаторната природа на светот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Веќе третпат се договара да се најдат на кафе во некое од кафулињата во центарот на Охрид каде што, додека седеа и разговараа, Едо со задоволство рагледуваше наоколу да види кој негови или нејзини познати ги виделе и како се однесуваат кон тоа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Нема поголемо понижување од тоа бившиот дечко, после сѐ, да ми бара некои пари кои неговите родители ги уплатиле за да ме запишат на факултет кој не го сакав и на кој стапнав само двапати. Кога се запишував и кога се отпишував.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)