кој (зам.) - наш (прид.)

Трајко го осети гневот, но ја осети и спремноста на обајцата да земат петстотини лири за да ја прекинат инквизицијата, та пак куражно одговори: А бре ефенди, така си е.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нека горит овој бунтовен милет, да се знает кој наш душман, а кој пријател.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
НА СЕВЕР од Брисел, токму по онаа делница од меѓународниот пат Е-5, кој нашата земја преку Унгарија, ЧССР, Австрија и Германија ја сврзува со Белгија, поточно на пристапите кон Северното Море, таа е поинаква: порамна, понова и постара, со повеќе споменици и знаменитости; потуристичка, попривлечна, отколку на југ, спрема Германија и Холандија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- За кои ниви зборуваш? За нашите? - Кои наши?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Да, браќа, - продолжи директорот, свесен за превидот, - вие ќе се вклучите достојно во прославата во која нашата Партија на трудот, нашиот народ ќе ја покаже големата љубов кон великиот Сталин и почитта кон неговото дело, во името на целиот пролетерски и работнички свет.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ова множество на шеми ги води нашите акции но повратно и се ажурира кога акциите ќе доведат до нови перцепции; интеракцијата на настани и очекувања го контролира процесот на акомодација при кој нашата целосна мрежа на шеми се ажурира и проширува.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Помислил дека човекот кој нашата врска го видела е можеби Менер, „Хосакиниот” главен генетичар.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Светот во кој нашите зраци ќе се сплотат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Напротив, самите геј-мажи се жртви на културниот симболизам на женственоста – иако тие од него страдаат поинаку од жените.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Антисоцијалниот вид естетика на машката геј-култура го усвојува тој симболизам за да го оспори.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако машката геј-култура го зајми омаловажувачкиот културен симболизам што е сврзан со женственоста и ако дури и ужива во тоа, тоа е така затоа што во женствената идентификација гледа стратегиска можност, која со радост ја користи – можност да ја обессериози сериозноста со која нашето општество ги третира сопствените родови конструкции.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога ја зазема женственоста како заменски идентитет за геј-мажите, машката геј-култура ја разобличува и ја онеприродува.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)