Земјата е жолчката која од вртежот фатила тенка кора, врз која живиот свет атерирал од некаде, се населил или никнал – сеедно.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Не можел да стане јасен, разбирлив, можел да ги трогне со библиска можност за воскресот на сите мртви пред кои живите ќе клечат и во безумен уплав ќе молат да им бидат простени гревовите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Думбаровски ќе биде првиот во нашата историја кој жив ќе влезе во својот музеј,“ си шепотеше под носот, одејќи по улицата де лево, де десно.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Чекале тој глас да порасне во него, да го напне, да му ги расфрла ситните парчиња на распаѓањето, онде, по рудината со заборавен пат од непознати времиња, а тој уште чекорел кон нив небаре и самиот се плашел навистина да не се распадне на педа од отворениот гроб, од незасилениот пламен во јамата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)