Н.Н. ги охрабрува сите кои се „криво оптужени“ и на кои им 41 се ускратени нивните права или на било кој друг начин им е нанесена неправда, да соберат сили и да се борат за своите права, да не потклекнуваат под притисоци – затоа што „успеваат само најупорните“ а, на крај, правдата мора да излезе на виделина. 1. Интервјуто го водеше Горан Секулоски, на 27.III.2011, во Скопје.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А овој позитивен пример се издвојува и по навременото координирано дејствие на работниците - тужители кои, кога беа обвинети за предизвикана штета на компанијата, ги пронајдоа сведоците и земаа нивни писмени изјави, пред да помине подолго време во кое може да се манипулираат истите или, пак, да заборават детали за настанот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
А, пак, странка во постапка може да биде секое физичко и правно лице – а, освен нив, со посебни прописи се определува кој друг може да биде парнична странка (чл. 70, ст. 1-2 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ако синдикатот престане да дејствува со неговиот имот се постапува на начин и под услови коишто се пропишани со статутот (чл. 194, ЗРО). 4. Во случајов станува збор за т.н. постулациона способност – тоа е капацитетот на парнично-способната странка во постапката пред судот сама да ги презема процесните дејствија, во правно-релевантна изразна форма, без посредство на други лица.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Ракетите ги обезбедил кој друг, ако не Чанга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ова може да да биде сторено бидејќи на овој автор му успеа посилно и потрајно отколку било кој друг за мене познат балкански автор, на зборот и на поимот балканско да му даде нова димензија во свеста на другите европски народи и култури...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Кои други ако не своите! – рече замислено Чанга. – Така е, Чанга!
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Која друга смисла во животот ќе ја барам јас сега на овие мои години.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Геманските железничари со своите возови не чекаат на оној воз ниту една минута, па и било кој друг ако задоцни.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Таа е земја на оранжерии. Можеби ретко која друга земја има толку оранжерии како Холандија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
За да се прашам себеси: имаме ли ние, Македонците, своја автентична национална и културна татковнина? Јас велам - колосална! Како ретко кој друг народ во Европа. Но, тоа е тема на мој посебен есеј...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
И Мирче му се обрна со шепот: — Ама навистина се слушна нешто одавде рид за Мусинчани и Остречани, и јас си помислив наеднаш: Сигурно побратимот Толе таа работа ја има свалкано. Кој друг може да биде?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Секој симбол може да биде активиран на голем број различни начини во зависност од тоа кои други симболи се активни.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Ретко која друга империја на Балканот, па и во светот, ги презела, првин, верата а, потоа, и законите на покорените, како што тоа го сторила Отоманската Империја...
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Попладнето, во дремливата долина, во напластената тишина, како остра пила се засече автомобилско брмчење. Шумарот, кој друг!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- За кој друг! - Што знам! - рече Елена. Замолчаа.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Кој друг може да ти биде публика, кога корката леб можеш да ја најдеш само во корупката од лубеницата, со која се насладува сезонското магаре пред да го отпуштат од самарот на глутницата волци во планината?“
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Изборот по абецеден ред е доволно случаен, бидејќи инаку според кој друг систем Хад, Хитлер, Худини и Хемпстед би се класификувале во една категорија?
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Ненадејно мислата му се насочи кон можноста за сожалување, компромис и проштевање, или кон било кој друг сожалителен нагон.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Од која друга причина би ја одвел Рози на работа кај него.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Не можеш да ме измамиш. Биди чесен. Одговори ми со едноставни зборови, не со празни. Барај се. Најди се. Биди свој.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
За било кој друг уметник, ваквиот гест лесно би можеле да го пренебрегнеме, но како што знаеме, три години подоцна Дишан ќе почне со трансформација на обичните секојдневни предмети само со обично ставање на својот потпис на нив.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Не наседнувај на работи на кои другите наседнуваат.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Дури ни неговото блиско пријателство не го објаснува мотивот на изборот и испишаната посвета на оваа необична играчка како подарок на својот пријател.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
За да бидам во дослух со она што сакам да го наметнам како терапија, односно за да бидам смешен, ќе кажам дека доколку нашите театари заклучат дека не ги бидува да направат добри, лековити смешки, тогаш не им останува ништо друго освен да побараат помош, а од кој друг, ако не од - Чак Норис.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
„Нема кој Друг. Арамиите имаат пушки, стрелаат.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Кој го зеде јатаганот? - Јордан Шоп, кој друг. Под гуња му е.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Тој ли го уби со вила волето на жалнион Осип Сечковски?“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Ако го најдат, ќе видат дека е Турчин и ќе нè гонат. Тие се големи одмаздници, не ние.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
ИЛИЈА: Ами за која друга, ако не за тебе.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Сега знаеше дека, заедно со него, заоден по неговата дира, и тој мршар, и тој негов волк, преку целиот ден, всушност продолжуваше само да се крие, да се засолнува од сите други волци, а дека тоа можеше да се прави најдобро само во неговата близина, во која другите не се ни обидуваа да навлезат.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Не биди сигурен во тоа! Обично сакам да газам по негазени патеки, кои другите тешко би можеле да ги следат.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Навечер одевме на свирки по бродови каде што забави правеше кој друг ако не Фуфо (имаше и своја пицерија во градот, со коцкестите црвено-бели чаршафчиња), а свиреа Робертино од Ластовица, и други дечки од Македонија.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ама нема кој друг да ти испере, да ти спастри.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ако е за право, таа и немаше на кој друг да ја остави.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Безнадежни се само оние што имаат малку вера, велеше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Штом ќе надвладее било кој друг обзир, противгерманската страст го обезбедува тријумфот над германската мисла.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Хероинот ја има таа моќ сите овие непријатности да ги направи задоволство.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Дишејќи го истиот воздух како и другите членови на неговото племе, раѓајќи се како било кој друг човек во еден историски и расцепкан свет, уметникот не може да тежнее кон некакво моментално пристапување кон универзалното.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Всушност, споредено со искуството од било која друга дрога, не се сеќавам дека некогаш ми било толку забавно де повраќам во ве-це шољата. Не ми се излегува.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Затоа што немам од кој друг да добијам или да очекувам подарок. Дури ни од моите родители.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Ја празнеше и иситнетиот камен го фрлаше во други, одамна истражени јами.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Ги средувам мислите многу полека за да го опишам подземниот живот на кој му бев дел, непозначаен од другите околу мене во мракот на јамата. Кои други?
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Тој едноставно одбива да припише јас-ство на машината, но не нуди причини зошто ние, или било кои други машини, би требало да се согласиме со него. 4.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Таа е метафора на самата метафора: таа е машина за посматрање која овозможува да се пренесе, да се метафоризира обликот на еден предмет во било кој друг облик.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Камилски, како ретко кој друг на Балканот, имаше срце да им се радува на успесите на другите, да ги смета како свои, посебно кога тие беа од општ интерес.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
„Сестра ми Томаица ја запросил – кој друг ако не – грчкио конзул.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Чудно... кој друг звук го слушна студентот зад овие зборови?
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Откако завршив Махмуд Дарвиш загледан кон другиот брег на Езерото, тивко се огласи: Луѓето се убедени дека кога пеам за својата мајка, јас пеам за Палестина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Абу Амар за своите, Јасер Арафат за светот, за едни палестински Че Гевара, за други Мојсие на својот народ...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој како ретко кој друг арапски и африкански владетел, си ја има замислено и однапред подготвено својата сукцесија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не, јас пеам само за мојата мајка. Таа од далеку ме следи, јас ја препознавам во мојата тишина, која другите не ја разбираат...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не случајно бараше од Советите во еден период кога ја посети Москва да му ја откријат формулата на совршеното балсамирање на Ленин и Сталин.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Повторно, шифрантот Иваз, а кој друг! - Амбасадоре, дојдете. Итно е! Од кабинетот на другарот Сојузен!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Јасер Арафат како ретко кој друг успеа да ја ревидира судбината на својот палестински народ, да го обедини на патиштата на слободата по вековниот егзил и самиот да стане маченик на враќањето во Палестина, историска жртва, фатен во подготвената стапица од јастребот Шарон!
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Во обете мисии беше вложен животот како неизбежна жртва.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Тој живееше со својата можна легенда, како ретко кој друг владетел во светот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Обајцата, еден со меч друг со перо, во еден долг период ќе ги обединува заедничката, света мисија, како ретко кои други во светот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
И покрај големите разлики на балканските народи во нивниот етнички и национален идентитет, беше свесен дека тие поседуваа повеќе обединувачки, отколку разединувачки елементи, како во ретко кој друг поголем европски предел.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Обично не го знаеше моето движење во текот на денот. Особено кога одев кај Палестинците.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Вие сега одново сте решени со двата прста да му брцнете некому в очи… и така натаму,” овдека одеднаш го повиши тонот и, веќе, викаше разбеснето началникот, втурнат во лицето на Ема Ендековска, напрегајќи се во тие мигови да препознае во нејзините очи било кој друг што ќе може да ја разбере неговата тежина.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Потоа зборуваа за Атиџе, иако Марин Крусиќ повеќе сакаше да зборува за сегашните гордости на човештвото, до кои, се разбира - тој, ами кој друг? имал можност да се допре.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Генералот никогаш не дал наредба и никогаш не рекол напред, славата негова ги допираше небесата, го затемнуваше просторот кои другите сакаа да го освојат.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Тогаш кој друг ако не мајка и или татко ѝ.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Некоја од момите на мајката Роса се залепи до неа и двете во еден глас прошепотија Кутриот, како да го согазиле! а Чана продолжи малку погласно Познат омјаз и вгленот у лицту, кто то!... а од длабочината на вагонот се јави гласот на Борис Биџов чиниш станува збор за најобична шега Дине, кој друг може да е!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Кој друг ќе знае. (Вади да ја дарува, а другарките почнуваат обредна песна за свршувачка).
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
СТРИКО КОЉО: Е, честито ти момче, ќерко. Нека е вечно и вековито.
„Печалбари“
од Антон Панов
(1936)
Се најдов во небрана — изненадена сум невела — не чини неј — нив непара — не толку нетоп — невестински украс од тенеќија кој ја заменува короната ниа — оние нии — нив нуна — кума (делхинутив — кумица) нишан — знак нишка — нит, нитка на платно нишчелки — направа на разбој за ткаење ној— оној ногашчка — наплеток од косата обрецнам — врекнам, нависоко ќе проговорам обрус — долга везана крпа со реси од која се прави чалма на главата одер — врста кревет на столни ногари закопани в земји на кој се чуваат алиштата и покровите во визбата одвраќам вода — басна на вода за да се мени положбата во која се најдува озастра — утринава онбашија — турски војник десетар — каплар опурчак — искинат опинок кој веќе не се носи оралиште — место каде се игра оро ораџика — жена што игра оро орјатка — погрден збор за жена со која друга жена е скарана орман — густа гора оужје — накит олепела — лесна клетва осмак — мера за жито 50 оки отпуст — поповска песна пред свршетокот на извесна. служба павти — женски накит од сребро и бакар пагурче — сад за ракија пазамарка — џеб на селска кошула пајвани — ортомчиња со кои му се врзуваат нозете на коњ да оди раван — ситно парка — што ѝ е, што ѝ пречи да направи нешто паскурник — шара за шарање поскури пачавриче — книжулче, може и крпче од ткаенина пашит — без самар коњ, маска, магаре пералник — котел во кој се топли вода за перење песјачка — погрден збор за жена со која друга жена е карана петле — во онаа см. наполеон — пара златна француска со петле на неа петравил — епитрахил петреви гаѓи — горско цвеќе пинок — опинок плак — старец плетва — трева во сеидбата поврзало — врвца на торба или вреќа, како и на огламник на добиток подвеска — дел од селска облека.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
„А кој им кажа? — се праша Сулиман чауш. — Та кој друг ако не овчарот?“
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Па и која друга ќе ја заведе ако не јатрва ѝ Митра?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Како немам, Волче? Како сум немал? Јас ако немам покровка, кој друг во чарнгијава?
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
– Да не е тоа бундата што ти ја подари за свадбата? – Па која друга? – Па оттогаш минаа дваесет години!
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
- Кој друг, брате? - се внесе Татко. - Сѐ уште Сталин, брате мој.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Дури и на оваа двосмислена констатација, која другите партиски умови ја сфатија како отворена провокација, не реагираше секретарот Јаворов.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Некогаш одамна, вели тој, имало еден пар сопрен во слика на простор-време, или како да беа стопирани во сликата, како што ти и јас би биле пак да летаме преку земјата, од исток на запад со брзина од 600 милји на час додека САД пролетуваат под нас од запад кон исток со брзина од 1000 милји, носејќи ги со себе Земјината атмосфера и нашиот DC-10 со нето брзина од минус 400, додека нашата планета збивта околу Сонцето со брзина од 66 илјади милји на час а нашата галактичка локална група заеднички трча кон Големиот атрактор отприлика milion und so Weiter, но за нас ефектот е како да седиме во темница со пластични чаши со шабли од Мендосин на 32 илјади стапки над Мисисипи, да речеме - што е точка којашто за нас во тој момент, како и било која друга точка, би можела да се смета за Stillpunkt во средиштетето на нашиот космос и сите други, од која релативно се сметаат нивните вртоглави движења и контра-движења. Маргина 34 79
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Според неговото објаснување Службите пројавиле посебно интересирање кој друг освен него можел да ги слушне спомнативе разговори?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- За кој Господ станува збор! Нели му влезе в црква? Заборави?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Кој друг отпишувал освен власта што со наша крв ја создававме? - праша Чауле.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Господ морал потврдно да одговори на прашањево и притоа да го спомене и моето име а притоа сфатил дека е негова должност да ги спомене и разговорите што ги имавме водено ние двајцата.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Можеби заради тоа што никогаш до сега не бил 19 октомври, токму оваа година, а сега е, и тоа е така; можеби затоа што овој датум значи повеќе отколку било кој друг датум во историјата; затоа што е оваа година токму ваква каква што е, во сиот свет, и токму затоа е ова крајот.”
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тука, исполнувајќи го хоризонтот, како подигнатиот Нептун, крунисан со ловорики, алабастер и корали, со сликарската четка зграпчена со рожнатите прсти како трозабец, со замав доволно широк за да измами врнежи над сиот Гибралтар — кој друг освен творецот на Девојката пред огледало и Герника?
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Тој знаеше во кој дел од шумата има мајмуни и се надеваше, ако не татко му, или мајка му, дека било кој друг мајмун ќе го прибере.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Ги молев тие од џипот, за нив прашуваш, нели? - Ами за кој друг, за нив, Нумо.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А на коложег куршум го жегна Коле на Доневци.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Во жетвар беа ожнеани на Вичо - Коста и Доне, на Харо – Јане, Васил на Горуша.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Го погледнав во очи оној што го цепеше крстот, го гледав долго. Не се засрами.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Ставре што загина во бојот со Италијанците? - праша една од жените. - Тој, ами кој друг...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Сè додека со диктат одозгора не се реши дека не е дозволено да се види нешто што другите не го гледаат, да се слушне нешто што другите не го слушаат, или да се чувствува мирисот кој другите не го чувствуваат, сите ние не мораме на ист начин 62 Margina #21 [1995] | okno.mk сè да доживуваме.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Никогаш досега во историјата на човечкото општество не постоело такво гледиште.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Се смеев!“, велеше Рајна додека ѝ ги мачкав раните со онаа моја жолта маст.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Инаку, од кои други причини ќе се впушташе во прераскажувањето на таа обична историја.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Ја обикновениј дурак“ повтори тој можеби во единствена намера да го совлада срамот со кој беше исполнет до врв, „како полно шише вотка“, така самиот се изрази, и јас веќе знаев дека тој смета оти го пронашол лекот за својата болка.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Дури и тие ништожества и силеџии размислувале како вас: дека еден таков настан не може да поттикне и да организира една обична глупава женска глава и дека зад таквиот настан морала да стои Партијата, а и вие, скоевците и уште не знам кој друг.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
„Глупоста, а кој друг“, вели тој и самиот изненаден од решението што го донел.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Впрочем, го познавав јас неговото дишење и воопшто не ми беше потребна онаа направа, компас против лагата, за да узнаам што точно мисли дури и тогаш кога работите ги кажуваше скржаво и задскриено.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Кафеаната е празна и нема кој друг да им помогне да не згасне во нивните звучни кандила вечниот пламен на љубовта.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Тој има кажано дека секое срце и секоја душа е различна и дека само низ нивната разноликост можно е да се трансформира и револуционализира концептот за општеството и националноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Џонс повеќе од било кој друг сликар поттикна поголем број луѓе да ги користат способностите кои инаку не би ги користеле. (...) Џонс и Раушенберг, Канингем и Тудор, беа и продолжуваат да бидат уметници со длабоко значење за мене.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сите беа неверојатно слаби, освен, секако, Дачис која беше неверојатно дебела.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Од овие причини упатував на Бојс како на уметник со визија за иднината како ретко кој друг.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Речете, кој друг би можел да нѐ интересира?
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но, каде одеа никогаш не знаев. (...) Извесно време и Џерард живееше во Фектори, но тоа не траеше долго.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Но тоа е само еден слој на нештото или на необичната авантура наречена опус за кој непрекинато чувствувам дека се отуѓува, развластува, се распаѓа на парченца за никогаш веќе да не се состави во својот потпис.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Всушност, тој тоа го прави и понатаму.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Измина веќе еден век откако сакаме да ги измениме нештата, особено во областа на економијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Таквиот проект би налагал овој текст за Џаспер Џонс да го проширам така да биде четири пати подолг, што е должност која, сметам, одговара на летото и на неговите својства да ги одржува нештата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сите се боцкаа точно во вената, освен (а кој друг) Дачис која се боцкаше под кожата.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Несакав да разберам ни да простам за сите грешки, а те обожував и те сакав повеќе од било кој друг.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Нека грмат громови, нека дождот струи низ облаците, нека застане светот и времето, чекајме на истото место, прегрниме како дете и кажи ми: „дел си од мене“.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Се обидувам да ги воскреснам крвавите детали од минатото и сегашноста, болни приказни, моменти на тага кои се обидуваме да ги закопаме длабоко во душата, мрачни секвенци од прашумата која го опкружува нашиот живот, нејасни фигури, а кои другите луѓе попрво би ги игнорирале.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Насловите преку кои другите го чувствуваат и го доживуваат Твојот неоспорен писателски статус безмалку никогаш не се оние теоретско-есеистички (твојата книга Пријатели, на пример!) туку се, секогаш и без исклучок, само оние белетристички: Татковите книги, Времето на козите, Атеистички музеј...
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Додека ја читав токму таа книга за Твоите духовни пријатели (пред дваесетина години, кога уште не Те знаев), за првпат помислив дека нејзиниот автор треба да е некој чувствителен, прилично фрагилен човек (un uomo fragile!), кој тешко дека се вклопува во кодифицираната слика (имагологија, стереотипија...) за стандарден балкански писател.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Малкумина, ете, знаат дека и Твојата прва авторска фаза, којашто јас милувам да ја именувам како професорска, суверено ја одбележуваат неколкуте сјајни книги, не само исклучително компетентни, но и мошне искрени, суптилни, на мигови дури и трогателни.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
- Кој поп? - Поп Васил, ами кој друг? - Е, така де, тој знае...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Токму затоа и за многу други работи... - дедо не се доискажa заради кои други работи јас треба да учам.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Аргир сврте глава кон него, се загледа во неговите очи и со тон што мириса да кавга, рече: Ти, ами кој друг...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Но не, јас не го изневерував него, јас во прегратката на Оливие веќе бев сигурна дека нема да можам пак да бидам ниту со Филип, ниту со било кој друг маж.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Се замислував себеси како невеста во убав бел долг фустан, а покрај мене се разбира кој друг ако не тој Филип.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Облици на нова музика во своите дела воведоа и другите уметници, но Кејџовото место меѓу нив е секако посебно: тој со своите радикални и неконвенционални музички мислења и постапки повеќе од било кој друг ги разниша застарените навики и конвенции на дотогашната европска музика.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Почнувате да го сфаќате значењето и на најситните детали и она што е важно во донесувањето на проектантските одлуки не е вашата перцепција туку начинот на кој другите луѓе перцепираат.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Преведувањето, повеќе од било кој друг начин или форма, комплементира и реафирмира, обезбедувајќи преживување via едно раѓање, еден процес на повторно раѓање; оттаму и значајноста на преведувањето во деконструктивистичката шема на нешта.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Уште долго ќе останев замислен, на неодреденото место, ако од занесот не ме оттргнеше, кој друг, ако не, сеприсутниот глас на Х.Х.: - Се заборавивте крај морето!
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Како ретко кој друг во историјата, Фаик Коница со својот живот и творештво ја изразуваше судбината на Албанците распнати помеѓу Западот и Истокот, минатото и иднината, родната земја и егзилот.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
„Борхес треба“, пишува тој, „да се чита со очекувања поблиски до очекувањата на луѓето што се интересираат за Волтеровата conte philisophique отколку оние кои ги интересира романот на 19-иот век.“
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Денеска, шетајќи се покрај реката, Сани забележа дека овој пејсаж е различен од било кој друг. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 164
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Мислам дека Пол де Ман беше оној кој, пред било кој друг критичар, најмногу се доближи до некаков одговор.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Де Ман ја отфрла филозофската компонента на неговата проза како можно објаснување за неговата оригиналност.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Не те задева и не те прави да сакаш да умреш за него.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
И додава: „Тој, меѓутоа, се разликува од своите претходници од 18-иот век по тоа што предмет на неговите раскази е создавање на самиот стил...
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Не е како опојниот жар на тропските краеви кој како со тупаница те удира во глава, заводнички и распален.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Петре ја пофали: - Убаво- рече. – Браво, Ѕвездо кој друг ќе каже.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
На него секој ќе запалеше свеќа и ќе се прекрстеше, а потоа се поминуваше сред црквата кои другите два дрвени свеќници донесени од старата црква и поставени пред иконостасот.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Кој друг би можел на таа страница да несе нови податоци освен тој и Летка? Ако немаат друга работа.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Напред одат казнениците, Македонците. Кој друг?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Колку и да се трудев да бидам јака и да му помогнам, не успеваше, а сепак и јас сум сè уште доволно млада па имам сопствени емотивни кризи, понекогаш и мене ми е потребна поддршка, исто колку и нему или на било кој друг млад човек.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Бидејќи сестрата Писи била непосредно до настанот и временски и просторно, нејзиното пишување може да се смета за поверодостојно од било кои други што за тоа чуле од друго место и во друго време.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
При тој избор се тргнувало од претпоставка дека уништувањето на францускиот брод ќе предизвика најповолен ефект од било кој друг.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
На крајот од Програмата во „нужна забелешка“, Комитетот објавува дека на сите шовинистички дејности во Македонија, било тоа да се Бугари, Грци, Срби или било кои други, „нашите комитетски работници се должни да противдејствуваат, а самите носители на таа дејност ќе се прогонуваат како најголеми народни непријатели“.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)