кој (зам.) - всушност (мод.)

Во еден анонимен запис од 30 септември 1859 година, кој всушност претставуваше статистика за движењето на бродовите и трговската стока од Цариград преку Трст во текот на таа година, се набројуваат бродовите по име, стоката што ја понеле и името на оној што ја испраќа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ништо не ни е „дадено”освен остварените можности, а кои всушност „ги нема”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа фалбено прашање не се осмелуваше да го постави пред надлежните, иако, помислуваше, не би било лошо тоа и да го стори откако целата операција ќе биде сосем завршена.  Затворениците на монополот тука останаа десет дена, во кои Константин З. не почиваше на ловориките од комплиментите за успешно завршената акција, туку се грижеше во тој дух да се приведе кон крајот деликатниот зафат за кој всушност и беше испратен тука.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Да летне во Жешов, да го посети гробот на реб Апфелблум, да се сретне со д-р Блумфелд, по можност да му објасни што тоа се случи, одново да разговара со Зимха Зајден и да се обиде да му одговори на неговите нови опрашања што впрочем и него самиот го мачат, да прошета низ Кертнер штрасе во Виена, да ги сретне своите угладени професори од рабинската семинарија и да им каже дека не е виновен за тоа што се случи со неговата паства, дека постапуваше како што тие го учеа, дека не ги лажеше во своите обраќања, туку се обидуваше да ги утеши и да ги спаси од предвременото очајување; потем да оди во Виена при виенското еврејство и високиот слој кој само почна да му се отвора, но на кој всушност никогаш не успеа да му припадне, а потоа да оди во Музикферајн, да влезе во позлатениот необарок на салата, да се намести удобно на седиштето и да слуша; да слуша возвишена музика, созвучја исткаени од занесот и дарбата на Шуберт, на Хајдн, на таа возвишена, на таа рафинирана музика со симфониска исполнетост, на која е воспитуван и на која сега сака сосем да ѝ се врати...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа гледа во него и почнува да го свири мането од неговата омилена солунска песна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во продолжение на тематов пренесуваме еден фрагмент од критички текст за Бартелми, кој всушност допира некои важни аспекти за современите литературни прашања воопшто. 104 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сенката се прикрадува, девојката се свртува, вриснува.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Знам, меѓутоа, што правев за тоа време, каде и како живеев тие осум години, но тоа го знам апстрактно, делумно како некој друг да ми раскажувал спомени во кои верувам, но кои всушност не ги поседувам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Меѓутоа, во Америка постојано наидував на тешкотии, па истиот случај се повтори и со Гари, кој всушност е Англичанец.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Следејќи ја својата репутација на бунтовник до крај, тој стана единствената личност во „Градот на бесмртните ангели“ која всушност сака да умре.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во овој случај комуникацијата не ѝ се упатува на публиката која всушност е институционална единица, туку на толпата која ќе го заземе нејзиното место. Читлив и проповеднички интониран говор во ваков миг е невозможен и би можел само да предизвика шокови и сцени.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во тој текст, инаку, посебно во воведниот дел што зборува за ерозијата на пост-советското општество и за тн. интелигенцијата која всушност претставува толпа „интелигенти” - како да се препознава и македонскиот општествено- морален-уметнички момент.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Надворешниот, “архитектонски” простор на градот е свиткан навнатре, кон својот највитален, најсуштествен дел, за кој всушност никој и не знае дека постои, кој е врвна тајна!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
4 Не знам. Сигурно никогаш не би смееле да го напуштиме историското признавање на тие ознаки, но се прашувам дали нешто во сето тоа може да се здобие со формата на само едно „историско означување“, ако тоа прашање воопшто може да се постави а притоа да не се подразбира токму одредена историографска аксиоматика којашто можеби треба да се напушти со оглед на тоа дека премногу е поврзана со разградливи филозофеми.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
4 Би рекол, во време на одредена деконструктивистичка тематика, која всушност стекнува значајно име и до одреден степен може да се формализира во методите и начините на репродукција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сето тоа го правеа божем за да го фатат убиецот, кој всушност не постоеше, зашто Пената не беше убиен, си умрел сам, му пукнал дувот, а во стварноста тоа им беше начин да ги натераат жителите на Потковицата да влезат во колектив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но за мене сепак остана тајна, што најмногу влијаело при донесувањето на одлуката: дали човекот- младич, неговиот пристап, начинот на кој и ја поднел понудата, неговиот изглед, или самата самата порака содржана во понудата да тргне со него кон планината бидејќи во тој негов предлог таа го открила наеданаш сонуваното небо но и поинаквиот живот што може да се случи таму негде, високо?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но сепак конкретната причина за тој најнеобичен и највозбудлив потфат да го напушти животот покрај реката и да се упати кон Сина Скала била средбата со непознатиот туѓинец, војникот на бел коњ, кој всушност ја повел по патот што водел кон планината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Бил кимна со големата глава во правец на кулата со екранот, која сега личеше на гранитна шахта, но која всушност беше дрвена рамка потпрена на масивна основа од ѕидана конструкција, бочно обложена со танка цементна кошулка.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Поголемиот дел од современата философија вклучува критика на јазикот и поглед на начинот на кој всушност јазикот функционира. (Таа не се занимава со хипотетичните состојби и фантазии за начинот 38 Margina #4-5 [1994] | okno.mk на кој јазикот е претпоставен да функционира но не функционира.) И, се надевам разјаснив, дека барем дел од неа е непосредно релевантен за нашето спроведување на терапијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Изложбата и каталогот се така уредени да го презентираат животот и опусот на уметникот на еден јасен и систематичен начин, избегнувајќи ги елаборираните теоретски конструкции и произволните интерпретации што ги карактеризираа студиите за Дишан во последниве три декади, и кои всушност го спречуваа нашето разбирање на делата на овој уметник.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Бев многу колеблив, но научив да го следам патот по кој ме водат нештата, па започнав да ја читам современата философија и бев многу изненаден кога го открив тоа што го открив.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Колку што изложбата беше исцрпна, исто толку и нејзините организатори - Понтус Хултен (консултант за современа уметност во Палацо Граси) и Џенифер Гоф - Купер и Жак Камон (трудољубиви Дишанови изучувачи цели 15 години) - беа брзи во пренагласувањето дека намерата не им била да направат преобемна ретроспектива. 104 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Оваа клима нѐ опкружува до тој степен што веќе не сме сигур­ни кој всушност ја води државата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од тие посочени, потесен избор од десетина раскази кои годинава излегуваат во Маргина направи господинот Пандалф Вулкански.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Поширокиот избор на расказите (вкупно триесетина) за градот Скопје (кој всушност требаше да биде книга!) го направи госпоѓата Лидија Капушевска-Дракулевска.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Борхес- Џојс-Борхес епиграфите, уште повеќе, ја играат во “Фармацијата” улогата слична на онаа што ја има митот за Тот во Федар; странска митологија која е вклучена во аргументите што ги изложува текстот, но која всушност ⥊ припаѓа на сопствената структура.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дерида во Борхес и Џојс ги споил двете клучни фигури на модерната литература, кои историјата сепак веќе ги споила.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во последната Маргина годинава, во декември, ќе објавиме белешки за сите објавени автори и текст за избраните раскази. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 127 Локална сцена АНЃЕЛИНА okno.mk | Margina #32-33 [1996] Cleo Schwinkowski 128 ПЕСНА НА СКИТНИКОТ ОД СЕВЕРНАТА СТРАНА Солун, никогаш мој!
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Паралелни животни приказни внесуваат во себе, во луѓето со кои живеат, во луѓето со кои се среќаваат, па дури и во луѓето со кои само се разминуваат: некои од нив се уверени дека жената која погледнува низ прозорецот кон улицата по која токму тогаш тие врват, им смислува некој подол план; други – дека таа секој ден љубовно мисли на нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Има луѓе кои мислат дека ним или на другите им се случуваат настани кои всушност се само плод на нивната имагинација, а веруваат во нив како во реалност.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа не сфаќа дека вистинската таинственост е онаа за која всушност се шепоти.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Нешто, што и да е, што би ја разбило здодевноста и би им дало смисла на изминатите километри, некаков момент кој суштински ништо не менува, но пред и по кој всушност ништо не е исто.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Можеби поради муабетот со една раскажувачка, која всушност повеќе е преведувачка со блескава насмевка, затоа што, прво, замислете, не јаде благо кога ѝ нудите и, додека јас мислам дека е поради забите и каријасот, таа ми раскажува за холестеролот во крвта и препораките од „типот“, кој по дома ѝ е маж, а по надвор и доктор, како сѐ треба да се спушти на количество од една третина.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А сето ова не толку поради “критика” (која всушност значи воведување во зоната на допир, од што рефлексно се ежам!), тука просто како шлагворт за она важно стратешко прашање кое повремено затреперува како клучно: вилинско коњче или Хулк?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Крај на животот кој всушност чекаше допрва да започне.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Откако ги признаа сите тие работи, беа ослободени, повторно поставени во Партијата и им беа дадени функции кои всушност беа празни, но звучеа важно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Вториот концепт е Digital city, кој всушност е free-net.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Со тоа, општествената одговорност на работодавците беше избришана од законот, кој всушност, на овој начин, беше ускладен со нивното фактичко однесување!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кај него ќе ги остави ѓакот и тој ќе ги продаде сите тае работи и колку ќе чини „кабул“, толку ќе внесе во манастирската каса, која всушност беше Сталевото ќесе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„И?“ повтори Су. „И толку ми кажа Марко“, рече Као кој со Марка се сретнал во Прескот, во Аризона, во алејата што го носи името на некој си Вилијам Ејван, кој всушност е Васил Јовновски од селото Брајчино во Преспа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Без нив, потребно е само да се спуштат ролетните и да се изгасне светлото, и по извесно време, ве уверувам не подолго од три дена, и најиздржливиот би заборавил колку воопшто време поминало, а не дали сме ден и ноќ, или уште колку има до вечерниот „Дневник“, или до која бројка се доближува дебелата стрелка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сите овие тројца се папагали, кои, чувствував дека ќе се налутам, имитирајќи некој илузорен канаринец, кој всушност никаде го нема!
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Слично на ова, проекциите на бездомни лица во Њујорк и Бостон „ја нарушуваат привидната стабилност на неодамна гентрифицирани и реновирани 144 Krzysztof Wodiczko, Public Address, Minneapolis Walker Art Center, 1992, цитирано во Prizori ulice, ed. Nikolas Fajf, (Beograd: Clio, 2002), 381. 145 Tim Kresvel, „Diskurs noći: Proizvodnja/Proizvodnja/potrošnja značenja na ulici,“ in Prizori ulice, ed. Nikolas Fajf, (Beograd: Clio, 2002), 381. 115 јавни споменици или градски простори“146.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во интервју од 1988 година, Кшиштоф Водичко изјави за своите проекции: „Мојата работа ја разоткрива контрадикцијата на опкружувањето и на настаните кои всушност се случуваат таму.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Покрај албанскиот јазик, се служеше со германскиот, францускиот, научени за време на австриската, потоа француската окупација на родниот Поградец за време на Првата светска војна, потоа тука беше и неговиот мајчин јазик, кој всушност беше и неговиот главен клуч-јазик, во неговата врска клучеви јазици.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тоа е име, како што знаете, што им го дадов на оние дела кои всушност се веќе потполно завршени.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Она што се случува во срцето на компјутерот додека се извршува програмот е тоа што машината добива карактер - кој всушност е - нејзиниот програм.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Но бидејќи тој престана да се заблагодарува, тие се завртија кон напуштената Ѓулсиме, која всушност требаше и повеќе да биде сожалувана од него.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На ѕидовите, свежо варосани, две слики, кои всушност беа врамени гоблени, претпоставувам рачно извезени.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)