кој (зам.) - сестра (имн.)

Од далеку се слушаше звукот на тркалцата во кои сестрите ги разнесуваа бебињата за првото утринско доење.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А телото ѝ снеможуваше секој ден сѐ повеќе и повеќе, и докторите ѝ советуваа да оди некаде да закрепне.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Сега повеќе немам за кого да живеам,“ беа единствените зборови кои сестра ми Роза ги повторуваше по закопот на ќерка си; сите други мисли доаѓаа и заминуваа, дури и оние секојдневните, оние кои по навика ги повторуваме, изгледаше како никогаш да не ќе се вратат во нејзината уста откако ќе ги изговореше, единствено таа мисла се враќаше одново и одново, како со неа да се обидуваше да го убеди своето тело дека треба да издивне.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)