кој (зам.) - повеќето (имн.)

Децата од Долното-маало, кои повеќето беа од беговите, агите и чорбаџиите, ретко идеа на полјанката.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ми покажа дваесеттина слики, главно, во масло, од кои повеќето се создадени на Монмартр.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Источен Берлин е полн со наши трговски преставништва, од кои повеќето се наоѓаат во близина на Бранденбуршката врата и сите добро тргуваат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Навистина, во само две страници од самиот вовед, читаме дека тие не можат да научат нешто што не е внесено во нив, тие не можат да предвидуваат, не можат да претпоставуваат, тие само ги споредуваат облиците еден со друг, им недостасува осет за „опозитивни можности” и тие никогаш не можат да разберат дека две коли паркирани една наспроти друга всушност се спротивни. Rychlack не може да даде аргументи или фактички докази во поддршка на ниту една од своите изјави, од кои повеќето се или логички неточни или емпириски погрешни. okno.mk | Margina #3 [1994] 87 На што всушност се слични компјутерите?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Поп Доне секогаш си седнуваше на страната на којашто седнувавме ние децата и редовно доаѓаше со плоча, со тетратка и за разлика од нас, секогаш носеше некои книги од кои повеќето беа грчки.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
По некое време ни се придружија и други деца од тие кои повеќето не доаѓаа на училиште и така станавме цела сурија со Ѕвезда, еднинственото женско меѓу нас, како и секогаш.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Примерите како: „Ајде чедо, ајде синко, стани, со рано пат си фани, крени клепки недоспани“ и слични, ќе се повторуваат често, и во други раскази, но тие примери, кои повеќето ќе ги врзуваат за поетскиот впечаток, се површни, и не секогаш успешни.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Оркестарот беше составен исклучиво од мажи, од кои повеќето ја имаа заминато педесеттата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Затоа, самиот извештај преставувал своевиден "шок" и "отрезнување" и за експертите во Форин офис, од кои повеќето ѝ биле наклонети на Грција како стар британски сојузник и ги бранеле интересите на грчката држава кои биле дефинирани од страна на владите во Атина.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Извештајот во основа ги отфрлил грчките статистички податоци за непостоење на Македонците во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)