кој (зам.) - ноќ (имн.)

по заодот или за видливиот флуид во меѓучовечките односи ...ако нежноста и грубоста се раѓаат од ист збор тогаш ние сме минувачите ноќната ламба постелината сликите хартијата слободно можат да се избришат просторот е доволно определен со четирите ѕида прозорецот заклучената врата во било кој град во било која ноќ се наоѓаме во таа соба во тие соби преплетени како во дивите приказни секогаш топли секогаш повредени секогаш еден од друг и кога сме во спротивните агли на оградената одаја... сонливата утеха на а-молот или тактилното искуство како поттик за блесочни автопроекции ...задоволството при ненадејниот премин од дур кон мол порано често доловувано во моите импровизиации на отворен и во затворен простор без напор како при сплот на вода и воздух кај еуфоричниот нуркач и сега...
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Северната Русија е Russia nera, Црна Русија - земја на мракот, во која ноќта трае половина година.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Која ноќ? - Тогаш кога на земјата и ја дадовме нашата Ѕвезда.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
„Сигурно е ноќ“ - помислува. „Која ноќ? Која ноќ“ му ѕуни во мислите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Која ноќ е, која ноќ е?“ - копа во него мисла, го враќа во живот, во грижи од кои, чудно, веднаш го заболува главата, веднаш му се мати свеста.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)