кој (зам.) - наука (имн.)

Имено, на бреговите на долот и во урнатините на Градиште, богомилите, кои науката, зашто смета дека потекнуваат од планината Бабуна, прилепско, ги препознава уште и како Бабуни, во времето на цар Самоил, тука засновале своја населба.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Бувар и Пекуше со нивните експерименти и потези во различни области сакаат со идеалистичките вознеси да се вивнат кон апсолутното и не можејќи да ги поднесат противречностите, веруваат во моќта на човековиот дух да им се спротивстави на сите феномени за кои науката нудела според нив свои незадоволителни решенија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Си ја подигна прочуената Исхак-бегова шарена џамија, ама и покрај неа една од најпознатите медреси во Румелија, во која науки предаваа голем број познати мудериси на исламскиот свет; разни конаци; туљбе; и други згради; а во чаршијата - безистенот, Сули-ан, Чифте-амам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)