кој (зам.) - место (имн.)

- Во кои места си бил?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И откако нему му се поврати здивот, тие го замолија да им ги каже имињата на сите растенија што ги приготвува, каде ги бере, на кои места и во кое време.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ние горе не сме биле, ама војниците кажуваа оти еден имало кај оние стеничките горе, тој бил најголем и оваа страна до игралишта над Брезница уште пет имало ама на кои места не знаевме.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
За да одговориме на вашите факти вие треба да ни објасните до каде, имено, се простираат вашите етнографски граници на југ и кои места влегуваат во границите на вашата Стара Србија, зашто според нашите етнографски и географски знаења, фактите, кои вие ги набројувате, повеќе зборуваат во наша корист, т.е. не дека егзархијата ги изнасилува Србите за да го примат бугаризмот туку дека вие и вашата влада го правите тоа со бугарскиот елемент во Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На учителот му зедоа поадатоци кога е роден, каде е роден, колку години бил на служба и во кои места, а потоа му ги собра сите српски учебници и книги и ги изгореа; му рекоа: ќе добиеш нови учебници - бугарски.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- А од кои места на Грција потекнувате?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога го пиеја кафето долу меѓу торбите, разменувајќи искуства по кој пат е најдобро да се враќаат и на кои места да запираат за одмор, портирот му пристапи на генералот и му врачи нешто како пакет, од што Фоте се сепна и со неверица го прифати.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)