Работодавачите ќе добијат субвенција за вработеното лице во висина од 80% од висината на социјалната парична помош исплатена на лице/домаќинство за претходниот месец од месецот во кој лицето е вработено.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Беа утврдени активностите кои лице под 15 години ќе може да ги извршува, но само по добиена согласност од законскиот застапник на детето или по претходно извршен увид на инспектор на трудот, а дојде и до одредување на максималниот број на 13 Во случајот на адвокатските приправници лоцираме сериозен проблем т.е. законска противречност на Законот за работни односи како lex generalis кој е дерогиран од страна на Законот за адвокатурата како lex specialis во однос на склучувањето на договорот за вработување, што од правен аспект е спротивно на начелото на правна сигурност.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Во новиот закон, за разлика од стариот, се пропишува точен рок од 30 дена од приемот на Мислењето во кој лицето кое го прекршило правото на еднакви можности е должно да ја отстрани повредата на правото, што е позитивна промена во однос на стариот закон каде не се пропишува точно определен рок.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Она што е битно е поголемиот пакет – фактот дека хетеросексуалноста си останува општествена и културна норма, дека хетеросексуалноста си ја задржува моќта на хетеронормативноста.464
Хетеронормативноста е систем од норми поврзани со одреден облик на живеење, облик на живеење што опфаќа низа меѓусебно поврзани елементи, од кои сите се слеани во единствен стил на општествено постоење.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој систем на норми не го опишува толку начинот на кој луѓето живеат или треба да живеат колку што определува еден хоризонт на очекувања за човековиот живот, склоп идеали кон кои се стремат луѓето и според кои ја мерат вредноста на сопствените и на туѓите животи.
Според тие норми, достоинството и вредноста на човековиот живот се изразуваат во особен облик на интимно постоење во пар.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таквото постоење, за да се создаде, изискува стабилен домаќински живот што неразделно се дели со едно друго лице од горе-долу истата возраст, но од различен род и различен пол (оној со кој лицето се родило, кој не подлежи на промени), во ексклузивна, дијадична, љубовна, некомерцијална поставеност што се води во заеднички домашен животен простор, воспоставен и зацврснат со сопственоста на имотот и другите облици на богатство што може да се пренесуваат на идни поколенија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сите тие треба да се одвиваат под истиот покрив.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но за опстанокот на геј-културата, она што е битно не е нормативноста на хетеросексуалноста како сексуална практика.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И за крај, за сè да тече регуларно при постапката за утврдување инвалидност, додадена е одредбата според која лицето кое издало погрешна или невистинита медицинска документација, неосновано утврдило постоење на инвалидност или не пријавило инвалидност, или доставило невистинита медицинска документација, ќе одговара за кривично дело и ќе биде казнето согласно со Кривичниот законик (чл. 13).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Со измените и дополнувањата на ЗПИО во поглед на правата врз основа на инвалидност настанаа промени околу тоа кои лица се опфатени со задолжително пензиско и инвалидско осигурување врз основа на инвалидност и телесно оштетување, постапката за утврдување инвалидност, паричните надоместоци на лицата со преостаната работна способност и преквалификацијата или доквалификацијата, односно професионалната рехабилитација.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Што се однесува до поповолните промени, во 2004 година рокот во кој лицата 6. Со измената и дополнувањето на ЗВОСН од 2004 година Заводот за вработување е преименуван во Агенција за вработување (чл. 23). 77 кои остваруваат само право на здравствена заштита се должни да се јавуваат во Агенцијата за вработување е продолжен од 30 на 60 дена (чл. 7, ЗИДЗВОСН/04), а во 2005 година повторното пријавување во Агенцијата за вработување по настанато бришење од евиденцијата на невработените лица поради неоправдано непријавување во пропишаниот рок стана можно по истекот на една, наместо на две години (чл. 1, ЗИДЗВОСН/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Конкретно, во поглед на прашањето за кои лица се однесуваат одредбите на овој закон, со првата измена и дополнување на ЗВИЛ, од 2004 година, беше прецизирано дека за инвалидни лица, во смисла на овој закон, ќе се сметаат лицата со оштетен вид, оштетен слух, со пречки во гласот, говорот и јазикот, телесни инвалидни лица, лица со лесни пречки во психичкиот развиток, лица со комбинирани пречки и лица со психози кои поради степенот на инвалидност имаат специфични потреби во работењето (чл. 2, ЗИДЗВИЛ/04).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Четврто, усвоена е одредбата според која лицата кои не се осигуреници, но кои се здобиле со инвалидност под наведени околности во законот (на пример, ученици и студенти при практична работа или невработени лица при стручно оспособување, преквалификација или доквалификација), или кои зеле учество во одредени активности (елементарни непогоди, обука по покана на органите на одбраната, културно-уметнички манифестации и натпревари и друго) имаат право, преку професионалната рехабилитација, да се оспособат за работа на работи според стручна подготовка стекната со школување пред настанување на инвалидноста (чл. 15).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)