кој (зам.) - земја (имн.)

„Нема да трае долго“, рече О'Брајан. „Гледај ме право во очите. Со која земја е Океанија во војна?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но пените на пролетта од светлоста навеани се топат и гинат во тревата под која земјата расте и над нив сега се вее зелената џбунка на небото што го навестува родот донесен во сведенот на ветрот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Квечерината на дваесет и трети мај, кога се вратив од височинката каде што веќе се изведуваа работите на главниот резервоар, за кој земјата беше ископана и, на камиони, однесена, та почнуваа бетонерските работи, кога се вратив таа квечерина, пред куќата ме чекаше човек кого не го познавав.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Милан чувствуваше како неговото тело да беше зафатено од суша и имаше потреба од хранливоста која земјата сега ја впиваше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Понатаму следуваше: „Сравненије на времето во која земја кое доба ет сега“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ќе си почека; оние што не се Балканци, во Париз, во Виена или во Петроград, сеедно во кој град и во која земја, немаат смисла за својата сегашност штом се загрижени за иднината на некои земји со полудиви луѓе.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Овде треба да се изјасниме кој за која земја ќе оди, за која држава сака.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да не пркне. Нему секогаш му беше мерено, без разлика на меридијаните, само толку, колку да се прерани и да им донесе на децата дома, кои ги имаше доста, а потоа едвај да дочека до новата градба, сеедно во кој град, сеедно во која земја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Амбасадорите на земјите од социјалистичката заедница, односно Варшавскиот пакт, дејствуваа како едно хомогено тело во кое секој амбасадор без оглед која земја ја претставуваше имаше посебна функција, во согласност со стратегиските цели на заедницата, без оглед на вжештените односи меѓу земјите на лагерот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога и самиот, понесен од необјасниви реминисценции на младешкиот идеализам во себе, во пролетта 1979 година со најдов во сталинистичка Албанија, на прославата на 100-годишнината од раѓањето на Сталин, само за неколку дена ја вкусив горчината на сталинизмот кој земјата ја беше претворил во сталинистичка оаза, опколена од илјадници бетонски бункери, со Атеистички музеј среде, како да имав докази на некогашната таткова теза за големата моќ на преживувањето на јаничаризмот!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во Картагина, во која се наоѓаа речиси сите резиденции и амбасади, а на еден рид беше извишена големата резиденција на американската амбасада, дејствуваа амбасадорите и нивните советници како на свет во мало, во кој беа силно изразени и тогашните делби во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа не е малку во животот... - јасно ме предупредуваше Мајка во своето кусо писмо.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А страдаа илјадници невини деца, семејства, на кои земјата која ја претставував им помагаше...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во кои земји? Во кои непознати ширини на светот ги растури времето?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)