Траверза- препречница, која како попречен бедем се спротиставуваше на секој отпор, при тоа препречена во ходникот на животот му се спротиставуваше, истовремено потпирајќи го како негов главен р`бет, столб на кој животот се држеше.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Смел е само оној човек кој животот може да го одржи!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Или оној со кој животот те сродил.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Или оној со кој животот те сродил.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во неговата обнова учествуваше југословенската федерација, а се солидаризираше и најголем број на земји во светот.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
На 26 јули 1963 Скопје го погоди силен земјотрес во кој животот го загубија 1.070 а беа повредени 3.383 негови граѓани.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Поправо тоа не беше една приказна, тоа беа десетина меѓусебно поврзани, во кои се славеа подвизите на тој планински делија, кој животот си го изживеал во постојана борба со волците.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Добро, не е мал бројот на несреќниците на кои животот од многу причини ќе одлучи да им ја одземе силата.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Но некои од нив, или така ми се чини, не потклекнаа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Како што вели Мајкл Ворнер: „Настраните се зафаќаат со еден вид практично општествено промислување барем кога изнаоѓаат начини на настрано суштествување“.470 Тоа практично општествено промислување побудува вторична обработка на непосредното искуство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И навистина, ги одвраќа од распитување на општествените форми воопшто.
Настраните, меѓутоа, се принудени да се впуштаат барем во зрно критичко промислување на светот каков што е даден.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тој вид практично општествено промислување и вторично обработување што настраните го прават инстинктивно, нужно, е секако корисно за секого и му е својствено на секој уметник, на секој стилист, на секој готвач, на секој богослов, без разлика дали е геј или стрејт.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Идеолошката тежина на нормалноста истовремено попречува активна свесност за општествената особеност на хетеросексуалните облици на живот – ги спречува хетеросексуалците да мислат на хетеросексуалноста како длабока енигма што налага напорно истражување – и ги предупредува хетеросексуалците да не ја распитуваат предлабоко хетеросексуалноста како особена општествена форма.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дистанцијaта на настраните за општествениот свет (онака како што е дефиниран и натурализиран од хетеронормите) и акутно свесната свест што ја имаат за разните облици во кои животот им се пројавува на разни луѓе, неизбежно исходуваат со несведлив критички став.
Настраната преработка на личното и на општественото искуство излегува, со други зборови, дека е продуктивна.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тогаш Зигмунд ми кажа дека најбогатите, благодарение на влијанието и парите, можат да го избегнат законот, кој забрануваше абортуси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јас знаев дека родителите, заради срамот, најчесто ги исфрлале тие млади жени од дома, па тие го завршувале животот од глад, студ, или болест, многу бргу потоа, уште пред да се породат; знаев дека некои од нив, што ќе преживееле до породувањето, го оставале детето во некое сиротилиште, па работеле најтешки работи, заради кои животот не им траел долго; знаев дека имаше и такви кои, не можејќи да го преживеат срамот, а за да ја сочуваат честа на семејството, се убивале без да им кажат на најблиските дека забремениле; знаев дека некои оделе кај приучени луѓе кои им давале да испијат горки течности по што го исфрлале плодот, а понекогаш и самите тие умирале од отровот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Господе, си реков, во кој живот и со кој благослов се наоѓам во овој предел, дали јас бев тука или сега првпат доаѓам, а пределот го знам?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Го покрил челото со дланка. Искинатите зборови без значење му замирале в грло, замреле, стивнале со танок писок.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Гледал низ разбранетост на златни и зелени риги кон купот секакви глави, кон очите во кои животот со свој знак го обележил најтемното во човекот, суровоста, алчноста, себичноста, или само му се чинело дека гледа и дека знае колку им тежи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Беше поминат уште еден ден без небо, во кој животот колку што може подлабоко се прибира под својата коруба и таму дреме, згуснувајќи го својот сок во соништата за она време, кога еднаш ќе може да развие.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Малата Жаклин, вие тоа не можете да го замислите, беше една од оние орхидеи без кои животот е само една сива, гола Сахара.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Сакав како некогаш тој во силните и големи империи, да дојдам до вистината за владетелите, до кои животот како дипломат ме доближи во клучни моменти, да ја доразберам човековата суштина.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
На авторот му е оставено да ја состави таа материја, да ја исполни со богатствата и чудесиите на безбројните мирудии со кои животот штедро нѐ дарувал.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Да се грижиме за саканите и да им обезбедиме сигурност, пристоен, удобен просперитетен живот, да ги реализираме оние улоги кои животот ни ги подарува.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Таа средина беше многу поблиска до неговите интелектуални конструкции и лавиринтски творби.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Можеби Борхес по грешка се родил во Буенос Аирес.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тој сакаше да верува - како што има запишано - дека “аргентинската традиција ја претставува целата западна култура, и исто така верувам”, додаде, “дека ние имаме право на таа традиција, поголемо од она што го имаат жителите на оваа или онаа западна нација”.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Така тој дојде да умре во земјата на својата младост, во таа „тврдина на разум“ во која животот е исто онолку далеку од очите на јавноста како и нејзините недружевни граѓани, и протекува исто онолку мирно како водите на Рона.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)