Навистина како ќе се однесувавте вие ако оценевте дека ве оцрнуваат и понижуваат, но со некои чудни, дури и ведри бои од кои посебно се издвојуваше онаа во која девојката изразуваше надеж дека нејзиниот прилог во дискусијата всушност е наменет да помогне а никако не да нагрдува и докрајчува.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
„Качи се пред мене или остани“, ѝ рекол војникот и го привел коњот под брегот на кој девојката стоела.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
„Како да се качувам пред тебе кога си тргнат да војуваш?“, прашувала таа.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Која девојка е полична од Антица? — Никоја!
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Тука и на орото на сретсело треба да се покаже мајсторлакот и трудот од цела една година: која девојка навезала поубава кошула, искала поубав прегач, саѓија или исплела поубави чорапи.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)