И, не дека нема да нѐ биде, зашто сме поднаучиле и ние по нешто под јорган сиве овие години живот, ама борделот ќе мора да се вика „Кај баба“, за да нема забуна при влезот во бордо обоениот хол, во кој гостите ќе ги дочекува хостеса во црвен фустан со длабоко деколте и, со насмевка, распеана ќе ги разнесува по собите... или, уште подобро, со фотогалерија што ќе оди на видеобим ќе ги нуди нашите вработени и пријавени работнички со бенефициран стаж.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Таа им ги знае песните на сите, - знае дури и кој гостин колку може да потроши.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Танаско како одвај да ја протурка својата снага низ вратата, покриен со дебел слој снег што го истресе внатре во одајката, влезе со грбот а не со очите, оти гласот и очите го водеа гостинот Бујрум у нашта кујќа, место коуку милуваш, уште тоуку може да собере! и ѝ се обраќа на својата жена без да се заврте, сега тресејќи го снегот од гостинот Пено мори, устрау да те удри, пули кој гостин ти носам!
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
— За кои гости, велам. — За тебе, вели Никифор.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)