Тој мој став го промовирав преку приказната за Кузман навивач, кој војната на комитите и турците ја набљудува од прозорецот на својата куќа, то ест од мирно место. Навива ту за едните, ту за другите.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Војната, ама која војна? - Таа што беше во Грција...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Во тие пијани деноноќија дојдоа и Ѓупците кои војната ги разбрка; дојдоа одненадеж весели и распеани како да испоскокаа од небото; ја запоседнаа одново широчинката крај езерото, ги запоседнаа местата кои, по некое непишано правило, им припаѓаа и ги сметаа за свои, ги опседнаа казаните, пиеја од ракијата со грсти како вода да пијат од извор, играа и пееја, ги прескокаа огновите што ги палеа, го опкршуваа селото и секакви чуда и ѓаволштини правеа: секому спрема желба му нудеа и му даваа деца: машко, женско, пеленаче, годиначе, тригодишно или кој какво сака; нудеа и девојки и жени за евтини пари; нудеа за привремено или за постојано.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
„Пред која војна?“ праша Винстон. „Пред сите војни“, рече старецот неодредено.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Стоејќи на ридот под кој длабоко лежи бездната на Котелската Кула, ете, само се обидувам да си ја вообразам сликата за нив, но таа е бледа, далеку е од онаа вистинската во која војната беше дел од нивниот живот, од која едни останаа на вечна стража, други од неа излегоа осакатени, а трети го фатија неочекуваниот, но принуден егзил и голем број од нив засекогаш останаа во туѓи земји и меѓу туѓи народи...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)