А што поседува тој: опустената родителска куќа (во која брат му, обземен од итрите планови на евнусите, ниту наминува) нема кој да ја чува.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Кој брат?..., почна иронично. За кој брат ми кажуваш?.... За Борко? Тој ли е брат?...
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Начинот на кој зборуваше ми заличе на оние книги за кои брат ми ми вели дека не се за моја возраст.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Со спиење. Комплетен пансион, како што вели Љубе. Многу сакам да одам кај нив на гости.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Еден ден, еден од оние во кои брат ми почна ептен многу да ми недостига, отидов во Влае кај тетка ми и кај Саше на гости.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Додека голтав, тој ми кажуваше како едната птица едно утро одлетала и веќе никојпат не се вратила, а другата, од тага, со клунот си ги раскинала градите и оттаму си го откорнала срцето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Мојсеј, за кој брат ми претпоставуваше дека бил близок до фараонот Ихнатон, не можел да се одрече од својата посветеност на богот Атон, па сковал план “да се основа ново царство, да најде нов народ кому сакал религијата што Египет ја презрел да му ја подари за уважување.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа беше бајка која никаде не беше запишана, бајка која брат ми ја беше измислил за мене, или јас ја измислив многу подоцна, обидувајќи се да се сетам на детството.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Додека ѝ кажував зошто Зигмунд не доаѓа повеќе, Сара гледаше во своите прсти, а потоа раката ја стави под перницата на својот кревет, и оттаму ја изваде книгата која брат ми ѝ ја беше подарил неколку месеци пред тоа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И така, според „Мојсеј и монотеизмот“, не биле Евреите избрани од Бог, туку од Египќанецот Мојсеј: „Нив ги избрал да бидат неговиот нов народ“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Ме болеше насетувањето дека брат ми и јас се разделуваме, беше тоа прво сознавање дека тој и јас ќе тргнеме по одделни патишта и таа помисла болеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
За Рајнер знаев само малку нешта, оние кои брат ми ги имаше чуено од својот професор, доктор Ауербах.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Доктор Ауербах ги негирал претпоставките на своите колеги дека тагата на Рајнер делумно потекнува од тоа што неговите родители го добиле во поодмината возраст, и повеќе изгледаа како да му се баба и дедо отколку татко и мајка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Почувствував како цел еден свет што го исполнуваше моето детство – часовите во кои брат ми учеше во својата собичка а јас седев во аголот и го набљудував како бесшумно ги придвижува усните додека чита, часовите во кои ми ги пренесуваше знаењата, нашите лежења на креветот додека чувствувавме дека никогаш нема да се раздвоиме – се изгасна засекогаш.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Го знаев тој нејзин обичај – да сонува на книгите кои најмногу ги сака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Имавме убави волови кои брат ми многу ги сакаше.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Ебатти војната, вели Мирче, ебатти војната во која брат со брат се заробува.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)