кој (зам.) - Евреин (имн.)

Оваа бројка се совпаѓа со познатата статистика на В.К'нчов, според која Солун имал 118.000 жители, од кои Евреи 55.000, Турци 26.000, патријаршисти 16.000 (повеќето Грци), егзархисти 10.000, разни - 8.500.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Јаков не одговори.  Со зимата и првите студови, стигна и гласот дека почнува примената на бугарскиот закон за заштита на нацијата, со кој Евреите беа прогласени за граѓани од втора категорија.  Јаков потстана во постелата зашто со светлината што допираше однадвор се слушаше и гласот на шамашот6 кој потсетуваше дека е Ханука7, празникот на светлината.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)