кој (зам.) - се (зам.)

Создавањето литературен јазик е духовна потреба кај нас, со која се мисли да им се стави крај на злоупотребите на пропагандите со нашите интереси и со која треба да се создаде свој литературен и научен центар за да се нема нужда од Белград и Софија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Марксизмот беше само еден од филозофските мисловни текови со кој се послужи Ленин за да ја преземе власта од царистичка Русија и ја наложи советско-комунистичката, за да дојде потоа Сталин со уште пожестоката и помилитантна идеологија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сите лица со кои се сретнал Гарванов во Бугарија му советувале да се откаже од сѐ и да се помири со „сепаратистите“ и „партизаните“ - како што ги викале водачите на Организацијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
За алхемичарите, поимите доле/земја/пасивно, се поклопувале со поимите месечина/ вода/женско.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Русокос, со сини очи и белоблед, сличен на овдешниот поет Фахри Каја, не толку слаб колку тесноколк, да поверуваш дека дошол од некоја земја на северните народи или дека коренот му лежи негде зад Карпатите, го напушти градов пред петанесетина години и отиде таму од кај што дошол, според неговата увереност, некој негов подалечен дедо, бег, воин или патник кој се оддомил во непозната и покорена земја и оставил потомци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И со насмевка што им била својствена само на најблагородните левантински филозофи што во своите мисли го ставале човекот над верите и над расите, бавно, со свиркање на воздухот од неговите гради помеѓу секој збор, објаснувал дека ниедна болештина не е посилна од возвишеноста на духот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сепак, кога го споменуваше името на господа, повеќе како да се надеваше дека ќе му биде подарено спокојство отколку што се кае за некаков свој грев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Волјата и заканите не се доволни: зарем е можно да се игнорираат прадедовските обичаи, еден модел на живеење којшто Отоманската Империја не успеа да го промени, скалата на вредности која се заснова како на вроденото искуство така и врз неразделно поврзаното суеверие?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во мојата кабина седнаа еднаа една од жените кои се породија и цело време бебенцето плачеше.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Остануваше иста само тишината која се ослободуваше од книгите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бргу по почетокот на Илинденското востание, на 10 август 1903 година, Хр.Татарчев и Хр. Матов ја испратиле до дипломатските претавници на Софија познатата “Декларација на Внатрешната Организација...“, во која се објаснуваат причините за кревањето на Востанието и се истакнуваат барања од името на востаниците.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Градот, кој ги бележел своите почетоци уште во времето на Римската Империја под името Скупи на левата страна од реката Вардар, станал и легионерски центар (13-11 година пред новата ера) во време на владеењето на Октавијан Август.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Промени има и кај одредбите кои се однесуваат на заштитните друштва и со кои дополнително се усложнува работата на заштитните друштва.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А какви беа царските луѓе против кои се бунеше рајата?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неколку дена подоцна, по една претстава во операта „Гарние“, тој доаѓа позади сцената да ја поздрави, да ѝ честита за прекрасниот настап и ја кани да одат на панаѓур на кој се слави празникот „мајски ден“ слично како во Америка, во едно мало, идилично место надвор од Париз. Таа прифаќа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Со денови и читам преданија За змевот што летал Над планини и мориња И пак им се вратил На крвавите очи од кои се родил И останал змев за приказ.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Кога велам непресметано не мислам на вистинитоста на случајот ниту на правната страна на таа вистинитост, туку на околностите поради кои се најдов во положбата на губитник.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сиџилот беше нецелосен. Фрагментот во кој се криела тајната на семејството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Значењето на изработката на формалните работни модели не е во модерноста на изумот бидејќи веќе од третиот милениум пред новата ера постојат глинени таблици врз кои се впишани знаци што ги препознаваме како модели за канализациски работи.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И кога ќе ја осетиш на својата кожа болката и неверството, јас ќе бидам единствената на која ќе помислиш кога ќе ги затвориш очите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Потоа повторно ги отвори очите и кога сфати дека сликата е иста, го погледна старецот со очај.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Единствена слика на која се гледа ликот на стрико му од Богдана, Толе, е на раѓањето на Богдан на нивата каде што Толе случајно е фатен.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Како што нагласува и таа самата „не постои орган кадешто не го пријавила тужениот“, а доколку на нејзино место беше некој работник што не го познава правото и законите, тој немилосрдно ќе беше изигран и правдата немаше да биде спроведена.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со кос замав ја завртев секирата околу себе кон нивните утроби да им помогнам од една глутница да станат две, да ги закитам со црвени појаси од кои се параат конци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Имаше луѓе кои постојано бараа спас од демонски сили, но не од оние кои се претставуваа себеси за такви, туку од, за нас другите, невидливи ѓаволски суштества: плукаа во воздхот, бегаа пред воздухот, удираа во воздухот, му се закануваа на воздухот, врескаа преплашено гледајќи во воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сепак знаеше и често велеше дека за човека е најдобро место она каде што најдолго живеел, средина со која се сродил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Толку ми треба некоја мала утеха во оваа безизелзност во која се наоѓам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Незадоволен сум и огорчен од начинот на кој се применуваат електрошоковите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Езерото, еден од најстарите резервоари на светот со слатка вода, покрај Бајкалското Езеро и езерото Титикака, може да се смета и за меморија на планетата, за него денес може да се зборува како за „музеј на живи фосили”: не помалку од двесте ендемски фосили живеат во него, меѓу кои и пастрмките летница и белвица, еден вид уникатен полжав, кој се верува дека е стар триесет милиони години, но исто така и сунѓери што не се среќаваат на друго место во светот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Катерина слегуваше спокојно и мирно. Скалите беа осветлени со факелите поредени покрај двата ѕида на кои се гледаа знаци што потсетуваа на оние во Египетските пирамиди.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Долго време бев фасциниран од одредени типови загатки, делумно мистериозни, кои се вградени во јазикот што го употребуваме.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во меѓувреме, доле во Тексас, еден писател кој се вика Брус Стерлинг веќе издал фанзин (типично строго постмодерен медиум) наречен „Евтина Вистина”; сите текстови беа потпишани со псевдоними, и сите заедно твореа групи за „герилни напади” врз СФ-от.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
6.  На пример, според чл. 36, ст. 1, т. 5 од Законот за обезбедување на побарувањата (Сл. весник на РМ, 87/07), кај видовите привремени мерки за обезбедување на непарично побарување се вели дека може да се дозволи секоја мерка со која се постигнува целта на таквото обезбедување а, меѓу другото, особено: „плаќање на надоместок на плата на работникот за време на спор заради незаконитост на одлуката за престанување на работниот однос – ако е тоа неопходно за негова издршка и издршката на лицата кои, според законот, е должен да ги издржува“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Или за Хухуј, за Кецалтенанго. (Се вратив на претходните страници за да ги најдам имињава.) Не чинат, би било исто да кажам Трес Аројос, Кобе, Флорида.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Се најдов во небрана — изненадена сум невела — не чини неј — нив непара — не толку нетоп — невестински украс од тенеќија кој ја заменува короната ниа — оние нии — нив нуна — кума (делхинутив — кумица) нишан — знак нишка — нит, нитка на платно нишчелки — направа на разбој за ткаење ној— оној ногашчка — наплеток од косата обрецнам — врекнам, нависоко ќе проговорам обрус — долга везана крпа со реси од која се прави чалма на главата одер — врста кревет на столни ногари закопани в земји на кој се чуваат алиштата и покровите во визбата одвраќам вода — басна на вода за да се мени положбата во која се најдува озастра — утринава онбашија — турски војник десетар — каплар опурчак — искинат опинок кој веќе не се носи оралиште — место каде се игра оро ораџика — жена што игра оро орјатка — погрден збор за жена со која друга жена е скарана орман — густа гора оужје — накит олепела — лесна клетва осмак — мера за жито 50 оки отпуст — поповска песна пред свршетокот на извесна. служба павти — женски накит од сребро и бакар пагурче — сад за ракија пазамарка — џеб на селска кошула пајвани — ортомчиња со кои му се врзуваат нозете на коњ да оди раван — ситно парка — што ѝ е, што ѝ пречи да направи нешто паскурник — шара за шарање поскури пачавриче — книжулче, може и крпче од ткаенина пашит — без самар коњ, маска, магаре пералник — котел во кој се топли вода за перење песјачка — погрден збор за жена со која друга жена е карана петле — во онаа см. наполеон — пара златна француска со петле на неа петравил — епитрахил петреви гаѓи — горско цвеќе пинок — опинок плак — старец плетва — трева во сеидбата поврзало — врвца на торба или вреќа, како и на огламник на добиток подвеска — дел од селска облека.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Револуцијата, на која се повикува Маркс, најмногу упатува на Апокалипсата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Имено, во етимологијата на зборот Естуар (лат. Aestuarium), се содржат неколкуте значења кои фрапантно конгруираат со поетичките генералии на оваа книга: ...морска бара, лагуна или утока на големата река, а од друга страна Естуација – бранување на морето проследено со морски пени, кое во поетскиот (фигуративен) говор би било рамно на бурните страсти, немири и емотивни вриежи од кои се формираат поетските слики иманентни на романтичарско – симболистичкиот дискурс...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Неколку луѓе, исполегнати на душеци на подот, се мачеа со уште еден здив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа им ги познаваше неекспресивните лица и зачуваните дланки и точно ја имаше увидено нивната висина и ширина во однос на висината и ширината на собата во која се наоѓаа.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ама ја прикажаа и онаа друга страна на тоа време: ловот на црвени вештерки, ноќните акции на Кју-Клукс-Клан, конзервативните отпори кон новите уметнички движења, едукативните филмови во кои се опоменува младината на опасностите на новата музика, забраните за носење рокабили-фризури и подвртени фармерки по училиштата...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Иако Солун имаше многу гости на есенскиот саем, угостителството ги прими сите, ги услужи сите и ретко кој се пожалил на гостољубивоста на солунчани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Знам дека во тие моменти јас ништо не исполнував освен што те празнев, јас бев резерва, јас бев сува храна од која, по оброкот што завршуваше необично брзо, по чаршафите остануваа мали, невидливи вирчиња од кои се испаруваше мирис на пот и одвратни парфеми.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
ЗТПОК од 1993 година го регулира и начинот на кој интерните акции издадени според ЗОК од 1989 година се трансформираат во обични акции. Имено, оние интерни акции кои се издадени.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Среќни се народите кои немаат историја, велеше големиот француски историчар Жил Мишле.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Она што веќе го рековме, дека во „Две тишини“ никој ништо и никого не штеди и дека дури и потенцијалниот читател е наполно незаштитен од стихот, од поетот, но и од страдањето (на зборовите, буквите, вокалите,.. белинките) распламтено до усвит, во собата на вокалот Е продолжува да се пее до коска и подлабоко, дотаму до каде што критиката не може никогаш да втаса, а песната го развејува знамето на својата победа (или предавство, сеедно) и истекува во една од двете претстојни тишини, во онаа во која се испраќа и во онаа во која се заминува.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Сепак, оваа соработка ретко е свесен феномен.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Хабиб Бургиба идеалистички веруваше во овој пакт до крајот на својот живот што сакаше да биде и крај на неговото владеење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Изложбата во Палацо Граси не ќе беше можна без потполната соработка на мадам Дишан, која се заинтересира и во последен момент издејствува позајмици на некои од најважните експонати на оваа изложба.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Триве последни заемки најчесто се употребувале за означување вид денешни плакари, вѕидани долапи, рафтови слично, а дел од нив се и во денешна употреба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А инвеститорите сепак не се некои нови месии кои се интересираат за благосостојбата на некои далечни народи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
15 Гордоста, според Тома Аквински, најсериозниот грев од кој се раѓаат сите останати, (и навистина грев кој, како и логоцентризмот е поврзан со нееднаквоста и борбеноста) може да опстане и при самиот акт којшто е преземен да ја елиминира.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Личности кои се облекуваат прилично добро, само поради следење на модните шаблони излегуваат од фазонот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Околу нив постојано протрчуваше сниското слабо човече Крсто, еден од деградираните командири на партизанската војска, и го раскажуваше по којзнае кој пат оној случај кога тој божем имал храброст да го изведе својот вод пред бригадата и да изјави со полн глас дека одбива да замине со борците на Сремски фронт.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ќе се исплачеше за тоа колку е несреќен во животот, колку лоши работи му се случуваат секојдневно, колку е несреќна ѕвездата под која се родил, потоа ќе заспиеше невино како бебе, а мене ќе ме оставеше будна целата наредна недела.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Тоа е така. Разбирате? Работа која се смета за десетина од минута, додека вистинска новина е работата од петсто, од илјада години.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Беше прекриена со лесен чаршаф преку кој се оцртуваа облините на нејзиното тело, низ едвај забележливи поместувања, со благи бранови според ритамот на дишењето.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
За да се види секој слој на таа текстура, за да се знае секоја состојка на сите тие слоеви кои го сочинуваат човечкото суштество, требаше да се направи првиот чекор – да се отстранат илузиите, а најголема од сите илузии, сметаше тој, е религијата со нејзините догми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Набрзо ги распозна корпусите на бродовите на кои се држеа јарболите. Ги виде на палубата разрошканите глави на морнарите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Заминување -пасија- Веќе немаат број деновите: веќе со години се мислам дека морам еднаш одовде да одам и принудена, „за последен пат да ја поздравам Александрија која се губи“.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Основната цел на капиталистичката демократија е апсолутна власт на мала одбрана група луѓе врз контролираната маса која на најразлични начини ќе се индоктринира и ќе се манипулира преку сапуници, кич музика, циркузијадни естрадни фаци и секаков шунд кој се наметнува преку медиумите кои се под нивна контрола.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
- Влези! Го пушти пред себе поштарот, кој се брани, не сака да влезе.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Следејќи го владеењето одблиску во медитеранските источни пространства, како амбасадор, имав прилики да се соочам со владетели кои во владеењето ја избираа првата линија, која би водела неизбежно кон напредокот но и други кои се препуштаа на свиоци кон непознатото, неизвесното, со обиди да ја извишат кривата на владеењето повеќе од нивната реална моќ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа се сиромасите со 5—20 овчички, кои се прашаат како кој ќаа му ја теслимил стоката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Отиде Иљо и по две недели си дојде и рече дека стаса во Дуреси – град и го најде местото каде беа дечките и дека само ноќе и скришум едно два-трипати се виде со Евгенија, која беше најстарата жена одговорна за децата, негователка, како што се вели сега за жените кои се грижат за децата и дека таа му рече оти сите деца се живи и здрави, сите се испрани, чисти, нахранети и мајките и татковците и бабите и дедовците, да се живи и здрави, да не се грижат и да не берат гајле и од сите до сите таа прати многу многу поздрави.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Долгиот прерипнуваше некакви суви предмети од кои се сопинаа двајцата по него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А кога Андон ги истурка сам парите на подот, по кој се колчеа пејачките, Филе не се здржа: - Мм... Шутрак...- промрмори налутено и нареди да се угасат ламбите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Оние кои се обидуваа да играат имаа прилично проблеми, бидејќи песните почнуваа во еден ритам, а тогаш Велветите потполно откачуваа и извршуваа колективно музичко самоубиство, но претходно ја принудуваа публиката да го направи потполно истото.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Сите лоши сили кои се наоѓаат околу нас бегаат далеку од лукот!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Прво, беше прецизирано дека поставувањето на в.д. директор од страна на Владата, во случај ако се констатира дека здравствената установа во која се штрајкува не обезбедила итна медицинска помош и минимална функција на сите организациони делови во процесот на работата, се однесува на јавните здравствени установи (чл. 288, ЗЗЗ/12) и, второ, беше воведена глоба од 3.000 до 6.000 евра за здравствената установа која нема да обезбеди вршење на здравствена дејност во услови на штрајк (чл. 306, ЗЗЗ/12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Сите со столетија кои влегувале и излегувале од пештерите на Адам; од мигот кои правеле вечност и од вечноста миг; од древности кои собирале ѕвезди во пустината и сушеле месечини по планините; сите кои се пресоздавале во камења што летаат на своите страдања - се раѓале со молитвеник в рака.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Одеднаш, во еуфоријата што нѐ обзеде пред девојчињата (цело време погледнував дали е тука Луција, но неа ја немаше; утеха ми беше што тука беше нејзината најдобра другарка и јас претпоставив дека таа бездруго ќе ѝ пренесе што видела), додека Земанек лудуваше на мотоциклот, крај оградата на патеката видов скала: обична скала со која се берат јаболка.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И гледај чудо: кога им се навикнаа очите на полутемнината, здогледаа две мали лисичиња, кои се тресеа од страв од зајачињата.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И да бидеме докрај иронични, кај нив отсуствува креативен сенс за една природноправна, контекстуална и телеолошка интерпретација на пишаното трудово право, а со тоа како потсвесно да се сложуваат со познатата Катонова приказна дека дури и „... смртта на работникот, не го чини работодавачот ништо“ [ако со закон поинаку не е определено]!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но оваа рамнодушност и покрај сите пречки, неверства, алчности, нискости, тешкотии, разочарувања и предавства се обидував да ја заменам со настојувањето, желбата, копнежот, со сите сетила, со сета страст, жед и енергија да го прифатам реалниот свет, да го осетам, почувствувам, допрам, доживеам, проживеам животот кој пулсира, кој се пени и прелева, несакајќи да изгубам ниту еден момент од него, зошто моето постоење е доволна причина за мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ти, миксеру во кој се мешаат сокови од медитерански овошја и од кромид.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
И кога Борис Калпак се обиде да се урне со сиот бес што го собирал во грлото, во крвта, во срцето, на предолгиот пат од Кукулино до оваа куќа во која се загнезди нашата коба, во која таа коба стана несреќа на недолжни луѓе, навистина кога Борис Калпак ги крена рацете кон очите на бегот, во истиот миг кога старчето водено од претчувство се склопчи во огништето, еден од слугите ја подаде раката продолжена со црна кубура.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Другите луѓе, кои се обидуваат да ги разуверат во тоа кои тие навистина се, ним им изгледаат како завидливци кои не сакаат да им го признаат значењето, или како затапени суштества кои не можат да ја видат реалноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во една таква мала цепнатинка во која како да беше сместено и нејзиното двоумење јас ја открив дозволата да постапувам толку слободно што да можам дури и да се предомислувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Обземен од моите книжевни потраги и со моето дипломатско искуство, се обидував да дојдам до индивидуалниот и колективниот удел на историската одговорност, барем на планот на генералните размисли и идеи, при што, постојано надвладуваше рефренот: сите ние бевме одговорни!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го чувствуваше оловниот притисок што беше стежнат над целиот предел, над главата, врз погледот, во душата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На три чекори пред заптиите и аскерот таа грмна и ги покри со густ дим, од кој се слушнаа пискотница и псовки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во Струга, на северниот брег, водата истекува формирајќи го Црн Дрим кој се влева во Јадранското Море.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Многу години пред да го напише „Мојсеј и монотеизмот”, брат ми со мајчиното млеко ја вцица и горкоста на изгонетите од земја во земја, на проколнатите заради различната религија и различното потекло, на горените на клада заради тоа што оние другите, кои се сметале за правоверни, со векови лажно ги обвинувале дека фрлале отров во бунарите, дека предизвикувале чума, дека правеле договори со ѓаволот; уште со млекото на нашата мајка тој го имаше примено во себе тој горчлив вкус.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сѐ што да фати, долго држи в рака: чашата со која пие вода, лајцата со која јаде, филџанот со кој пие кафе, ризата со која се брише, шипката од креветот за која се фаќа кога станува, бастунот со кој се потпира, рачката од вратата кога ја отвора и затвора, и секој предмет што го допира - го допира долго како да сака на него што подолго да го остави својот отисок, својот траг.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Куќата беше во низата постари двокатни, градени во отоманско-западен стил, повеќе со дрво отколку со тули и со камен, коишто Татко силно го потсетуваа на босфорските јали 2, од цариградската младост, со мали градини напред, со каранфили, со трендафили, со стракови жолто-зеленикава анамска рака кои ползеа ниско по ѕидовите, и со бавчи одзади, во кои се садеа магдонос, босилек, нане, бамји, секакви рани и доцни зеленчуци и зачини.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се протегна наназад и го изгасна светлото. Беше очигледно дека сака и практично да ја прикаже убавината на постојаноста со која се одликуваат предметите.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тиа покрај ниј збираат сермиа, и глодаат и они сиромасите, и којзнае кој се полоши.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ама митролесците молчат. Знаат кој се таму и што се прави таму. Зар и на другарите свои ќе пукаат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неколку агенти на Полицијата на мислите постојано се движеа меѓу нив, ширејќи лажни приказни и обележувајќи ги и елиминирајќи ги малубројните поединци за кои се оценуваше дека би можеле да станат опасни; но не беше направен ниту еден обид за нивна индоктринација со идеологијата на Партијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во која се наоѓаше меѓу мудрите белобради претци, кои читајќи од боите на далгата дали ќе превладее лозјето, тревите или житото, си ги потврдуваа претчувствата во појавата на божествениот лач.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И за сето време, за да не се посомнева некој случајно во стварноста на која се однесуваа опширните Голдштајнови празни фрази, зад неговата глава на телекранот маршираа бескрајни колони на Евразиската армија - колона по колона цврсти мажи со безизразни азијатски лица, кои испливуваа на површината од екранот и исчезнуваа, за да бидат заменети од други, сосем слични.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Секогаш кога ќе ги чујам луѓето како велат дека не можат да комуницираат, си припомнувам на една реченица од социјалниот сатиричар Том Лерер (Tom Lehrer): „Би сакал сите луѓе кои се жалат дека не се способни да комуницираат да бидат барем толку учтиви да замолкнат.“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Исполнет сум. Претечувам Од ѕвезди, од песни Со кои ги залечувам Невидливите арабески Изрежани по суштината Моја, по внатрешнината, Од која се лачат и зрачат Моите певни стихови, Моите копја и штитови Со кои се бранам и напаѓам Крај кон се раѓам и умирам (Пак и пак и пак) Се чини, така ми е судено Да сум стишен и извишен знак. Зрак.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Црквичката која се наоѓаше до езерцето не беше обична.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бев болен и мал момчак чии прсти тогаш не допреле женско месо и можев да знам дека и со маки ќе се исправам, ќе допрам врв на нож до грлото на килавиот Јаков Иконописец што пошол сам од Кукулино по нас да ја одмаздува својата споулавеност и да го прашам кој ќе го одбрани од казната за која треската ме определила, и можев да ги прашам засипнато другите по што се позрели од мене кога не процениле како и од кого горел Круме Арсов и кој е грешниот светец дојден да го убие волот на Цене Палчев или на Чучук-Андреј или на Осип Сечковски, не знам, на еден од луѓево чија желба е да донесе камења, два и тешки, за воденица со мрак под покривот што ќе е светлост само за призраците, и пак не станав од сламата на Никифоровата кола, еднаш со скршена, сега со втора оска, а небото не се уриваше со бучава како што мислев и не летаа ни врани ни пропаски, ни некои евангелски птичиња со црвени вратови и со грпки, само татнеше под нас земјата во која коските на мртвите се кршеа една од друга и нѐ предупредуваа да клекнеме и да се помолиме за црвите во нивната шупливост, и чувствував со ноздри дека ќе испука дамкавиот камен од кој се спуштија Онисифор Мечкојад и Јаков Иконописец и ќе пушти од себе стеблики со горчливо млеко во себе, меѓутоа слушав шушкаво дишење, свое бездруго, останувајќи бессилен под влажни сенки како под кожа на страшно голема гуштерица, и си реков не си веќе жив, сполај му на господа, сонуваш мртов сон обидувајќи се да мрдаш со прстите во опинците, си раскажував, а во тие опинци уште лежеше студот на водата од потокот што го прегазив кога се враќав од Мечкојадовото засолниште во забелот, во тој ден или вчера, пред сто години можеби, и го барав со внатрешниот вид на очите среќниот миг на детството од дните кога со врескање се прерипува баднички оган, наеднаш без возбуда да се сетам дека бев премал кога мајка ми умре заедно со мојата новородена сестричка и кога татко ми отиде и не се врати, едни да докажуваат дека загинал од димискија, други да се колнат дека се преженил кадрав и убав, животворна сила заради која и света Петка повторно ќе можела да се најде на земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во грлото му зажуберкал плач, не многу поинаков од поранешното смеење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во својот живот, Мајка си ја смируваше, си ја облагородуваше, си ја успокојуваше и ја урамнотежуваше својата голема душа низ еден постојан процес на лаицизација кој се остваруваше низ повеќе генерации, низ реминисценциите од верата на нејзините предци во новата вера, со бекташкиот екуменизам.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Трпе беше првиот жител од Трпејца кој се појавил на вестите на ТВ и тоа во лоша улога.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Високите и разгранети платани ја истураа сенката во жуборливите шадрвани во кои се губеше шепотот на верниците.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Исто така, во ова сфаќање на буржоаската јавна сфера како јавност на приватни лица кои се здружуваат за да дебатираат за прашања во врска со државната власт над нив, приватната сфера (вклучувајќи го и семејството) се постулира како сфера на слободата која треба да се брани против државната доминација.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Продолжи да гледа во бистрата вода која се оддалечуваше во езерската шир.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Прилегаа на зелени острови, на јаже оптегнато преку морето, беа трага по која се враќаа плодовите...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
3. Градови Она што му дава препознатлив белег на творечкиот профил на Александар Прокопиев во целокупниот негов раскажувачки опус, тоа е своевидната опседнатост и безрезервната приврзаност за урбаниот сензибилитет.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И врз сето тоа, доаѓаат студиите кои се обидуваат да ја формулираат теоријата за литературното преведување.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ќе ги имаше истите долги прошетки со преплетени прсти, долги бакнежи и страст со која се стопира времето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ова е збирка случаи на веќе завршени и пресудени работнички спорови, добиени од страна на работници-тужители кои се одважиле да ѝ застанат на патот на бескрупулозноста на своите работодавачи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Гроздовата ракија со која се наздравува ја допирам со усните.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Напротив, воената хистерија е постојана и универзална за сите земји, а чиновите како што се силувањето, ограбувањето, колежот на деца, претворањето на целото население во робови, репресалиите спрема заробениците, меѓу кои се подразбира дури и варењето и закопувањето на живи луѓе, се сметаат за нормални, а кога ги извршува сопствената страна а не непријателската, дури и за јуначки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За љубов и среќа мислете и молете се, за оние далеку на кои се надевате, цвеќенце во мисли испратете ако друг начин немате.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Се замислија кајмакамот и бимбашијата, а веќе и мракот провлече.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сѐ на сѐ мене ми преостануваше уште само да се соочам со вистината дека ѕвездите за жал не ми беа наклонети; дека, Катерина, дури и да не спие, и најлудо да тропам нема да слушне и нема да ми отвори поради она лудо ревење на добитокот од месарницата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа значи тие исто така мислат дека постои некаква реалност таму некаде.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Горе празен ходник од кој се гледаа само странични ѕидови како во коцка и од сите страни по една врата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Големите држави, велат мнозина, само играат дипломатска игра со реформи за да нѐ склонат нас да се откажеме од оружената борба со Турција, од која се нарушува нивниот мир, а кога ќе се одречеме од таа борба тие ќе ослабат да бараат од Турција реформи за Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најинтересни за јавноста се оние кои се допираат до гастрономијата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На мошне заобиколен начин Дерида како да навестува дека странската, источна митологија внесена во Федар вопшто не е странска, туку е составен дел од Платоновиот сопствен дискурс - значајна придодавка, би се рекло, која треба да се смести вон, а всушност припаѓа внатре.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Останував настрана од нивниот свет и од нивните разговори во кои зборуваа за себе како за сопруги и мајки, потслушнував како гледаат кон иднината, а јас погледнував кон минатото, и ми изгледаше како со бракот и мајчинството, за кои се спремаа, да го победуваа времето, со нив тие се врзуваа со целата низа мајки до првата крв; а јас чувствував дека останувам далеку од таа низа во која се множеше крвта и во која крвта обединуваше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се разбира, мојот господин Семјон го премолча името на убавицата за која се посомневал дека би можела да биде во некаква врска со тој негов случаен соговорник од кафеаната.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Малку понастрана догоруваше оган на кој се допечуваше јагне.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сѐ на сѐ четири остро потенцирани бои: црвена, модра, зелена и бела, задушено стиснати во дрвена рамка под златна боја со која се бојадисуваат мртовечки сандаци.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Според тоа, и од гледна точка на новите групи кои се подготвуваа да ја заземат власта, еднаквоста меѓу луѓето не беше повеќе идеал што треба да се избори, туку опасност што треба да се одбегне.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Постапка за мирно решавање на работните спорови a) Кај процедуралните норми дополнително се утврди дека предлогот со кој се покренува постапката за мирно решавање на спорот, мора да биде изготвен во писмена форма (чл. 12 од ЗИДЗМРРС/14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Како такви прашања се: критериумите за одење во пензија (возраст и стаж на работникот), правата на работниците-инвалиди со преостаната работна сопственост, одредбите кои се однесуваат на стажот на осигурување и, во одредена мера, утврдувањето на пензиската основа и основицата за пресметување и плаќање на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Еден ден, додека гледав како другите мерат, сечат, шијат, доктор Гете ме праша: „Зошто уште немаш почнато да се подготвуваш за карневалот?“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со истата оваа 189 пресуда се констатираше и повлекување на тужбата во делот кој се однесуваше на подолгиот период за казнената камата, како и за уплата на придонесите во ФПИОМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со елегантен и крајно женствен чекор Вероника се движи во нејзините поетски чевли, колку и да се тие тесни, и за неа, и за сите нас кои се обидуваме во нив да сместиме збор.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
На едно јако дрво, префрлено од едната греда на другата е наврена алка од дебел синџир, со две куки на долниот крај за кои се обесуваат котлите за топлење вода. Тој синџир е „верушките“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Којзнае, можеби Партијата е гнила под површината, а нејзиниот култ на воздржување и самоодречување е само шлаг под кој се крие злото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
За да се спроведе овој процес на објаснување мораме да бидеме водени од феномени кои се опсервираат на макро ниво.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кај „нашинецот“ бев и на ручек, во едно многу угледно место во Франкфурт - кај Операта, која се реконстуираше.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ракија, од пагури, мажите пиеја и пред и по вечера.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Ете, тие се злото на царштината и тие ќе ја урнат, а не овие домаќини луѓе што се креваат да си ги заштитат своите имоти и животи", — си заклучи тој и си отиде во Битола да му рапортира на својот бимбашија, а преку него и на самиот Бахтијара дека во неговото село зимоска убаво поминал без да имало причини за зулуми правење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Клара и јас го научивме доктор Гете да плете.“ „И тој плете?“ „Понекогаш.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ова движење за индивидуална слобода е ново за човековата историја бидејќи не е засновано на географија, политика, класи, или религија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Редуцирањето на базичните услови оди дотаму, што им се укинува и водата за пиење и за миење, па така цел погон е приморан да полни вода од единствената оставена чешма, која се наоѓа во РЕ Енергана.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие двајца гардисти што се веселеа се доближуваа со бавни чекори кон дрвото на кое бев.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
4. Исплата на надоместоци од плата ЗИПДНД во 1992 година вклучи одредби со кои се регулираше висината и исплатата на надоместоците кои имаат карактер на заедничка потрошувачка и висината и исплатата на надоместоците кои имаат карактер на материјални расходи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Војската, која се одликува со најдобра организациска подготвеност, би можела да ја преземе грижата за евакуацијата, транспортот, лекувањето и рехабилитацијата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Воглавно, таква беше положбата во која се најде македонскиот народ.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
А во салонот на тој бункер за одбрана на сладоста, свлечена пајажина од свилени неглижеа лежи распослана по меките дивани и длабоки фотелји, а од салонот, неколку порти водат директно во гнездата на заборавот, потонати во полумракот и згуснатиот кич во кој се задушуваат будоарите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Граѓанските партнерства во Вермонт, машките извиднички организации на расправа во Врховниот суд, ракоположувањето на геј- епископи од Епископската црква, оставките на геј- гувернерите во Њу Џерси, уставноста на законите за содомија, гејовите во војската, подемот на поларизаторските „клин- политики“, геј- браковите и низата уставни измени со кои се редефинира бракот, а да не зборуваме за позитивната дискриминација, за кривичните дела побудени од омраза и за положбата на малцинствата: сето тоа беше и тоа како доволно предметот, кој и понатаму си го предавав секоја втора година до 2007, да стане траен и неодолив предмет на коментари, и покрај сите мои усилби да го држам подалеку од вестите. (Сакав да го заштитам Универзитетот на Мичиген од злонамерен публицитет).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И госпоѓа Камилска која се грижеше за семејниот буџет, го чувствуваше недостигот на дополнителните средства од хонорарната работа на својот сопруг.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Будимпешта, низ која тече Дунав, е посебно доживување за оној што овде првпат ги доловува нејзините силуети и сиот град, кој се протегнувал на близу четириесеттина километри.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се појавуваат флешови на Хитлер и Сталин, инсекти и носорози, The Wild Bunch i Midnight Ex- press експлодираат на прозорецот од мотелската соба додека двајцата водат љубов пред заложникот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оди , па застани, оди па застани и така сѐ до една голема црква над селото во која се сокривме за да одмориме.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Го водеа, сигурно, и необјасниви, мистични пориви кои се зацврстуваа во него за време на цариградските студии кога, покрај правото, ја студираше и источната философија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Или можеби непредвидена грешка на возвишеното со која се разбива монотониот од на цивилизацијата назадечкум!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
(...) Вистинската фантастичност не се состои толку во строго прераскажаните околности колку во одекнувањето на отчукувањата, ненадејните удари на срцето нам непознато, поредок што секој момент може да нѐ искористи за некој од своите мозаици, исфрлајќи нѐ од здодевноста, е затоа за да ни турне молив или длето во рацете.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа е изразено во чувството, присутно уште од отоманското време, дека луѓето од Исток ја чувствуваат власта како фаталност што доаѓа од многу далеку, од многу високо, дури од Бога, која мора да се поднесува и против која се останува немоќен.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Има што да видам, двете мои колешки од факултет кои најмногу ме мразеа и кои се чувствуваа конкурентни тукушто му станале пријателки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Реката на автомобили која се движи кон морските магистрали и натаму тече, во најмала рака како пред нас да е летото.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Страв им втеруваше на луѓето и рикањето на биковите кои се колеа за војската.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Арсо сега седи до татка си покрај софрата, чест која се прави само на заслужните и пораснатите луѓе.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Човекот со рапавото лице седеше отспроти и упорно го стрелкаше со поглед Глигора кој се готвеше да си легне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
 8 Во овој транзициски период, преку измените на ЗРО – кој, како основен закон (lex fundamentalis), ја игра улогата на своевиден „работнички устав“, работничките права особено се влошија во следниве сегменти: драстично се намалија правата на работниците кои се прогласени за „технолошки вишок“; воведен е отказ без отказен рок; значително е отежнато остварувањето на правото на штрајк; намален е законски гарантираниот годишен одмор; овозможено е, преку дефинирањето на работното време, работникот да биде натеран да извршува какви било работни задачи, а не само оние кои се соодветни на неговото работно место и квалификации; а временскиот период за работа на определено време беше продолжен од една, дури на пет години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Предметите со кои се поистоветувате не ви се подеднакво туѓи.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И сега, кога Татко беше во зенитот на својата потрага по старите отомански документи во кои се сокриваше тајната на идентитетот на семејството, во потрагата по ракописната Атлантида во која се криеше историјата на заминатите и исчезнатите на неговиот народ и другите народи на Балканот под отоманска власт, се префрлуваше во потрагата по природните закони во откривање на еволуцијата на живите суштества во Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
На отворена линија, која се спровира низ густо населени места, експресот брза и со над сто километри на час.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа ја сакаше својата работа, која се состоеше главно во управување и одржување на еден силен, но компликуван електричен мотор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А во средината, спуштена вертикално како заплиснат студен челичен болскот стоеше подмачканата плоча на пилата, целата исукана, како сабја од ножница, додека нејзините правилно распоредени запци, секој со по иглен врв на острицата, светкаа со по една ненаситна срчена светлинка, собирајќи ја во себе и усвитувајќи ја скржавата виделина на денот во своите илјадници одблесоци, за кои се чинеше дека ќе те испечат уште со самото тоа што ќе се обидеш да ги допреш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од другата страна, на планината Кара Дак кај што обитува мојата сенка, постои село Бродец, а во селото Бродец постои Брод, во кој се собрани сите животни кои Господ ги создал поред Потопот, а со Бродот управува Утнапиштим дален, а кој вие го знаете како Ное.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Оваа шанса за работа за неа беше повеќе како забава, бидејќи многу го сакаше модниот занает и светот на кој тој занает припаѓаше: боите, новите форми на моделите, текстурите на штофовите, деталите на чевлите, накитот, украсите во косата, движењата на манекените, атмосфера на припремата, изненадувањата кои се случуваа на секоја ревија, динамиката на работата која во себе носи големи тензии но со тоа и нови плодови на креацијата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Врши градација на душата која се поматува и се губи во студените, влажни, мувлосани монументални простри на сивото секојдневие во кои се губи изворот на светлината, ткаеж од спомени кои се параат во темнината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но нив, за да бидат раскажани, не им е местото овдека, туку некаде понатаму, во времињата во кои се случиле и кога ќе раскажуваме за нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мичигенскиот огранок на Американското здружение за семејни вредности наводно собрал 15 000 потписи на петиција со која се повикуваат „гувернерот Енглер, законодавецот и Одборот на повереници на УМ да сторат сѐ што е во нивна моќ да ги спречат вработените во УМ да ги користат парите на даночните обврзници за врбување студенти тинејџери во предмет чија изнесена намера е да „експериментира“ со „иницијацијата“ на студенти во високоризичен животен стил на хомосексуално однесување кое е неморално, незаконско и кое претставува сериозна закана за личното и за јавното здравје“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во средишната република, која се смета за најмешана, и верски и етнички, пресметката со козите и козарите била најжестока.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Регистрираните синдикати и здруженија на работодавачи на национално ниво можат само да опре- делат свој претставник кој ќе присуствува при работата на Комисијата; 52 •  третиот, четвртиот и шестиот член ја регулираат постапката за утврдување на репрезентативност, која се поведува со барање, кон кое се поднесуваат и докази за исполнување на условите, по што, откако Комисијата го испитува, Министерот донесува решение за репрезентативност, кое се објавува во Сл. весник.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но сочуствителноста којашто ми е толку многу својствена чини морници да ми џуркаат по `рбетот во темето, поради грозомората во која се наоѓаат оние кои се останати надвор од црвените предели на животот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ако еден организам наиде на друг доаѓа до борба и победникот го голта победениот со што ги стекнува сите ресурси кои се затекнале во жртвата.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За да видиме како еден модел ни помага да разбереме некакво, без него потполно нејасно, поведение, нека си замислиме токму онаква пирамида од јаболка на каква што можеме да наидеме на кој и да било уличен штанд на кој се продава овошје.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Необична перспектива која не ја доживеа мојата Мајка, која се плашеше секогаш од татковите, сега и од моите заминувања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но при вториот или третиот стих Пере тивко му шепна: „Се заоблачи, Апостоле“, и тој веднаш ја сврте на „Дуњеранке“, оти влегоа двајца жандарми и дежурниот полициски писар Јачмениќ, кој се врати од Солун и си го зеде пак старото место.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Според нејзиното скришно верување, клучевите требаше да го поврзат семејството со старите куќи, но и со небото, верувајќи во божјиот благослов во новата земја во која се вселувавме.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Причината за да се појавам не само како сведок туку и како поединец кој покренува обвинение, не беше само скапоценоста на семејниот ѓердан на Цвета Басотова, туку и споменот по едно изминато време што го бев сместил во преградата на скапоценостите и раритетите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сега тој панично ги затвори очите, како така, со стегнати капаци, со грч околу усните, да се обидуваше да види некоја друга слика освен онаа во која се наоѓаше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Луѓето од тој крај никогаш не им се чуделе на крастите - срцето е здраво, и на ѕверот кожинката му се митари.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И покрај тешкотиите со микрофонот, настојуваме без пауза, во постојана трка со времето, сместувајќи се сега во доменот што доби повластено место од нашиот соговорник, да го покренеме прашањето за жанровскиот статус на т.н. епски дискурс.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Дојди, Рози.“ Со кутијата в раце, Милан почна да оди по песочната патека преку градината накај малата куќарка за пилиња, што се потпираше на кокошарникот, кој се наоѓаше во задниот дел на имотот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На собранието беше потпишана молба, и тоа со одушевување и од сите присутни, па возбудата се пренесе низ цел град и радоста беше бескрајна поради еднодушноста и премавнувањето на разногласијата, зашто не само Власите туку и сите други кои се спротивставуваа спремно се потпишаа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А аферите што ми ги припишуваа беа обични чадни скалила по кои се обидуваше моето машко его да се покачи барем малку повисоко над другите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Така ќе се случи и со новите пет збора под неговата надлежност.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секако, ова беше нјинтересниот дел на забавата која се чини тукушто почнала.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Од покривот на нашата куќа, на кој се префрлував од балконот, можев да ја видам целата улица, а кога ќе легнев на него останував скриен и за ѓаволот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мора да најде начин да ја скрши кората на навредувањето и да навлезе во него, да дојде до неговата срцевина, до човекот за кој се омажи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Низ „Александер плац“ минува најшироката и најдолга „Карл Марксова“ алеја, што се протега во недоглед, со огромни згради и од која се делат многу булевари и пространи улици.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Поправо тоа не беше една приказна, тоа беа десетина меѓусебно поврзани, во кои се славеа подвизите на тој планински делија, кој животот си го изживеал во постојана борба со волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Покрај тоа, со промените од 2002 година на работникот му се даваат уште две права: правото да ги добие сите неопходни информации кои се однесуваат на неговото здравје и ризиците од него и правото да се жали до надлежната инспекција на труд доколку работодавецот не ги преземе сите мерки и средства за целосно обезбедување на здравјето на работниците (чл. 5, ЗИДЗЗР/02).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во таа смисла уметноста која би се развивала во сајбер просторот, то ест во виртуелната реалност, би се соочила со истите оние проблеми со кои се соочуваше и уметноста на пештерскиот човек и уметноста на сите генерации по него заклучно со нашата генерација, а тоа е идејниот контекст, стилскиот и амбиентален дизајн, референцијалната потенција, интерактивната стратегија итн.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Законодавецот се обидел да ја санкционира и одмаздољубивоста на помоќниот in concreto, пропишувајќи дека поради поведување постапка за правна заштита од мобинг, како и сведочење во текот на постапката, на вработеното лице не може, на посреден или непосреден начин, да му се влошат условите за работа, односно не може да биде ставен во неповолна положба, посебно со намалување на заработувачката, преместување на друго работно место или спречување на напредување или стручно усовршување – т.н. деградација и/ли стагнација (чл. 2, ЗИДЗРО/септ.09); 23 в) во оваа група на антидискриминаторски одредби спаѓаат и оние кои се поврзани со кандидирањето и селекцијата за одредено работно место.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но, запишано е, дека на неговиот единствен портрет, од доцното мимчештво, каде е насликан како Архангел Михајло (според некои од анонимен еснафски мајстор, а според Хауард Даблју Браун од величествениот Justinaianus Hermeticus, иако и обете тврдења се потпираат единствено на податокот од „Тајната историја“ на Ниќифор Правдољубивиот, во која се присутни исклучиво исчезнати имиња, слики, палати, предели): - „...од очите му избива оној подземен, мрачен, но опседнувачки занес“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Госпоѓа Мариела беше изолирана од сите со кои се дружеше и соработуваше Ема, освен соработката, како волонтер, со Машкото друштво „Осамени срца“.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Пред да се вслушам во шепотењето таа врата не ја бев забележал.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Притиснат од егзистенцијални проблеми и согледувајќи ја целокупната ситуација во Македонија на полето на „пазарот на труд“, како и многу други кои се приморани да донесат дома нешто за јадење – Јакшиќ, со своето тукушто формирано семејство, во 2002 одлучи и започна да работи во споменатата градежна фирма како општ работник – непријавен и без никакво осигурување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И уште веднаш потоа како беше подуено уште повеќе она неговото лице од таа пченица, по која се поврати уште еднаш со раката оној.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во ситуацијата во која се наоѓала Велика Британија по започнувањето на европскиот судир во 1939 година не било ниту малку чудно што нејзините дипломатски претставници и агенти на Балканот на секој можен начин настојувале да изнајдат начини да активираат одредени личности, политички партии и организации за тие да му се спротивстават на нацифашистичкото напредување.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Татко веруваше дека, во својата Историја на Балка­нот, ќе најде начин да им се спротивстави на победничките истории во кои се величаа старите и новите граници, се бараа нивни промени.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Голема депресија го тресе нашиов свет денеска, светов се движи во правец кој се оддалечва од хуманизмот и то ич не е на арно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Откако главите ќе се исечат и исушат, формираат тврди, кафеави дискови или „копчиња“ кои се џвакаат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сега, засекогаш тој ќе ги изуми и сите имиња, сите адреси, алегории.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ритмично уфрлам pop-corn во уста и ненаситно го голтам своето четиво: тука можам да дознаам дека Elvis Presley е жив, за тоа впрочем, сведочи жупникот Sam Beatty; дознавам дека Gary Cormier изградил подморница во својата гаража; дека Claude Marquezy, ограбувач на банки убиен пред неколку години, и понатаму ограбува како дух оставајќи им ги своите отпечатоци на немоќните полицајци; дознавам за мртвите домашни галеници кои се враќаат дома како духови;
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Првенецот на „Бетон“ - тоа е една осумкатница, која се наоѓа во квартот Сахсзенхаузен.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Важно е да се наведе дека тој беше и член на Металскиот синдикат при ССМ, кадешто сите членови плаќаа месечна членарина во висина од 100 до 120 ден.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ги потпрев тупаниците до бокалот со мртва вода во која се бореше за живот преситна собна пеперуга и го залепив челото на нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јемиш, зарзават, мешпајз... У оваа земја постојат чудни навики и големи разлики во начинот на кој се пазари, што се пазари и колку се пазари.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
За обезбедување на парично побарување може да се дозволи секоја мерка со која се постигнува целта на таквото обезбедување, а особено: (а) забрана на должникот да располага со подвижни предмети, како и чување на тие предмети; (б) забрана на должникот да ги отуѓи или оптовари своите недвижности или стварни права кои врз недвижноста се запишани во негова корист, со прибелешка на таа забрана во јавна книга или да ги даде под закуп; (в) забрана на должникот да продава хартии од вредност и удели; (г) забрана на должниковиот должник да му исплати на должникот побарување или да му предаде предмети, како и забрана на должникот да прими предмети, да наплати побарување и да располага со нив и (д) налог на носителот на платен промет на должникот или на трето лице, по налог на должникот, да не дозволи од должниковите сметки исплата на паричниот износ за кој е дозволена привремена мерка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А сега овие новите, по неговото уривање, кои се прават демократи и европејци, нѐ подзаборавија... – ни се пожали еден долгогодишен Врбниченец кој сега живее во Корча.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
„Изградбата на оваа брана од која половина од турбините даваат струја за Југославија, а половина за нашиот сосед Романија е пример и на добрососедска соработка, која се преточува во заедничка корист“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Српскиот правопис, кого српскиот јазик успешно го одвои од некогашната руско-славјанска мешавина, ќе им го открие и ќе им го омили на Македонците нивниот роден дијалект и ќе ги отуѓи од тешкиот и заплеткан историски правопис со кој се служат Бугарите и како попроста и поуслогодена работа ќе ги разниша кај народот најдлабоките корени на бугарската пропаганда и на бугарската писменост кои Бугарите ја имаат широко распространето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Прсна како душа човечка од стакло сочинета. Се разби, се сломи во парченца безброј кои се разлетаа по одајата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Беше вечер кога се најдов во „Сите“, и пред „Нотр-Дам“, која ме фрапираше со својот огромен портал и величествените столбови, и на кои се држеше огромниот покрив на црквата, на кој беше потпрена големата камбанарија која, кога ја видов, не сакајќи ми ги одведе мислите на некогашниот нејзин ѕвонар Квазимодо и на неговата Жералдина, од романот на Виктор Иго.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ова беше време да распламти и тивката битка која се водеше меѓу душите на турската баба и албанскиот дедо, да се замине навреме или да се остане засекогаш и да се пречекаат различните војски спротивставени на двете страни од границите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во мај 2002 стигна известување за можност за преместување на ново работно место како проценител на штети и ризик – во Секторот за големи клиенти, каде му беше понудена и поголема основна плата (околу 30.000 МКД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога погледнав пак на почетокот на подврзаните листови пишувани на рака, поправо на првиот лист, видов една белешка во која се велеше: „Сиа животопис по сказание на Никола Поцо писал учител маказарски Димитрија Боте“. Потоа датум: 16 јуни 1872.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сепак, тоа беше првиот меѓународен акт што се однесуваше за Македонија и врз кој се засновуваа сите натамошни акции на Македонците во борбата за национално ослободување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Убав свети Ѓорѓија, што чудо беше ова? Внатре, со многу дуќани во кои се продаваа памучни ткаенини, коприни и везови, производи на папуџиите и копчарите, чадори, со сокаци убаво калдрмисани, чисти, безистенот личеше на малечок град изделен од секаква нечистотија и човечка несреќа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Би пиел и алкохол, но направив грешка и отидов на лекар кој го забранува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мирис на леб народски кој се пече, најава на пред жетва жито, кон непознати тајни зелени и непрегледни кој со мирис како плима влече.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
По одржани само две рочишта за главна расправа, кон крајот на октомври 1997, судот донесе позитивна пресуда со која се усвои тужбеното барање на тужителите4 – и се поништи Одлуката бр. 03- 257 на стручниот колегиум на тужената страна, како и Одлуката бр. 02-329 на Управниот одбор на МЦ, со која првичната нелегална одлука беше потврдена (обете од март 1994 год.).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ги заборавивме празниците спроти кој се миевме глава, со лизарчиња сапун. Кога си потуравме вода еден со друг и еден на друг. На смена.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не разбирајќи ја иронијата во која се нашле, наместо да се почувствуваат како вишок на самите себе, најтрагично од сѐ е тоа што тие луѓе за себе мислат дека се победници, па продолжуваат да се хранат со фалби.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тие, казнетите, кои се осмелија послободно да се движат, народните непријатели, де, и јас, народниот одмаздник, се најдовме во една одаја, се гледаме накриво.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Таа беше со аур во приземјето, полн со ѓубре и сламиште останати од времето кога Веговци тука чуваа добиток и со беличести скреби што однадвор имаа продрено внатре и каде што сосетските кокошки несеа јајца со надеж тука да ги лежат, но со кои се хранеа змиите.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Причинуење Кој ли повте да ми дојде, кој ми зеде сладок сон, кој ми таму очи лаже, кој се метка по тој мрак?
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
Во алхемиската традиција токму на свадбениот одар се извршува coniunctio oppositorum на парот Брат/Сестра (Крал и Кралица), и како таков тој му е сличен на алхемичарскиот сад во кој се слави свадбата меѓу Сонцето и Месечината.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Најпрвин се плашеше од помошта моја. Го апнала змија, сега бега и од гуштер.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ЌЕ ВЕ ПОТСЕТАМ, добри мои, на една мошне позната народна приказна во која се прикажува како мечката и човекот станале пријатели.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сега влегуваме во станицата Сен-Силпис, некој покрај мене се исправа и заминува, Ана исто така останува сама пред мене, престана да гледа во чантата и на два-три пати нејзините очи расеано ме пометоа пред да се загубат во рекламата за бањското капалиште која се повторува во сите четири агли на вагонот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Набргу се соочував за последиците од ситуацијата во која се најдов.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И мислев, или навистина слушав бувтеж на камен во вода, и некоја врева која се зголемуваше и папсуваше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но, според зборовите на Кирова, времето покажа дека тие не си ја вршат работата: на пример, синдикатите не протестираа против одлуката со која се намалува платата за 15% на неодредено време поради финансиската криза на претпријатието, како ни против онаа нелогична одлука за истовремена набавка на нови возила.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Алкохолните пијалоци главно се состојат од вода и етил алкохол (или етанол) кој се добива со ферментација на овошје, зеленчук и житарици.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дојде до вистински масакр на козите. Големото стадо на легендарниот козар Чанга, инспираторот на козјата антиреволуција, едноставно исчезна во засолништето од бомбардирањата, во утробата на блискиот рид на која се извишуваше тврдината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Нѐ прегрна и двете притискајќи нѐ, како да не си веруваше на очите, откако ја видел грозната слика на урнатината во која се беше претворила нашата зграда.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Се гледа тука постојаната биполарност и осцилирање на интелектуалците од децималните јазици и култури (Анте Поповски), односно нивната Јанусова природа: припаѓајќи им на мали јазици и култури, тие не можат да се откажат од јазикот, митот и колективното несвесно на национот во кој се родени, иако по духот се многу често повеќе Европејци од Европејците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но тој кога се здоби со ореолот на тиранијата сѐ повеќе се оддалечуваше од народот опседнат од метафизичката идеја да се овековечи во историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Трново личи на Титов Велес. Обата града како да полазеле во височините, по острите и стрмни брегови на реките, кои ги создавале и длабеле кањоните, по кои се начичкани куќарки како од приказна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Потоа, во тивката соба, гласот на момчето се одзва со едно слабо, придушено „ах“ и очите му заблеснаа додека си припомнуваше: „Еднаш прочитав книга во која се зборува за скаменетите дрвја.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ги поведе во јужниот дел и им ја покажа ниската капела во која е гробот на свети Наум со неговите мошти, како и самицата во која се лечат болни. Полковниците гледаа со интерес.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ако сте употребувале хероин подолго време и нагло сте престанале се појавуваат кризи кои се манифестираат со потење, истоштеност, несоница, течење на носот и повраќање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
ж) договор за вработување за вршење работи во странство, но само за ограничен период (чл. 249, ЗРО/05) – каде што, паралелно, се применуваат и странските прописи согласно меѓународното приватно право; з) посебен договор поради вршење работи кои се надвор од дејноста на работодавачот, а кои имаат за предмет самостојна изработка или поправка на одредени ствари (пр. машини); потоа, самостојно извршување на определена физичка или интелектуална работа (пр. културно-уметнички работи и сл.) – чл. 252, ЗРО/05.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
- Онаа што се преточува во нашите срца, љубовта со која се прегрнува цел свет.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
308 Повторно вознемирување за Британците претставувала и информацијата доставена на 14 јануари 1945 година од британската воена мисија Bethesda во која се истакнувало дека на „шести јануари во Скопје делови од една бригада, се верува Дванаесеттата, демонстрирале против одењето на Петнаесетиот корпус да се борат против Хуните.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Кликтежи ви требаат, поету мој, ако не за друго, бар да ве слават и прославуваат, на вас да посочуваат како создавачи на убоста од која се храни животот, а не на грубоста која убива и ништи?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ноќ, воловите жеволеле во туѓа стаја туѓо сено, стопаните фаќале бессилно суштество што до вчера се наоѓало под заштита на светените манастирски ѕидови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ја напишал „кландер“ (Кристијан Ландер), основачот на страницата, а во неа се изнесува извесен хипстерски поглед на белците хипстери.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Покрај одредени номинални промени, со неа уште е предвидено работодавецот да ја чува книгата за надзор, во која се запишуваат податоците од извршениот инспекциски надзор, во секој објект каде што ја врши својата дејност (чл. 4, ЗИДЗИТ), пропишувајќи дека за непридржувањето кон оваа обврска работодавецот ќе се казни согласно казнените т.е. прекршочните одредби предвидени со овој закон (чл. 6, ЗИДЗИТ), односно со паричната казна од 150,000 до 250,000 денари (чл. 22, ЗИТ/97). 5.  Закон за изменување и дополнување на Законот за инспекцијата на трудот, Сл. весник на РМ, 29/02
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Бараше да се создадат претпоставки за воспитување и образование во школскиот систем, кои како прва и основна вредност ќе ја признаат националната култура, оти таа била „пиреј што не може да се искорне“, иако комунизмот, таа беда на духот се обидувала и тоа да го стори; рече дека денес, повеќе од кога и да е, се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а сѐ удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Има таква ноќ во која не постои збор Што може да ги одгатне сите лузни Има таква нож во која се распознаваат само `рѓосаните копја на оградата во дворот И некоја златокрила пеперутка што се провира низ нив Има таква ноќ во која ѕидиштата на собата се сосема голи И во која неочекувано до тебе како последна причесна Допира тешкото удирање на стар часовник
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
1 Следствено на драматскиот идентитет на динамикиве, една перцепција наликува на некоја партикула: актуалните перцепции се опкружуваат со цела небула од виртуални слики кои се дистрибуираат со подвижни кола колку повеќе се оддалечуваат, стануваат сѐ пошироки, се градат и разградуваат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Со неа е пропишано дека, одредбите од овој закон, освен одредбата со која се регулира платата по работник која претставува основица за пресметување на даноците и придонесите од плата, нема да се однесуваат на работодавците кај кои повеќе од 51% од средствата се во приватна сопственост (чл. 1, ЗИДЗИПРМ/апр.02).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Значи таа не беше во тек со авантурата во која се беше упатила.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Почна Зоки да учи да брои. Му покажаа кои се бројките до десет, тој ги повторуваше цел ден и сите помислија дека ги научил.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И самиот факт што во извештаите на американските известувачи се зборува за можните судири меѓу "Македонците и Србите" укажува на присуството на две различни струи и на две различни концепции.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во оваа смисла, виртуелната реалност може да заштити од човековото преголемо давање на значење на многубројните податоци кои се јавуваат во дел од секундата.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И длетото тоне, и длетото ја истенчува преградата зад која се наоѓа злиот молох.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Дупката од која излегуваме и онаа во која се враќаме.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Рада стана заложник. Беше пленик оставен, но надгледуван во магепсаниот круг на пеколот. Ѝ остана само малку сила која ја трошеше во размислата како да се извлече од стегата во која се наоѓаше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Охриѓани доброволно му се потчиниле, но не успеал да ја заземе тврдината во која се наоѓале византиските војници.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Формулирани на ваков начин, одредбите само ја зголемија анксиозноста на кандидатите кои се пријавиле на оглас за конкретно работно место.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тешкотиите за достигањето на народните идеали служат само како школа во која се закрепнува народиот дух и се готви за уште поголема борба.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Овде, на брегот, пред големата врата на животот, зачнаа и моите големи пријателства со кои мојот живот и пишување добиваа нова смисла во моите спротивставувања на балканизацијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Гледа во патниците кои се појавиле исплашени по прозорците, срцето му тупоти, другите автобуси свират и тој не знае што да прави.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Реалноста во мојата земја, која се распаѓаше и исчезнуваше, ја прерасна и најзлокобната фантазија, ги избриша границите помеѓу постоечките и непостоечки светови, и јас повторно се најдов од онаа страна - врз некое друго огледало.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа би бил крај за онаа плодна мешавина, создадена од бројни и еднакво нужни елементи, која се нарекува човечки род.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таков: карпи од чии врлежи се образува неспомната, ни во книга ни на слика, царска тврдина со стотици пештери и пештерчиња низ кои се спровираат лачи, под облаци чија боја е згуснатост на спокој и на кои лежи бакарно-портокалеста дамка и предвидува дека од некаде ќе скокне со јунешки пркос сонцето и ќе ја измени бојата на темната, спокојна, скоро мртва вода на чие дрво се претчувсвтвуваат билјурни ѕидишта на манстир; низ прозорците на ѕидиштата се провираат сребрени и модри ластари, на нив висат гроздови од мали сонца.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Во овој момент треба да се спомене дека ваквото изложување на боите (cauda pavonis, паунова опашка) на Посветеникот му ја најавува непосредно претстоечката синтеза на сите одлики и елементи што се соединети во Каменот на мудроста.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Нејзината цел била да ја испере нечистотијата насобрана од работата на оние кои се задолжени за одржувањето и развојот на седмата уметност, односно на кино индустријата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тука пристигаа и заминуваа, се празнеа и одново се полнеа бродови, донесуваа и однесуваа производи, лични и трговски добра, но и луѓе, судбини, надежи, пораки, усно доверени вести и епистоли забележани со писма кои се читаа, се пишуваа, но и се испраќаа на сите можни страни на морската шир.  Карер го сврте погледот кон разбрануваното море над кое се пластеа сиви облаци.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Доцна сфатив дека срамот е нишката што нѐ поврзува сите и знакот според кој се разликуваме едни од други. Според некаков морал.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дедо Мраз ги натовари шепите на мечињата со чоколадни бонбони кои куклата – убавица, со помош на џуџињата, ги извади од црвената кутија на која се потпираше.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
На прво место тука е седиштето на царската управна власт — мудурлакот, на чие чело веќе дваесет и повеќе години седи стариот мудур Арсланбеј со десетина заптага и младото ќатипче и го претставува султанот пред рајата, ги гледа сите давии во името негово од сите деветнаесет мариовски села, тука е седиштето на мифеташот со пет шест души колџии што ги чуваат сите мариовски шуми; тука е седиштето на авџитабурот од двесте души аскер кој ги брка комитите и им помага на мудурот и мифетишот во тешките и одговорни државни работи; тука е седиштето на третокласното егзархиско училиште со архиерејскиот намесник на чело и четворица учители, во кое училиште учат децата на сите оние мариовци што сакаат да им прогледаат сшкдаи им и да станат попови или даскали; тука е изворот на попови од четирите поповски фамилии, и, најпосле, тука се: Влашкиот ан, анчето на Младена Чкулот, Петка Спасоев, Трајка Балето и Цулевото анче, во кои се враќаат и преноќуваат сите оние мариовци од другите села коишто за еден ден не можат да свршат работа во уќуматот доколку немаат блиски роднини и пријатели во селото.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Татко одбра да живееме во Скопје, крај реката Вардар, која се влеваше во блиското големо медитеранско море.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пансионот има повеќе малечки простории во кои се сместени кучињата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Садила мома крај море лозје, ем го садила, ем го плакала: „Ој, лозје, лозје, со бело грозје, јазе те садам, кој ќе те бере...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Од друга страна, личи и на мајмун, со лицето, опашката и шепите кои се зачетоци на дланка, бидејќи оди по дрвјата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Ми беше жал, меѓутоа ова ми беше единствен излез од ситуацијата во која се најдов.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Само за големците не беше така. Тие ја имаа таа специјална продавница во која се наоѓаше тоа што за нас обичните луѓе ни на сон го немаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Предлогот за повторување т.е обнова на постапката се поднесува секогаш до судот што ја донел одлуката во прв степен.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Борбата со трите балкански држави не им противречи на нашите интереси, кои се достигаат и со револуција и со еволуција2, или постепено развивање на нашиот народ во морално-религиозен правец.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во земјата која необично многу ја поддржува современата уметност, првата специјализирана институција - со разновидни слики кои се гордеат со атрибутот „најголеми во Јапонија” - се бори да ги исполни големите очекувања на публиката.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во таков вртеж од недомислени размисли ја додржуваше Гого главата на рамената, додека ги сложуваше боите де со четката де со шпахлата, отстапувајќи чекор - два наназад за да го одмери она што го намачкал, со едното затворено, а другото примижано око, како да беше на стрелиште, па ќе приседнеше на еден издлабен триножник колку да земе здив и да му се врати на платното, во една борба во која се вживуваше и уживаше, сѐ до неизвесниот исход кога веќе исцрпен не сакаше да знае дали излегол победник или губитник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кога Duchamp му објаснува на Cabanne дека на своите слики сакал да ја прикаже интеракцијата меѓу две движења: „најнапред идејата за движење на возот, потоа онаа за тажниот младич што се наоѓа во ходникот и кој се поместува”, и според тоа, дека „имал две паралелни движења што си соодветствуваат”, како да не се присетиме на фактот дека Einstein, 1905, пет или шест години пред ова платно, кога ја објави својата теорија за ограничена релативност, се повика, за да им биде појасен на лаиците, на сликата на „еден воз што се движи со константна брзина v и еден човек што вдолж се движи во едниот од вагоните, т.е. во насока на движењето на возот, со брзина w”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Ние - беше нешто премногу конкретно и нешто сосема нестварно, истовремено, организам кој нѐ препознаваше и во кој се препознававме, оти тоа, всушност, бевме ние, судбина наша и на многу други кои секојдневно се заплеткуваа во пајажината што ни стана порок и заради која како инсекти се заробувавме самите себе станувајќи му плен на црното страшило кое упорно чекаше во дувлото да нѐ зграпчи со своите канџи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Со својата кадиска диплома со која се здоби во Цариград во времето кога се разминуваа Отоманската империјата и новата Република Турција, во обете вклучен неговиот вујко Фетхи Беј Окјар, беше судија во монархистичка Албанија во времето на кралот Зогу, па адвокат и на крајот социјалистички судија во првите денови на комунизмот во Македонија, дел од Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Горан знаеше по седум пати да им се јавува на девојки кои не сакаат ни под разно да излезат со него, да ги застанува колегите во факултетските ходници и да ги гњави со тоа како за малку ќе го положел испититот ама ете немал среќа, и згора на сето тоа, професорот го мразел и да се фали со тоа дека оди на журки кои се посетувани од битни велеградски фаци.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тој ќе рече: ќе напишам, јас ќе му речам: нема да пишуваш. ,Нападот е основен вид борба кој се изведува со цел да се уништи непријателот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трпезаријата имаше огромна тераса која се симнуваше во градината која беше широка и полна со зеленило и цвеќе.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Фидбекот кој се појавува при ова им помага на терапевтите чесно да се соочат со моралните и етичките импликации на своите практики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За да го помогне овој процес, кој го нарекуваме “реавторизирање”, терапевтот може да постави многу различни прашања, вклучувајќи ги оние кои може да се наречат прашања на “нивото на акција” и на прашања од “нивото на свесност”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дрвото, кое потсетуваше на славната песна на Киплинг (Борхес беше верен обожавател на Киплинг), близината на сенката на Калвин, и благиот мир на тоа катче ја донесоа одлуката наместо Марија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На пример, стилизираната геометриска форма на лист врз кој се слева тенок акварелен намаз, преку меките потези од молив.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се разбира, следеше и она друго (и овојпат неизречено) неминовно прашање: сепак, колку е спремна Бојка да ги поднесува тешкотиите на саможртвата со која се нафатила?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кога секој ден осамнуваме во сегашноста: ние сме огледалото, низ кое минатото има свој одблесок во кој се насетуваат убавините на иднината!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
За жал, со индигнација можеме да констатираме дека нашите судии – заглавени во калта на корупцијата, непотизмот, кронизмот, политичките притисоци и партиските агенди, немаат ниту сила, ниту знаење, а ниту разборитост да го одбегнат штетниот буквалистички правен позитивизам при толкувањето и примената на законите – кој, како што видовме, некогаш води и до носење на апсурдни пресуди кои влијаат врз цели семејства.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Христијанските манастири често служеле за заслонување и престој на дервишите, а во имаретите, добротворните кујни градени покрај џамиите, во кои се делела бесплатно храна и преноќиште, рамноправно престојувале и христијани.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тогаш наишол некојси Симон Киранец, кој се враќал од поле, па него го натерале да го носи Крстот.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
ЗРО на РМ (1993), во делот посветен на синдикатите и работодавците, ја содржеше само општата одредба, која се однесува на оваа материја и според која работодавецот е должен да создаде услови за активност на синдикатот, во врска со заштита на правата на работниците од работен однос (чл. 82, ЗРО/93).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
1. Организер е првиот збор на кој се сопнав и не престанав да се сопнувам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Беше тоа една моја колешка која се омажи и разведе во Хрватска.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога Балканот ќе стане Европа, пред Европа да стане Балкан!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
____ 1 Така се вика големата шуплива дрвена цевка во која се собира водата во водениците, валавниците и сл.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Една сопатничка, која се качи во возот во Топчидар, била чест гостин на овој воз.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа е раскажана во реалистичен стил со фантастични пресврти кои се третираат на рамништето на истата стилска постапка, во ист семантички код, стил во која преовладува природниот раскажувачки тон (на кој му веруваме) проткаен со ритмична и често римувана проза.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Имено работата беше главниот ’рбет на нејзиниот живот, ’рбет врз кој се држеше сето друго меко ткиво.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тој говор човек го носи во себе како предлитерарна свест - тој го асимилира во детството, - не го учи туку го впива и го вдишува, така што ништо не може да го надомести тој период на создавањето првите свесни впечатоци кои се, едновремено, и суштина на содржината но и феномен од јазичен крактер.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
МАРА: Кинисувај, само со десната нога!... (Анѓеле кинисува, а Мара му фрла пченица преку главата и така излегуваат; при преминувањето преку прагот Анѓеле ја турнува стомната со вода, која се истурува, а која од порано е наместена.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Пријдов до вратата, но не до онаа зад која се наоѓаше бушавата глава на стражарот туку до другана, зад закачалката, на која до пред малку висеше ременот на Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не знаеше дека пред малку всушност се наоѓала далеку, на границата што можеме само да си ја замислиме и дека оттаму во ова време ја беше вратил мојот глас, мојот повик.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од дрвјата, зад кои се засолна џипот, Бојан веќе не можеше да го види, само знаеше дека џипот застанал, бидејќи бучавата од моторот веќе не се слушаше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
— Море, мирни калуѓери и на Велипеток прасе јадат; било та се рекло — одговори Јован и го ослободи Толета дека збор нема да испушти по однос на неговата посестрима Митра Брлева, што ја остави пред две три години во Софија, а која се врати и настојува да тргне со него како негов четник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тројцата донеле со себе невидени и нечуени чуда: сребрени белегзии со модри каменчиња, школки, од кои, кога ќе се легнело врз нив со уво, шепотело морето, вретенесто суви риби со отворени усти и со боја на проѕирно злато, басми со секакви шари (едно цветно поле од качунки и синолички), морски ѕвезди, презашеќерени непознати овошки од кои се дебелело.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Камењата по кои се сопинаа се превртуваа тропајќи како ореви.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Потоа Камилски, дополнуван од Татко, се задржа на општопознатите зборови кои се среќаваат кај балканските народи како: мезе, вид предјадење (кое обично оди со предјадење), (потекнува од персискиот збор meze); чорба (од персиски şūrbā); ќуфте (од персиски kūfte); ќевап (од арапски kevap); ѓувеч (од турски güveç); тава, тава-ориз (од турски tava); мусака (од арапски musaka); јанија (од турски jahni), сарма, нешто завиткано (од турски sarma), пача (од персиски pāçe), имамбајалди (од турски imam bayildi); пивтија, пифтија (од персиски pihti); пастрма (од турски pastrma); капама (од турски kapama); пилав, јадење со ориз (од персиски pilv); бирјан, пирјан (од персиски biryān); боранија (од турски borani); бунгур (од турски bungur, bulgur); кешкек (од персиски kekek); кајгана (од турски kaygana); таратор (од турски tarator); туршија (од персиски turşī).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Доста од нив се славни личности, заради кармичката енергија во која се завиткани.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Сакам да ја согледам слоевитата текстура околу која се преплетува она што се нарекува судбина и случајности“, велеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Душата твоја во тој миг мека стана како преѓа во која се сопре отровната стрела, се успокои, оти стрелите на зависта ништо не му можат на мекото, кое ги умртвува, а од тврдите, камени ѕидови на суетата се одбиваат како од тврдина, но во нив оставаат дупки.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потоа отидовме во продавницата во која се продаваа предмети кои ги изработуваа жителите на Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во јазикот на алхемијата, удиралката за пченица („небеското“ - бидејќи алхемијата е „небеско земјоделство“), Вознесението на Богородица, соблекувањето на невестата - сето тоа се метафори кои имаат исто значење: чистење - уситнување на нештата и нивно претворање во сребро и злато, или подобро во „камен на мудреците“ кој се споредувал со кристалот. 196 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Тој прстен, тој прстен, крмнаку нечист“, веќе со турски зборови повторуваше бегот со приковани очи за зелениот камен на Калпаковиот прст. „Го уби, ти го уби?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Некој веројатно одредил несигурно да се чувствувам кога ќе се најдам пред типови кои се стекнале со умешноста на предвидувањето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа се гледаше и од големите снегулки, кои се стрелнуваа на бледата светлина што се провираше низ подотворената врата. Добро паѓаше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Многу тешко да нѐ собере со сиот тој багаж, - рече Рада, која се чудеше зошто ѝ се сите тие работи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дотогаш ми беа непознати таа слатка болка и тој горчлив копнеж да се даде нов живот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Исто така, на 27 март 1941 година и „Њујорк тајмс“ се осврнал на демонстрациите во Скопје, при што демонстрантите се собрале на „главниот плоштад и пред седиштето на Банската управа“ извикувале пароли со кои се барало Владата да поднесе оставка.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Или е тоа еден град кој се содржи самиот себе, или еден човек кој се содржи самиот себе? (Да спомнеме патем дека илузијата која се среќава во Качување и слегување и Перпетуум-мобиле не е измислена од Ешер, туку од Роџер Пенроуз, британски математичар, во 1958.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ти што силен се нарекуваше, ти кој се правеше јунак, па мислеше дека ако пропадне фабриката, каде што двајцата работевме, понесен од храброста своја велеше: - Ги гледаш ли овие две раце?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Химната со која се возвишуваше таинствената Мортенија немаше крај. Или само така ми се чинеше. ...
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Јас е јазик јаз'к да ми е ако не кажам што гледам што слушам ако не кажам што правам што направиле од мене што насетувам што насетиле и без мене и по мене за да има сеќавање јазикот ако не кажам кој се огрешил во име на народот, во име на Бога со предумисла со завист од зловолја во злодоба кој понижувал, истребувал, казнувал жива сода прскал со жив збор во очите на бедните и блудните крстените и недоречените слобода кој презирал не давал одземал кој се повлекувал предоцна и без крепост кој се тешел, кој се правдал ако зло правел - зло не кажал јавно!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но јас веќе знаев кој е со него и дека тој што е со него е изврзан со гнил ремен, ишаран од стапиште со модрици и безумен како и секогаш зашто до мене достаса најпрвин неговиот глас - „Не давај ме, внуку, на никаквециве, ќе ме обесат“ - потоа јасно го видов како се ниша килав пред својот внук и судија и како плаче кикотливо, ја видов таа безначајна празнина во лита и скудна облека на која никнала долгнавеста тиква со влакна, но тоа е сега прикаска што мојава улава старост ја раскажува со чувство на посничка осаменост пред друга, калуѓерска и божја, бездруго свето дрво што размислува над туѓи мисли и се моли над туѓ грев, на оние што веќе ги нема, што се прав како што ќе сум и јас утре прав, јас, Лозан Перуника, дамка од дамките на минатото и вчерашна жива смрт од дружина на мртви луѓе, и тие вчера со гнев и јад во секоја капка на крвта вчера, кога и јас, и сирак и главен терач на туѓа двоколка со сив ѕевгар, сонував и живеев зелено, зелен во една земја што помеѓу топењето на снегот и сушите на болните лета не знае што е зелена пролет, зелен април или зелен мај, и знае или можела да знае што е зелен страв пред чудовиште оплодено од еден друг господ во градината во која се преселиле од рајот женското петле Адам и неговото ребро со женска коса, женски колкови и женско умеење во гревот да посади боцки од кои душата станува жива рана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така и сториле. Она што се спротивставувало исекле и изгазиле со бесни коњи.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Замислете, деновиве читав една статија во која се раскажува дека во ателјето на Драган Соколовски, во Козле, подолго време, навечер со џип доаѓал човек за позирање, и таму останувал долго во ноќта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Да го завршиме, добри мои, овој разговор со една моја песна во која се сеќавам на своите учители.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ја стегаше преслабата жена, чувствувајќи ја цела, потполна во нејзината прегратка, со радост која се возвишуваше како химна, како гулабите кога ги пуштаат, како распеаната река.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За спомен ми подари грст стихови, на кои се потпиша.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И се повлекува од планот во кој се одвива масовната драма под отворено небо.  „Ова“, ми објаснува Астерид, „е кино-снимка на бугарски фелтфебел, документ за холокаустот и на вашите простори“.  „Да, да“, им одговара конечно.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Патот за Лесново, го знаеш ли? прашала игуменијата, и веќе не можела да го стивне во себе преданието за овоземниот призрак, речиси му се предала неподвижна, сѐ уште исцибрена но без воздишка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш, во последните мигови на работниот ден, ќе зачкрипеше чаркот над вертикалниот отвор низ кој се гледаше малку небо.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Камилски, како докажан познавач на психологијата на детето, беше готов да продолжи да ја разработува темата на балканскиот инает, но Татко, гледајќи во саатот, му предложи тој тоа да го напише и објави во научен труд, иако обајцата беа убедени дека никој не би прифатил, од идеолошки инает да печати негов научен труд.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Одредбите за јавноста на главната расправа согласно се применуваат и на подготвителното рочиште (чл. 296, ЗПП). Во постапка во спорови од мала вредност не се применуваат одредбите за подготвително рочиште (чл. 436, ст.1 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во некоја населба која се наоѓа на местото на некој Аеродром.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
По исчезнувањето на Татко, библиотеката беше будно, како вистинска татковина, вардена од Мајка која се грижеше да го сочува последниот распоред во неа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Под нечистотијата овде онде се гледаа црвени белези од рани, а во близина на глуждот проширената вена претставуваше воспалена маса од која се лупеше кожа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му рекоа дека има уште четири куќи од Штекиќи и дека се најимотните во селото, но дека и селото и сиот тој крај осиромашиле, дека џамијата им пропаднала и изгорела, чешмата пресушила; а најлошо им е тоа што немаат мост на Жепа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Носеше лонец од кој се креваше врела миризба на млеко.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тој беше вистински гракач, а начинот на кој се шанташе околу куќата, беше како вистински кловн.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Една ноќ во која се разбудив а остатокот од сонот уште ме залажуваше дека Рајнер е крај мене на постелата, јас за првпат почувствував како заедно, како едно, ми чукаат срцето, утробата и меѓуножјето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Каналот требаше да биде долг двесте дваесет и седум километри, од што триесет и седум вештачки канали, поврзувајќи сто деведесет километри езера и реки, со деветнаесет прегради, со кои се подигнуваше нивото на водените текови, за овозможување пловидба, четириесет и девет насипи, петнаесет брани.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во пишувањето тоа се одвивало со помош на таканаречени „детерминативни“ слики кои се ставале зад напишаното, и му давале смисла, а самите не се изговарале. (Ibid.,стр. 18): „Кога египетскиот збор кен треба да значи „јако“, зад неговиот алфабетски напишан глас стои слика на исправен маж; кога истиот тој збор треба да изразува „слабо“, зад буквите кои го прикажуваат гласот следи слика на стуткан, омлитавен човек.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оставаше впечаток дека го контролира секој збор. Секоја постапка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имено, кај нас постојат недозволиви случаи на секоегодишно, па дури и полугодишно или квартално, менување на носечките закони кои треба да се „столбови“ на оваа мошне сензитивна егзистенцијална област, и тоа по неколку пати; а, од друга страна, не тече паралелен процес на редигирање и изготвување на официјални пречистени законски текстови на законите кои се рогирани [изменети и/или дополнети] и по повеќе од десетина- петнаесет пати!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кога не можеше да направи ни еден чекор понатаму, кога се спружи, гушејќи се во својот здив, долу, на работ од шумата, со која се граничеше Белата Долина, и кога остана легнат, со лицето во снегот, можеше само уште да слуша и уште да продолжува да биде свесен за тоа пуфтање на стапките зад него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Акција е хартија од вредност [којашто може да ја издаваат АД и КДА] во којашто е претставен дел од основната главнина и во која се отелотворуваат правата на акционерот кој, како сопственик на акцијата, не е доверител на друштвото ниту сопственик на еден дел од имотот на друштвото (чл. 3, ст.1, ал.2 од ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ништо не беше допир за таа заспаност, дури ни несигурното чкртање во грлото на една брава, над која се грчеа две сенки сијамски залепени и пошироки отколку високи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Додека нашите градови и гратчиња мирисаат на скара, во Келн е специјалитет кокошка печена на електричен ражен, која се продава на секое ќоше, во секое кафеанче, заедно со пиво и со други сувомеснати специјалитети.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Без да биде свесна дека сама си се лекува од состојбата во која се наоѓаше, таа ќе стануваше и постојано беше зафатена со непотребни секојдневни работи во куќата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во една од мајските вчери, во една од оние кои се без дожд а со убаво ѕвездено небо, во оние вечерни часови кога се испразнуваат и тесните улички од под „Монмартр“, кои преку ден се полни со купувачи што одат во најевтиниот трговски дуќан на „Драјфус“, во една ваква тивка вечер се најдов во подножјето на „Монмартр“, пред оие триста скалила што ги врзуваат со прочуената црква „Сакр Кер“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ама на третиот ден, велеше, ловецот ќе дојде порано и со пила ќе ја засече буката на која се качуваше мечката, ќе ја остави само малку недосечена, велеше, колку да се крепи, да се држи исправено дрвото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сакаме тезата за балканската унија на јазиците, за која се согласни одреден број балканолози лингвисти и различната интерпретација на феноменот на јаничарското, односно на светската мерценарија, да ги изведеме на ниво на непосредна комуникација која би одиграла значајна улога кај балканските народи, во покажување и доминација на сличното обединувачко над различното разединувачко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа бил удар од кој се паѓа. Кој е тој господ што едно вакво раскашавено човече ќе го стори видовито во името негово да гледа невидливи чудовишта, да ги слуша и да ги чувствува со мирис?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така, тие прво мораа да донесат свој статут (чл. 188, ЗРО/05); 30 по што требаше да поднесат барање за упис во регистарот, кој се води во Министерството за труд и социјална политика.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Покрај другите неправди со кои се товари приведениот, се придодава уште една: го опкружуваат со надгледувачи со единствена цел да ја нагласат понижувачката улога во која се наоѓа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нашиот свет го скрши на милион ситни парчиња кои се распрскаа низ суровата тишина и засекогаш исчезна во длабочините на времето.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Веруваше во неговата тивка, внатрешна моќ врз која се темелеше опстојувањето на семејството во тешките балкански години.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сакаше да заминеме кон Америка следејќи го патот на јагулите, пред тој да им биде запрен со градбата на хидроцентралите, на реката која се влеваше во ова исто медитеранско море.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Трупот на мојата верба беше преполн со стршлени, кои се котеа тука, како избезумени.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Зошто не можеме да ги распознаеме вредностите за кои се работи кога нешто ни се допаѓа и не ни се допаѓа и кои изгледа играат толку пресудна улога кога се дефинира кои сме?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој чекорел во свечена осаменост на обред во кој се кадат со темјан слабушкавите за битка, всушност не ги подавал рацете кон копнежи туку со здив, со чело, со врелина во врвовите на прстите џбарал слободен простор по чии невидливи врвици можело да се стаса до златни бранови на 'ржено море а во нивната лелеавост да се живее и да се чека на доаѓањето на русалките и девојките; со нив ќе е и таа, Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Англичанецот го прекина: - Да, но ние треба да ја имаме во предвид и најновата Одлука на Конференцијата на амбасадата од 9 ноември годинава во која се вели да водиме сметка на следново: патот Дебар - Струга наполно да е вон албанската територија и на тој начин да се обезбеди слободна економска комуникација меѓу двата града.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Авторот наведува дека 80 отсто од тие кои се повлекуваа по овој отворен простор беа убиени.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Угро-финската фамилија е претставена со унгарскиот јазик, кој се зборува во Трансилванија и во Војводина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште повисоко според надморската височина, е едно друго езеро, Преспанското, што го снабдува Охридското Езеро со половина од својата вода која се инфилтрира низ варовникот на планината и се појавува повторно, во изворите на Свети Наум или во дното на големото езеро, долго триесетина километри.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Малку да се проговори, а многу да се каже, тоа е нашата раскажувачка традиција која се трансформирала во скромни зборовни стебла засадени во родното огниште, кои фрлаат толку раскошни сенки што да се покрие (и да здивне од задоволство и убавина!) сиот свет со нив.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ваквото право го открив токму во тоа нејзино упатство: дека би можел да побарам совети од нејзиниот пријател за решенијата околу кои се двоумам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можев да го чујам брзиот звук на планетите кои се вртеа во просторот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Токму во меандрите на тишината ги наслушуваше заканите кои се вестеа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Повторно имаше бесни демонстрации, фигурите со ликот на Голдштајн беа спалувани, стотици постери на евразискиот војник беа искинати и фрлени во пламенот, а голем број продавници беа ограбени во безредието; тогаш се прошири глас дека шпиони управувааат со бомбите, со помош на радио бранови, и толпата ја запали куќата на една постара брачна двојка за која се сомневаше дека е од странско потекло, па двајцата умреа од задушување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Свесна сум дека модернистичкиот расказ од првата половина на 20 век ги најави постапките кои се радикализираат во постмодернистичкиот расказ од крајот на 20 век.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„За каде?“ - прашува Самуел, научен на аптекарска точност и претпазливост. „За долг пат“, му одговараат неодредено.  Дури тогаш фрла поглед кон врвот од скалите и ги забележува жена си и двете ќерки.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Беше извадил некакви крпи од долапот, ги истресе кај вратата а потоа ги однесе до главата на Таша, во нишата во која се наоѓаше отворениот прозорец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но Мајка беше не само читател кој се идентификуваше со поредокот во семејството, со реалноста во фикцијата, туку таа ја откриваше и смислата на постоењето на ракописот и низ неговата естетска димензија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Полните димови што излегуваа од нејзината уста создаваа димна завеса зад која се криеше нејзиниот аветски лик.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Пред плисоците, на крајот од жолтата суша во која се множеа мешлести бубалчиња што ги ослободуваа покосените и непокосените класја од зрна, по земјата се тркалаа со невидена брзина проѕирни топки електрицитет, го косеа овците по планините и луѓето по улиците, ги гореа амбарите и ги поцрнуваа куќите, внесуваа во срцата страв и болка.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тоа го знаеше и Славица која ја започна темата токму за тие од кои се чувствуваше загрозена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Наведнати над оградите на „Галата Ќупри“ можете со часови да стоите и со чудна внимателност да ги посматрате многубројните кајаци, кои се расеале меѓу големите бродови и во водите на Босфорскиот Залив - „Златниот Рог“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Денешниот град ќе се прошири уште со пет нови градови, кои се лоцираат во долините на реките Сена, Марна и Оза, чии локалитети обилуваат со шуми.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Неговата анализа на историската трансформација на јавната сфера се чини дека премногу е втемелена во песимистичкиот став на Хоркхајмер и Адорно за културната индустрија и нејзиното освојување на јавната сфера и трансформирање во сцена на пасивно консумирање и манипулација, како инструмент за производство на послушност и пасивност, не оставајќи никакво место за прогресивна медиумска политика.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Судот на кого предметот му е вратен на повторно судење е врзан за тој предмет со правното сфаќање врз основа на кое се заснова решението на ревизискиот суд со кое е укината побиваната второстепена пресуда, односно со која се укинати второстепената и првостепената пресуда (чл. 386, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во тремот беа и дрвените скали по кои се одеше во горниот дел од плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Најпосле, стигнавме на самата гранична линија, на линијата на која се судираа две времиња, две идеологии, надежта и безнадежноста.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Една ноќ се мочавме во јазот и некој ни рече: „Кој се моча, ноќе, в река, ќе му умре мајката.“
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И веќе навистина умирав осамен и заборавен на туѓа двоколка, едни можеби ги тргаа камењата од патот, други му помагаа на еден беден човек да се издолжи на јаже под ветка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ристаќи се појавува на балконот и точно кога Илија се издвојува од другарите стрела на него и го погаѓа тешко кој се срушува со зборовите: ИЛИЈА: Оф, Антице, ме отепа тоа куче, вујко ти!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
На тој начин низ перципирањето на секојдневното и на поп- културата се засилува севременското прашање за кодирање на сексуалноста.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Тие ѕверки ги напаѓаат само оние кои се плашат од нив или од коишто се плашат тие...“ Елифас Леви, Магијата на магите, Градец 63 (1985)
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Татко го забележа неговиот немир, но не ги побара причините за тоа, туку остави да се искаже неговиот натажен пријател: Пријателе мил, си ставивме трн во здрава нога!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во октомври 2003, второстепениот суд со свое Решение ја уважи жалбата од тужителите, пресудата ја укина и предметот го врати на повторно одлучување, поради нецелосно утврдена фактичка состојба (error facti).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Затоа што „искривувањето“ претпоставува еден медиум на претстава кој, наметнат меѓу нас и објектот кој се испитува, произведува една појава која не кореспондира со реалноста на објектот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Не отиде право кон сретселото туку заврти одозгора па се спушти по уличката во која се наоѓаше куќата на Едо селанецот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Си! ... си! ... Уште малку... Ми! ми! ... Ре! Сѐ може да се среди! ... Па „arpeggio“ на лево! ... Па десната која се орасположува... Си диез! ... По ѓаволите!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Напоредно со размислувањата за овие грди појави наеднаш се замислувам во улогата на потпалувач на печка во студена соба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За да се дојде до падините на ридот врз кој се извишуваше тврдината, првин требаше да се мине Дрвениот мост.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Второстепениот суд, со пресуда, ќе ја преиначи првостепената пресуда, ако смета дека фактичката состојба во првостепената пресуда е правилно утврдена, но дека првостепениот суд погрешно го применил материјалното право (чл. 361, ст.1, ал.4 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ме потресе кажувањето дека Стерјо е убиен со огнено оружје од некои мажи од Крушица кои го казниле затоа што ја одобрил љубовта на Сања со мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Веднаш продолжив, сеќавајќи се на еден запис на преродбеникот Фаик Коница за Верата на албанците, во кој се цитира искажувањето на лејди Мери: - Таа вели дека од сите вери што ги запознала, верата на Албанците, ѝ се чинела најнеобична.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Неразбирливо беше зошто со два прста го врти перчето на својата безбојна и ретка коса под која се гледаше светкаво теме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Момчето Момчило ѕирка од чашката на афионот. Петгодишниот Момчило, кој се задуши јадејќи цвеќе.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
VIII Живеејќи со години во далните источни предели, бев постојано соочен со почестото верување на луѓето во фаталноста, во судбината, во зборот мактуб (беше пишано, во слободен превод), што го слушав постојано, во различни конотации, во зависност од настаните со кои се соочуваа луѓето, судрени со тешкотиите кои им ги донесуваше животот пред вратите на пустината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Авторот скоро ја врза работата со сопственикот на ресторанот „Пушка“ кој се покажа како човек кој во младоста и самиот пишувал поезија. Оттаму и неговата љубов кон Пушкин.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Судот може да ја ослободи странката само од плаќање на такси ако со плаќањето на таксите значително би биле намалени средствата од кои се издржува странката и членовите на нејзиното семејство.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од заемките за лицата што вршеле разни воени и цивилни лица функции, Татко се одреди за следните зборови: аскер, војска и војник (од турски asker); бимбашија, заповедник на илјада војници, односно на еден табур (од турски binbаi); борозан, трубач (од турско-персиски borozen); гавазин, стрелец (од арапски kаvаѕ); заптија, стражар (од арапски zaptiye); левент, левен, голем јунак, делија, но и платен војник, наемник (од персиски levend); сејмен, сејменин, стражар, придружник (од персиски ѕе men), сераскер, главен командант (од турски serasker); суварија, коњаник (од персиски ѕvаri) и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беа одминати куќите над кои се вееја италијанските знамиња.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Пеперутките го облетуваат привлечени од миризбата на сапунот со кој се мие Богдан што мириса на калофер, зумбул или вратика.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Продолжи да ме гледа развлекувајќи ги полните усни под кои се гледаа јадри заби.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Она: „Дали ваквите дилеми не се бегства од суштественото?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го впивме тоа горчливо искуство на претците со мајчиното млеко, па го заборавивме – сакајќи да ѝ припаѓаме на новата Европа, заборавајќи дека Европа еден ден одново ќе ја сврти кон нас својата крволочна челуст; верувајќи во новата Европа ја заборавивме судбината на нашите блиски и далечни претци, заборавивме на крвта која им била пиена затоа што биле од инаква крв, ги заборавивме неброените судбини на понижуваните, лажно обвинуваните, прогонетите, мачените, усмртуваните, заборавени и од Бог и од ѓаволот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
МАРА: (која се поздравила со гостите) Амин!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Нема многу опции за малите суштества кои се обидуваат да си го најдат патот.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Се печеа на сонцето во жешко време, се пикаа еден во друг кога ќе застудеше навечер, се покриваа со ќебиња и мутафи кога ќе заврнеше дожд и стануваа жива вода; кога ќе заплускаа громови крај нив, се крстеа и го молеа бога да ги одминат; дење ловеа риби, ги следеа со очи облаците кои се згуснуваа и разретчуваа, го гледаа нивното престорување во некакви чудовишта и нагаѓаа ќе има ли дожд или не; го гледаа сонцето кое час се заплеткуваше во облаците, час подизлегуваше за да светне и да покаже дека е тука; ноќе пред за заспијат гледаа во ѕвездите, кои како што одминуваше ноќта, сѐ повеќе се намножуваа и стануваа поголеми и како да се спуштаа надолу; ја гледаа месечината која секоја ноќ се тенчеше и го изоструваше својот светол срп триејќи се од облаците; го слушаа секој шум на водата што во ноќната тишина јасно се разносуваше час потивок, чад посилен и по него дознаваа дали езерото ќе се вознемири или не.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Старите испоумреле во туѓина, а младите кои се родени таму, пат тераат на море.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Машината, којашто се состои од вртлива полусферична купола во која се насликани серија концентрични кругови во спирален облик, беше сместена во една просторија во Палацо Граси специјално подготвена за оваа прилика; на ѕидовите што го окружуваат делото декоративни фризови од малтер со привлечни теми, конфигурирани во тондо-формати сочувани од оригиналниот ентериер на зградата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Џејмс Џонс, на пример, кој се запишал на курс кај некоја образована дама чии студенти ги имитирале стиловите на многу познатите писатели... еден месец Хемингвеј, еден месец Грахам Грин, итн. Мислам дека ова е добра вежба.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И во еден врел јулски петок, ден кога Алах име на поблизу на правоверните, Липа Рипс и Рубина Фаин како руски дворјанини под дипломатски имунитет, доаѓаат во близината на светото место на кое, заштитен од проверени азиски и европски гардисти, дел од низам џедит, нов ред во војската, стар осум децении,можеби од Курди, Сиријци и балкански потурченици со барутни срца в круг околу џамија во која се моли Абдул Хамид.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од една врата влеговме низ друга и веќе бевме во широка одаја, не премногу осветлена, но сепак достатно за да видам необично суштетсво, прилично слично на полип: огромна многуока глава, од која се протегаа долги пипала.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Кога најмалку претпоставувале, видовитиот Дмитар-Пејко паднал на коленици и ги подал рацете кон нив. - Ми истечува крвта. Болен сум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Фатен во заграб со една бабичка, која се плаши да не ѝ се лизнат наланите на мразот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Благодарение на тоа што внимателно ги слушав моите пациенти, дојдов до важни сознанија за тоа како функционира човечкото суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Никола спомена болест што доаѓа кога човек ќе се најде под игли на темнолилав дожд среде планина, нешто што е и мраз на коските и срам на слабост во месото, но јас, како да не сфаќав за кого се говори, не прашав какво име има таа болест и која света трева ја извлекува со пот од болниот, ти велам: бев само сам, самјак, осаменик, се грчев под тежина и се сеќавав на жената што ме најаде или се обиде да го стори тоа пред да ѝ го видам грбот во отворената врата на собата во која се влегуваше преку чардак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Границите на Евразија се поместуваат напред- назад помеѓу базенот на реката Конго и северниот брег на Медитеранот; островите на Индискиот Океан и во Пацификот постојано се заземаат и презаземаат од Океанија, или од Истазија; во Монголија, линијата на разграничувањето помеѓу Евразија и Истазија никогаш не е стабилна; околу Полот сите три сили полагаат право на огромни простори кои се главно ненаселени и неиспитани; но рамнотежата на силите секогаш останува приближно иста, а територијата што го претставува копнениот центар на секоја од супер-државите никогаш не е загрозена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Којзнае колку време помина до моментот кога во свеста на Димче Волшебникот повторно почнаа да навлегуваат слики од улицата по која се движеше, од светот во кој живееше.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Новина е и разграничувањето на ви- довите работни дозволи (чл. 8-14), потоа регулирањето на работата на странци кои се преместени во РМ, а кои засноваат работен однос или даваат услуги (чл. 4), вклучувањето и регулирањето на материја поврзана со назначување на работници од странски компании во РМ (чл. 19), потоа можноста за обука и напредната обука на странци во РМ (чл. 21), материјата која се однесува на сезонската работа на странци (чл. 22, 23 и 24) и регулирањето на работата која се извршува од страна на странски претставници на компании (чл. 25).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Но создавачот на староерменскиот систем на писмо прибегнува кон инаква постапка: дополнителните знаци на ерменскиот алфабет не се сместени во крајот на алфабетската низа, веднаш по грчките знаци, туку дополнителните знаци се разместуваат во границите на првобитниот дел од ерменскиот систем на писмо, во кој се рефлектира грчката алфабетска низа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Имаше убав глас, продорен баритон, кој се пробиваше низ старата беговска куќа, ја исполнуваше со неговата надеж.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најречовита и најсамосвесна забелешка, би рекол, му е следнава: „Но, причината поради која белците ја сакаат иронијата е што таа им овозможува да се си се позабавуваат и да им биде подобро во сопствената кожа“.419 Таквата иронија им овозможува на успешните шизички стрејт-белци, вклучително и на Ландер, да се справат со срамот поради тоа што се повластени и белци дистанцирајќи се од културата во која веќе спаѓаат, тешејќи се со можноста дека не се докрај вмешани во неа, ставајќи се над неа и надвор од неа благодарение на тоа што имаат критички поглед, како и преку идентификување со маргинализираните луѓе, што им овозможува и понатаму да си учествуваат во неа со почиста совест.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Излегува спокојно и раскошно го огрева светот кој се труди да го стокми својот план за денот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На ова реагираше и самиот судија и на тужениот работодавач му предочи дека „недоставувањето на писмено соопштение за отказ е прекршок кој се казнува со закон“.6 Исто така, на ова рочиште, од страна на судијата беа одбиени и некои други предложени, а неиздржани „докази“7 – како што се некои извештаи за работа, прегледи и сл.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но таа има пат што води низ пештери кон водената кула која се наоѓа на брегот од реката.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Животот, на крајот од краиштата, е само колаж од одделни моменти на кои се сеќаваме – колку парадоксално е тоа што во него минуваат цели денови, месеци, години кои воопшто не ни остануваат со сеќавањето и поради својата истоветност пропааѓаат во заборав.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Го прегазив потокот. Качувањето по ридот зад кој се наоѓаше дружината со своите запреги беше тешко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Нека ми простат скаменетите самовили од Леденото Езеро, ама тврдам нивните приказни за Вок со едното око се производ на лагите со опашки со кои се обидуваат да си го возобноват угледот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Метежот кој се создаде при слегувањето не му даде можност да ги провери своите сомнежи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Исто така, на 25 март 1941 година, во весникот „Сан Франциско хроникал“, била пренесена информацијата за демонстрациите во Битола, каде што демонстрантите барале да ѝ се приклучат на грчката армија во војната против италијанските фашистички агресори и дека во „Скопје и Цетиње, два силни комунистички центри, илјадници само ги повторија, со поголема жестина, демонстрациите од вчера“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Отворајќи ги очите (можеби веќе врескаше) виде дека се раздвоиле. Сега навистина вресна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Скандалозното поимање на пишувањето, кое ги нагризува самите темели на наша­та мисла од филологијата до семиологијата, опстојува во она што Дерида го нарекува текстуалност, неговата теорија на пишувањето како систем од придодавки кои се разликуваат едни од други а притоа взаемно не се укинуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
1. Ние, уметниците и критичарите од Љубљана и Москва, кои се собравме во Москва на 26 мај 1992 година по повод NSK Амбасадата, проект на Apt-Art и Irwin, ги признаваме следните факти:
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Централниот наратив му припаѓа на педесетгодишниот Симон Поцо, писателот кој се враќа во своето родно село Маказар со намера да напише хроника, „повест“, посветена на сопственото семејство и на селото од каде што потекнува.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кај потпорниот ѕид над кој се издига Планинарскиот дом Шесте чешми во еден контејнер ги изпразнија ќесите исполнети со отпадоци собрани патем - искачувајќи се по рекреативната патека.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но неколку години подоцна, кога се разведуваа, таа му рече дека кога биле кај златарот да купат венчални прстени, таа се издвоила за момент додека тој ја проценувал вредноста на двата прстени и незабележливо, земала еден рачен часовник. Оваа девојка беше голема убавица. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 185
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Значи расположбата во која се наоѓам во овој момент ја претставува онаа утринска прошетка на гасеници и полжави по штотуку оросените стебленца и младите лисја!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа беше неколку години по втората средба, но сега во дворјето на еден забит манастир во кој се најдов со група писатели на пат по Романија, некаде меѓу Куртеа де Арџеш и Крајова.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во друга витрина во истата просторија беше изложен еден предмет, досега непознат во литературата за Дишан: “bilboquet”, играчка што се користи во една детска француска игра, која се состои од дрвена прачка со украсена дрвена рачка забодена во неа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа е една особена книжевна традиција во англосаксонскиот свет во која се испреплетуваат чудесното и возвишеното, ужасното и суптилното, убавото и грдото.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ако, пак, се направи споредба со одредбите од Законот за јавни претпријатија, кој се однесува и на јавните претпријатија кои стопанисуваат со шумите (чл. 2, ЗЈП), ќе се заклучи дека одредбите од ЗШ предвидуваат поедноставна процедура за отпочнување на штрајкот, додека во однос на останатите обврски кои им се наметнуваат на работниците кои штрајкуваат не постои некоја позначајна разлика помеѓу овие два закони.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во ЈКП „Дервен“ – кадешто работат преку 250 вработени првенствено по партиска линија, во зависност од која која од двете најголеми партии ќе ја освои локалната власт – денес постојат два синдиката во кој своеволно и на недемократски начин е поставено раководството –  кое само ги информира своите членови за направениот избор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тегот за хартија беше собата во која се наоѓаше тој, а коралот беа животните на Џулија и неговиот, фиксирани во некој вид вечност во срцето на кристалот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Набргу во тишината беа чујни дури и нивните крадешки чекори, а одвреме навреме можеше дури и да се види како по таа белина напред прострелкуваат понекаде и нивните издолжени прилики, кои се искриваа уште првиот следен миг, оставајќи во погледот само една колеблива игра на причинувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зборот на кој се обидуваш да се сетиш е солипсизам. Но грешиш. Тоа не е солипсизам.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А тие ги исполниле улиците, особено оние во центарот, околу Домот на културата, во кои се продавниците и дуќаните, и оние, во кои се наоѓаат огромните варшавски стоковни куќи, во авенијата спроти Домот, каде што се наоѓа и најпознатиот картел на стоковните куќи „Центрум“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, исто така, ова е и пример за тоа како работодавачите, и по добиена пресуда, продолжуваат да го кршат законот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но тоа е друга приказна, која се врзува за сите приказни настанати во Потковицата и за Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дали е анонимноста, безбедноста, сигурноста од неказнување и непрепознавање таа што го овозможува оргазмичкото искуство кај толпата која се поистоветува со маскираниот?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имаше многу светлина во нејзината душа со која се спротивставуваше на балканската темнина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На 24 март 1943 година од одделот за Југославија при СОЕ била испратена телеграма до управата за помошните служби во која се известувало за личностите кои заминале за Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Особено оние кои се однесуваат на смртта.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тоа се типови луѓе кои најчесто се вработени во институциите кај овие првиве, а нивната главна особина е длабоко да пенетрираат кај нивните претпоставени задници со што ќе успеат да се одржат на позицијата во која се дочепале и притоа да не дозволат на конкуренцијата да им го заземе нивното место, а најчесто служејќи се со своите вешти кодошко-лакташки особини секогаш ставајќи му сопка на соперникот и увек гласајќи за партијата која ги убутала на тоа работно место.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ти ги испратив тебе поради твојот занесен изглед небаре без престан посматраш водени отсјаи стари карти кутии кои се отвораат само пред сведоци списи кои се даваат на реверс саркофази врз коишто светлосните зраци смртоносно се вкрстуваат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Јордан Шоп не се согласи: „Тогаш качи се на ридон и види кој се кикоти, кому му се јаде варена пченица над туѓ гроб.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со издив на олеснување го дочекував големиот станичен перон во кој се наредени триесетина колосеци кои дејствуваат грандиозно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Притоа ја користеше нејзи­ната директна антитеза - досадата, не само како впечаток што најчесто го оста­ваат неговите филмови, туку и како чувство на самите протагонисти кои се досадуваат пред камерите.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Внатре владее пролетна топлина која се одржува со гасни печки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
2. Останати промени 131 Со изменувањето и дополнувањето на овој закон од 2012 година во областа на трудот се воведе нова евиденција на корисници на јавни средства од Агенцијата за вработување на РМ, а дополнително се промени начинот на евидентирање на невработените лица кои се евидентираат според начинот на барање работа, при што сега се врши селектирање на оние невработени лица кои активно бараат работа и се регистрирани во Агенцијата за вработување на РМ, а во засебна евиденција се евидентираат пасивните баратели на работа (чл. 1 од ЗИДЗЕОТ/12).132 Исто така, кај овие новововедени евиденции беа утврдени и видовите податоци кои тие задолжително треба да ги содржат (чл. 3 и 4 од ЗИДЗЕОТ/12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
2. Мојата приказна „Стасав во последен миг, но сепак го преминав прагот на авлијата 28и премрев, мислам, одеднаш: - самрачна светлост, неспокоен сјај и јарка нестивната страст која се одразува врз сѐ и во сѐ и сѐ превреднува, како премрежје - сетне, интензивен спој вибрации збрани на едно место налик на грст значења вкрстени во еден единствен збор (о, парадоксално блаженство на хомонимијата - си реков и почувствував дека допираат до тебе моите помисли, надтежнати од профаност занесени по светост изострени од долгото 'рвење меѓу принудата и поривот меѓу надворешното и внатрешното!)
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Нѐ прифати стражата што го чува преминот и нѐ предаде на селскиот мухтар кој се грижеше за нас до заминувањето следниот ден.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Книгата ја пишуваше длабоко во ноќите, кога се храбреше од енергијата која се ослободуваше во нашите соништа во градот крај реката, како што еднаш ѝ се доверил на Мајка!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Единствен доказ за спротивното е немуштиот протест во коските, инстинктивното чувство дека условите во кои се живее денес се неподносливи и дека во некое друго време мора да биле поинакви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Натаму, можеме да воочиме еден процес во градењето на чинговиот стил кој се остварува врз еден евидентен принцип.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ќе попораснеш малку од нивно бувтање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Единствената неповолна измена што наста- на во 2007 година кај оваа материја претставува одредбата со која се оддолжува постапката за утврдување на инвалидност.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Подзамижувам за да можам да му се приближам на гласот на Борко кој се обидува да ми дорасветли некои посебни детали од неговите љубовни доживувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Елена повторно беше испратена службено во градот, каде што се наоѓаше болницата во која се лекуваше Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Со многу среќа и многу вешто проникнувањето во мрежата на оваа светска тајна, можеш да се испресукаш низ “иглените уши“ преку кои се влегува во палатава.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Делувањата на оваа моќ се преправаат или се маскираат бидејќи тие оперираат со одредени норми кои се означени со статус на „вистина“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Го потпрев челото на тупаница: ноќ е, месечината се спушта ниско и со ергенски занес се мушка меѓу трски и грмушки не чувствувајќи ги гребениците, дишат дрвјата од надојдено зелено млеко на пролетта и се поткреваат водите на прсти да ги наслушнат тишините на далечините до кои ќе стасаат по дождовите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Следеше второ непријатно изненадување: наместо музиката со која се пријави на аудицијата, слушна само длабоки удари на тапани во некој сложен, нему непознат ритам.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Денот на погребот конечно дојде. Службата беше оддржана во катедралата свети Петар, една величествена црква сместена во највисокиот и најстар дел од градот. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 219
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Им дал три вида на дух: едни кои немаат тело - ангелите; други кои се облечени во тело, но не умираат со телото - човекот; трети кои се облечени во тело и умираат со телото - животните.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Уловената риба рибарите ја печат веднаш во мангал, во кој има зажарен дрвен ќумур, а кој се наоѓа во самиот кајак.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во април се одржа второто рочиште на кое, по барање од судечкиот судија да се достави доказ за писмен отказ, тужената страна достави само обична е-порака испратена од координаторот (надредениот) до претседателот на организацијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Додека ги стискал забите како да сакал да ја задржи во себе силата на животот ( не земај ми ја душава, можеби можел да шепоти своја молитва, додека не ти принесам курбан), негде, не можејќи да определи каде, умирал ранет војник и пеел на турски за мајка и за дом по кој се копнее.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Но јаничарски ген имаа и јапонските камикази кои се претовараа во делови на воените машини служејќи се со својата смрт да ги убиваат противниците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XXXVI Меѓу заминувањето и враќањето од дипломатска мисија, посебно на амбасадорите во земјите со демократска традиција, во која дипломатската институција почива врз цврстите принципи на правната држава, но и врз автохтоноста на дипломатскиот феномен во светот од неговите дамнешни почетоци па сѐ до денешни времиња, постои природна поврзаност, дејствен континуитет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој сакал со разговорот да избега од она што видел и од она што му се јавувало како визија помеѓу распливнатите жолти очи и паднатите тешки кадри на косата. Суво збивтал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ова вклучува идентификација на настаните и искуствата кои имаат помалку директна врска со него.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во Картагина, во која се наоѓаа речиси сите резиденции и амбасади, а на еден рид беше извишена големата резиденција на американската амбасада, дејствуваа амбасадорите и нивните советници како на свет во мало, во кој беа силно изразени и тогашните делби во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во куќата си донесов телефон и грамофон со рачка и голем пајтон со кој се возев до Скопје и назад.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тие побудија интерес кај сите оние читатели кои се интересираат за класично потврдениот расказ, но и за посовремениот расказ, потем кај оние читатели кои трагаат по сложени техники на пишување и на создавање на светот на расказот, такви кои вклучуваат и интертекстуални цитати, асоцијации, алузии и реплики, иронија и интертекстуална иронија, херметични слики на светот, игри со сликите на светот и облици кои ја покажуваат моќта на јазикот на книжевноста да исполни со убавина и со возбуда, истовремено кога исполнува и со зачуденост и недоумица, кога нè обзема со силни чувства, кога нѐ ослободува од чувството дека сме немоќни и осамени, кога доживуваме психичка и морална катарза или прочистување на нашата душа и свест.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со одговорот на тужбата, тужениот е должен да ги приложи и исправите на кои се повикува, ако тоа е можно.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Беше чудесно свесен за положбата во која се нашол.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дојде и до редефинирање на начинот на кој се избираат помирувачите и арбитрите, па така според новата законска формулација овие лица може да ги вршат овие две функции само ако имаат добиено лиценца од министерството надлежно за работите од областа на трудот на предлог на трипартитната комисија формирана од Економско социјалниот совет.93 Лиценцата за помирувач, односно арбитар се издава на неопределено време (чл. 30 од ЗИДЗМРРС/14).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Чана гледа многу повеќе од нив: бавчи, дрвја секакви во нив, планината не е голема, само сепак ги наполнува сосема очите и врз неа нема друга планина оти иако е облачно и роморливо, напати ветрето што се подава расчистува по некоја дупка во која се здогледува само небо над неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Овие одредби се истоветни со оние одредби од Законот за внатрешни работи (2014) кои се однесуваат на процедурата за отпочнување и на начинот на одвивање на штрајкот на вработените во Министерството за внатрешни работи (чл. 158 и 159, ЗВР/14).144
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Тој на бугарската влада ѝ ја пренел цврстата решеност на царската влада, како и на Виена, да не дозволат никакви промени во овој дел на Балканот и барал од претставниците на македонската емиграција во Бугарија и од тие на МРО (д-р Татарчев Христо Матев) со кои се сретнал да водат сметка за тој факт и да не предизвикуваат нереди во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Татко молчеше. Ја гледаше со извесна радост која се читаше и по нејзиното бело, негувано лице.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Импресивна глетка создава и машината што претставува механички раце, која се употребува само за ракување со опасни материјали по човечкото здравје.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Прикрај од изгорениците, црвениот болен раб на воспаленото месо заградуваше нежна, свилена кожа, која се лизгаше како плешка на белвичка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Козарите кои се избавија од големите селски работни задруги, сега, слезени од планините, според татко ми, се најдоа во стапица.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Неговото задирање во приватноста не е насилно бидејќи изложувањето на феноменот на урбана култура во градски простор мора да биде нешто што граѓаните нема да го доживеат како вознемирувачко продирање во секојдневието, туку како дел од околината со кој се служат и во којшто живеат.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Ние знаеме: најчесто се јавуваат пациентите на татко ми и многу е здодевно да се слуша како тој им дели лекарски совети по телефон.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја уверував дека таа би можела во вашите книги да најде материјал достоен за филозофски промислувања, особено во епизодата во која се раскажува за вашата мајка која ја минува границата за да си го види своето семејство по долгогодишниот егзил.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Секој ден повторно проштеваме, за пеколот во кој се наоѓаме, го вртиме и другиот образ, со нашата труд и мака, ѓаволот го гоштеваме.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Првин ја издвои на прво место заемката барут, од арапско-персиско потекло (barut) за којашто на Камилски ќе му предложеше да водат посебна дебата, потоа запре на ориентализмите: куршум, куршун, фишек (турски kurşun и fişek); абердарка, топ или пушка со кои се огласува нешто (од арапски и персиски haberdar); боздоган, буздуван (од турски bozdoğan); кундак, дрвениот дел од пушката (турски kundak); топ, топчија, топтана (од турски top, tope, tophane); пусија, заседа (на турски pusu) метериз, окоп, ров, (од персиски neteris); кавга, војна, покрај честа употреба со значење караница (од турски kavga); бајрак, знаме (воено, но и сватовско), од турски bayrak.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Бев како надуен паун, кој се надул и си го чисти перјето.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Требаше да извадам илјада денари од банката која се наоѓаше на двесте метри после Епинал.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Копанка во која се пече Зрното, денот и лебот Водата- вирче, огледало, За ѕвездите меко седало, Сонце крај што угреало.
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Жената ја прекина, ставајќи ѝ го показалецот врз усните. - „Спијат“ - прошепоти.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Оваа членарина одеше во синдикалната каса, која се користеше и за солидарна помош на вработените во оваа фабрика, кога некој од нив ќе се најдеше во одредена кризна ситуација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На наддланката му лазеше пролетна бубачка под црвен оклоп, она за која се веруваше дека е предабер на гости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
4. кога се враќав од јапонија не можев а да не кршнам малку од истокот понаисток а понаисток се вика кјото како што поназапад се вика токио понаисток некако е потопло во просторот на насмевката понаисток резниња тишина се лулеат на небото а и сонцето е некако поинакво наутро весело од изгревање напладне клапнато бара сенка за отпочин од толку многу изгревања и од толку многу запнувања на златниот и на сребрениот храм во кјото секогаш да им се позајми повеќе блесок да не би да се луѓосаат и да подгрбават да зарѓават а да бидат уште живи како што им се случува на мнозина кои и не забележуваат дека одамна им се скинале пантолоните на времето во кои се навреле којзнае кога којзнае како и којзнае зошто пред храмовите на кјото дурлат води отежнати од историски искушенија дурли во водите без омекнувач меката душа на градот во водите пред храмовите во кјото птиците парадно се огледуваат па потем не може да се изнагракаат од среќа отшто во воденото огледало биле толку лични прелични во водите прд храмовите на кјото има и многу меурчиња од последниот здив на исчезнатите има и меурчиња од празни зборови има и удавени тешки зборови и не се знае какви тешки метали од зовриените води пред храмовите на кјото се прави најубав јапонски чај од јасмин на пример кој се срка додека на телевизија врват најновите вести а на врв вести ново биро за изгубени работи и едночудо ослепени од толку зјапање во иднината на дното на вестите празнина како на дното на зеленото шише од изглоканата вода макаршто вестите на телевизија секаде се есапат како канти за полевање на заблудите кога се враќав од јапонија многу ќе згрешев ако не кршнев малку од исток понаисток и ако не се поздравев со калиграфите кои приклаваат секој колку што може во ќуповите во кои се варди душата на градот тие приклавај други отклавај тие зелен спокој другите црн неспокој и едните и другите петпари не даваат кога се разминуваат со рикшаџиите како со жива теглечка сила за кои веќе нема сенки под искастрените гранки на старите дрва а не им е ни предодредено да се пробијат до првите редови од каде што најубаво се гледа најубавата кабуки танчерка понекогаш на рикшаџиите им потекуваат од очи глазирани зрна ориз веќе наизуст ги научија говорите на сите политички и еколошки митинзи и ним како и на говорантите отшто се толку дотерани како за на кадро никој не им верува колку мака си теглат за вечер да каснат едно обично ќофте и да отсонуваат една голема топка сладолед од ванила.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Најголемиот проблем со кој се соочува секој Македонец е тоа што не знае како да се постави и да се спротивстави во случаевите кога е ебан у мозок и тоа соодветно да биде наплатено.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
После некој се сети да бараме и диви улишта, да фаќаме пчели. Не знам кој се сети на тоа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Баш пред некој ден читав во еден весник дека, замисли, во еден град кој се вика --- Македонија! --- во државата Алабама, отвориле ново основно училиште во најмодерен стил.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Молчев, не сакав да разговарам за она на што не сакав или не можев да мислам по среќавањето со Онисифор Мечкојад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во искрена доверба, и покрај позицијата во која се наоѓаше, за разлика од „оперативецот” Х.Х., другите анонимни водичи, тој навистина имаше поголема власт и тоа го покажуваше во односите со луѓето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ме прашаа дали навистина мислам дека луѓето кои се залагаат за здрава народна уметност, со здрав народен дух се „опиноци и гајдаџии“. Реков дека да.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Во овој случај по горите мласкам — јадам со шум молзничар — овчар што ги пасе овците со млеко мотавило — направа на која се мота предено, 2) во прен. см. долго дете или девојче кое бргу пораснало мотаница — предено намотано мртвени — задушница мулазим — турски офицер, потпоручник мунасип — согласие, право е тоа што се предлага мутли — празниот простор од ѕидот на куќата под покривач мушавере — другарство м’ком — молчејќи м'сне Ала — ,ќе даде господ набабарам — потсмешка некоја млада да се стори баба набастиса — најде навале — навалица навевам — добивам нешто што не сум го чекал. My навева господ на Илка жена нави —болест кај жените леунки која ја предизвикуваат лошите духови — самовилите наврзници — 1) наврза многу непотребни зборови, 2) Маѓија во косата надретам — се поскарам со некого лесно наѕрница — жена што наѕрнува секаде налет — остави тоа ами ... налешам — навраќам намесница — бив. жена е намесница на сегашната (Би требало обратно) наметам — забуричкувам брашно за крмнакот напара — пракса, практика.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Заедно со остатоците од дневната светлина пред очи ми заигрува слика на палми кои се нишаат во ритамот на возот, совршено вклопувајќи се во пејсажот и зајдисонцето.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Други велат, си го загубил волшебниот спреј со кој се фиксираат новогодишните честитки, желби, за да останат неизбришливи доживотно.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Потоа ќе бидат забележани и карактеристичните заемки: мегдан, мејдан (од арапски meydan), вид плоштад, во селата и градовите, но и место за одмерување на силите; sokak, улица, но денес се употребува само за означување тесна, калдрмисана улица (од арапски sokak); џаде, друм, државен пат (од арапски cadde); калдрма (од турски kaldirim).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Махмуд Дарвиш ќе стапи во редовите на Палестинската ослободителна организација во 70-те години од минатиот век, а ќе ја напушти во 1993-та во знак на протест против спогодбите во Осло, коишто Јасер Арафат ќе ги склучи со израелската држава.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во овој стар Солун, кој е ист како што бил некогаш, пред многу десетици години, во кој се водела старата трговија на ќепенци на тезги, се среќава еден куриозитет: трговија со отпадни делови на фрлени и катастрофаирани автомобили и тоа од секаков вид и речиси од сите светски марки.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Постојано селаните се собираа и се чудеа на начинот на кој се хранеа.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Има уште многу други јадења кои се припремаат на оган од лепешки, а самите лепешки, пак, почнуваат да ги собираат, на одредено место во дворовите, уште од првиот ден кога, напролет, пред Благовец, ќе ги истераат гојдата на пасење во ливадите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Слушајте, имам еден френд, Србин, кој се пријави како Циган.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тој почна да зборува за него со карактеристична сериозна учтивост, со која се разликуваше од мнозинството членови на Внатрешната партија.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На челото се закануваше брчката со која се здоби во Тунис. Крај нас беа децата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ја прекинуваа, одвреме-навреме само извиците на рибарите со кои се заплашуваа јагулите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Кој се ниша во ова доба на ноќта?! - се изненадив.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Под таа синтагма ја подразбирам состојбата за која зборував на почетокот на овој оглед, а тоа е доживувањето на стварноста како вистинитост не спрема она што се опишува туку спрема значењата кои се сугерираат во описот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Можеби тоа има врска со фактот дека Хабермасовиот модел на јавната сфера е историски базиран врз моделот на печатените медиуми, коишто „поттикнуваа стилови на аргументација кои се одликуваа со линеарна рационалност, објективност, и консензус“107.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Колибата Сукаловска беше од оние, „сталните", во кои се мисли повеќе години да се живее. Не како на Кањата, Карабоја или некој друг, што правеа меќани за една зима на едно нивчуле, па кога ќе го подгнои, кревај желниците и сламата на друго!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Другари! Таквите тврдења не се ништо друго, туку една лага, една клевета фрлена на ослободителката Русија од еден ослободен ропски народ што уште не е слободен од неговите ропски инстинкти со кои се ползува за да ја оправда својата глупава „самостојна” и „национална” политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пред интервенцијата на Уставниот суд, Законот за безбедност и здравје при работа содржеше една дискриминаторска одредба според која одредбите на овој закон се однесуваше на сите дејности во приватниот и јавниот сектор, за сите лица осигурени од повреда на работното место или професионални болести според прописите за пензиско и инвалидско осигурување и сите лица кои се вклучени во работниот процес, но со одредбите не беа опфатени куќните помошнички.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Усните му беа полни, заокружени со две фалти брчки кога се смееше и над кои се вишеше орловски, но убав нос.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ми изгледа кутриот како оние „Зорле моми“ кои се дотеруваат до бессвест, а откако тоа ќе го направат ќе сфатат дека така дотерани нема каде да одат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тимоти Лири НОВА РАСА Memis: Само-реплицирачки идеи кои се шират меѓу хуманата популација, предизвикувајќи културални мутации. Neoteny: (1) Достигнување на напредна функционална зрелост уште во стадиумот на ларва; (2) задржување на оптималните за опстанок ларвични или недозреани карактеристики во возрасниот период, одбивање да се престане со растењето, проширување на развојниот период.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се чинеше сосема отсутен и за разговорот помеѓу тројцата првоборци: Мајката, Чауле и Овчарот кои се послужуваа стоејќи,покрај џамлакот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Други видови на жапчиња, вклучувајќи ги и барските, лачат халуциногени сокови кои се лижат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Додека Костадинка, Коца, растеше во нејзиниот мев, брчкајќи се во нејзината лошотија, која се дуеше како Тодора со оки да голта воздух, ибн Бајко се прчеше: ете, ѝ го најде лекот. Но, пак се прелажа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Патиките така обезбедуваат непосреден контекст за оние кукли врз кои се менува топографијата и распоредот на половите органи, така што пенисите, налик на избликнати бубулици, се појавуваат и врз лицата на адолесценти.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Би требало да почне да ги надгледува сите свои кружења, сите струјни кола на светот кои се сечат во неговите гени, нерви и мисли. Какво нечуено ропство.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Повеќето од напишаното ја опишуваше состојбата во која се наоѓала кога е примена. Овде, во болницата.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Мислам, ова би било интересно прашање за интернационалната екипа теоретичари, глобалци и интертекстуалци кои се среќаваме по балканските научни собири.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Правецот во која се одеше беше погрешен, луѓето стануваа мајстори за лажење, како обид за излез користеа секакви можни финти како би се одбегнал пренадуван вакуумски балон...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Народот од нас чека помош и заштита. Тој што станал комита, не е орач. На комитата пушката му е плугот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
При кревањето на завесата од оџакот излегува густ чад кој брзо престанува, а потоа се појавува на вратата баба Анча, која се обѕирнува зад себе си.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Но сепак, и над тревките и над каменот господарела пролет во која сиромаштијата ги фрлала од себе парталите и сиџимите со кои се врзувала околу половината да ги задржи врз карличните коски беневреците; се ослободувале од болвливи минтани и се свртувале разграштени кон усвитеното сончево око.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Оттука никнаа школи на мислења кои ја толкуваа историјата како цикличен процес и кои се обидуваа да докажат дека нееднаквоста е непроменлив закон на човечкиот живот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Животот се менува. Еден од начините на кој се обидувам да го променам својот живот е да се ослободам од своите желби за да не бидам глув и слеп кон светот околу себе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Замислете го за момент вашиот живот без вашите најблиски, без луѓето за кои живеете, луѓето кои ви ја исполнуваат душата со благосостојба, кои ве мотивираат, кои ве инспирираат, кои се причина за постоењето на вашиот мал космос.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Господи севишен, ти ли ни внуши да бидеме судии со твое име на уста од која се испарила ракијата што кришум еден од друг ја пиеме?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Каноните со ваков штос неформално ги означуваат како раковски или канцер- канони, поради особениот начин на кој се движи таа животинка.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Додека забрзано чекорев назад, одвај гледајќи од натрпаните кутии кои се нишаа во нелинеарни големини и форми, се прашував зошто можев да се сетам добро на сѐ, но не можев да си ја претставам таа стара и потрошена среќа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Пирамида на положби која се одредува по степенот на свесноста.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Или пак упорното држење кон добро проверениот рецепт за третирање на дрогите кои што денешното општество го донесе во ќорсокак, всушност е немоќ за решавање на било какви прашања и бегање во романтичен идеализам карактеристичен за големите утопистички идеи?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И тогаш Катерина застана среде светлината како да очекува мракот да ја завитка во изресеното темно платно што го држеа по краиштата со растреперени прсти најситните ќерки на ветерот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но војникот наеднаш запре со крстењето и му врза една тешка шлаканица на момчето. Со истата рака со која се крстеше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Понекогаш тоа е сложувалка на расфрланите мисли и желби кои се тесно врзани за нашето его.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Белите бечви со црни гајтани, долгата козинава сакма и под неа кусата манлихера; убавите нови јанински опинци наполно одговараа на добро спремен четник.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Белката е небото што во себе ја крие земјата, која се стреми со сите свои негативности удолу.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ана Ливиа, полски книжевен критичар Градот во кој се случува дејствието на романот Времето на козите не е голем, но над него доминира Тврдината која го симболизира повеќевековното владеење на многу Империи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тогаш низ просторијата како во хор се разлеваа гласовите кои молеа да заминат од Гнездо: меѓу ѕидовите одекнуваше композиција за човечки гласови со молби, со жалби, со уверувања; се мешаа десетици гласови во таа композиција во која се испреплетуваа различни ритми, тоналитети, брзини, а помеѓу разговетните зборови одекнуваа и нејасни мрморења и врисоци, и чудесни звуци од штракањето на забите, од брмчењето со усните, од повторувањето еден глас, од имитирањето на звуци какви што можат само во некаков сон или некаков кошмар да бидат чуени, па некаде отаде зборовите се чувствуваше судбината на оние кои зборуваа, кои офнуваа, кои брмчеа, кои штракаа, кои мрмореа и врескаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Виртуелната кабина ја филтрира реалната сцена претставувајќи многу почитлив свет.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во неговите очи немаше солзи; имаше некој студен гнев, некаква мразна страст, некаква помиреност со судбината и со состојбата во која се наоѓаше светот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имено, режисерот од бугарска провиниенција, Николај Калчев, на програмчето печатено по повод претставата на сцената на Драмскиот театар од Пазарџик, писмено ја изартикулирал причината поради која се нафатил да ѝ даде сценски живот на пиесата од српскиот автор С Минковиќ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Нејсе, го повикав да се извлече од грмушката во која се засолнуваше од стравот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пискотниците на жените ги слушнаа Трајко и Куле, кои се вратија од испраќањето и се загнаа да видат што се направи дома во кошарчето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Колку тајноста била голема зборува и фактот што дури и Министерството за снабдување знаело за две или три имиња кои се однесувале на СОЕ.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Слушав како чекори по нас и во тесната уличка, ги слушав нејзините чекори и ударите на стапот на кој се потпираше; гледав во чекорите на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неколу километри долгиот брег, сиот беше исполнет со хотели, вили, кафеани, со огромна песоклива плажа, низ која се преливаше жолто-златната боја на ситниот песок, кој огромните морски бранови го здробиле во прав.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во тие белешки ја потцртува важноста на постапката којашто ќе ја обедини идејата на случајноста и идејата за појавата, кои речиси претставуваат општи идеи во неговото размислување како целина.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се случи една вечер кога ни втаса од преку границата уште една телеграма- некролог во која се јавуваше за смртта на Татковиот брат, во еден од сталинистичките логори.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овие вредности изложени во дела со инженерско-конструкционистичка поставеност, пак, се покажуваат како апсолутно бескорисни за епохата во која се предлагаат и, како такви,тие се осудени на неуспех.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Мирисот на храна што излегуваше од неговата уста ми лебдеше пред лицето, а неговите гровтања се мешаа со чкрипењето на креветот и шлапкањето на неговиот меснат стомак кој се плескаше од мојот грб.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таа претпоставуваше дека некаде надвор од нас постои „вистински“ свет, во кој се случуваат „вистински“ работи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Според Законот од 1993 година корисниците на попустот имаат право да купуваат акции при продажбата на објектите на општествениот стандард кои се продаваат според проценетата вредност со основен попуст од 50% од номиналната вредност на акциите, зголемен за 1% за секоја полна година работен стаж во претпријатието (чл. 27, ЗТПОК).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ретко кој се обидуваше, затскриен во некоја дефетистичка барикада, во исчекување да мине злокобниот, судбински бран на историјата, да си ја покаже главата во новото време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овдека, пак, на почетокот на источниот лак, кој се издига над Алилово, кој е свртен навнатре и кој се вика Зајачки Рид, гледано однадвор, пак од север, од североисток или од северозапад, над пазена дабова шума од неколку декари, се издига едно од памтивек исушено дрво.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Имено, предвидено е тие да можат да бидат издадени како: а) лична работна дозвола, која се издава за определен временски период до една или до три години или на неопределено време; б) дозвола за вработување, која се издава за период до една година, ако поинаку не е утврдено со овој закон; и в) дозвола за работа, која се издава согласно со различни временски ограничувања, во зависност од целта заради која е издадена (чл. 8).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Беше тоа една речиси безимена човечка протоплазма која се поместуваше низ оган и крв од Исток кон Запад, но оставајќи големи траги и врз источната и западната цивилизација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ноќта мирисаше на смола, шушкаше како онаа шума во која се враќаше.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
3. Паузи, одмори и отсуства а) со новиот ЗРО (2005) се избриша една од најексплицитните одредби од стариот ЗРО (1993) во поглед на паузите – тоа беше онаа којашто предвидуваше дека „одморот, во текот на работата, се организира на начин на кој се обезбедува работата да не се прекинува, ако природата на работата не дозволува прекинување на работата или ако се работи со странки“ (чл. 45, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сепак, Хабермасовото песимистичко гледиште за дегенеративната трансформација на јавната сфера не ги зема предвид овие опозициски јавни сфери, како што се сифражетките, движењето за граѓански права, итн. 105
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Иако материјата која е регулирана со овие закони директно не се однесува на работничката проблематика, одредени прашања кои се регулирани со нив ги засегаат и работничките права.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Жената без маж не е света Варвара пред која се паѓа на коленици.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Земјата се притајувала под нивните крвави стапалки и со некакви чудни и подвижни дамки им претскажувала плитки јами.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Илјадници латици од јасминовите бело-синкави и розови цветови се преобликуваа во голем букет од кој се ширеше силната јасминова миризба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Работникот кој се образува, дошколува или оспособува во согласност со ЗРО, како и работникот кој се образува, дошколува или оспособува од сопствен интерес, има право на платено отсуство од работа заради полагање на испити (чл. 155, ст.1 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имаше и едно старо издание на книгата на Херодот, во која се слави јагулата и се извишува до пиедестал.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
- Ало, дали сте вие Рада? Рада потврди, а соговорникот продолжи: - Знаете, во оставинската постапка која се наоѓа во судов, вие сте наведени како единствен наследник на Јана Попова.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Драги мој! Верувам дека е рајот нешто пријатно, но сметам дека благонаклоноста на народот не е нешто помалку сакано и дека не се мами тој кој се жртвува за неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сега вие гледате - и не бидете изненадени ако барајќи ја загубената нитка го пронајдете Загубениот акорд, Загубената генерација или Загубениот баталјон од Првата светска војна, десетте изгубени племиња на Израел (коишто во своите ранци ги носат двете загубени книги на првобитното Седмокнижие), загубениот континент Атлантида, Луј XVII (Загубениот дофен) од Франција, илјадниците исчезнати од латиноамериканските диктатури на нашето време, делата од класичното доба изгубени во христијанскиот мрачен Среден век, загубените ремек дела од уметноста и науката коишто веројатно би ги произвеле жртвите на нацистичкиот холокауст, загубените градови во Африка, разните загубени илузии, прилики и цели, загубената младост и сон, загубените уметности и јазици, загубеното време кое никогаш нема да биде повратено или надокнадено, целиот восок којшто Бенвенуто Челини го изгуби додека излеваше накит според методата која се вика cire perdue, а на што вашиот автор без пиетет се сеќава секогаш кога ќе ги здогледа рекламите за производите на живинарскиот концерн од Мериленд, „Франк Перду“.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Логотетот не им придаде значење на дребулиите по кои се разликуваа двата записа; беше пресреќен што се потврди дека записот е решен, оти двајца го беа прочитале исто, и оти проклетството засекогаш беше тргнато на страна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Реконструкцијата може да се спроведе во потполност или со делумно користење на компјутерски симулации.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И тоа се случи токму во пролетта 1993 година, во чудесниот провансалски Арл, во кој се чувствуваше опојната миризба на расцутените лаванди, на рузмаринот, на маслинките, низ нивните сенки, со боите на божилакот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Одлуката за трошоците која е внесена во пресудата се смета за решение (чл. 121, ст.5 од ЗПП). 4.  Одлуките на советот се донесуваат по советувањето со гласање.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пред десетина дена во резиденцијата ни беше на дипломатска вечера гостин амбасадорот на САД во Тунис и при Палестинската централа Робер Пелетро, кој се сметаше за еден од великаните на американската дипломатија во арапскиот свет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Иако нивната желба беше да бидат широко прифатени од општата јавност, и со тоа да станат дел од општата култура, философиите обично беа предмет на расправа само во рамките на многу мал круг.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Додека се обидувам, осмиот месец од оваа година, MCMLXXX достоинствено да го започнам писмово до тебе ја откопчувам душата како елек и шаторот твој го распнувам сосема меѓу вториот и дваесеттиот век резот е доволно длабок и горешт светлината да се прекрши и одбие твојот профил да се обликува појасно макар и ништо да не не објаснува: ни империјата, ни мемоарите ни градот што го подигнав во мислата променлива - еден град повеќе во Елада, љубената ниту слободата повеќе од власта што ја сакаше и Latio не, ни кованите пекунии со ликот на Антиној, обожаваниот Humanitas Felicitas Libertas ниту твојата библиотека која се обновува лека-полека по светот ниту противниците, не ни жените не ни смртта твоја и на твоите современици и коњот не, и знакот на небото и мачката со боја на пустина, мед и сонце (според описот на Јурсенар) ни патувањата, ни пророштвата не, не, не, во право си кога се сомневаш во смртта, кога му се предаваш на Допирот-Убавината-Сласта како на Смисла зашто, поместувајќи ги границите на крвта, плотта, идејата животот пренесувајќи го од една метафора на друга го одложи толку многу што остана и за нас! ________________________
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тогаш погледот му паѓа на постелата од свилени чаршави под која се покажува влакнестата нога, потем и ликот на неговиот левантски двојник кој спие со сон на праведник и со задоволна насмевка на лицето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Цртав црвени кули кои се одмотуваа сѐ додека не создадат прозорец кој личеше на трендафил или мандала со рабови од радиум.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Искрено Јана, во метежот во кој се најдовме сум го затурила некаде именикот. Денес го најдов и сега ти се јавувам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мајка ми ја чувствуваше мојата ранливост, и ја зариваше во неа својата омраза.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Далечниот Пелистер одвај се оцртува, нежно, бледолилав, крушовските планини, таму кај што заоѓа сонцето, ги прекрива просто една трепетна виолетна завеса, сенките наваму стануваат сѐ поизразити и позатворени, се гледа секое прозорче во градот, во кој се издига на безбројно места темното зеленило на тополите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ѝ најдоа една таква девојка која беше сираче и која се хранеше работејќи по куќите во селото и која имаше како него некоја маана во говорот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Седна на столчето спроти мене и го подмести стомакот, кој се подели на три гуми за спасување. И на папокот имаше „пирс“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Турско-монголската фамилија е претставена со турскиот јазик, кој се говори во источна Тракија, грчка Тракија, во романска, во Македонија, на Косово.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги запиша и заемките: биљур, чаша, чашка, кристал (од арапски billr); чорбалук, чорбалак, голема, длабока чинија за чорба (од турски corbalik); тепсија (од турски tepsi); синија, вид голема тепсија од бакар, која не се употребува за печење како тепсијата, ами служи како маса на која се ставало јадењето и околу која се седнувало и се јадело (од турски sini); тенеќе, лимен сад, обично за сирење, масло или кајмак (од турски teneke); зембил, плетена торба од рогоз за носење разни артикли, особено зеленчук (од арапски zembil) Дамна беше поминала полноќ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- „Често можете да се фатите самите себе како стоите пред огледало и се прашувате: кои сте вие од другата страна на огледалото?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Заемката која преживуваше во неколку балкански јазици, со мали и незначителни модификации кои се должеа повеќе на природата на новиот јазик, според Камилски, филозофски речено може да биде и pierre d` achoppement, камен на сопнување, односно повод за дебата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тогаш, упорно ја молевме, сите нејзини чеда, да дојде со нас, да се откаже од самотијата која се пренесуваше и во нашите животи, како своевиден неспокој.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Противниците веќе не се ближни, а битката во која се соочуваат е ослободена од сите ограничувања: „Не само што премногу острата поделба на човечкиот род на раси почива на научни заблуди - затоа што мошне малку земји се настанети со жители од само една чиста раса - туку може да води и кон истребувачки и, ако можам така да кажам, „зоолошки“ војни, какви што се оние, за преживување, во кои стапуваат различни видови на глодачи или месојадци.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како претстава која се одигрува на некоја сцена, караѓоз, сенки, не можеш да дофатиш ни кој каде оди, ни од каде доаѓа, се движат, а ги нема, не можеш да ги запреш, да ги допреш и да проговориш.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
ВО БЕЛГИЈА бев можеби во еден од најубавите краишта, во таканаречените Белгиски Ардени, кои се слушаат откај француската граница, па сè таму кон Луксембург и постапно кон Уј, кој потпаѓа под широкиот регион на Лиеж, далеку на деведесет километри на југ од Брисел: практично сето тоа се наоѓа на еден многу значаен крстопат - одовде се делат патиштата за цела Европа - Германија, Холандија, Луксембург, оттука минува главната магистрала, која Белгија, покрај Брисел ја сврзува со Европа.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ако тужениот го оспорува тужбеното барање, во одговорот на тужбата е тужениот е должен да ги наведе фактите врз кои ги заснова своите наводи и доказите со кои се утврдуваат тие факти.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Музејот на современа уметност од Њујорк беше подеднакво дарежлив во своите позајмици; иако одби да учествува со делото „Да се гледа одблиску, со едно око, скоро цел час“ (1918), детална студија на стакло за еден дел од “Големото стакло” (дело кое како и „Големото стакло“ е многу осетливо и кршливо), музејот се согласи да ја позајми својата голема моторизирана конструкција од 1925, „Ротирачка хемисфера (прецизна оптика)“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Јас паѓав; сѐ почесто паѓав во одвратната мрежа, во која се заплеткував и од која ме вадеше стариот аѓутант; дури и одењето ми стана привилегија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Мајка, со нејзиниот својствен ритам, со интервалите на нејзината длабока тишина, започна да ги споменува, по ред, сите на кои се сеќаваше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Марија, забавувајќи се, присуствуваше на таа претстава на голите пациентки, кои се бркаа со болничарките низ црквата како слепи кокошки.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја користиме приликата дискретно да го воведеме Енценсбергер и да го соочиме со домашната литературна сцена на која се наметна една анахрона литературна постапка која задоцнето ја обновува, во голема мера старата и наивна форма на реалистичкиот роман.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
В. чл. 368 од ЗОО (2001). 149 лице (чл. 223, ЗИП/97), сега надлежен е извршител – и тоа само еден од повеќето извршители кои се именувани за подрачјето на конкретниот основен суд, чијшто извршни исправи, всушност, тој и присилно ги извршува. 2) нов момент при начинот на спроведување на извршувањето: доколку неуспешно е изминат т.н. „париционен рок“ (за доброволно извршување на судската одлука), којшто судот му го дал на работодавецот за да го реинтегрира работникот во процесот на редовна работа, тогаш „враќањето“ на работа се спроведува по пат на изрекување парична казна – и тоа по принципот на идно т.н. „пропорционално зголемување“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сепак, чашата се прелеа кога командирот на задругата Борис пред сите го нарече кочоперен јарец, за што од Никодина доби шлаканица од која се струполи во калта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Шетаат низ урнатините и водичот им покажува и објаснува: „Ова е главниот плоштад - Форум, ова се киповите на Јупитер, Јунона и Минерва; овдека се остатоците од храмот на Аполо, овде пазарот, градските бањи, а ваму крај брегот на рекава, театрите и големиот амфитеатар на кој присуствувале и по дваесет и пет илјади гледачи за да ги гледаат борбите на гладијаторите; на оваа страна имало убави куќи и вили меѓу кои се истакнувала вилата на Цицерон; по должината на оваа улица биле крчмите во кои се пиело и веселело...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Не ја чувствуваше потта во која се капеше неговото тело.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За среќа на полчивци, на самиот јузбашија, а најповеќе за среќата на Толета и Митра, овој јузбашија се погоди некако разбран и „кретен" човек.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Најверојатно познавал секакви пијачки и напивки со кои се пречистувала крвта и секако по несреќа залутал меѓу шуплоглав свет што не можел да сфати дека по такви екими каков што е тој копнееле далечни калифи и нешто поблиски везири.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Позната е неговата изрека дека народот е како прашина која се движи како што тој ќе дувне.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Понатаму, важна одредба на ЗТПОК од 1993 година е онаа со која се пропишува дека штом претпријатието престанува по основ на трансформација со продажба на сите негови средства, за вработените настапуваат исти правни последици како и при отворањето на стечајната постапка.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Немаше ништо освен скршените клацкалки, мостот на кој се качуваа големите, и искршените лулашки.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Појдов кон удолната врвица од карпестиот рид, на кој беше виснат Манастирот, крај најголемиот извор на Езерото, кој ги поврзуваше двете земји и завршуваше во бучната река која се влеваше во Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Што се однесува на утврдувањето на пензиската основа и осно- вицата за пресметување и плаќање на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување со измените и дополнувањата на ЗПИО настанаа доста промени, но овде ќе се задржиме само на измените што најдиректно се поврзани со проблематиката која се обработува во оваа студија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Се прашуваме дали, ако Кинеското дрво ни значеше исто како и нему (како и морскиот брег и рамницата во близината поради која мисли дека светот е тркалезен, Црнците, шумата, ослободената пијавица и мочуриштето кое се граничи со гробиштата и игралиштето, црквата, неговата куќа, олеандрите, палмите и комарците, дабот кој има лулашка направена од автомобилска гума, лулашка која треба да се поправи, вилицата на ајкулата, школките од левата и од десната страна, и гризот за доручек) - па, само се прашуваме.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На повторното инсистирање на Донован дали Бугарија се смета „притисната поради концентрацијата на германските трупи во Романија“, бугарскиот министер таквата констатација ја негирал, потенцирајќи дека „концентрацијата на германските трупи во Романија, како и на други места во Европа, ја сметал за сосема нормална“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Беа поборници за љубовта, а не на парче хартија на која се потпишани двајца сведоци.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таму, меѓу басмари, аџии, скитници, додека од преголем котел некој анџија ќе сипува во чанаци преварен грав со козји дробенки или бел пилав од кочански ориз, ни оние неколцина Турци што ќе се нашле на своја софра и со свое оружје, од анџар до кременка, не ќе им биле туѓи и страшни; плиснати со оган и загреани од скомињава ракија со која се пее и се плаче, тие ќе се разграштеле, ќе се погледнале со сочувство и машко охрабрување и ќе пресметале што уште им останало во торбите и дисагите и колку имаат на колите сено за добитокот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше чудно како тој тип луѓе налик на бубалки се намножува во Министерствата: мали набиени луѓе, кои се здебелуваат уште во млади години, со куси нозе, со брзи ситни движења, и со дебели непроѕирни лица и сосем ситни очи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Да забележав прв, сега јас ќе можев да ја имам предноста со која се здоби овој што клекна пред него.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Но, овој првичен член подоцна беше модификуван, па сега во него се вели дека, во случај на индивидуален или колективен работен спор, работодавачот и работникот можат да се договорат решавањето на спорот да го доверат на „посебен орган утврден со закон“ (чл. 182, ЗРО/05 ПТ). 9 8.  З.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Си ја бараше и онаа црна точка во која се таложеа составките на боите, кои водени од необјаснива сила и по таен пат, се разлеваа по платното, пресоздавајќи го светот во нов свет и животот во нов живот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А навистина ѝ беше полна, со маалските деца, со верните соседи, кои се грижеа за нашата, но и нивна Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ете населба, то ест место, каде што христијанската верска догма не успеала сосема да ги надвладее паганството и митологијата, туку приопштувајќи се кон нив и испреплетувајќи се со нив, со нивните обичаи и празнувања се натоврила како со бесцени камења, и историјата, припокривајќи сосе малтер на легенди и преданија, печалела за други, за завојувачите, додека за тукашните ги резервирала страдањата, прогонствата и истребувањето, а заедно со нив правото на бој и правото од сето тоа да разгрнат епски духовни мегдани, кои, во текот на времето, неуките но интелегентни души на жителите на Потковицата ќе ги преобратат во фактичка своја историја и врз неа ќе прикрепат една колку рурална толку здрава и чиста егзистенција, која, пак, несполуките и поразите, кои се јавуваат како негација на сѐ живо и движно, ќе ги извиши на рамништето на својата вера во опстанокот и тука ќе ги озакони како судбински збиднувања во човековото битисување во овие краишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од 2005 година главниот законски акт со кој се регулира ова право на работниците е Законот за работните односи.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Марија, ја викнав. Не се огласи, Марија, Алјаска ја споменав, но не ти кажав за неа, за истражувачите и ловците со кои се сретнав во своето детство.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Такви сме ние, помислував, се качуваме секогаш во возот за кој се знае дека касни, а за долгото возење и за задоцнувањето на целта ја прогласуваме виновна судбината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Беше свесна дека љубовта е само душевно чувство, но не и храна од која се живее.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тројца челни, со маскирани лица - на арлекин, на купидон и на џелат, носеа женска дрвена статуа. – Покорност... покорност... – мрмореа во колоната, која се миголеше кон единственото дрво, на самиот врв на ридот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Оној што умрел на постелата на која се родил - исто како да не умрел. Уште малку и ќе си се вратам дома...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Но нивната крајна цел беше со нивните можеби единствени библиотеки во кои се дополнуваа Балканот и Европа, со книги замислени како енциклопедиско надополнување на историското и културно минато, да го спасат Балканот од внесување погрешни идеи, често накалемувани во иднината и народите по завојувачките војни и долговечната превласт на империите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И пак како онаа бубачка со многу очи виде сѐ што беше околу него - облак, сив и гол полжав, се прикрадува кон високите покриви на трите нови и бели источни згради и некаква матна посребреност на далечните грбави планини, брзи гулаби, згуснати во својот лет над камените ребра на мостот, околу кој се плеткаше лута и матна вода.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
– Сите овие пречки, според законот на условеност, човекот треба да ги надмине, достигнувајќи прибраност, преку која се доаѓа до самоодрекување кое, пак, е услов да се достигне смиреност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Потоа се сретна со Комисијата, и им ја кажа целта на своето доаѓање; им кажа дека е испратен од Владата за да ги пренесе нејзините ставови со кои се инсистира Комисијата во својата работа да ги има предвид историските, националните, етничките, културните, верските и јазичните карактеристики на Подрачјето.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Иако теоријата дала многу математички средства кои се полезни за изучување на сложеноста таа, сепак, не ја зафаќа широката област на динамиката што може да се види кај сложените системи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
За него таа беше онаа истата негова Срцка од средношколските и студентските денови, во која се заљуби на прв поглед и не се одљуби до овој миг.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Еве, стасавме. Ова е нашиот нов стан во кој се вселивме пред извесно време.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не верувам дека тоа би можело да биде премиерот Мохамед Мзали или министерот Бен Сајах, кој се држи понастрана, наводно како американски човек.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Денес слушаме за биохемиските експерименти во кои се користи amanita mus- caria или други халуциногени печурки, или дроги синтетизирани по нивен пример - за експериментите во кои професорите, студентите и криминалците стануваат привремени шизофреничари, понекогаш заради ново искуство, другпат за чисто научни цели.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ти пријде и ја оттурна осаменоста од тебе, и стоевте, дали маѓепсани од водоскокот што ви ги качуваше погледите угоре по искрите водени, по кои се качуваше и една бавна гасеница од виножито пред да се престори пеперуга или некој друг украс на денот?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Вратите на градот преку кои се влегуваше во балканска Европа и преку римскиот пат Виа Егнација, се стигнуваше преку Цариград до Индија, беа обраснати во бурјан.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Садовите во кои се наоѓа храната не се на оган или на маса туку стојат на стебла, од земја растат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога фантастичното ќе ме пресретне (понекогаш сум и јас посетител и моите приказни се раѓаат од доброто, взаемно воспитување долго дваесетина години) си припомнувам на засекогаш извонредниот Игоов фрагмент: „Секој знае што е едрена точка на некој кораб; точка на пресек, центар таинствен дури и за самиот градител на коработ, во кој се сретнуваат силите распрснати по целите развиени едра.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Деветте лингвистички конфигурации на филмот се напишани во форма на спирала со ротирачки дискови и се прикажуваат одделно меѓу секој од десетте “оптички дискови”, кои се вртат во круг. 182 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Експертите биле многу јасни кога констатирале дека ако го прифатат предлогот на Рендел, тие не би можеле да се сигурни дали „поткупените Македонци би апстинирале да не работат против југословенските и грчките власти, кои се нивни природни непријатели, и дали би работеле против Германците".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Анте Поповски во „Две тишини“ ги цеди од себе токму оние капки што ѝ недостасуваат на реката да се излее, токму оние капки кои се исушиле во мислата пред да се прелеат во зборот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Од корпусот на хрватското граѓанство се потиснува една група луѓе врз која се проекцираат општествените негативности и којашто така демонизирана станува симболички симптом- предизвикувач на севкупната општествена несреќа. 26 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Онде пак кога говори за една Франција или Германија, за Турција или Амстердам, Никола Кирков знае во овае ера на вистински поплави од информации, да избере тема која се наложува со нејзината автентичност и значење.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ѕидниот часовник – предел во кој се гледа пастувот од песните со рогови кога го корне крстот во полето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Сепак, јас сум таа која го одбра животот таков каков што е, јас сум таа која се пресели таму за да живее со тој човек.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Четвртото, и последно летање, се случуваше во висока засводена просторија, амфитеатар со футуристички дизајн, во која се одвиваше час по физика.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
- Има такви места на човечката става во кои се собира зла крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ова е еден бизарен пристап, бидејќи теоремата на Гедел може да се примени само на модели на умот кои се базирани на машини чие цело знаење е кодирано во логички изрази, и во кој модел единствените „ментални операции“ би се состоеле од стриктни изведувања на формули само од информацијата кодирана во системот од самиот почеток.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во колата седеше и Илко, татко му на Мил, кој се враќаше од свет во кој долги години беше заскитан.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во подножјето почнуваше рамницата што во продолжение на езерото навлегуваше нагоре чиниш длабоко под планината и натаму до оној издолжен рид што ја прекинува и зад кој се наоѓа неговата Брезница.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Американската телевизија налик на голема училница во која се одржува пробна настава.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Беше потврдил и дека има свратувано во гостилницата, која се наоѓа на влезот од селото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ледината на која се наоѓам ја гледам оградена со четири реки.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Основните мерки за остварување на принципот на еднакви можности на жените и мажите се нормативни мерки од областа на здравствената заштита и здравственото осигурување, социјалната заштита, пристапот до добра и услуги, економијата, работните односи и вработувањето, образованието и стручното усовршување, економските и сопственичките односи, користењето на јавните производи и услуги (потрошувачки права), културата и спортот, информатичко комуникациски технологии, одбраната, правосудството и управата, домувањето, јавното информирање и медиумите, државната и јавната администрација и други области определени со овој или друг закон со кои се забранува дискриминација врз основа на пол.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Откако Камилски се врати жив, но не и здрав, од голиот остров на смртта, никогаш не доживеа целосна рехабилитација, и на почетокот мораше да се задоволи со работи под неговите вредности како поранешен универзитетски професор и угледен публицист.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мајсторството на кој се води заплетот, животот на ликовите, таткото, мајката, децата и козарот силно ме привлекоа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Слезени, скриени, на другата страна, го очекувавме заминувањето на возот, сѐ до последниот пискот на локомотивата кој се губеше во далечината.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во граѓанската парнична постапка што Јакшиќ ја поведе пред Основниот суд Скопје II, ги тужеше компанијата- подизведувач во која работеше и плус уште две други компании кои се јавуваа во улога на изведувач и инвеститор на објектот на кој се случи повредата при работа [н.з. станува збор за ГТД „Бетон – Штип“ АД како второтужен и ГУТ „Луна Корпорација“ ДОО – Скопје, како третотужен].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За разлика од припадниците на малцинските групи определени според расна и етничка припадност или според вероисповед, геј- мажите не можат да сметаат на тоа дека семејствата во кои се родиле ќе ги научат за нивната историја и култура.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во оваа страшна ноќ тој ми беше избавител.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Претстоеше нова потрага во новите зборови во кои се вдлабочуваше и бараше нова потврда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Главниот став на оваа Витгенштајнова теорија е дека мора да постои некаква врска меѓу логичката структура на некој даден јазик и логичката структура на некој факт од реалниот свет на кој се однесува исказот на тој јазик.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Фаик Коница задоволен од своите резултати му ја испраќа студијата на својот пријател Гијом Аполинер, со напомена дека и тој стигнува како него до истиот заклучок: странските зборови кои се влезени во еден јазик или треба да бидат сварени, или да бидат отфрлени!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
 7 Покрај ова, Уставниот суд на РМ донесе седум одлуки со кои се укинуваат одредби од ЗРО/05. 
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Го виде брата си Тодор, кој се спремаше да излегува.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Војниците најпрвин со влечење или со туркање ќе го истргаа бикот од шталата кој се опираше со нозете, како да знаеше дека оди на колење, и откако со мака ќе го довлечкаа до дрвото, ќе го врзеа со водилото за стеблакот за да не им бега, а потоа со јаже ќе му ги изврзеа нозете за да не прета, ќе повлечеа на јажето и ќе го кутнеа на земја.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Со денот на отворање на стечајната постапка престануваат и договорите со кои се уредуваат односите меѓу друштвото со извршните членови на одборот на директори, членовите на управниот одбор, односно управителите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Немој, ќе ме исплашиш. Си ме видел - и што?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше како куќичките што се цртаат на честитките за Новата година, речиси иста како онаа на честитката, што му ја испрати неодамна неговиот син Јовко од градот, во кој се школуваше во гимназијата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го помина камениот мост со неговите четиринаесет свода и со двата гроба отстрана на неговите градители, и токму кога се загледа кон многуљудната врева кај Даут-пашиниот амам, пред него, пак поради некаква важна случајност, застана чуварот на мостот и му се загледа со лутина в лице, небаре Ибн Тајко имаше скриена намера нему, кој се грижи за мостот и за неговото одржување, на некој начин да му наштети.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Некои автори со право поставуваат прашање зошто, меѓу останатото, дрогите не би се користеле како средство за продирање во длабочините на душата, со што би се ослободиле можностите за имитирање кои се блокирани благодарејќи на постојаните церебрални навики на нашата западна цивилизација.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Лединка со неколку овци на неа кои се потплашија од мавтањето на стапот.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не ја согледа опачината зад која се криеја повеќето нечисти играчи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во поканата судот ќе им укаже на странките за последиците од изостанувањето од подготвителното рочиште, како и за тоа дека се должни, најдоцна на ова рочиште, да ги изнесат сите факти врз кои ги засноваат своите наводи, да ги предложат сите докази со кои ги докажуваат фактите, да ги приложат сите исправи и предмети што имаат намера да ги употребат како доказ и да се изјаснат за тоа дали се согласни спорот да го решат во постапка за медијација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Трненката е грмушка висока до човечки бој, а широка како копа ( спореди: мома како копа), плодот ѝ е ситен како брбушка, колку модар уште повеќе кисел, кој се задржува на гранките и до зиме смалувајќи се и збрчкувајќи се како природно исушена и конзервирана јагурида.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
9.  Заради проверување на прибавените докази или утврдување на фактите кои се од значење за разјаснување на работите, органот што ја води постапката може да одреди реконструкција на настанот, која се врши така што ќе се повторат дејствијата или ситуациите во условите под кои според прибавените докази се одиграл настанот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Постојат кај Ренџов и успешни примери на чисто анегдотската обработка на сижето (Од другата страна на земјата) кои се базираат врз класичните проверени модели.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Оние што беа влезени на главната врата, од новинарството потоа одеа во политиката, низ дипломатијата, по факултетите - а тој остануваше во осиното гнездо на приземниот хумор, од кој се хранеше простиот свет.  Бројните соработници беа надворешни хонорарци, во прв ред хумористите собрани околу нивниот повремен весник, а потоа и различни дописници од земјата што се јавуваа со свои шеги и идеи.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сите дејствија преземени во предистражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата се сметаат за тајна (чл. 289, ЗКП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Шпионите изведоа вратоломни подвизи качувајќи се по покривите и сечејќи ги јажињата на кои се вееја знаменцата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се изградиле нови конаци, чардаци, воденици, амбари за жито, казани за печење ракија, фурни за печење леб за манастирските монаси и многубројните измеќари, гости и сиромаси кои секојдневно доаѓале во манастирот и на кои бесплатно им се давало јадење; околу манастирот се изградиле и посебни конаци на богати верници христијани и муслимани кои повремено доаѓале во манастирот или останувале на панаѓурите кои се правеле кога славел манастирот и кои траеле по неколку дена; засадени биле нови лозја, а се зголемил добитокот со нови грла: овци, телиња, коњи, крави, волови, скопаци.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во оваа полемика едно од мислењата го застапува политичкиот аналитичар Даг Бендоу (Doug Bandow) кој се залага за легализација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Но, важно е дека овој град ви нуди секакава кујна и тоа не само во раскошните ресторани на „Хилтон“, туку и кај малебиџиите и акчиите кои се расфрлани речиси секаде - од пристаништето па сѐ до „Таксин“ и „Ак Сарај“...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пелагија клечеше крај неговата глава, го оплакуваше во себе, без глас и без солзи, оплакување што повеќе беше монолог отколку дијалог, всушност не кревајќи ја главата, чувствувајќи со снагата и слушајќи со ушите што се случува во одајата, кој доаѓа и кој заминува, таа му вели на старецот и се надева дека немите зборови што ги пушта во отворените очи во кои сега светот е сведен на таванот, дека незнајно како тие стигнуваат и до оној дел на старецот што уште не е заминат, а и до неговата дебела половина, до бабата Петра, која во мигот го слуша ритмичното вртење на тркалата од возот Ти дедо Костадине ја сврши најдобрата работа така да знаеш ги откорна бегалците од овој батак и ги упати назад во коренот во здивот на дедовците не е важно што ти и јас остануваме тука така ни е пишано зар не така ни било чкртнато да останеме во проклетава рамница за да бидеме дира на нашето талкање оти колку сакаш кажувај му некому дека си бил таму и таму си проживеал тоа и тоа ако не оставиш потврда за тоа како што направи сега ти кога ги напади сите во брегчињата и ритчињата на Македонија а ти остана тука каде што не сакаше да останеш за што јас живата и осрамотената ти сум бескрајно благодарна што ќе бидеме заедно ти во меката кална утроба на земјата јас земјосана калосана врз земјата со тоа што знам дека ти уште сега јуриш да го стигниш возот за да бидиш заедно со твојата благородна баба Петра и внучињата додека твоите коски ќе бидат тука додека еден ден не заминат со мене и не тагувај нема в земји да те положам додека не најдам такво место какво што бараше ти биди спокоен смири си ја душата пушти ја да ѝ биде поткрепа и надеж на баба Петра а ти како што гледаш не си сам не оти јас ти седам над глава туку ако смогнеш сили да ја свртиш главата ќе видиш дека одајката ваша никогаш не била пополна со луѓе отколку сега оти тука се сите што те сакаа ама и оние што те колнеа кога се затвори во вагонот Папокот Корнулов за кои не се знае уште колку ќе останат тука оти се шушка како некои вагони на товарниот колосек се полнат со секакви шејови тука е и Друже Србине кој се радува што не си замина со другите мисли дека барем овие што не се заминати ќе останат со тебе и да знаеш мислам дека е во право зашто еве јас ќе бидам тука Танаско децава школнициве цела година ќе се ловат по широкиве и празни улици! сака да го продолжува својот монолог ама одајчето е полно со тела и врева и таа не си ги слуша мислените зборови, мислата ѝ ја запираат, ѝ ја раскинуваат.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Да обрнеме внимание, сега, дека Duchamp-овиот портрет на налепницата од шишенцето за Belle Haleine, Eau de Voilette, ја прикажува пред сѐ неговата глава, и дека односот помеѓу зборовите „глава“ и „сад“ може да се согледа како во светлината на етимолошката анализа, така и во алхемиската традиција.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Апостолките на нашиот татко во кој се појавил на свечениот чин, што мене ме одушеви уште првиот момент кога го дознав тој ненамерен гест и белиот невестински фустан што Ласа никогаш не го облече.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Според вашите реакции, другари, во оваа намера нашиот Боге успеал!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Винстон застана мирно пред телекранот, на кој се појави сликата на една помлада жена, усукана, но мускулеста, облечена во туника и со патики.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Камилски се сети дека Мајка често служеше чај, подготвуван со еден голем и мал ибрик, се со врелата вода од големиот ибрик се попарувал чајот од малиот ибрик и потоа одозгора се истурала количина врела вода, чајот се служел со посебни чашки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кирилицата се приви и заживеа, веќе и затоа што старото монголско писмо е мошне сложено за читање и пишување, настанато непосредно од графички пренос на јазли врзани на јаже, кои се користеа како еден вид на мномотехничко средство за пренос на информацијата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Без гласник времето е глуво, спие светот, и не знае ниту за нашите злости, ниту за тоа дали бог еднаш донесената одлука, од која се тресеме, најпосле ја сменил...
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше јасно оти ја бев заслужил оваа голема наклоност на Мајка да се грижам за книгите, по објавувањето на романот Таткови­те книги, во која се раскажуваше нејзиниот живот, нашиот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Затоа е клучно работниците, преку т.н. синдикално образование, да се едуцираат за позитивните прописи кои се однесуваат на работничките права и несебично да се ангажираат за ширење на оваа благородна идеја.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Префрлувајќи ја водата од тушот во славината, ја измива спермата капната над коленото. – Ќе сочекаме ­– се исклештува жената и мажот, на малечката ѝ се примочка.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во ноздрите ми се стврднуваше врел воздух.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекалните ни се полни со пациенти, најмногу деца - ученици, а и постари лица, кои се жалат на отежнато дишење, кашлање, а вирозите предизвикуваат и високи температури.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
На почетокот од записот има една реченица во која се прашувам зошто си го гнасам лицето и дека таа мисла постојано ми се меткала низ глава.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Нужно беше да се интервенира и кај правната заштита, па така се предвиде дека, во случај на спор, кога е постапено спротивно на забраната за мобинг, товарот на докажувањето паѓа на поединецот или на групата против кои е поведен спор за вршење на мобинг, освен ако овие докажат дека различниот третман е направен поради претходно споменатите законски категории на лица кои се третираат како „исклучоци од забраната за дискриминација“.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Редимејд-от мораше да биде „создаден за утре..., најважен ќе биде карактерот на механизмот на часовникот, како и временскоста“, како настан кој е датиран и кој се доведува во врска: „да се запише таа дата, часот и минутата во редимејд-от како информација“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа беше врева од која се стегаа забите и се крева косата на тилот. Омразата почнуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но неговото постојано присуство и верност, исто така можеа да ја закрепнат надежта дека за ден-два сѐ ќе се измени, да не беше чемерот на душата кој се туткаше од солзите како натопено алиште.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Неговата потресна приказна поврзана со работничките права, накратко, започнува вака...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Употребени се сите градежни материјали со кои се располагало за што подобро да се истакнат шарките и украсите на куќата, да се уочи бордурата, фризот, симсот под стреата, цолбанките над прозорците и вратите што претставуваат прекрасна орнаментика, вез, разграната лоза, муренкови лисја, трендафили, леси, плетенки дворедни, троредни, гулаби доближани со клуновите, пауни, еленчиња, риби, сонце.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Беа укинати и интерните акции (дефинирани како акции кои се издаваат со попуст и кои не може да се наоѓаат во промет на пазарот на хартии од вредност), а кои можеа да ги купат работниците вработени во претпријатието, пензионираните лица и лицата кои претходно биле вработени најмалку две години во тоа претпријатие, други домашни физички лица и организациите за пензиско и инвалидско осигурување (чл. 1a, ЗДК/89).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Дали во нејзината фантазија младоженецот беше татко ми, за нас ќе остане само претпоставка!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дека успивањето не е само причина за фалење и за неконвенционално однесување во социјалната средина, зборува примерот со брилијантниот студент по медицина од Британија кој се успал на испитот по Физиологија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Во просторијата во која се врши советување и гласање можат да бидат присутни само членовите на советот и записничарот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Има кај францускиот народ величина која се буди кога страдаат другите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во мигови на резигнација ја читал книгата на англискиот историчар Едвард Гибон (1737- 1794) Историја на падот и пропаста на Римската империја (1776) во која се говорело и за трагедијата на гладијаторските борби во картагинските арени.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Марко Марикин прашуваше и секогаш сам одговараше, најмногу тогаш кога ќе предизвикаше љубопитност кај луѓето со кои се здружуваше и кон кои беше братски милослив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сега тие им беа десна рака на мајстор Пајко и на самарџијата Димо, татко ѝ на Калија, кој се свитка како ластегарка откако Калија замина да се закалуѓери во кожленскиот манастир Свети Никола.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Но само откако ја прочитав книгата јас ја погледнав последната страница од корицата во која се прецизираше дека оваа извонредна авантура се случувала во Скопје.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Уште пред двеста години царот Иван Асен, кој се потпишуваше како цар на Бугарите и на Грците, прв им ја даде на моите претци грамотата насекаде низ царството да продаваат и купуваат слободно, и никој да не смее да им напакостува, било по патиштата, било на пазариштата. Токму како што вели законот за трговијата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тогаш виделе, слични на повеќебројни апостоли без ореол, како кон грубата маса околу која се стиснале се доближува со нишање на колковите млада жена со јамак за вода.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Савески во Обезвреднување на трудот...; „Ленка“; Скопје, 2010; стр. 141. 9.  Види и Stefan Clauwaert, Isabelle Schömann, Wiebke Düvel и Grigor Gradev: 25 – Конечно, петти и последен, ултимативен, инструмент е тужбата за покренување на посебна граѓанска судска [парнична] постапка, со која се иницираат посебните „спорови од работен однос“ (чл. 181, ЗРО/05). 10 2.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сакале да глумат партизани во шума проклетници кои се хранат со мрши во шумата стрелаа невини срни во градот убиваа човечки души
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Полумракот не му пречеше да ги препознае најупорните слушатели: продавачката што му го продаде првото пиво, најдобриот другар со кој се тепаше на игралиштето, девојчето што првпат го бакна, другарите – соучесници во првото пијанство и девојката што најмногу ја сакаше.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
(...) Ми кажа дека му се враќаат, дека пред повеќе години му доаѓале соништа во кои работите кои ги видел и кои се случуваа не се разликуваа од јавето.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Веќе беше на излегување кога сфати дека може неповратно да ја пропушти оваа неповторлива шанса.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со разум може да се гарантира напредокот на земјата, но најчесто жртвите на големите идеали, кои често завршуваат и во илузии, идеалите си имаат работа со историјата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
__ 25 Чутуранга (санскр. чатур – четири и анга – чест) – древна игра за четворица која се смета за претходник на шахот, во која играле четири кралеви поставени на 64 полиња и се движат под различни агли.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во овој прв бран масовни отпуштања Божиновски, за среќа, останува во компанијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сите можеа да бидат во тоа огледало, сите блиски со кои се размина засекогаш во животот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сум подвлегла во некоја тивка дремка и ги сонувам оние од кои се плашам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сигурно не и за мајка му кај која се беше вратил.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тие, едноставно и ладнокрвно, не се земени предвид (David Daube) – па оттука, сосем точен е впечатокот дека правните акти кои се донесуваат во оваа област, се сконцентрирани првенствено на оние кои имаат [имотните/ богатите/работодавачите], односно оние кои го заземаат централното место во ‘високото општество’ и кои благонадежно ги финансираат предизборните кампањи на речиси сите поголеми политички партии кои подоцна, кога ќе дојдат на власт, во знак на благодарност и по принципот „Do ut des – ти дадов за да ми дадеш“ ги спроведуваат нивните антиработнички агенди. Оние кои немаат [неимотните/сиромашните/работниците], како да се невидливи за системот – тие, заедно сосе нивните проблеми, просто- напросто, се игнорирани!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
IV Татко сакаше да појдеме од бистрата изворска вода која се влеваше во Езерото и која како ’рбет го означуваше патот сечејќи ја невидливата граница, што ја поставуваа и преместуваа луѓето.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Маргина сѐ уште се соочува со многу субјективни слабости, но, пред сѐ, со една објективно тотално депримирачка ситуација во која се наоѓа македонското издаваштво.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Никифор Ганевски рече: „Не верувам дека по смртта се оживува. Од варено зрно не никнува пченица.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Прав си, нема поголема несреќа од затворените граници, од изолацијата во која се најдовме!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Националната бугарска целина, во која се однесуваа Бугарија, Тракија и Македонија, не може да се зачува, зашто нема таков етнографски центар што може здраво да ги соедини тие три земји, како што се соединети српскохрватските земји, нема среде тие земји едно најраспространето и еднакво оддалечено од сите нивни краишта наречје што да ги привлекува околу себе периферните наречја и да распространува општо национално сознание меѓу сите што зборуваат на тие наречја.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Незгодата е овде што критичката мисла засега едно дете, изведено не по свое барање да го ценат, а како што му се чини на уметникот, кој е сега готов да мине во друга крајност, некако силум привлечено во вителот на оние суетни работи околу кои се ломат амбициите на големите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Така, согласно овој закон правното лице може да врши исплата на следните надоместоци: •  регрес за годишен одмор (К 15) најмногу во висина на просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за периодот февруари- април 1992 година; •  отпремнина при заминување во пензија најмногу во висина на трикратен износ од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за истиот период; 9.  Просечна исплатена нето плата по работник за месец ноември 2009 година според Државниот завод за статистика. 184 •  исхрана на работниците во текот на работата најмногу во висина од 25% од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за истиот период; •  дневници за службени патувања во Републиката во висина од 8% од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството за истиот период; •  дневници за службени патувања во странство во висина на износот утврден со Уредбата која се однесува за органите на управата и •  надоместок на трошоците за користење сопствен автомобил за службени цели во висина до 25% од цената на литар гориво за соодветното возило по поминат километар (чл. 6 и 7, ЗИПДНД/92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ослободена од натрупаната негативна енергија, се враќаше од јодната бања, природниот благодет кој се наоѓаше во овој бачки град.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се насмеа и со своите зелено-бадемасти очи, кои се прелеваа во пламенот, речиси го швркна младиот доктор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И стоеше потоа така, загледан во темнината низ која се роеја безбројните крупни снегулки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Преживувањето станува неподносливо кога помислувам на лудаците кои и понатаму стојат на кормилото на разбиениот брод, на сите оние страшни, испотени балкански властољупци кои се поиграле со милиони животи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
5.  Поврзани друштва се правно самостојни друштва кои се поврзуваат и кои воспоставуваат меѓусебни односи како: 1) друштво коешто во друго друштво има учество, значајно учество, мнозинско учество или мнозинско право во одлучувањето или заемно учество; и 2) зависно, владејачко друштво и друштва кои дејствуваат заеднички (чл. 491, ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
ЗРО = Закон за работните односи (Сл. весник на РМ – 62/2005 и 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 149/09, 16/10 ПТ, 50/10, 52/10, 124/10, 158/10 ПТ, 47/11) ЗС = Закон за стечај (Сл. весник на РМ – 34/2006 и 126/06, 84/07, 47/11) ЗСВДЛТ = Закон за самостојно вршење на дејност со личен труд (Сл. весник на СРМ – 18/1989) ЗСК = Закон за спречување на корупцијата (Сл. весник на РМ, 28/2002 и 46/04, 83/04 ПТ, 126/06, 10/08, 161/08, 145/10) ЗСС = Закон за судскиот совет на Република Македонија (Сл. весник на РМ, 60/2006 и 150/10) 314 ЗСТ = Закон за судски такси (Сл. весник на РМ – 114/2009) ЗСуд = Закон за судови (Сл. весник на РМ – 58/2006 и 35/08, 150/10) ЗТД = Закон за трговските друштва (Сл. весник на РМ – 28/2004 и 84/05, 25/07, 87/08, 42/10, 48/10, 24/11) ЗТПОК =Закон за трансформација на претпријатијата со општествен капитал (Сл. весник на РМ – 38/1993 и 48/93, 21/98, 25/99, 39/99, 81/99, 49/00, 6/02, 31/03, 38/04, 35/06, 84/07) ЗУ = Закон за установи (Сл. весник на РМ – 32/2005 и 120/05, 51/11) ИО = Извршен одбор ИТ / Извршителска тарифа = Тарифа за награда и други трошо- ци за работа на извршителите (2011) ЈЗУ = Јавна здравствена установа ЈКП = Јавно комунално претпријатие ЈП = Јавно претпријатие ЈРДП = Јавно радио-дифузно претпријатие ЈТД = Јавно трговско друштво К-15 = Регрес за годишен одмор
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ниту САД, ниту блиската Италија, за која се велеше дека дури и директно била вмешана во државниот удар. По дипломатскиот подвиг со молскавичното признавање на Тунис од страна на Југославија требаше да настанат помирни и попријатни денови во мојата мисија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, кога се живее и се работи во него, малку е поинаква состојбата, веројатно затоа што човек се втопува во секојдневното сивило на овој град и станува една незабележителна честичка на неговото цело и затоа што со сите парижани го вдишува загадениот воздух, кој се испарува од трите милиони коли.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уште попровокативна симулација на алтернативните синтетички светови овозможуваат интерфејсите за виртуелна реалност, која е техномагија за визуелната, аудитивна и тактилна перцепција на компјутерски генерираните environment-и, кои се менуваат во зависност од активноста на посматрачот/примател, што значи, дека се интерактивно манипулативни.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Остана само зелената која се беше претопила во зелените води на Тиса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Најзадоволни беа кога ќе се најдеа во окопите кога не можеа да се надогледаат на ридот спроти нив зад кој се наоѓаше нивната Брезница.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ако се даде пример од современата француска философија има голема разлика помеѓу Дерида, последниот во долгата линија на синови кои ја оплакуваат долгоочекуваната смрт на татка си, и Иригаре, која се препознава себеси како самохрано сираче несакано од татка си.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Се чувствува овде горчината на онаа западна имагологија која Балканот го гледа како нешто Друго, неевропско, како темно место и слепо црево на европските култури, онаа целосно погрешна претстава за имагинарниот Балкан (Марија Тодорова), која него го сатанизира, иако според интелектуалните достигнувања тој ист Балкан е папокот на светот, врска меѓу Исток и Запад, копчето на светот (Ферид Мухиќ).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко патуваше во лавиринтот на оваа единствена балканска лабораторија, во која се спасуваше сеќавањето на еден цел милениум живот на Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Оттаму, кога ќе се вратам во Колсил, мојата англиска „резиденција“, ги препознавам луѓето и куќите како да се комшиски, а вечеринките, во пријатно друштво, се како необврзана подготовка за „лека ноќ“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Затоа и Иван не успеа да го врати Крстета со првата група бојци од II македонска дивизија, кои се групираа во Софија и си тргнаа кон своите родни краишта по цела Македонија.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Особено кажувањата за животот беа силни, чисти, раскажани со разбирлив, близок јазик, веднаш во душата да ти се всади болка за оние за кои се говореше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И понатаму - Градот плива во смет: валкани улици на кои се пластат слоеви од прав, фонтани што се претворени во кошници за отпадоци, зелени површини на кои од паднатото лисје и разновидните отпадоци зеленилото воопшто не се забележува, руинирани контејнери околу кои се таложи сметот, хаварисани возила - оставени како старо железо.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во куќата крај реката се вселивме во првата година по Втората светска војна, во времето на ослободувањето од фашизмот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Романот Бунар од Димитар Башевски на планот на формата е беспрекорно конструиран, речиси геометриски, како низа од хомологии, од совпадливи ликови и случувања кои се огледуваат едно во друго, и како збир од дихотомии во кој се спротивставени историјата - митското, циклично време; колективното, несвесно - индивидуалното, цивилизациско; машко (Симон) - женско (Агна); вековен семеен судир (Симон и Владе); субјективното (животопис) и објективното (историски документи); бунар - водовод; современост - минато.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оние од кои се откажав да ги пуштам за да заштедам за жена ми да може да продолжи да ги купува сите оние непотребни нешта што жените со толкава сласт ги купуваат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таму беа секогаш на штрек да не бидат забележени од некој познат, но и од настраните воаери кои се појавуваа во мракот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Прочитаните книги воспоставуваа некако ред во душата по кој се трагаше во животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
5 Уште повеќе, членот во Уставот на Република Македонија со кој се регулира правото на учество во управувањето е најдециден во споредба со одредбите од другите устави.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Признавајќи ја љубовта на стрејт-хипстерите кон таквите чудни културни облици и практики, а истовремено одбивајќи да ја изрази таа љубов, освен на гротескен и преувеличен начин, да не би случајно некому му паднало на ум нешто погрешно, стрејтерската хипстерска иронија им одржува и зацврстува (иако од преголемо фраерство не се расфрла со неа) дистанцирана и незасегната положба на хипстерите – односно положба на релативна општествена повластеност.418 Поентава делотворно и нагледно се нагласува во еден ред од еден ироничен напис за иронијата, со датум од 3 февруари, 2008 година, објавен на страницата на интернет наречена Работи што ги сакаат белците (Stuff White People Like), а сега објавен во една многу продавана книга со истиот наслов.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„Ќерко, брако не е крлање крлешки. Брако е заедница во која се сплотуват сили за опстанок и формирање семејство.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И американската разузнавачка служба ОСС и британската СОЕ планирале разни активности со кои би го промениле текот на војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа е позната стара работа превркнам — препукнам прегач — особена унечка со телови прегос — денот после венчањето кога се пие блага ракија предотина — прежда преѕалувам — претерувам во нешто пресек —ѓутуре (спаилакот се зема ѓутуре без да се бројат снопјето) прид — пари за невестата без кои во Мариово не ја даваат родителите девојката прикрепник — мажот ми (мојот прикрепник) принова — новородено дете припрто — кусо време проведи ме (од кучката) — одбрани ме провирач — камен со дупка преку која се провираат болни и бездетни жени проводија — подарок во пари на невеста и мало дете пролетнина — пролетни посеви промрткам — не се согласувам, си пишманам проскомидија — дел од црквената литургија прочврча (сланината) — се испржи пцалт — црквен пеач пувка — врста печурка, габа која е мека и пувка кога ќе ја стегнеш со прстите пупулче — младо девојче, пупуљак пупурник — кржлаво дете, рахитично пурде — име на машко дете дури да го крстат пуст — ничии, без стопан.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Една од тие разлики беше разликата во пресметката на максимално дозволената висина до која се исплаќаат платите во дејностите прецизирани со закон.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Колку што во Париз доминира Ајфеловата кула, толку доминира и една од најстарите париски цркви - „Нотр-Дам“, која се наоѓа во зародишот на оваа метропола, во „Сите“, кое е обиколено од сите страни со Сена и затоа е одвоено од Париз, но со мостовите претставува една целина.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Завидлив беше Писмородецот, и затоа, во моите сказанија си го претставував отец Пелазгиј како молец, или барем се утешував со помислата дека во некој претходен живот (во тоа чудо, претходен живот, само јас единствен од сите отци верував) засигурно и верно бил молец, оти зависта ваистина е молец: таа, како и несреќната животинка ја јаде рубата во која се родила: зависта го јаде срцето, ја нагризува душата, го сакати телото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сега потемнував од бес. Со кос замав ја завртев секирата околу себе кон нивните утроби да им ги закитам со црвени појаси од кои се параат конци.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Кажи, го знаеш ли тој пат? ... Во стапиците на оние од Кукулино паѓале лисици, бил фатен и стар, од муцка до опаш побелен волк, еден од оние за кои се говорело дека препливуваат некоја голема река и се доселуваат некаде од Влашко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
5.  Странката е должна самата да ја поднесе исправата на која се повикува за доказ на своите наводи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Добро се сместија таму, државата против која се бореа не ги обвини, за една рецка подолу им ги призна чиновите макар што војнички беа неуки и објавија книги за тоа како ја поминале граѓанската.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пред крајот на 67. добивме известување дека зградата во која се наоѓаше нашата Фектори за неколку месеци ќе биде урната.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Во врска со утврдувањето на основицата за пресметување и плаќање на придонесот за пензиското и инвалидското осигурување треба да се спомне и тоа дека со измената и дополнувањето од јуни 2006 година беше усвоена одредба со која се валоризира степенот на образование 102 при утврдувањето на оваа основица.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
„А идентификувањето со разумот на противникот“, реков, „зависи, ако добро разбрав, од точноста со која се одмерува разумот на противникот.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Имаше многу книги во неговата библиотека посветени на редот на јаничарите на кои се должеше подемот и падот на Отоманската империја.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но кои се упатствата (ако постои прирачник) Што треба да нѐ доведат до палатата на среќата?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Јас секој ден одев во просторијата во која се подготвуваа костимите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во дното двокрилна врата и два прозорци, низ кои се гледа дворот сиот во зеленило.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Имено, на насловната страница на весникот „Стандард“ и на 2-та и на 3-та страница на весникот „24 часа“, стои со големи букви запишано „Стојанка Мутафова пред 600 нејзини поклоници кои се натискаа кон сцената го одбележа 85-от роденден.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Некои од најраните дела датираат од времето на Бојсовите повоени студии во класата за цртеж на скулпторот Евалд Матер.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Јас сум овде во пределот на црвената боја на животот, далеку, недопирливо далеку од онаа студена и сива гасовита состојба во која се наоѓа човештвото.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Психолошкото значење на боите Јунг го објаснува на следниов начин: “...за време на асимилирањето на потсвесното личноста минува низ многу трансформации кои потсвеста ја прикажуваат во различна светлина и кои се придружувани со расположенија што непрекинато се менуваат.”
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
...тој е во полумрак, до ѕидот, завртен со грб, делумно засолнет од масата со пепелник, кесе полно со јаболка и грамофон на кој се врти блуз.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Јапонската наклонетост кон посредноста и непотполноста претпоставува хомогена култура која ќе може да чита помеѓу редови, а збирот на стандардни уметнички форми и методи кои се развивале со текот на времето овозможуваат квалитетот да биде точно измерен, што му одговара на едно до детали раслоено општество.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Проблемот кој се обидуваме да го локализираме не е скопски (то ест македонски), туку на ниво на човек.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се работи за мала, но поволна измена на одредбите на ЗПИО со која се обезбедува задолжително пензиско и инвалидско осигурување во случај на настапување на инвалидност и телесно оштетување и за корисниците на социјална помош поради повреда настаната при нивно работно ангажирање, учесниците во волонтерски активности, како и спортистите аматери и професионалните спортисти (чл. 6, ЗИДЗПИО/07).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
„Ене го проклетникот. Тој сам ќе си ја стави главата на тепсија пред Калпаковата тајфа.“ „Тој не е сам. Погледни, оној со него е...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таа повторно почувствува како забрзано ѝ чука срцето, но и силен скокот одвнатре во утробата кој се ширеше низ целото тело.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Седат сите околу масата, за децата, се разбира, нема место, тие се во другата одајка, го гледаат и го слушаат Димостена, а тој го држи лицето како кадро што почнало да се губи од хартијата и ги пушта своите така да се рече излитени зборови, кажувајќи за затворскиот живот и тоа го поминува само со десетина во кои се нагнетени пет шест и повеќе години.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И тогаш стравот се колне во мене и проколнува, стравот кој се беше изгубил во ехото на далгите кои испливуваа пред нас.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Насекаде летечки објекти кои се движат на енергетски магнетен полнеж.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од другата страна на Вардар се само бавчи и зеленило, ливади и пошумени места кои се искачуваат да го освојат голиот рид на југ. Боженце, какви чудесии!
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
„Затоа и доаѓаат први до клучните податоци.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не се бранеше, Проказниковите обвинувања не му ја засегаа душата, но бездруго му студеше или се срамеше од извалканоста на своите гаќи околу кој се мавташе долг учкур.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секојпат кога чуварите ни велеа дека времето за прошетка во паркот е завршено и треба да се вратиме во своите соби во болницата, една девојка го прегрнуваше најблиското дрво легнувајќи на земја, и долго се бореше додека не ја одвоеја, врескајќи: „Јас сум сон на ова дрво!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На неброените „премолчени“, дијалози од кои се составени нашите животи?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Оние на кои им значи огнот со време ги курдисуваат срцата на забрзано чукање и пред да го започнат почесното сркање на новите страсти кришум прегрнати среде бел ден севезден дуваат во мангалот на Хипократ и ги разлетуваат како диви гулаби скриените жарчиња од кои се ројат палави светулки за новите ноќи.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Тој веднаш ја разби нашата збунетост и со рака ни покажа на еден голем куп од штотуку ископан песок, висок десетина метри, покрај кој се распостилаше нов канал.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
5. Броевите кои се наоѓаат позади комуникациите го означуваат приоритетот и важноста од нивното уништување: (1) - комуникации од првостепена важност, (2), (3) и (4) - второстепена важност и третостепена важност.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Тесните улички со дотраени и руинирани куќарки, со мандала, со порти, со тремови и чардаци, улици со турски калдрми, тоа е оној дел од Солун кој се извишуваше амфитеатрално.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Некој ти вели, за тоа имаш глава, требало да мислиш. Ама не е само главата со која се мисли.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И покрај тоа што признал дека е под квалитетите на Томас Ман, сепак, тоа не била единствената причина поради која се нафатил да го драматизира неговото дело.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
При сосем редуциран материјал, во завршница на дами, неговиот коњ (тој игра со црни фигури) е врзан и сведен до бедната улога на пион зад кој се затскрива кралот, опасно угрозен на ха-7, додека белиот лауфер може широко да се рашетува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Тој во десната рака држи запалена цигара од која се креваат думани кои толку ја загрозуваат околината што сѐ живо веќе кашла, венее и умира.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мирис на живо месо што се распаѓа, мирис на измет, мирис на пот, и среде таа реа, тела кои се превртуваа во пресрет на смртта, и тела кои вкочането ја чекаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми го покажуваше и весникот, со фотографија, на која се гледа моментот кога ѝ ја врачуваат наградата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зошто во Македонија се беа помешале младото и старото вино во една мешина, во која се надвјасуваа меѓусебно, па се закануваа секое со својата жестина да создаде што посилен ветер, ураган во чие око се криеше тајната која не знаеме каде ќе нѐ однесе. А таму, во тоа око, кој може да навлезе? ***
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Т. Органџиев динамитот го ставал во тенеќии во кои се ставало шарлаган.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По една година од ова, со четвртата измена на ЗРО (2005), од октомври 2009, овие „мали прекршоци“ се зголемија од седум на осум (чл. 43, ЗИДЗРО/окт.09); •  за прв пат, во 2005, воведена е и група од нови парични казни, кои се движат од 50.000 до 70.000 ден., за вкупно шест прекршоци кои се однесуваат на казнување на синдикат или на здружение на работодавачи (чл. 266, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Не им завидуваме на предавствата кои се нафрлаат, пред сѐ на јазикот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Затоа ова едноставно ги води будистите до идејата за медитација која се користи за да ги оддалечи од јазикот, доведувајќи ги во допир со реалноста.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Нѐ прифати стражата што го чува преминот и нѐ предаде на селскиот мухтар кој се грижеше за нас до заминувањето следниот ден.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од ова може да се извлече логичен заклучок дека сега синдикатот на ниво на работодавач за да стекне статус на правно лице, освен уписот во Централниот регистер на РМ, претходно ќе мора да биде впишан и во регистарот на синдикати кој се води во МТСП, што претставува дополнителна отежителна околност при нивното конституирање.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
А дедо ти? Колкупати само во спомените, на кои се навраќаше од ден во ден, има слегувано во оној проклет бунар?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Љубовна луња на усните на млекарката што пее квечерина и Одот нејзин што отвора тајни врати низ кои се гледаат Белата грива на детството Грозно ронење на твоите години и ѕвездите што ќе трепкаат врз тебе.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Но, поради отпуштањата кои се случуваа во тој период, реши да не презема ништо – освен, уште еднаш, да ги информира претпоставените дека треба да има дополнителна пресметка на додатокот на нето-плата за признат работен стаж (попознат како надоместок за „минат труд“).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не го спомна дури ни како можна претпоставка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Понекогаш погледнуваше надвор по Босфорот, по кој се влечеа гемиите упатени кон Црно Море.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- А јас, ете, верувам, рекол Онисифор Проказник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во зависност од количеството на изразените фонетски единици, тој број е 27 за оние системи на писмо, кај кои количеството на фонетските единици е помало или еднакво на критичната бројка 27, како и 36 во системите на писмо, кај кои количеството на фонетски единици ја надминува бројката од 27 знаци.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Силната мисла, во која се спојуваа свеста и потсвеста, ме пренесоа во тих, син сон, споделен со езерската модрина и тишина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Го ставија во ќелија слична на оваа во која се наоѓаше сега, но ужасно нечиста и во секое време претрупана со по десет до петнаесет луѓе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Материјални сведоштва нема ни за тоа, барем науката не располага со такви, дека Градиште некогаш било богомилска, односно бабунска населба - освен долот кој се именува по нив и освен еден погрден збор, бабун, со кого денешниве жители на Потковицата означуваат некого кој се изопштил и од луѓето и од бога.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Томаица знаеше некои од нејзините модели кои се појавуваа во модното списание на кое таа беше претплатена.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
По недолго двоумење, долгманот ја пушти гранката за која се фати.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Државо Невада во која се блудничи но патем се вршат и нуклеарни проби.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Меѓутоа, нема сомнение за тоа каков впечаток им оставиле Солунските атентати на оние што биле ангажирани околу последните подготовки за востанието, што гледале како Македонија се претворала во огромен воен логор, во огромен затвор во кој се фрлаат најинтелигентните сили на земјата, како огромниот терор застрашува да ја разнебити Организацијата...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Реконструкцијата не смее да се врши на начин со кој се навредува јавниот ред и морал или се доведува во опасност животот или 206 здравјето на луѓето.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но гледајќи ја војската која ги имаше запоседнато положаите над селото, гледајќи ги војниците кои се врмзлаа низ селото, коморите со јадење и оружје што врвеа низ селото, нивните повремени вежби, одново му затреперија оние со мака залечени нерви, одново му навреа сликите од фронтот, одново го заплусна бранот на сеќавањето: зафати да го витла, да го бреца, да го крши, исполнувајќи го со ужас и зафрлувајќи го да паѓа, да се тркала, да вика.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Покрај називите за варени јадења, односно манџите, Камилски се задржа и на големиот број заемки што означуваат разни солени, печени и пржени јадења од тесто, како на пример: универзалната пита (преку грчкото pide), потоа неколкуте заемки за означување разни видови печиво, како на пример: бурек (од турски börek): симид (од арапски simid), ѓеврек (од турски gevrek).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во поканата, покрај наведената содржина, судот ќе им укаже на странките дека, согласно со 293 чл. 278, ст. 3 од овој закон, судот може веднаш по подготвителното рочиште да одржи главна расправа (чл. 272, ст.1-5 од ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тоа е едноставна и душманска лута манџа. Измешани со црвена пипер се запржува брашно и кромид, потоа сето тоа се тура во вода која врие и во која има турено сол и масло и во која се додаваат суви пиперки, везени; кога сето тоа добро ќе проврие, вечерата е готова.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во неговата најнова книга, најпарадигматични во тој поглед се расказите „Утрото во ‘Ексцелзиор’“, „За малечките сложувалки“ и „Мравки“; во првиот, раскажувањето е во функција на самото сиже, вториот расказ е автопоетички (се работи за поетика на обичното, секојдневното, миговното), а третиот ги проникнува и поетиката на авторот и конкретното вообликување на сижето, нешто како созвучје меѓу теоријата и креацијата (со конкретна демонстрација на творечкиот чин, кој се раѓа од сосема случајно слушнат разговор).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не знам колку сум несреќен поради положбата во која се најдов.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Примарната функција на слободното општество во постдемократската ера е заштита на индивидуалната слобода од политичарите кои се обидуваат да ја ограничат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Исто така, овој историски поглед покажува дека речиси во сите времиња се забележува силно работење на народниот дух врз културно-историска основа, резултат на која се јавува образувањето на силна македонска држава од царот Самуил и богата народна литература.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тоа е афирмацијата на еден нов вид на поврзување, на колективност која се потпира на признавањето на разликите, на еден вклучителен (т.е. не- исклучив) начин.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
А Французите можеби имаа и најмногу историја со која се справуваа во текот на вековите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овие езотерични (бесмртност) и алхемиски (женскоста) поими, синтетизирани се во секојдневниот израз l’eternel feminin (вечното женско), со кој се дефинираат трајните особини на женската психологија.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
XLIII Живеевме близу маалото каде што била куќата во која се родила и мина дел од детството и од младоста славната Мајка Тереза, сѐ до нејзиното заминување во светот, во нејзината славна мисија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од Виданови Извори истекува прилично многу вода и по добро опкопан, а порано и редовно прочистван канал, кој се провира под Пазарџиски Пат, долу, кај Топоски Брестови, се влева во Голема Вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тие со задоволство ги читаа балканските романи, раскази и песни на познати писатели кои се однесуваа на османскиот период.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Само за кратко време!“, ќе додадеше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И тоа со причина, зашто одвај минуваше една недела во која „Тајмс“ не објавуваше по некоја вест во која се опишуваше како некој мал прислушкувач - „дете херој“ беше фразата што обично се употребуваше - наслушнал некоја компромитирачка забелешка и ги пријавило своите родители на Полицијата на мислите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така, се воведе можноста за извршување услуги од страна на странци без поседување на дозвола за работа, но само врз основа на потврда за регистрација за работа ако се однесува на давање на сле- дните услуги: а) договорни услуги кои ги даваат странски уметници и професионални автори (чл. 27); б) услуги за трговски саеми (чл. 28); в) услуги кои се поврзани со набавка на стока и постпродажни услуги (чл. 29); г) работи кои ги вршат странци кои во Република Македонија престојуваат заради студирање (чл. 30); д) услуги за итни случаи (чл. 31).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Направи два чекора внатре и падна ничкум, гледајќи го силниот Сулејман кој се запати кон него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Воведен е и посебен став, според кој одредбите од колективните договори и/или договорите за вработување со кои се утврдува дискриминација, се сметаат за ништовни!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во постапката за решавање на правата од пензиското и инвалидското осигурување ќе се применуваат прописите за општата управна постапка, а за правата кои се остваруваат кај работодавецот прописите за работни односи, ако со овој закон не е поинаку определено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Додека се симнувавме по скалите, се чувствувавме бесмртни како богови кои се спуштаат на земјата.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Јазикот на поетското писмо „За разлика од музичката писменост, вели О Мандељштам, од нотното писмо на пример, поетското писмо во значаен степен престставува голема белина, отсуството на многу знаци и забелешки кои се подразбираат и кои единствено го прават текстот сфатлив и законит.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Има луѓе на кои некои од нештата им се привидуваат со поинаков облик – еден човек гледа како облакот испружа рака кон него, една жена се плаши од дупките во тротоарите, затоа што во нив гледа отворени усти, една девојка гледа дека нејзината сосетка има глава на стаорец.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Политиката е дејност во која се кријат безброј психолошки стапици.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Со знамиња. Со тробојката на чело. И со химната Еј, Словени која се извиваше во тишината. А не бевме сите Словени.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
NBK можеби нема многу што да каже за овие демони, но може да покаже многу, со слики во кои се измешани убавината и ужасот, ѕверствата и комедијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Беше јасно дека Татко во градот крај реката која се влеваше во блиското Средоземно Море и беше вистинска раскрсница помеѓу Европа и Азија, ќе се најде на мегданот на големите борби за превласт помеѓу големите европски истории, коишто на траен начин ќе ја обележат балканската историја, но и историјата на неговото семејство во егзил.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Гронинг: Многумина од цртачите што ми се допаѓаат имаат едноставен стил, како Чарлс Шулц, Џејмс Турбер, Д-р Сеус. ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Следи испитувањето на структурата, одликите, и модусите на телеолошката заднина; проследување на проблемот на заедничката телеолошка заднина како и проблемот на несубординираноста на телеолошките заднини која се открива во различни ситуации на инкомпатибилност.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Некоја малечка тајна, некоја нова игличка, или само капка засирена крв, од која се открива подоцна целиот крај.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Би било погрешно, како и во случајот на секое друго сериозно дело, да се оди по трагите на можните значења, туку треба да се следи текот на самата приказна, од која се формираат тие значења, често противречни како и самата таа.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Оди со здравје и носи многу поздрави на вашиот Истанбул – го испрати прилепскиот кадија првиот гласник лично до силниот султан Сулејмана со тешко обвинување против мариовските бунтовници што подигаат бунт во срцето на големата турска империја, кога таа беше на највисоката точка од својата сила, од која се тресеше цел свет.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Овде како да завлегуваш во друга земја, која се разликува од југот на Белгија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Истовремено, за да ја смири својата совест, се обидуваше да размислува дека тоа што тој се решава да го земе детето, да го издржува и да го одгледува, можеби ќе дојде и како олеснување за Марија, заради безизлезната материјална положба во која се наоѓа.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Беа додадени 22 Повеќе за измените од ЗИДЗРО од септември 2010 год. види кај Д. Апасиев, „Правно мислење по повод Предлог - измените на Законот за работни односи (2005)“. 26 три нови става кои регулираа дека работникот кој доаѓа во контакт со материјали, податоци и информации кои се класифицирани е должен да ја чува тајната на истите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Во истиот број била пренесена и информацијата за демонстрациите што биле изведени од „Македонците кои имаат врска со Бугарија“ и кои се надевале дека „нивниот дел од Југославија (се мисли на делот на Македонија во рамките на Кралството Југославија, б. м.) ќе ѝ биде даден на Бугарија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Секогаш кога помислувам на стрипот (воопшто: на „концептуалната уметност”, вештината на преградувањето, компјутерските игри со многу прозорци во кои се наоѓаат нови многубројни прозорци, лифтови, тавани, визби - целиот тој делумно изветвен психоаналитичарски корпус, што наликува на франкенштајновиот пачворк, или на Голем, тоа купиште екстремитети како еден puzzle од „лаги” што ја создава треперливата, испресечена вистина, еден зоетрап-стрип) ми паѓа на ум (како што, веќе рековме, сенките паѓаат од ѕидовите, толку бавно како капките /оној мраз!/ што го длабат она дно?!) Емпедокловото сфаќање на окото и гледањето: окото го градат (според Платоновиот „Тимеј”) огнот и водата; огнот е раздвоен од водата со мембрани направени од мошне ситни пори кои спречуваат водата да продре внатре, а на огнот му допуштаат да излегува надвор, за да го сретне предметот на гледањето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
„Со други зборови, поимите, кои се појавувале единствено како антитетички, со текот на времето човековиот дух толку ги извежбал што на секој од нивните два дела можел да им овозможи самостојна егзистенција и, следствено на тоа, да им обезбеди сепаратен гласовен приказ.“
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Преведувањето е прифатено како секундарна активност, повеќе „механички“ отколку како „креативен“ процес, секој што има макар елементарно познавање на јазикот на кој се преведува се смета за доволно компетентен; со други зборови, професија со низок статус.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Назад- зад куќарчето планина на која се гледа село со растурени куќи овде-онде е ретка шума.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
6. Суспензија Со ЗРО (1993) беа избришани серија одредби кои се однесуваа на, задолжителното или факултативното, привремено оддалечување на работникот од работното место или, пак, дури и од кај работодавецот (чл. 41-45, ЗРО/90).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
„Само на тие љубопитни и ситно зборлести женички им е позната адресата и канцеларијата на секретаријатот на таинствената институција во која се сортираат душите што го напуштаат животот“, му реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
VI Авионот се вивна во небеските синевини на Медитеранот. Под нас остана еден цел свет кој се нарекува и колевка на човештвото, средиште на цивилизации, татковина на човештвото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Номиналниот износ на акцијата не може да биде помал од 1 ЕУР, според средниот курс на таа валута, објавен од НБРМ, ден пред усвојувањето на статутот, односно на денот пред донесувањето на одлуката за промена на основната главнина (чл. 273, ЗТД).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Па ако тој самиот од таа работа не се чувствуваше засрамен, или, како што произлегуваше од неговото однесување, тој самиот не страдаше од ситуацијата во која се нашол, зошто пак јас да страдам?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Некои ме слушаа, други со сила и натераме, ете, заедно со тебе, влегоа во огнот, некои пострадаа, ене и по апцаните; другите, еве, ќе страдаат на своите огнишча, без да можеме да им помогнеме ни јас, ни ти.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, Ардените од основа ми го изменија тоа мислење. Се движев по безбројните асфалтни патишта и патеки, со кои се поврзани сите населби на Ардените.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Застануваат на ќошињата од куќите и жолчно ги кинат летоците што се залепени на плакатите на кои до синоќа пишуваше: „Народе, откажете се од помагање на шумските голтари, кои се одметнале за да ви нанесат пакост и несреќи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А тогаш... ... Нивниот заеднички пат ги одвлече в село да видат неуредени куќи со црни стреи;запуштени и накривени ѕидишта; недоверливи ситнооки прозорци, - врз нив гнили штици, матни стакла, поцрнети стари календари; потоа: нечисти и нерамни сокаци низ кои се влечеа звуци и мириси, предчувствувани претстави за недогорени суви дрвја, кочини, мали деца, катран; расфрлани мртви предмети, ненужни и запуштени - накривени коли, одамна почнати, недоплетени огради, корита, алат; куп сонливи куќиња, кокошки, деца.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И, бидејќи не се може да се контролираат работите до мерка која се чини задоволувачка, се утешуваш дека можеби токму низ непредвидливото и низ недофатливото, се раѓаат богатите и сложени склопови кои најпосле и самиот тебе ќе те задоволат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со високи ѕидови и убава дрвена орнаментирана порта низ која се влегуваше во дворот, пред големата сино обоена куќа во едноставен француски стил на три спрата.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Вие сте духот на logos-от.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И така живна загноената заемна омраза меѓу едната и другата опција на тие кои се самонарекоа бранители и душегрижници на Егејците, како што сами се нарекоа и ги нарекоа и тие во чие заблудување беа замешани нивните прсти и никој не прифати и не почувствува грижа на совеста, а рамнотежата меѓу двете скарани страни – грижливо ја чуваше Лазо, кој лично водеше сметка неслогата да не се претвори во кошмар.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Преку поточето, низ буковата корија, се качуваше тесна патека, лазејќи кон ридот, кој се викаше Гола Глава, префрлувајќи ја височината преку еден превал.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Експанзијата на брендовите продолжува на автобусите и такси возилата, кои се претвораат во подвижни реклами, „развозувајќи ги патниците наоколу во џиновски чоколади и гуми за џвакање, исто како што Хилфигер и Поло ја претворија облеката во бренд билборди за носење“. 124
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Бол, повторена возможност на заборавениот Лозан Перуника кога ни го викнале да чекори со оние што ја пребарувале густината на леските ни му покажале стражарско место да го демне призрачето на гаќи од кои се мавта учкур како памучна сабја на смешен, потсмешлив или исмеан делија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се спотнав дури го стасав дури го навасав уморено предаденото кротко во раката предавничка како изморено јагне како птица премалена та почнаа да паѓаат гранки и да се ронат лисја и сокот да се меша со солзите и потта слегувајќи удолу кон земјата кон дното на мојата болка врз која се најдовме во прегратка среде тревите изгазени од купиштата дрва обајцата искастрени без вршки и без гранки со пресечени снаги сложени во камари додека седалата летаа без своите птици без своите сенки без нашите плешки во бездната на воздухот откорната од незасита.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Јас го реков тоа, или ти му се обрати токму со овие зборови на оној силен состав од умни партијски глави на состанокот што беше свикан со една единствена цел јавно да бидам кастриран?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во времето на дејствието на романот владее сталинизмот, идеологија преку која се настојува козарите кои живееле во блиските планини да ги трансформира во работничка класа, но главниот проблем биле козите донесени со козарите во градот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сеќавав некаква одвратност спрема ревењето и неподвижноста во која се наоѓаше.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Мисла која се враќа како што се враќа Будимпешта, каде што сигурно има толку мостови и толку снег што се цеди.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А веднаш потоа онаа сугестивна, можеби и корисна но многу неодредена или недосеглива заповед: „Големината на човекот се мери според неговата способност да му го покажува патот на времето“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На крајот, да го одбележиме многу добриот превод на големиот специјалист за Балканот кој се крие под псевдонимот Клеман де Исартеги (вистинското име Патрик Крисман, б.м.) и кој пријатно го збогатува овој роман.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Звукот на нејзините чекори запре, неговите чекори продолжија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И најсериозно се прашував: како може да се случи да сум овде, кај Зрновски, кога знам дека седам во аголот на нашата соба.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во мене дреме простак кој се клешти на ова разбирање и бескрајно ја исмева интелигенцијата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
По ѕидот на долни крај наколкани се колје, со куки и без куки, на кои се обесуваат секирите; направени се по две три камари во кои кокошките несат јајца, а на гредите во овој дел на куќата се фрлени разни алати: рала, јареми, косила, дршки за мотики, лопати, казми и ред други дрвени остени, ластагарки, стапови, кои чекаат да ги заменат тие што се во употреба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во меѓувреме, покрај тоа што на фирмата почна слабо да ѝ оди пласманот на својот асортиман и да назадува зад конкуренцијата на пазарот, настануваат и одредени внатрешни превирања и поделби на вработените на неколку табора.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
„Треска“ наскоро ќе почне да произведува мебел од полиуретан, еден вид специјална материја која се добива по хемиски пат, а која, со специјални машини, се лее во тврда и мека маса.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И заспа, втонувајќи во мачен сон: минува со автобусот низ селото, но селото го нема: избувнал вулканот и го смачкал; се гледаат само урнатини од куќите; овде-онде се гледаат јагленосани луѓе останати во онаа положба во која се нашле кога избувнал вулканот: едни легнати в постела, други седнати, трети расфрлани по дворовите и сокаците како што бегале; добитокот исто така: јагленосан; јагленосани и дрвјата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Во шеесетите години на минатиот век во Струга, на брегот на Езерото започнаа да се собираат значајни поети првин од Македонија, па потоа од Југославија и на крајот од сите континенти на чудесни читања песни на мостот на истекот на реката Дрим, која се влива во Јадранското Море, на претставување на славен поет во Катедралната црква Света Софија во Охрид, на средба крај манастирот Свети Наум, на самата граница меѓу Македонија и Албанија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Селаните не мрднале со прст да му помогнат во тешкотијата во која се нашол сега. Но има уште.“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Исто така, од страна на самиот работник, подоцна беше пријавено и во Државниот инспектор за труд при МТСП – ПЕ Скопје, Отсек за безбедност и здравје при работа – општина Гази Баба (а предметот беше распределен кај инспекторот Б.Величковиќ). 198
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Простран, со водоскок, во самиот центар, на чии оснежени фигури наседнале младичи и девојки, фрлајќи топки од снег, обиколен со монументални објекти - старата зграда на општината, градена во минатиот век, достоинствена, со голем градски часовник, со две цркви, кои се реновираат, а во дното се златее големата и монументална „Палата на Републиката“, во која само во еден нејзин дел е Претседателството на ДР Германија, а сѐ друго во овој огромен комплекс служи за обичниот граѓанин - за негова разонода, пред сѐ за младината.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Филозофот гледаше замислено во мене, како низ мене да гледа, и рече: „Книгите се бездни; кога читаш, секој чита на онаа длабочина или височина до која се кренал неговиот дух.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Зошто не ги пуштите дома оние кои сакаат да си одат?,“ го праша Клара доктор Гете едно попладне во просторијата во која плетевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Постоеја дури и организации, како што е Јуниорската антисекс лига, кои се залагаа за целосен целибат на двата пола.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гледам на ликовите од фотографиите и правам напор да ги видам патиштатата по кои се витосаа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Професорот Виктор зборуваше за птиците, но само што спомна некои црви, пред да стигне да го заокружи и поврзе своето излагање, го прекина професорот Џејмс, кој се разбираше во црви како самиот да ги правел.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Татко ја насетуваше нервозата на Камилски, поради видливото оддалечување од првобитно замислениот проект, сакајќи да ја појасни појавата на Васо-паша во нивниот план и затоа заклучи: Европските идеи во реформирањето на Отоманската Османската Империја од крајот на XIX век за кои се залагаше и Васа-паша Шкодрани, продолжија и во почетокот на XX век со Младотурската револуција во 1908 година која започна да се шири во Империјата од Македонија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На ред беа турцизмите со кои се именуваат разните алати и направи што се употребувале од поголемиот дел на населението.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Трепери материјата на таа игра во која се губи кутриот летач но не се поредава во својот тетерав устрем.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Она што е актуелно во последно време на меѓународните дискусии за театарот, е полемиката која се води околу тоа каков е денешниот театар и како треба да изгледа во иднина.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
А како би било да велат „го изумре своето“, за некој кој се раѓа, и тој понатаму да биде ослободен од таа прилично здодевна и мрачна обврска, си мислеше гробарот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
(Види, види, брату, убава невеста.) Толе влезе во селото, го најде Бешот кој се изненади на неговата смелост и дрскост, но познавајќи му го убаво табиетот, ништо не му советува или препорача кога му рече Толе дека тука ќе зимува зимава: — Сега ти си знајш, брат Толе!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гледајќи си ја дланката на која беше невидливата трага од усните на Ева, бавно тргнав кон вратата низ која се излегуваше од бараката.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од длапките на моите очи сѐ уште зрачеше доволно светлина која се обновуваше низ задржаните солзи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше една од повеќето тајни средби со него во која не ми беше откриена тајната која за некој ден ќе ја открие целиот свет...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Можеби и затоа тој толку жестоко ќе им се спротивстави на европските лингвисти кои ја поддржуваа тезата за создавање меѓународни јазици, кои би ги замениле со јазиците на малите народи по број во Европа, посебно балканските кои се здобиле со слобода по долгата зависност?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Што е имиџ!? Тоа е стил на живеење преку кој се отсликува нашиот карактер.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тој побрза да се стави на чело на својата голема ордија, која се готвеше да ја нападне австриската престолнина Виена.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Треснува на подот шишето коњак на госпоѓицата Голдблум.  Доктор Астерид ме одведува до една подзатемнета голема хала во која се наоѓа вистински сточен вагон поставен на автентична железничка пруга со дрвени прагови за да потсетува на трауматичните масовни транспорти на Евреи што нацистите од сите страни на Европа ги префрлуваа во германско-полските логори на смртта.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кејџовото влијание на Њујоршката сцена во педесетите години во која се разви уметноста на хепенингот, неговата активна улога во движењето Флуксус, долгогодишната соработка со Марс Канингем и неговиот балетски театар, се различните правци во истражувањето кои сведочат за ширењето и еластичноста на неговите обиди.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се мисли дека и Викинзите кои запаѓале во состојба на неконтролиран бес, го правеле тоа под влијание на оваа печурка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ја отвораше како падобран и дозволуваше со неа да лебди, та можеше со леснотија да се препушти на висината која се простираше пред неговите нозе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Свртена сум кон тебе со пламнати коси по кои се спушта пепелта на примракот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Во септември 1997 советот, претседаван од судијката Л. Додевска, постапувајќи во оваа правна работа, а во отсуство на тужената странка којашто манифестираше огромна процесна недисциплина – донесе позитивна пресуда поради изостанок5 со која го уважи тужбеното барање на тужителката Ангелеска и тужениот работодавач беше задолжен да и плати износ од 76.000 МКД (1.245 ЕУР) на име надомест за испратнина, сосе законска затезна камата; како и 23.309 МКД (380 ЕУР) на име пет неисплатени плати, за периодот од август до декември 1996 – а сето ова во рок од 15 дена по приемот на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Еве ти уште еден пример. Си видел ли некогаш месечина околу која се протега кружно виножито, кружен спектар од бои во различни слоеви светлина?
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А тие, кои се сторија главни пак си останаа главни и тропаа секаде: ние Егејците. та ние Егејците, така што од тоа дури им се згади на Вардарците.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Околу смртта на Стерјо наслушнував различни приказни во кои се спомнуваше некаква мафија, се зборуваше за дрога.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во мигови на кристална самотија во срцето на балканската ноќ, кога лесно слегуваше дури до потсвеста, си помислуваше дека состојбата во која се најде неговото семејство е можеби реванш на судбината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во една друга прилика покажав дека овие гробишта мажјачки се всушност свадбената ложница на Еросот/Ерген - грчкиот корен на зборот “cemetery” (koimeterion) го содржи амбивалентното значење и на гробишта и на свадбена ложница. калапи Во секојдневниот говор (а не само кај сексуално опседнатите личности какви што сме вие и јас), креветот предизвикува сексуални асоцијации.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Има и некаква свирка на која се обидува да засвири песничка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Оваа книга, за разлика од онаа на Douchet, е подробна анализа на неколку Хичкокови филмови (Север-северозапад, Психо, Птици и Марни) кои се расчленуваат сцена по сцена.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со овој закон се уредуваат правата, обврските и одговорностите на работодавачите и вработените во врска со спречување на психичко и полово вознемирување на работното место и местото на работа, мерките и постапката за заштита од вознемирување на работно место, како и другите прашања кои се однесуваат на спречувањето и заштитата од вознемирување на работно место или т.н. мобинг.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Е па! Е па, после ќе имале афера, па ќе имале, кога по дома немале ни афера ни дешавка за во тефтер да ја раскажат, како Мерил Стрип со оној Клинт кој не беше Бил и кој како фотограф откри толку сексипил во една средовечна жена облечена во фустан на копчање кој се носи само на пазар и коса врзана во коњски опаш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Камилски брзо се оттргна од мислата за тврдината и поранешните дискусии со Татко за неа и се врати кон преостанатите зборови како: диван, диванхане, претсобје, ходник, но и голема приемна просторија со убав изглед, обично на горниот кат од куќата (од персиски divanhane), пармак, пармаци, дрвена ограда, на чардакот или на басамаците, направена од тенки летви (од турски parmak, paramaklik); басамак, басамаци (од турски basamak); мердивен, подвижна скала (од персиски merdiven); сандак, порано овој збор бил употребуван за означување вид сандак во кој се чувале алишта и особено невестинското руво, обично се изработувале и украсувале во разни шари, а денес со овој збор се означуваат сандаци направени за разна намена, особено како војнички сандак (турски sandik) и перваз (персиски pervaz), означуваат дрвена конструкција на прозорците и вратите; dolap (од персиски dolap); серген (од турски sergen); мусандра (од турски musandira).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Веста за големата победа во Атина стигна по радиоврска, но неа цела ноќ ја вестеа истрели со светлетчки куршуми кои се пренесуваат од рид до рид, од град до град, сѐ до Атина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Живееше со своите врсници – дечињата што ја прелистуваа сликовницата која се пренесуваше генерациски во семејството.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Гладен, со своето семејство, со својата службеничка плата, со која тешко ги врзуваше двата краја на месецот, татко ми се обидуваше, со сета дотогашна ука, со сите источни и запад­ни книги од својата библиотека, да ја разбере новата вера во која се колнеа луѓето – социјализмот, комунизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И, да признаам: и покрај болките и грдата несоница, па и неизвесноста во која се наоѓав, многупати ќе забележев дека ме водат чудни мисли; дека во тие ноќи во дворот на Басотови тонам и во необични соништа!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најде еден недоучен, од Бапчор ќе да беше, кој се нафати нов јазик да твори со лепенки од рускиот и најмногу од бугарскиот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Среќа е чувство на мил допир на искрена насмевка, на недосонет сон, на лик кој го чуваш во себе, на утро во кое имаш верба за денот, на ноќта во која се копнее за љубов..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ќе нѝ изѕебнат нозете - си мислеше на сиромаштијата која како црна сенка со отворени челусти се спушти над селото - Не соголија до коска - беа последните зборови на кои се сеќаваше Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кај тој Борис Степанович се наоѓаше списокот на сите Белогардејци кои се качиле на англиските бродови во Одеса.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Го трие по косата, пената му се спушта по лицето и го чеша, тој сепак гледа во нејзините мрзливи, сочни усни како му се наближуваат, за да бидат заменети со влажните кадри, со кои се поигрува, наизменично издвојувајќи ги, наизменично привлекувајќи ја целата глава.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
И така мудрецот ќе се насочува од едно значење кон друго, од буква до буква, како во потрага низ лавиринт, трагајќи по излезот на апсолутното значење до буквата Aleph, во која се крие Господарот на светот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Немаше веќе што да се прави, па престанавме да одиме таму и почнавме да играме фудбал на ливадата со машките или пак да си играме ластик или народна на улица.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но тоа го изговорив не со револт, не како оптужба, го изговорив со еден тон на итрец, што само се правел на будала, се преправал дека не гледа како сакаат да го насамарат другите, ги остава да чинат што намислиле, а в душа надмошно им се потсмева, и еве со презир го погледнува предметот за кој се плетеле замки - новите чевли на нозете на Банета.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не само што таблото зависи од теми кои Дишан ги начнал во претходните свои дела, туку и во финалната верзија тој свесно ги отстранил сите преостанати лични референци во „Етант доне...“ и неколку години по конечното прекинување на нивната врска (нејзиниот маж го преселил целото семејство во Бразил) Дишан изгледа дека го сменил идентитетот на женската фигура, менувајќи ѝ ја бојата на косата така што повеќе да одговара на бојата на косата на неговата идна жена Алексина Матис (позната како Тини), со која се оженил во 1954.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој веќе и не знае каде е ножот со кој се заканувал.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Пресметките кои се правеле за да се утврди точното настапување на ранодневницата во пролет и нејзиното значајно влијание врз приносот на земјоделските култури и врз животот на населението.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Станува збор за промена која се однесуваше само за категоријата невработени лица со над 25 години стаж на осигурување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
После добивањето на конечната пресуда во нејзина полза таа потпишува вонсудска спогодба со која се регулира исплаќањето на парите од страна на работодавачот и тоа на две рати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Целиот свет се појавува како „восочна плоча“ во која се сместени знаците на апсолутот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Дури и врапчињата, кои се навистина беспомошни, понекогаш ми одат на нерви.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Не шеташе со очите по неа, не ѝ ласкаше, не ѝ се додворуваше и не се доближуваше до неа како што тоа обично се прави кон жена вака облечена и која се држи комотно и предизвикувачки.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Колку целината на она што го чувствуваме и ткаењето на нашиот обичен, секојдневен свет се социјално програмирани, поттикнувана фикција, мрежа во која сите сме заплеткани, со исклучок на малкумина кај кои условувањето не се „фатило“, или попуштило, или кои се разбудиле од маѓепсаноста - шареноликата толпа генијалци, психотичари и мудреци?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Почнувате да го разбирате вербалниот излив полн со страдање, буквално, физичкото ползење, напнатоста на мускулите, очајот, анксиозноста и стравот кој се доживува во бескрајно многу видови, и можете да ја согледате врската меѓу овие реакции и различните средински ситуации, од кои некои се во доменот на архитектонското.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На ист начин, како што во христијанската традиција злото, поаѓајќи од своите обиди да го искуша Исус, делува на прикриен начин.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но врз мене сѐ уште лежеше парче темница во која Круме Арсов се преобрази во жив факел што со искинати писоци се врти во круг, паѓа на коленици и пак станува, и трча кон ветар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Витгенштајновски кажано, секој таков говор не само што не објаснува ништо, туку во суштина создава философска збрка онаму кадешто не би требало да ја има; или пак има потреба од комплетна реинтерпретација во дескрипциите, кои потекнуваат од некоја трета личност, на усогласеноста на начините на кои се однесуваат членовите на една заедница.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ги одбираше Тој зборовите, ги лачеше, ги средуваше и со голем страв ги допираше оние меѓу нив низ кои се насетуваше беспризорно мрачната боја на крајот.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Беше пријатно, така во несреќа, да се мисли на далечната земја и на раштрканото село Жепа, каде што во секоја куќа има приказна за неговата слава и за успехот во Цариград, а каде што никој не ја познава опачината и не ја насетува славата ниту цената со која се добива успехот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Покрај нив се наредени „колпортерски“ дуќанчиња кои се потпрени до ѕидиштата на кејовите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Почна да се чувствува женско поддржувајќи ги сите манири на девојчињата со кои се дружеше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тие имаат роднини и пријатели со кои се посетуваат, со кои се поздравуваат на улица.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Каушот личеше на пештера во која се довикуваа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Овој театарски настан што Дишан го гледал во пролетта 1912 год. претставува доживелица од пресудно значење - како што подоцна објаснува самиот уметник - во формирањето на најраните размисли за „Големото стакло“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Отсекогаш. Отсекогаш. Ако водата е најсовршената природа, Платон најсовршената мисла, Исус најсовршената жртва, тогаш ова е најсовршената и најчиста радост – таа внатрешна предаденост кај билката која се преобразува во цвет.“
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Станав и се упатив кон ѕидот, сѐ уште наведната поради досегашната, свлечена положба на телото во која се најдов кога се вратив од таму каде што бев.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Всушност, едната клепка ѝ беше сѐ уште подотворена и од белката ѝ излегуваше една студена светлинка во која се гледаше сиот грешен свет со кој беше се сретнала.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Требаше да се направи пауза од седум дена, па да почнеш со вториот циклус, но поради општата лоша состојба во која се наоѓаше паузата се пролонгира на дваесет дена.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И самиот тој во некогашниот живот беше негов лут противник – железен човек со челична маска место лице, низ која се пробиваше ’ржењето на разбеснетиот волк.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Само дел од ерменските консонанти се прекриваат со грчки и затоа се појавува потреба за создавање на дополнителни графички симболи, кои би го надополниле редоследот на знаците што ги бележат фонетски сличните со грчките ерменски звуци, каков што е случајот со коптското писмо.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тие сметале дека во случај ако таа информација да излезе во јавноста би имале големи проблеми во објаснувањето пред Југословенската и Грчката влада за британската акција за "употребата на Македонците".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Со поканата со која се доставува тужбата, тужениот ќе се предупреди дека е должен да даде писмен одговор на тужбата во рок што ќе го определи судот, кој не може да биде пократок од 15 дена, ниту подолг од 30 дена од денот на приемот на тужбата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Оваа бела пријатна светлина во која се наоѓам никогаш не би ја напуштил. Толку е мека и пријатна.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
- Ти ли ја отвори вратата, ти ли ја отвори? - му викав панично на Дино.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На дворот, т.е. околу султанот и околу него насобра едночудо јаничари Срби, меѓу кои се наоѓаше и Мариовецот Ангеле – Арслан Сирме.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Оздола удираа оние бранови на езерото кои се јавуваа во ноќта, шлапкаа долу под куќата и јас на месечината можев да ја распознаам онаа нивна бела пена што брзо исчезнуваше под следниот бран.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На Триманова ѝ се зема за грев наводната блискост со нејзината дотогашна претпоставена шефица, која претходно е избркана од работа – по што следува „логички“ расплет и таа да биде истерана од фирмата, како еден вид колатерална штета од целата ситуација.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Никогаш, дури ни при бомбардирањата на крајезерскиот град за време Втората светска војна, кога татко ми мораше да замине на едно од своите таинствени патувања од кои се враќаше дури кога ќе се утврдеше едниот или другиот окупатор, мајка ми и постарите браќа не го беа виделе позагрижен, повознемирен.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
На 5 јуни 2002 беше основана нова албанска политичка партија Демократска унија за интеграција (ДУИ) на чело со Али Ахмети.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Филџан кафе од кој се крева последниот страк пареа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
XVI. Негде во средината од таа бела удолница, по која се спушташе, наближувајќи кон него, неговото јарче, неговиот уловен лов и неговото задоволство, стоеја два грма, покриени од снегот и станати две тумбарки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако Македонецот станал ментална проститутка мислам дека е време да разработам стратегија за отворање институции за граѓани ебани у мозок и на тој начин да се понудат соодветни решенија со кои би се наплатил овој секојдневен труд со кои се соочува кутриот и напатен Македонец.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Добро направи што си купи облека на ластик која се ширеше заедно со неа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како кутнато стебло по надолнина однегде се дотркалал еден од племето на Проказниците, некој недоучен тревар Пандил Димулев, син на свој дедо, ако можело да се верува, зашто кога тој се раѓал, татко му не бил в село повеќе од две години; го кренал од земја скршениот дел на вилата, во недоумение да се прекрсти ли пред чинот за кој се определил или да го стори она што го смислил па потоа да побара прошка за својата душа. Бревтал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имено тоа се карактеристични црти на неколку системи на писмо, настанати непосредно од грч­­­кото писмо или кои се оформени според примерот на грчкиот систем.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ноќта врвеше натаму, а јас седнат на масата зад машината за пишување, сеќавав како само нејасни мисли ми врват низ главата, како парки магла кои се тегнат по долината над малото езеро под Лерна и потоа исчезнуваат, и на нивно место доаѓаат нови, сѐ додека дувне ветрот и не ги истера од грлото на котлината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се насети светликава романтичност во нашите очи која се надополнуваше и засилуваше од отсјајот на свеќата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Него го знаат мнозинството членови на Партијата, а особено сите оние кои се интелигентни исто колку што се и исправни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден млад човек кој водеше сметка за својата позиција во општеството и кој се подготвуваше за женидба, ја натера својата идна жена да вети дека нема повеќе да се занимава со клептоманија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тетка ми Оце, се чуди и никако да се изначуди како може да не нѐ интересира кој се јавува и зошто. Ние не се чудиме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
(...) Зборував за мистификацијата врз која се засновани литературата, академијата, културниот мит; но тие не се единствените што лежат тука.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но затоа се пренесе шепот дека тој, кираџијата, кој се викаше Дончо, го испратиле агите без никаков суд на оној свет, бидејќи колџиите му нашле во оризот некакви „железни јајца" за кои тој „не знаел откаде дошле и кој му ги турил во вреќите"...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И кога стигнав до неа, откако ја отворив, се свртев, и видов како Ева ја дои Амалија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Прашањата од нивото на акција ги поттикнуваат индивидуите да пронајдат посебни излези за редоследот на настаните кои се одвивале со текот на времето во согласност со главните теми. 48 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За времетраењето на судскиот процес Ф.И. продолжи да работи на нејзиното постојано работно место, а односот со работодавачот за време на процесот може да се опише како коректен и во рамките на деловните овластувања.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
321 ________________ 285 Претходно на 21 август 1944 година началникот на Поверенството на народната одбрана на НКОЈ од ГШ на НОВ и ПО на Македонија побарал да им се испратат податоци за сојузничките офицери кои се наоѓале при единиците на НОВ и ПО на Македонија. АВИИ,к.233, рег. бр. 40-4.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ти патиш од оригиналност со која се обидуваш да ги освоиш луѓето.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Да, огледалото се нашите сегашни очи, позади кои се крие минатото, но во нишката на погледот на секого се насетува надеж за подобра иднина!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Исто како и при примената на скорешните настани, добро е да се ангажираат, како коавтори, други индивидуи кои историски учествувале во формирањето и дистрибуцијата на доминантната нарација која се отфрла во овој процес на ре-авторизација.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Другото камче удира во ногата на старецот кој се обидува на другите да им каже нешто потсвирнувајќи како врапче.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кој се ослободил од мегаломанската фантазија дека судбината на Хрватска е нешто единствено на светот, нешто што ни е сфатливо само нам Хрватите во екстаза од сопственото национално чувство и што белосветските игноранти никогаш ни приближно нема да можат да го разберат, тој знае дека порано или подоцна на местото на овој самиот-себеси-направен аутизам ќе мора да настапи рационалното комуницирање со светот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Впрочем, без оглед на состојбата во која се наоѓале, таа пролет била доба на секакви визии во чии магли можеби и бегот, стопанот на неколку воденици, ги претчувствувал патниците со двоколки под знамето на чумата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А во гората под стрмниот рид малечките планински нивчиња, во кои се жнееше, беа неправилно начичкани еднододруго како кутивчиња редени од невешта детска рака.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Во парискиот Лувр ја видов сликата на Еусташ Ле Суер, на која се гледа како апостолот на скалите пред храмот собрал верници нови христијански конвертити како носат пагански книги, таблици, ролни, кои потоа ги палат...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најновите истражувања кои се правени неодамна покажуваат дека корисниците на марихуана кои долги години дувале трава имаат огромни шанси да закачат рак на мадињата.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Теренот, на кој се вршеа сите активности, повторно стана разбирлив и подреден.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ставот кој изискува секој попрво да ја подарува довербата на своето мислење го потценува обратното тежнеење кое своето мислење би сакало да го закачи за мислењата на другите лица кои се многу поповикани да имаат мислење (како што во кинеската еротика се одложува сопственото уживање за да му се приушти на другиот и за да се стекне една снага и продлабочено знаење).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Мајка ми ми имаше речено дека тие досадни бубачки и мекушлавци во најголем број се јавувале наутро и тоа по влажните места со многу росно зеленило.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најмонуметално будимпештанското здание е Парламентот, кој се протега на стотина метри покрај Дунав и претставува круна на ова што е најубаво во архитектурата на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Таа направи мала пауза, чекорејќи првин лево, а потоа десно, со одмерен ритам во звукот што во допирот со паркетот го оставаа високите штикли, (тоа беше вообичаено на нејзините предавања непосредно пред да го изнесе заклучокот) и, кога оцени дека концентрацијата на слушателите го имаше постигнато потребното ниво, им се обрати тивко, со зборови кои се голтаа во сиот нивен волумен, како пластични апови до пукнување исполнети со кислород: „Мили мои осамени срца, добро запомнете, кругот за кој зборувавме функционира во секој сегмент на општеството, отсекогаш и насекаде.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Во блиска иднина луѓето нема да страдаат од шизофренија; ќе бидат шизофрени (ако и тогаш) кога ќе имаат желба за тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Наоколу многу гости седеа, терајќи си го ќефот со по некое пивце, со обемниот ручек, натпреварувајќи се со ишарети и сочни шеги, со кои се засмејуваа меѓусебно како врвен десерт по јадењето храна.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Социјализмот беше пресуден за прифаќање на кирилицата во Монголија, со вметнати неколку знаци за типично монголските фонеми.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, сепак, остана впечатокот дека роковите кои се воведуваат се само инструктивни, при што отсуствува елементот на казнување на судијата кој, евентуално, би ги пречекорил пропишаните законски рокови.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Марија се двоумеше сѐ додека не го виде последното место, под едно прекрасно зрело дрво на тиса, која на француски се нарекува иф, и тоа само неколку метри од мошне скромниот гроб за кој се покажа дека е гроб на Жан Калвин.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Брзо стасал абер од амбасадорот. Тој ѝ ги дал сите упатства, како да стигне до своите сестри и браќа, до својата рода од Измир до Цариград, до Ерзурум и до други градови. ѝ ја посочил и банката во која се наоѓал последниот аманет на нејзиниот татко, оставен пред смртта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овие балкански писатели, кои се прославија во светот, суверено излегуваа од хоризонтите на пристрасните национални историографии, трагаа по исчезнатото османско време, кое не беше обележано како европското, со духовните, културни, уметнички и филозофски векови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Дури и Мичиген ривју, кој се впушти во онолку беспоштедна борба, се залагаше за моето „право на слободен говор, без разлика колку е, всушност, одвратен и аморален“.35
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ама.. Пеколно е добар начинот на кој ме управуваш кога ќе се стемни. Убав е начинот на кој се смееш.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Ѕидните слики кои се појавија беа совршени, источњачки, кревки и потполни, а потоа се претвораа во вистински источни градини со пагоди, храмови, богати со кинески, златни и црвени олтари и со музика од Бали.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Како што може да се забележи од споредбата со соодветната одредба од 2003 година, во 2006 година оваа обврска се однесува само на лицата кои се вработени по основа на овој закон, а не на вкупниот број вработени.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тоа се однесува на промена, не на структурите на моќ, не на тоа кој ја контролира полицијата, туку на индивидуалниот ум.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Многу е рано наутро да се бакнуваат по автобуските постојки, ама под железничка има двојки кои се разделуваат пред пат, или се сретнуваат по одмори, па денов ми продолжи во слики на љубовни изливи и страсни прегратки, и, судејќи по тоа на колку вљубени им бев „позадина“, утрово има љубов во градов наш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Јас се осмелив сепак да се надоврзам на последните зборови на А.А.: - Рисјаните и муслиманите многу векови живееле заедно, опстанале низ истиот јазик и судбина, сигурно ќе најдат сили да ја продолжат убавата традиција, во соживотот на верската толеранција која се наследува како драгоцен дар од генерација на генерација!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
За ваквите појави имам и еден друг збор, манипулирање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Новиот современ и модерен (постмодернистички) расказ го оставивме за една друга пригода, кога ќе биде резервиран повеќе простор за таквото претставување; - Со ова издание е направено едно поместување на (практичните) критериуми за избор на расказите, а имено во ова издание се вклучени неколку раскази во коишто е видлива постапката на постмодернистичка естетска игра, на наративен лудизам, во исто време кога се прави и поигрување со очекувањата на читателот и се користи слободно резервоарот на човечката имагинација; - Во ова издание е внесен и еден расказ од големиот латиноамерикански нобеловец Габриел Гарсија Маркес, прекрасен расказ кој ја покажува потресно гротескноста на некои животни ситуации, кога од некои обични мали човечки постапки, се прават крупни и драматични пресврти во животот, како последица на интересите и заблудите на општествените институции и институциите на моќ; - Покрај тоа, неколку раскажувачи ги претставив со нови раскази, поилустративни за нивната поетика и вредност, а кои се илустративни и за некои раскажувачки постапки (дневнички и мемоарски записи, или писма, на пример).
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Камилски беше зачуден трагајќи по речниците колку многу турцизми се употребувале, но и натаму се употребуваат во балканските јазици за означување разни садови, како: бардак, барде, вид лонче кое служи за пиење вода (од турски bardak); ибрик, поголем бакарен сад за вода со посебно извиен тесен отвор, се употребувал уште како сад за масло и како сад во кој се топли вода, како и за варење кафе и чај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Секако, направени се машини на кои се имплементирани алгоритми за учење, и Геделовата теорема не зборува ништо за нивните ограничувања. Да погледнеме на ова и од друг агол.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кога сакав гласно да го повикам, тој скубна од земја тревка и ја стисна со заби.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така, денес се пристапува кон создавање народни спортски и пејачки друштва, младински и студентски сојузи, во кои се јакне националниот дух и свеста за народниот карактер на секоја голема уметност, а се удира по сето она што одбива да се декларира како народна уметност, а можеби самата е уште подлабоко во своите корења – изворен народен дух (мислев, се разбира, на мојот џез, инспириран од народната песна).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Светлината во која се наоѓам веќе не е сина туку бела до безбојност така што се чуствувам како да сум во некој беспределен предел од изворска вода.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Семенката не памети суден ден со кој се заклучува нејзината историја.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ми пречи кога ќе ми се обрати некој почитуван психијатар, кој претходно ме нападнал во јавноста со зборовите: „Тој така зборува пред децата, а ние сме на истата страна во борбата против страдањето“, и испаѓа дека тој има ќерка од осумнаесет години која „одлепува“, и за која тој не сака да им падне во рацете на полициските психијатри и да добива електрошокови. Margina #21 [1995] | okno.mk 61
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се сеќаваше на долгите попладниња што ги минуваше со други деца претурајќи по контејнерите и по купиштата смет, пребирајќи лисја од зелка, лушпи од компири, понекогаш дури и суви корки леб од кои потоа внимателно ја гребеа нечистотијата; и чекајќи да поминат камионите што одеа по одредени маршрути, за кои се знаеше дека превезуваа сточна храна и од кои, кога ќе потскокнеа на тумбите од патот, понекогаш испаѓаше по некое парче маслена погача за стока.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во предлогот особено мораат да се наведат: законскиот основ според кој се бара повторување, околностите од кои произлегува дека предлогот е поднесен во законскиот рок и доказите со кои се поткрепуваат наводите на предлагачот (чл. 395, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Гостољубивите домаќини се погрижиле во „картите на јадење“, кои се отпечатени во боја, да внесат мала историја од која се разбира кој овде наминувал од познатите француски уметници, белетристи, револуционери.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Деновиве добивме едно честно писмо од Белград во кое меѓу останатото пишува: „ Јас никогаш не можам да ѝ заблазнувам на личност која се зафатила да критикува луѓе кои не ги познава и од кои никогаш не барала извинување.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога се влече кофата од дното нагоре, се намотува синџирот на дрвениот трупец, попречно зацврстен за двата дрвени столба кои се издигаа од двете надворешни страни на бунарот, за да го придржуваат сламениот покрив.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Останував изолирано заштитена од психологии на мислења и живеења, кои се наметнуваа заедно со физиката – секогаш жедна одново и одново да се убедува во закони, низ слободни паѓања во математички насочената паралелка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
8. Треба да потенцираме дека со ЗРО (2005), во доменот на засновањето работен однос, беа избришани две важни одредби: •  прво, повеќе ги нема одредбите со кои се пропишуваше кој работоводен орган ја носи одлуката за потребата од засновање работен однос, како и онаа за изборот од пријавените или упатените кандидати (чл. 12-13, ЗРО/03 – Пречистен текст); •  второ, веќе не се предвидува заверка на договорот за работа (по ново, „договор за вработување“), од страна на Заводот за вработување (чл. 19, ЗРО/03 – Пречистен текст) – па, дури, ни во случаите на најнетранспаретното т.н. непосредно обезбедување работник, од страна на самиот работодавец (по ново „работодавач“) – чл. 22, ЗРО/05.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Не му беше лесно да го преземе овој пресуден чекор во својот живот, верувајќи дека неговото перо може да биде попрецизно од мечот, со кој се црташе картата на палестинската држава, во забрзаните постапки на Јасер Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Молчев. Поточно бев изненаден, но не од прашањето на Зрновски, туку од чудната ситуација во која се наоѓав: наеднаш открив дека сум седнат на еден од столовите во приемната на Стариот писател.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Исто се случува и со чудата кои се оправдување за нашата вера, која е чекорење по рабовите на сопственото срце, на тие ивици и аглести кривини се скриени најголемите тајни.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Виа Ѓургулу“, меѓутоа, е првото и единственото недоумение и разочарување, само преодна глетка, која се губи веднаш штом ќе се звалезе во следната улица, чии димензии се исполнуваат со многу новоградби, кои од темел ја менуваат физиономијата на градот; со нив тој сатнува панорама - нова, широка, пространа, сончева...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сосем независно од потиснувањето на несомнено еретичките зборови, намалувањето на речникот се сметаше како цел сама за себе и ниту на еден збор, без кој се можеше, не му беше дозволено да преживее.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Платата на мерценерите била значително поголема од оние во редовните армии во кои се бореле.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
понатаму од трските и шеварот гледаше Висар, како жените, по умирањето на некој, ја вадеа сета постела на која спиел умрениот и сета покуќнина со која се служел, да ја мијат на езерото да ја тријат: веленце, мутав, постеќија, сазма, клашник, сакма, џубе, ресичка - удираа со пиралките на нив, фрлаа пепел и катранен сапун, луга и жива сода за да го извадат и очистат од нив и допирот и здивот од умрениот;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како што животописот на Никола Поцо пишуван со раката на извесен учител носи во себе само привид на објективност кој се открива дури кога Башевски ќе воведе и други, наводно историски документи кои го побиваат ракописот, така и другите субјективни раскажувачи во романот, раскажувачи на кои не може да им се верува докрај, се препознаваат и се проѕираат дури во судирот со другите нараторски гласови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За Климент Камилски полиграфот, ерудит и хуманист Фаик Коница можеше да се смета за херој на модерните времиња на Балканот, но воедно немоќен и среќен балкански Дон Кихот, кој се бори успешно со големата европска јазична ветерница.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски ja чувствуваше мошне блиску темата на инаетот, како психопедагог, a со поговорката што ја кажа, за таткото, мајката и децата тој целеше кон едно од главните обележја на балканското патријархално семејство, во кое владееше ригидноста на воспитувањето во реската поделеност на родителскиот авторитет и детската послушност, како два облика на инает, кои се формирале помеѓу двете генерации.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во овој циклус се застапени само неколку наслови од еден пообемен поетски ракопис во кој се обидов да ги здружам македонските именки и придавки на начин кој ми се гледа за интересен за нашите натамошни истражувања.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Државниот Законодавен дом за мене не претставува само зграда во која се донесуваат законите тој за мене е храм во кој јас стигнав по долг аџилак (Исто).
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но, тука се предложи и нов вид на организација и управување – познат како франшиза.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во традициите на дамна востановените дипломатии постои логична и функционална пропорција на дипломатските кадри кои се формираат од матрицата на институцијата односно Министерството за надворешни работи и страничните политички именувања, не поголеми од десет проценти, најчесто одредени според волјата и диктатот на новиот шеф на државата, на Владетелот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Исто така, добро ја анализираше Деветтата Бетовенова симфонија, составуваше правни документи, наизуст го знаеше бројот на законот за кој се зборуваше...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Место да се врати, Драге ѝ пишал на Верка, со која се сакале пред да замине од Маказар, да оди во куќата кај мајка му и кај сестра му и да биде снаа. Таа така направила.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Најпосле се случи: неизбежниот, долго одложуван климакс на младешките револуции.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не знам дали беше оган Доне Совичанов... можеби искра која се претвори во ова големо дете!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Многу е битно да се напомене дека секој шо сака да пие пожелно би било дома да поседуе одредена количина расолница за да ги неутрализира негативните ефекти и мучнини кои се јавуваат после бурното пијанчење.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но, од друга страна, периодот до кој работничката не смее да работи подолго од полното работно време или ноќе е намален „до навршувањето една година на детето“, наместо до навршувањето на две години, како што беше претходно (чл. 67, ЗРО/03 – Пречистен текст и чл. 164, ЗРО/05); в) евидентно зголемување на правата се случи кај малолетните работници (кои не наполниле 18 години живот): •  прво, покрај постоечката забрана за прекувремена работа, се утврди и општа забрана на ноќната работа за малолетници, а не како порано – кадешто оваа забрана важеше само за работи во областа на индустријата, градежништвото или сообраќајот (чл. 73, ЗРО/03 – Пречистен текст и чл. 175, ЗРО/05); •  второ, се воведе и дополнителна низа забрани за тешки физички работи, работи кои се вршат под земја или под вода, работи со извори на јонизирачко зрачење и други работи кои можат штетно и со зголемена опасност да влијаат на здравјето и здравствениот развој – со оглед на нивните психофизички специфичности (чл. 173, ЗРО/05); •  трето, на вработените малолетници им се даде и зголемен годи- шен одмор за седум работни денови (чл. 176, ЗРО/05); 31 г) за прв пат се воведе и специјална заштита за повозрасните работници – и тоа оние кои имаат над 57 години старост – за жени и над 59 години – за мажи (чл. 179, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Денот на веридбата беше договорен по сугестија на Томо и Рада, токму на денот за кој се договорија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако слушна: “Сепак, денот се познава по утрото”, Ема одмавна, по навика со левата рака, а со десната ја крена чашката со ликер и ги облеа усните со неколку капки кои се развлекоа по тенката линија кармин што ги спојуваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се губи врската со времето кое фуриозно поминува, во душата настанува немир, судбината може да се пошегува на најсуров начин а осаменоста и тагата пристигнуваат со брзина на светлината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но човеков нема ништо со овие „јаничари“ чиј татко пишува за нивната историја, но синот- наратор до крајот си останува на своето („А што се однесува до мене, јас одненадеж ја почувствував потребата во оваа проклета балканска крчма да одам докрај во разговорот, небаре најден во ринг во кој се разменуваат идеи како смртоносни удари.“).
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Години и години живеев во прелага дека добро ја познавам психологијата на нашиот човек, и по многу искушенија и самиот дојдов до сознание дека ни е судено да се остваруваме во јазикот: некој беше рекол дека врз јазикот сум прикован како разбојник на крст.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Истата соѕиданост во влакнестото тело, истиот рамнодушен подбив кон сѐ она што не е залак, истата упорна залепеност за тврдата почва по која се гази, со полунаведната глава, во потрага по храна.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На поплочена плоштатка пред црквата, во камено корито, низ железна шепурка, живо и осамено истураше чешма, а во неограденото и заедничко двориште на црквата и населбата, околу кошарки од врбови прачки, кои беа начепени со лепешки измешани со плева и помеѓу кои се шеташе живина, шумно се роеја улишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кодексот на тајноста на установите кои се занимаваа со посвојување дополнително ѝ ја усложнуваше нејзината потрага.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бујната и силна мисла на Игор Лозински продолжуваше во ноќта која се чинеше дека никогаш нема да заврши...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
За разлика од неа, Америка е како некој голем казан во кој се крчка сѐ и сешто: и големи градови, и карпести планини, и длабоки кањони, и бескрајно долги брегови, и огромни шуми, и езера со големи водопади, и непрегледна прерија... а пак нејзиното небо е капак на сѐ!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Окото, каде што мирисите ја прима и ја испушта светлината, која се прекршува на средина, со цел да му се врати на окото-зборуваше старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Нема повеќе да ги имаме овие проблеми со Неуронскиот Човек на Шанзо, кој се издига на хоризонтот како Последниот Човек на Ниче, со својата кортикална и синоптичка избледеност.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Не го кажувај ова два пати. Лудиот камен може да те сопне во мигот кога најмалку се надеваш. - ѝ одврати Виктор со својот широк насмев зад кој се криеше никулец симпатија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
4 По ова, предметот е даден на вешто лице – градежен инженер (В.Шиков) со цел да ги утврди спорните факти за носивоста на камионот [во m3] во кој се превезувала наводно украдената песок. Тој тоа и го прави во својот изготвен наод и мислење, од февруари 2005.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Којзнае колку време помина до моментот кога во свеста на Димче Волшебникот повторно почнаа да навлегуваат слики од улицата по која се движеше, од светот во кој живееше.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ервехе, персиски збор за цвет или Цвета всушност претставува личност, којашто уште од мали нозе означува расцут на средината во која се пројавува, во роднокрајното бекташко гратче Лесковик, на границата меѓу Грција и Албанија, во подалечниот Солун кадешто е дадена кај француските лазаристи на школување, во градот Подградец, на брегот од Охридското Езеро, кадешто е омажена и во Струга Скопје, кадешто е доселена.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Една жена со војнички изглед, но со нежна природа, која се возеше до возачот, ѝ даде крпа и покривка, и ѝ направи место покрај себе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можам дури да потврдам дека тој гердан на вратот на Цвета Басотова во летните ноќи многу пати го имав видено населен со безброј ѕвезди!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Набргу умре и кожарот Аврам Сујак кој се зарази преку кожите. Плачеа луѓето: - Ете што ни направи кметот...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Во некои случаи можеби би била доволна некоја контекстуална студија на стиловите на дизајните и на нивната историја за да се расчисти мистеријата на нашите инстинктивни реакции кон поединечни предмети така што ќе се укаже на културните традиции на кои алудираат тие предмети, на родословието на претставувањата од кои потекнуваат и на мрежата од асоцијации на кои се надоврзуваат за да ги создадат своите значења и за да се здобијат со конкретните општествени значења што ги изразуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Темјанушката е ѕвездолик цвет со пет ливчиња чија што боја е производ на додавањето на црвената боја (бојата на бесмртноста) во сината.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој смета дека казнувањето на наркоманите во американските градови едноставно создава примамлив и опасен пазар кој се шири и вон границите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Од сето горе речено се гледа оти бугарските арнотии за нас Македонците ни најмалку не се разликуваат од српските, но затоа пак нѐ чинат стопати повеќе: 1/ за бугарското име што ни го подари Егзархијата82ние ги зедовме на себе сите добрини што се врзани со него и со кои се украси тоа име во најновата историја на Балканскиот Полуостров. 2/ за бугарските училишта и бугарското „покровителство” на нашите интереси ние немаме никакво сочувство од страна на Русите, не затоа што тие ги мразат Бугарите, а по тие причини што тие толку многу направиле за Бугарите, колку за никој од словенските и православни народи: излегува оти тие и за нас Македонците направиле многу и немало зошто уште нешто да очекуваме од нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
А дека тоа е така ме увери она додатно прашање што требаше да ги обезвредни сите размисли со кои заспивав и се будев.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во неговите подножја, на горниот крај на ливадите, се најдуваат Драмчески Извори, кои се излеваат направо во ливадите и на тој начин, излевајќи се во нив, ги прават постојано зелени и питоми, па жителите на Потковицата сиот тој предел, ливадите и нивјето, го викаат Питоец.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тоа беше една од оние слики кои се направени така што очите те следат кога се движиш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На прагот и во текот на Втората светска војна, условите за национално-револуционерна борба беа видоизменети.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Ракетните бомби трескаа почесто од кога и да е порано, а во далечината повремено се слушаа силни експлозии чие потекло никој не можеше да го објасни и во врска со кои се ширеа неверојатни гласини.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Потоа излезе за момент во тремот и донесе празна саксија.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Плугот заорал во камења, тули, пепел, пронашле и некои грнци, некакви бакарни гривни, други украсни предмети, пронашле и згура, што докажуваше дека некогаш, зад преградата од минатите векови, на ова место постоела населба во која се топеле и обработувале метали.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ова овде е најтивкиот дел од градот.. собата во која се сака и сонува мечтае и посакува...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Однадвор беше посакувана жена во која се загледуваа и оние кои сѐ уште не ја беа совладале азбуката на љубовта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јатката на моливот, сите мои копнежи и тајни ги пресоздаваше во зборови и таа нејзина дарба е дело на голем и свет оган, низ кој се топела и претопувала нејзината света твар, сѐ дури низ тој оган и самата не се пресоздала во мое сеќавање.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ретки беа јунаците како Скендербег кои се извишија од оваа протоплазма предупредувајќи го Западот за идните војни и немири, а опоменувајќи ја султанската империја во нејзиниот крај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За него баналното прашање за забраната на чувањето на козите во првите години на комунизмот се претвори во вистинско искушение, во прва пречка на која се препна и уште тогаш падна комунизмот, во немоќта да експериментира долго време со живиот живот...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Оригиналното езотеричко значење на темјанушката и до денес е сочувано во жаргонскиот израз „pansy“, со кој се означува феминизиран маж или машки хомосексуалец (егзотерички пандан на езотеричниот хермафродит или андрогин).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Си го замислуваше, најпрвин, семејството по патот на јагулите, макар што само тој можеше да си најде оправдување на ваквата споредба, која се двоумеше дали да ја сподели со новиот пријател.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се веруваше дека третото среде од трите средиња го означува центарот на светот, односно центарот на вселената, и се говореше дека токму во таа одаја паѓа идеалното среде на целата вселена, точката во која се сечат сите светови Божји.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Меѓу останатите законски опции, на вработените од фирмата, им 237 беше понудено да станат акционери во истата, односно да купат акции.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во согласност со потребите на образованието, дошколувањето или оспособувањето на работниците работодавачот има право работникот да го упати на образование, дошколување или оспособување, а работникот има право и сам да се пријави. (чл. 154, ст.4 и ст.2 од ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На 11 февруари се избира селанец, крал и кралица, и тие се главните личности на карневалската поворка која се организира на секој 13 февруари, а во неа учествуваат неколку десетини илјади граѓани сите во разновидни носии, кои може да ги замисли само голема фантазија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Можеби ќе станеше инженер или доктор, како нејзините полусестри кои се родија подоцна, а вака остана слепа при очи.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„За Клемперер“, вели авторот на критичкиот осврт Перковиќ, „јазикот е медиум со кој се инфицира злото откако некој смислено и намерно ќе го затрови.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Одот ѝ оставаше впечаток на помиреност со ситуацијата во која се наоѓавме и тоа подоцна сакав да го проверам, да го прочитам во нејзините очи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не беше безбедно во сој каков што беше Акиноскиот, целиот предаден на делото на Организацијата да влезе некоја којашто потекнуваше од сој како Вељаноскиот - мирни и уплашени луѓе и кои се држеа настрана од револуционерните вриења во Потковицата и во цела Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ѝ ги собуја со сила цокулите од нозете со кои се обидуваше да ги рита и ја турнаа право во скутот на Винстон, чии бутни коски одвај го издржаа товарот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Хиератички, ритуални кај него не се суштествата, туку формите, кои ја сугерираат сетилноста, јаснотијата и поврзаноста со среќните кукли, кои се појавуваат во неговиот свет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Европските писатели кои ѝ припаѓаат на модерната книжевност се инспирираат и се угледуваат на Едгар Алан По.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Човек, вели, има само три можности за проценка на човечкиот живот: проучувањето на самиот себе, најтежок и најопасен, но и најплоден метод; набљудувањето на луѓето кои се трудат да ги скријат од нас своите тајни или да нѐ убедат да поверуваме дека ги имаат; и книгите, со претпоставените заблуди што се јавуваат меѓу редовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тогаш тој едноставно постои во поврзаност со својата првобитна суштина и преставува неодвоив дел од природата, од која доаѓа и во која се враќа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ворхол со ова ја порекну­ваше идејата за забава околу која што е концентриран американскиот комер­цијален филм.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ова значи дека одредени говорници, оние извежбани во специјални техники - кои најверојатно се однесуваат на способностите на умот да комуницира со реалноста - се привилегирани да зборуваат со авторитет кој ги надминува границите на нивните лични искуства. (Parker ѝ Shotter, 1990, стр.7) okno.mk | Margina #4-5 [1994] 61
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Предводникот на другата група одел попретпазливо. Сакал нечујно да дојде до работ на шумата и потоа да ги постави луѓето во широка линија - првиот Онисифор и неговите луѓе биле терачи што ја преплашуваат дивината, вториот ловел без возбуда и пресметано можел да демне во заседа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Добивме и дипломи со кои се гарантираше нашата лојалност, потпишани од генерал Требаше наскоро да бидеме подготвени за постови на одбрана на земјата надвор, која внатре започнуваше да се распаѓа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас во Прилеп никогаш не сум бил, и дедо ми ми вети дека еден ден заедно ќе одиме за да ми ја покаже куќата во која се родил.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Второстепениот суд не може да ја преиначи пресудата на штета на странката која се жалела ако само таа изјавила жалба (чл. 362, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Камилски најпосле почувствува замор. Сите други во семејството беа дамна заспани.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но имаше кучиња кои не соработуваа со ветеринарот, кои го гледаа душмански или кои се преправаа и симулираа дека имаат некоја мака и невола и тогаш ветеринарот им ја забодуваше инјекцијата и тие по цел ден мирно спиеја.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Овие јазични практики воведуваат начини на зборување и пишување кои се сметаат за рационални, неутрални, и респектибилни, истакнувајќи ја довербата во авторитативниот опис и имперсоналното експертско мислење.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со текот на времето, со залетот на мислата и имагинацијата, својствена за големите автодидакти, размислувајќи за жилавото одржување и преживување на османско-ориентално-турските заемки, сѐ повеќе размислуваше да го заврши проектот за Историјата на Балканот низ падовите на империите, запуштен на времето, најмногу поради немоќта да се соочи со јаничарството и јазиците во долговечното османско владеење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имено, таа од 1997 година престанува да се води при секое засновање работен однос (наместо претходната одредба која пропишуваше вработување на неопределено време со полно работно време), при потполно губење на работната способност (наместо претходно непрецизираното губење на работна способност), при нејавување на покана од Заводот од неоправдани причини (во 1987 година условот беше двапати едно по друго да не се јави на покана да учествува на конкурс или оглас за вработување, без да извести за причините за тоа нејавување) и при започнување со земјоделска, сточарска или друга дејност од која се остварува приход во семејството кој просечно месечно не е понизок од просечната плата по работник во стопанството (наместо претходната одредба која бараше земјоделството да биде единствено или основно занимање на даден поединец за тој да биде избришан од евиденцијата).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
На другиот брег од реката, на падинките на ридот на кој се извишуваше Калето стоеја наредени, но разретчени војници со пушки.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Метеж од муви кои се намножуваат според геометриска прогресија.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И кога, еден ден, ќе исчезнат границите, а тие сигурно ќе исчезнат, веруваше Татко, ќе останат уште долго како линии на кои се пластел и ќе се одржува стравот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Назад десно, двокрилна врата, а лево соба подигната во која се влегува по неколку скали.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Во постапката за обезбедување судот може да определи само едно од средствата определени со овој или друг закон (чл. 9, ЗОП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ајде, Анка! Таа тргнува напред, кофата од бунарот полека се крева преку макарата по која се лизга сајлата, Пандил сега само ја подзема, ја истура на купот, јас ја враќам мазгата назад, рикверц, по истиот правец (мене ми се падна во дел оваа работа), кофата се симнува долу, Вангел ја полни, и пак сѐ одново.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Едниот е со широкополна сламена шапка, која се дига еден лакот над црната шапка на другиот, дебеличок, со пасторска наметка врз плеќите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Кон крајот на книгата, пак, е даден заклучок во кои се сумирани воочените проблеми до кои се дојде при истражувањето, како и предложените начини за нивно надминување. 15 3.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За ревизијата одлучува Врховниот суд на РМ – без расправа – и тој одлуката ќе ја донесе најдоцна во рок од осум месеци од денот на приемот на предметот во работа (чл. 373 и чл. 382, ЗПП).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Откако наидува на крајно непрофесионален, дрзок и игнорантски однос од претпоставените и откако увидува дека е изманипулирана и практично не постои можност за вонсудско решавање на спорот, таа – заедно со уште десетина работнички 282 кои се најдоа во ист кош, а охрабрени од позитивното искуство на некои работнички од истото трговско друштво, кои уште од порано се одважиле спорот да го решат по судски пат – решаваат, во јули 2009 – та, да поднесат колективна тужба против нивниот довчерашен работодавач.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Лелекот на селата го извлекол тогаш ајдутот Парамон од тајна пештера во која се криел а пред тоа со нож ја убил мечката што му се испречила на пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- А не ти пишало молба за да го родиш, му велат луѓето, кој се родил учен, бре Коте, му велат, а детето е уште мало за да знае и за да може да знае, му велат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нема патник што не ќе застане над мостот што ја минува реката Ропотамо, која се влива во Црно Море под самиот Созопол.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Бог да го бие Цукерберк Марк го направи фејсбук ко луна парк кој бил да моча, кој со кој се смувал дознавме дури и трава кој дувал
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Тој запре на следните општопознати заемки од оваа област како: алат, направа за работа, прибор инструмент (од арапски alat); бикчкија, остар чевларски нож за кроење кожа (од турски biki); казма, копач, лопата за копање (од турски kazma); токмак, вид чекан од дрво (од турски tokmak); фалака, валака, направа за мачење со која се врзувале и рацете на оној што бил осуден на казна тепање (од арапски falaka); чекич, чекан (од турски eki); ченгел (од персиски engel); алка (од арапски halka); бурма, прстен (од турски burma); и почесто со исто значење заемката чивија (од турски ivi); калем, молив (од арапски kalem); тебешир, креда (од персиски tebeir).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во тогашен Тунис, во кој завршуваше владеењето на еден од основачите на неврзаноста Хабиб Бургиба, но кој никогаш не ја прикриваше својата апсолутна приврзаност кон САД (крај работниот стол ја имаше сликата на тогашниот претседател на САД Роланд Реган, покрај онаа на Мандес Франс), новиот претседател Бен Али, по историската поддршка на раководството на Југославија, всушност ја добиваше и поддршката на неврзаните, која овие земји бездруго му ја должеа на Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко ми го замислуваше Чанга и како проклетиот балкански Сизиф кој се бори за козите, со тие бели камења на вечното уривање.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Преку сцената пат за Водно, покрај патот густо дрвје, од далеку се гледаат темноцрвени покриви од градските куќи и врвови од дрвјата, над кои се извишува скопското кале.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Кој? - Оној што се изгуби? - го потврди прашањето Маре, покажувајќи кон насоката во која се изгуби некогашниот затвореник, сегашниот студент и идниот уметник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Нов закон со кој се уредува материјата на инспекцијата на трудот е донесен во 1997 година.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Поита кон собата на Томо. Го виде како седи потпрен на креветот, со инфузијата која се цедеше во неговата рака, а пред него стоеше строен човек, завртен со грбот кон Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Избегнувајќи го директниот одговор, бугарскиот министер за надворешни работи започнал да ги изнесува проблемите со кои се соочувала Бугарија „за повторно добивање на својата независност“, со што го свртел разговорот на сосема друга тема.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Брзале, мислиш ги чека ан во кој уште од есенски ноќи крцкоти оган и во кој ќе сретнат луѓе што ширум го оделе светот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Само една огромна, до болка раззината ужасна глад, во тие испрекрстени писоци, пред кои се отвораше и молкнуваше целата Долина, сета ноќ, сиот свет, престорувајќи се во некаква бездна празнина, што не можеше дури ни да се одзвие, ни да одекне, ни да одѕвони.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За ваквото гледање на двата случаи веројатно придонесуваше и чудната композиција на возот што татнеше низ мојата глава, а во таа композиција вагонот што го претставуваше случајот на Загорка Пеперутката го гледав сместен до оној во кој се наоѓаше исчезнувањето на братучедот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Постоеја пространи простории во кои се складираа исправените документи и скриените печки во кои беа уништувани оригиналните примероци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сето ова и уште многу нешто кое до нас, за жал, допира пооредно или никако не допира, било или можело да биде запишано во тефтерот на господарите на Потковицата, Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во целата таа работа дури по неколку дена се запозна со Атина Димоска (официјално Димовиќ), познатата битолска шивачка, за која се зборуваше дека е вдовица и жена која многу добро си го познава занаетот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ни покажа еден отпечатен сепарат по кој се одвива реализцијата на рекреативниот центар. Тоа е нејзино остварување.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Најмногу страв ни влеваше легендата според која на самата граница на Езерото, длабоко во езерската вода, бдее голем подводен змеј кој се појавува секогаш кога се минува границата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не го виде бледото лице на Ѓорѓија, кој се сети колку пари потрошил на француски парфеми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Царот се викал Самуил. Во Охрид имал царски дворови, кои се наоѓале крај самото сино Охридско Езеро.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Лена, сѐ уште плачејќи, со одвратност зборува за својата мајка која се премажила за нејзиниот очув.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кутрото теле сѐ уште не знаело дека проблемот не е во боите туку во вратата која се отвара но може и да се затвори.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таквата метода би можела и да ја избегне спротивставеноста помеѓу нормалното и патолошкото врз која се потпира тој медицински, психолошки пристап – кој е столб и крепа на современата хомофобија.16
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Минував покрај витрините, моите прсти допираа украси од дрво, хартија и метал, алишта и покуќнина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Обла глаголица на мракот нели поминува сѐ, но копнежот - пејзаж кој се раслојува до бесвест - постои.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но импресијата и експресијата кај нашава поетеса не стојат во некаков јалов, одн. „школски”, коректен, корелативен момент од кој се забележува некаква „гола акрибија” или евентуален обид да се испроба вештината на „стилските вежби” во зададен поетички формат кој би бил самодоволен или „самозадоволен” од апсолвираната лектира...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Јас ќе се стресам: кај им ги носат нозете и рацете со кои се служеле дотогаш, господе?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се прави нетопот (една тенеќија, издупчена и свиена како корона, наресена со разни пари и мониста) и невестата се променува во особена кошула која се вика „црнетата“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ангели и црвени коњи едрат низ ноќното небо.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А кога виде нечии расечени прсти од кои се цедеше крв, назадечки замина.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Таа ноќ Џонс бил тој човек, измислувајќи систем од јажиња и чекрци со чија помош бил во состојба да се подигне себеси за да може да ги наслика горните делови од платното, кои инаку не можел да ги досегне.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бараките ги нема. Сега е рамница на која се вбиени колци и врз нив заковани подгниени штици.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Марија „крената на облак“ е Богородица на Вознесението и, навистина, како во традиционалните иконографии поврзани со Вознесението на блажената Девица Марија, „Големото Стакло“ е поделено на два дела, земен и небески: на горната половина, облакот со трите квадрати (облакот на Светото Тројство), ја прифаќа “mariee” или “Marie”; на долната половина паралелопипедот во перспектива (во средината се наоѓа Марија која се вознесува), потсетува на празен саркофаг од сцената „Вознесението на Марија“, околу кој се собираат сите присутни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Колективизмот е точката во која се судираат прогресивната филозофија, социјалната теорија и милитаризмот на современите држави.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Така бујниот Толе, притеснет од положбата во која се најдуваше, ги советуваше селаните да се спасуваат со гоштавање и придавачки, а сам во себе вркеше од гнев, сега не само на Турците, што си ги бранеа своите петвековни државни права, ами повеќе на Борисовци, Тренковци кои „дојдоа од џенемиите“ — од Бугарија — да ја запалат земјата и да го остават народот на милост и немилост на разјарениот душман“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се стрчувам по удолницата, исто како автомобилот, кој се симнал од тротоарот и си се возел сам удолу, поминал на другата страна од коловозот, се качил на тротоарот отспротива, ја срушил оградата и се паркирал во дворот на една куќа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На 13 јануари 1948 година, се одржа Првиот конгрес на НОФ, на кој се донесоа решенија македонскиот народ да ги стави на располагање сите свои сили во заедничката борба со грчкиот народ за ослободување на земјата од туѓите окупатори — англоамериканците и нивните домашни органи, за демократија и национална рамноправност, за братство и единство.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И на крај, мора да го нотираме фактот дека овој случај е и пример за несолидарноста и неединството на работниците во борбата за своите права – бидејќи, обесхрабрувачки делува податокот дека скоро сите членови на ИО на синдикатот кај работодавачот, за време на дисциплинската постапка која се водеше против Марковски, дадоа изјави пред директорот насочени против својот колега и претседател!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како последица на тоа просториите се зачадени, воздухот е загаден и има лоша, неподнослива миризба.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овие мрачни мисли беа прекинати од звукот на бродската сирена која се слушаше од блискиот Дунав.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Поради неговото намалување, организмот ни реагира: слично како што е со билките кои живеат покрај морето и кои се навикнати на јодните испарувања: ако тие билки се пресадат на друго место каде што нема јод - не можат да виреат, боледуваат, венат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На сликата се гледа дека тој е облечен во долго црно палто, кое се нарекувало фрак и дека носи една необична, светликава шапка обликувана како ќунк за шпорет, која се нарекувала цилиндар.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Првин, жителите на Потковицата си мислеа дека се свампирил пустиникот Акиноски и дека таков, повампирен, бара да си ја врати крвнината, макар и од погрешен човек, макар од кого ѝ да е, па престрашени ја избегнуваа гората, (дури и овчарите уште од зајдисонце се прибираа дома) а тој, Арслан бег, со пушката в скут, на коњ, со дружината по себе, акаше низ полето, но само од изутрина до навечер; и не одбираше ни од изорано ни од посеано, ни од ендек ни од дол, божем за да се сретне со него, со отворот што го галатеше, а всушност ги вијаше и ги поткупуваше воловарчињата и аргатите да извардат и да му кажат кој се крие зад гласот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Источниот крај на прилепската нахија е одвоена област со засебни планински граници, обрастени со големи борови и дабови гори, која се вика Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ивона, која навидум ги игнорираше зборовите на дамата, застана на црвениот сигнал кој се запали во нејзината глава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Навистина, бункерите имаа и друго што да бранат: нашиот прастар и автохтон идентитет, нашиот древен јазик, нашиот фолклор, нашето полифоно пеење, нашата изорана земја во цветни алеи и терасести градини, нашите фабрики во кои се произведува од игла до трактор, нашиот целосно описменет народ, ослободен од верското ропство, нашите задруги...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
КРАСТАВИ ЖАПЧИЊА (TOADS) Форма: одредени видови на жапчиња кои се убиваат и им се дере кожата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Имаше многу деца а имаше и еден син колку мене кој се викаше Камбо и кој подоцна замина со мене во партизани и ме спаси од стрелање.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Пожарниот се проѕевна и ѕирна надвор, кон жешкиот песок, а фигурата на креветот, која се викаше Ливајн, преврти страница и си ја поднамести перницата под својата глава.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Можеби причината беше немоќта да се создаде новиот идентитет на југословенската федерација на народи и народности врз хармонија на разликите, низ граѓанскиот демократски модел кој фаќаше корен во земјите во кои се урнуваше еднопартискиот систем, а не врз хиерархиска предодреденост на народите, врз потрага на конфедерален излез и други амортизери на монистичката исклучивост, која подоцна ќе мине и во националистичка еуфорија за владеење над своите и другите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имињата постоеја во нивната сегашност, миг кој се случуваше само сега и никогаш другпат.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Пишувајќи за животот на Делчев, писателот користи и повеќе познати анегдоти и духовити досетки низ кои се открива итроштината и неустрашливоста: излегувањето од опколениот град како мртовец, влегувањето во Солун кога е преправен во селанец чија кошница е полна со велигденски јајца, па како главен инженер за изградба на патишта, чуден трговец, или пак сцената кога седи и пие кафе со главниот скопски дервиш.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Неговата жена е Унгарка, забен лекар, со која се сретнал некаде на студии во Холандија, и со неа овде, во Уј, свиткал гнездо.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Лозан Перуника се разбудувал со чувство на доаѓање од свој вилает на кратко спокојство во туѓ атар, од возвишеност во свет на диви мириси и заканувачки гласови околу кои се протега на дива површина многубоен мов со змиолики пипала што се појат со супстанци на сѐ што дише и го одржуваат стравотниот живот врз туѓо уништување.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа го однесов во работните простории – во онаа во која се правеа предмети од дрво, па во кројачницата, во ткаилницата, и во собата во која везевме и плетевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Колку пати го следеше, во куќата крај реката, летот на галебите кои се враќаа кон морето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Наеднаш се размрдаа и се покажа учителот, кој се допре до Лангачот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во тој свечен чин на неможното, кога дури и кобниците ги забораваат проколнувањата со кои се родиле и со кои ќе умрат премногу изморени за да прослават еднаш во животот и благослов, во водите престануваат вражбите: над дебел опаш на видра се смирува рој бели рибички, водените полвови со очи ја пијат ѕвездената светлост: потоците ги појат разбудените коренчиња на дуњите и сливите, жугаат од нив сончогледи и пченки, и уште подалеку,
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Видов: Светлоста доаѓаше од многуте очи на Мортенија. Малите рефлектори личеа на волшебни кугли. Не трепкаа, си ја менеа само бојата.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Два дена подоцна Борхес беше погребан на тоа место, кадешто сега почива.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Убаво изгледаш“, ми вели задоволна и ме поведува кон следната одаја, во која се влегува низ ниска, но дебела дабова врата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Сѐ завршуваше совреме што од страв дека ќе се оствари идејата за големата и едина љубов што по сила на обврските и жените вешти во обезличувањето на иднината или со благословот на неповторливото - како што би рекол еден од нејзините пријатели односно, оние кои се повеќе од тоа.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Притоа, за него е суштествен еден поим кој го осветлува рационалниот аспект на човековото знаење - телеолошката заднина, „односно рамката определена од интернализираното знаење која служи да ги определи и одобри активностите на поединецот соодветни на целта и на хиерархизацијата на активностите”.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А исто така и Анко кога го најдоа умрен во бунарот пред куќата во која се криел.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
6 Во окото на камерата се сместени крајбрежните трски, мирнотијата на водата, мноштвото јата од разновидни птици, островот Свети Ахиљ и ѕидовите на големата, некогаш прекрасна катедрала во која се молел царот Самуил и неговите воини, високите езерски камени бели брегови во кои сѐ уште се сочувани пештерските црквички и келиите на калуѓерите- испосници и иконата на Света Богорица насликана на карпа сто метри над езерската вода.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- Ги пребројувал своите луѓе. - Земете ги чеканите и лостовите. Ќе почнеме.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Имено, правното лице од горенаведените дејности може да ги исплати месечните аконтации на чистите лични доходи по работник најмногу до правото утврдено во закон 7 за периодот септември- ноември 1990 година, зголемен најмногу до 90% од растот на исплатените чисти лични доходи по работник во стопанството за последниот месец за кој се објавени податоците од Републичкиот завод за статистика во однос на просечниот месечен чист личен доход по вработен во стопанството за периодот на септември- ноември 1990 година (чл. 1, ЗИЛДДЛПР/91).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
КД = Командитно друштво КДА = Командитно друштво со акции КЗ = Кривичен законик на РМ (Сл. весник на РМ – 37/1996 и 80/99, 4/02, 43/03, 19/04, 81/05, 60/06, 73/06, 7/08, 139/08, 114/09) КП = Казнено-поправни КПУ = Казнено поправна установа КПУЗ = Казненопоправна установа – затвор КСОМ = Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија 315 МВР = Министерство за внатрешни работи МГУ = Московски Государствен [државен] Универзитет МЖ = Македонски железници МЗТ = Металски завод „Тито“ МК = Меѓуресорска комисија МКД = денари ММФ = Меѓународен монетарен фонд МО = Министерство за одбрана на РМ МП = Министерство за правда МТСП = Министерство за труд и социјална политика МЦ = Медицински центар НБРМ = Народна банка на Република Македонија НВО = Невладина организација НКД = Национална класификација на дејностите НССПЖМ = Независен синдикат на сообраќајниот персонал на железничарите на Македонија НУ = Национална установа ОЈО = Основно јавно обвинителство ОКДЈС = Општ колективен договор за јавниот сектор на РМ (Сл. весник на РМ – 10/2008) ОКДС =Општ колективен договор за стопанството на РМ (10. VII.2009) ОП = Општествено претпријатие ОС = Основен суд ПЕ = Подрачна единица ПИО = Пензиско-инвалидско осигурување ПЗУ = Приватна здравствена установа 316 ПС = Полициска станица ПТ = Пречистен текст [на закон] РЕ = Работна единица РЕК = Рударско-енергентски комбинат РМ = Република Македонија RLF = Rosa Luxemburg Foundation (Фондација „Роза Луксем- бург“ – Берлин, Германија) СИЕР = Синдикат на индустрија, енергетика и рударство СОНК = Самостоен синдикат за образование, наука и култура на РМ СРМ = Социјалистичка Република Македонија ССМ = Сојуз на синдикатите на Македонија ССП = Средна стручна подготовка СТД = Самостоен трговски дуќан СФРЈ = Социјалистичка Федеративна Република Југославија ТД = Трговско друштво ТП = Трговско претпријатие Трег. = Трговски регистар УБК = Управа за безбедност и контраразузнавање УИС = Управа за извршување санкции
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Попладнето - марш на ново одредиште. Во земјанката прибрани и стуткани еден до друг, потпрени на замрзнатите ѕидови од кои се цеди вода, гледаат во малиот жив оган.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се чувствуваше како во луда трка по туѓите заемки кои се криеја во редовите на страницата на книгата, на моменти се чувствувал како со перото меч ја разбива пајажината во која се криеја старите зборови, со веќе потрошено значење, според многумина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Четвртата измена и дополнување, од декември 1999 година, повторно вклучи одредба со која се прецизираа роковите (веднаш, но не подолго од 30 дена од влегувањето во сила на овој закон) во кои корисникот на попустот има право да го исплати целиот остаток од продажната цена на акциите, односно уделите.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ги слушав законите кои се постари од вашите кои ги заповедате денес: го закопав синот на мојата мајка и посрамотено ли е моето име поради тоа?
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
3 За времетраењето на спорот не беше изречена никаква „времена мерка“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Одам по долината и додека таа се шири за нови чекори сонот ми се згуснува за нови возбуди во стари непреоди во кои се оди долго.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Таа нова кујќа е една долга барака во која се чувала стока: во еден дел свињи, во друг краби, а имало и дел за коњи кои служеле за орање и влечење запреги.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во анализите ќе упатуваме на членот од дотичната измена и дополнување со кој се изменува, дополнува или заменува матичниот член од законот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Така наредени ги наведоа главите во знак на понизност а кадијата излезе пред Ајша, која се тргна од вратата и достоинствено испушти: – Што прават моите самовили?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Јас ги поттикнувам да зборуваат за своите проблеми, преку слободни асоцијации, низ спонтан разговор, за да можам да стигнам подалеку од симптомите на нивната болест – до траумите од детството кои заедно со примарните нагони се закопани во нивното несвесно, и така да дојдам до вистинско разбирање на нивните болести и до излекување на пореметувањата кои се јавуваат кај нив во процесите на чувствувањето, мислењето и однесувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Невработените лица кои можат да бидат вработени за да се уживаат поволностите од овој закон се следните категории невработени лица: а) невработените лица кои се евидентирани како невработени најмалку една година; б) невработените лица на кои им престанал работниот однос со отказ поради економски, технолошки, структурни или слични промени; в) невработените лица на кои им престанал работниот однос поради стечај; г) невработените лица – корисници на социјална парична помош и д) невработените лица со психофизички недостатоци (чл. 3).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Сега, меѓутоа, концептот за човековото братство почна да бидува напаѓан од луѓе кои сѐ уште не беа на власт, но кои се надеваа дека наскоро ќе бидат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Султанот Абдул Азиз кон крајот на XVIII век испрати ферман во кој се вели: „По барање на муслиманското и на православното население на градот Белград Арнаут (Берат), наредувам да се подигне црквата Свети Митри во центарот на овој град”.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Прашањата од нивото на свесност ја охрабруваат индивидуата да го изрази и да го определи значењето на правците на развој кои се случуваат во нивото на акција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За умрените се дава на живи разни предмети и продукти да им се најде на тој век сереј — волната кога ќе се попари пушта жолта течност која се зика „сереј“ симсиле — род, потекло синдилија — кременисување од високо, паѓање, несреќен случај синдрак — синко (аугментатив од син) синија — софра, трпеза сињелко — господ кој се наоѓа на синото небо скипне — догорува оганот, скипнува сонцето, животот на човек кога умира скисна — ми се досади скопец — женски накит од сребро или бакар подресен со пари или трепки скорнам — разбудувам, дигам некого од место скубам — пасам трева слеа се — се стопи како восокот што се топи слог — нива слог сповојница — веселба по повод на новородено дете српјановец — рид над селото Витолишта сртам — висам, се врткам околу тебе срчка — види срдешница срџба — лутина ставам — се сретнав со тебе се ставив со некого, 2) Станувам од место старавински — од село Старавина стегната рака — скржав, стипца, циција стигна — роди, се породи жена стопанот — мажот, сопругот страк — парче борина странам (дрва) — редам дрва или друго нешто за товарење на добиток стрелушам — се потплашувам струнено — тканина или плетена врвца од козина суварија — турски жандар, коњаник сугарен —доцна, поназад.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но зарем вредеше да се разурне таа армија од наредени карти врз катедрата пред која се изнесуваа големите хипотези на надворешните сили кои од сите страни демнат да ја разединат и уништат Југославија, версајската творба според јакобинистичките замисли на францускиот претседател Жорж Клемансо.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Штотуку го уби коњот, кога, гледај чудо, овој се преобрази во принц кој, да не беше јунаковата послушност, ќе мораше засекогаш да остане бедно истрошено коњче. 18.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ги чувствувам и оваа ноќ твоите огромни дланки, на кои се подавав целата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Немаше зборови, само блажена насмевка која се дарува на некој што се чека.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Озгора од куќата своја, го гледаше сето село како на дланка, гледаше сѐ што се случува во него: во која куќа наутро најрано станале, во кој двор се трча да се фати кокошка за колење, кои жени, уште недорасонети се караат преку плотовите; кои луѓе не си ги користат домашните алиња, туку клечат зад копите и гаждарињата во дворот и бавчите; кој уште пред да зазори, како гробник, како волк, бега од некоја куќа и се провира низ плотовите за да не го видат кај која ороспија преспал ноќеска; на кои чардаци што се суши; која се потпалила, која се препокрива, која се довршува, кој последен излегува од кафеаната и го бара патот за дома, кој влегува и излегува од селото: за добро, за лошо.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тие нешта тој ги опиша во една книга во која се обидуваше на сѐ да се насмее и да заборави.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Чекорот што нѐ води од семантичката идентификација на „глава/сад“ до алхемиската равенка „глава/ алхемичарски сад“ (alambik, vas hermeticum) мошне е кус, и повторно Јунг ни помага да го совладаме, укажувајќи дека „главата или черепот (testa capitis) во сабејската традиција служела како сад во кој се извршува трансформацијата“.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Патеката водеше до колибата на дедо Иван, која се наоѓаше во слична долинка, каква што беше Гоговиот Валог, само што беше помала и низ неа не течеше поточе.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По ова започнува процесот на имплементација на Рамковниот договор кој се одвиваше со поголеми потешкотии и интервенции од меѓународната заедница.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во однос на состојбата во која се наоѓале партизаните Ламби ќе истакне “во ова време ние бевме ограничени да јадеме сѐ што ќе најдеме во шумата, желки, листови од бука и др.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Таа беше само едра капка вода, која се тркалаше по градските сокаци.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како музиката да беше некаква течна материја која се разлева по целото негово тело и се меша со сончевата светлина што се цедеше низ лисјето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во нашата земја на естетократија - не знам што се случува на други места, несомнено истата работа, но, убеден сум, не во истата мера - сѐ што се гордее со тоа дека му припаѓа на владеачкиот сталеж се повикува, пред сѐ, на добриот вкус, елементи на самосвест 5 на убавиот говор, на убавото пишување. Margina #32-33 [1996] | okno.mk МАРГИНА
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога една смрдлива смеса може да има вкус на извонреден шери, од каде знам каков вкус има префинетиот драј шери, или што и да е друго?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Збровите со кои се трудеше да ме одбраниш умни ти беа, батка, и добро обмислени.: „Афериве што се обидуваме да му ги припишеме на наш Боге, тврдам јас, се обични скалила од чад по кои се обидува неговото машко его да се покачи повисоко од другите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Долната усна ѝ беше повлечена малку навнатре и секогаш влажна од истурените заби: носот грбав, кожата навистина свилеста, но со боја на шафран: а очите скоро белузлави од тенка синевина, со шарен темен обраб, кои се повлекуваа негде длабоко, викајќи те од далечина.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не можеше да ѝ се изнагледа на трафиката во која се продаваа толку многу запалки, начичкани една до друга.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тие гледаа дека сум многу несреќна во околностите во кои се наоѓав, најмногу заради моите цивилизациски потреби за окружување со повисока интелектуална конфигурација.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ландер, кој е Канаѓанец и кој се опишува себеси како „недокториран докторанд“ што живее во Лос Ангелес, има да каже разни занимливи и забавни работи за прашањето зошто таквите луѓе ги привлекува иронијата, зошто иронијата има толку значајно место меѓу работите што ги сакаат белците.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Понекогаш ја забележував и јас како, небаре сениште, истрчува од пештерата и трча кон прнарите во кои се вовлекуваше и исчезнуваше.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ремзи Прнаска, професор на Универзитетот „Сорбона” „Drita” Tirana,10 maj 1998 Сосем е природно, за книжевната критика и странскиот читател, романот Времето на козите на Луан Старова да биде разбран како гротескна алегорија против диктатурата која се потпираше врз насилничката идеологија, алегорија која истовремено се потпира врз балканското битие.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зборот маало, мало (со потекло од арапското mahalle), ќе биде забележан како една од најраспространетите и најрано запишани заемки, која се употребува и во денешни дни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа беше неговиот водечки глас на старата трогласна полифона песна од родниот крај која најчесто ја пееше и преку која се чувствуваше најблиску до своите преку границата, како да ги довикуваше со својот осаменички глас.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа е центарот, од кој се делат улиците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во врска со парите, Камилски забележа и неколку турцизми што означувале разни предмети во кои се носеле и се чувале парите, како на пример: ќесе, вид паричник (од турски kese); ќемер, намерно сошиен појас со прегради кој се носел и директно на телото, под облеката (од персиски kemer); арч, арџ, трошок (од арапски har).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Впрочем, денешните припадници на македонската „судиска каста“ и нивните спонзори, патрони и подмитувачи, не сакаат да ги симнат матните фикции во кои е обвиткан пишаниот закон – а зад кои се крие „правото на посилниот“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Се случуваше, братот, педијатар, најчесто доаѓајќи за да си ја види својата мајка, да прегледа или да упати на натамошно лекување и неколку маалски деца од најсиромашните семејства кои се наоѓаа на списокот на добрината на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И ние, децата, иако наведнати врз отворените тетратки и книги, божем внесени во домашните задачи, ја очекувавме Татковата порака, пресудата која се сведуваше на еден од двата прости збора: остануваме или заминуваме!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Рекламите насликани директно на ѕидовите „преземаат“ цели згради, се прошируваат и преку рабовите на зградите, за на крај да ја проголтаат целата зграда.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Но, додека Монтескје грижно ги чуваше разликите меѓу позитивните закони и универзалните начела на правдата, Хердер сметаше дека ништо не ја надминува мноштвеноста на колективните души: сите наднационални вредности - правни, естетски или морални - лишени се од својата врвна власт. 21 Хердер има тенденција да стави точка на онаа древна заблуда на разумот што се состои во стремежот човечките дела да се истргнат од нивниот контекст и да се издвојат од околината во која се произведени за да може да се просудуваат соодветно на вонвременските критериуми на Доброто, Убавото, Вистинитото.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Оние мини сигнали кои по невидливите мозочни бранови луѓето секојдневно несвесно си ги упатуваат едни кон други, се послаби по интензитет од оние кои се праќаат со длабока концентрација на умот, медитацијата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Меѓу оние најхрабрите, кои се одлучија за прифаќање на франшизата, се најде и Јаневски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Начинот на употреба - испечатен на лист во коверт од кој се смее неговиот лик. И со златни букви е испишано: „Лечам од сѐ, освен од љубовна болка“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но ако моите алишта ме служеа таа година доста добро, чевлите ме изневерија, баш во првата пролет, која се погоди врнежлива.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Имаме значи предочување на персонажа што персонифицира профил од балканската почва, во која се втиснати бројни тајни на страдањето: „...во тие бујни, побелени коси се криеја големите архиви на балканската историја на нашето семејство во егзил” – бележи авторот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)