кој (зам.) - никој (зам.)

Кире беше единаесет години. Дете на кој никој не обрнуваше внимание.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„Се зборува дека наскоро ќе нѐ собираат нас Евреите и дека ќе нѐ однесат некаде, на пат за кој никој не знае ништо”.  „Тоа се глупости, народот денес сешто зборува”, рече мајка ми со слична решителност.  „Можно е”, одговори по подолга пауза таткото на Рашела.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тука сѐ така се испреплеткува, та се чини дека владее кошмар и дека сè се сврзало во некаков јазел, од кој никој никого не може да одврзе. Но не и на пладне.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Сакам да ве прашам, зарем толку многу ве фасцинира тој медиј за да вложите сега веќе неколкугодишен труд за кој никој никогаш не ви дал ни пара - напротив, знам дека делумно сами ги финансирате филмските проекти -, а сѐ што ви дале, МТВ, А1, се изразито лоши продукциски услови?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Нерешително стоевме пред вратата на една од адвокатските канцеларии, во која никој никогаш не влегуваше, и под чија наполу избришана фирма „Адвокат“ стоеше мала пожолтена хартија со дополнување: „Поморска шпедиција - застапник“.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Двајцата го знаеја секој пејач - мислам пејачите за кои никој порано не чул - и постојано ги обиколуваа продавниците со плочи барајќи некои стари или приватни изданија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ги прекри сите оние ѕидови што се распаѓаа со различни делови од сребрена фолија.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој имаше голема колекција оперски плочи, мислам дека Ондин го вовлече во тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
А беа тоа немирни балкански времиња, времиња на вистински потреси во земјата на кои им се надоврзуваа силни потреси на луѓето, ментални, психички и какви уште не други кои, како проклетство, се испраќаа кон границите на тој клет простор во кој никој не сакаше да биде оној другиот, од другата страна на границата, во проклетството на делбата преку која секој, макар и род да беше, се гледаше како непријател...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Со енергијата што му преостануваше, ги читаше своите книги, според последниот распоред што си го беше замислил за до крајот од животот, а за кој никој не знаеше, освен Мајка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Со тоа, се чинеше, наслебата поделена на два дела, на христијански, што го чинеа потковичаните и Акиноските, и на турски, што го чинеа чифлизите, дефинитивно го доби својот ропски изглед и дефинитивно го заживеа својот мирен ропски живот, на кој никој, ниту поробените ниту, пак, поробувачите не можеа да му го предвидат крајот, па, упатени едни на други, заеднички го изградуваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вистини и тајни на светлоста на денот што не се драги, и за кои никој не сака да слуша.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
И јас на масата најдов уште две ливчиња од претсмртното писание на отец Мида, за кои никој не знаеше дека постојат, оти сите мислеа дека Мида умрел на половина сочинение.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Набргу Калифија-Рајс го започнала процесот на преминување од женско во машко. ‌Во меѓувреме, Мет Калифија-Рајс, кој сакал дете, а не верувал дека ќе му дозволат да посвои, неколку години не можел да прима тестостерон поради несаканите дејства, какви што му биле заслепувачките мигрени.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеби тој импулс му го зацврстила поддршката што ја добивал од „своето и од семејството на партнерот и од стрејт-соседите“, која шокантно спротивна на згрозеноста што ја изразиле „на интернет неколкумина хомофобични ОЖМ кои се идентификуваа како стрејт и кои почнаа да му се обраќаат на Мет со женското име, затоа што вистинските мажи не затруднуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Нѐ сметаа за педерски/лезбејски пар, а не за двајца геј-/би-мажи чија врска е тато/момче, како што гледавме на себе ние“ (48).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Синот на Патрик и на Мет се родил година и пол потоа (48). ‌Тешко е да се замисли понастрано семејство: двајца истополови родители од различни генерации, кои создаваат педерастична двојка; обајцата се мажи, но ни едниот ни другиот не се родиле како машки; еден од нив раѓа дете откако преминува од женско во машко, а син им има тројца можни биолошки татковци, од кои никој не може да се идентификува со сигурност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Лекарите му рекле дека сѐ уште било „биолошки возможно“ да зачне и да роди бебе, па двојката нашла „тројца што нѐ сакаа, но не сакаа деца“ да донираат сперма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Костумите во неговиот плакар, го загубија редот, на пријателите околу себе можеше да им понуди само огорченост која никој не ја сакаше, така што тие почнаа незабележително да го избегнуваат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Разменуваше малку зборови со мама, прашуваше дали е сѐ во ред со нас децата, со домот, а потоа ќе го земеше „Талмудот“ и, седнувајќи што подалеку од другите, тивко почнуваше да чита на хебрејски, јазикот кој за него беше свет, а кој никој од нас, неговите деца, не го научи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Оние за чиј престој плаќале нивните роднини, работеа едноставни работи – везеа, шиеја, плетеа, правеа таписерии, а во машкиот дел – правеа вештачко цвеќе од хартија и фигурички од дрво.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Освен што доктор Гете ја сметаше работата за лек, таа беше и начин да се наполни касата на Гнездо, затоа што таму имаше многу луѓе за кои никој не плаќал.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Нашите родители, доаѓајќи во Виена, имаа решено, како и многу други Евреи во градот, да им го пренесат еврејството на своите деца само преку крвта, но не и преку религијата; се надеваа дека тивката асимилација и сочувувањето само на невидливите белези на нашето потекло – оние кои се во крвта - ќе направи да бидеме рамноправни со останатите граѓани, а самите тие остануваа во својата вера онака бесшумно како што татко ги изговараше зборовите додека гледаше во „Талмудот“.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Еве седма година како лежам во постела дамлосан во сон од кој никој не може да ме разбуди.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Секој од нив имал свое стебло под чии длабоки корења издлабил легло врз црна, од распаднато месо мека земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Затоа и трите букови стебла биле највисоки во шумата на која никој немал тапија, ни везир ни валија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Одбери таква задача од која никој од нас нема да се врати жив.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Инаку, сите постилавме јамболии во конбинованата соба, во која никој жив не влегуваше ама вратата секогаш беше отворена за да се види високиот сјај на витрината.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сè додека, непрекинато искачувајќи се, не излеговме од облакот кој остана под нас, а луѓето во Париз и понатаму не можеа да нè видат поради таа завеса од чад, а ние се пробивавме низ чистиот и блескав воздух на височините.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа го водеше за рака низ големиот и мистериозен лавиринт на таа затворена општествена заедница, во која никој не би се осмелил да се јавува по телефон на полноќ и да ја бара жена си.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И тоа беше еден вид луд заговор во кој никој неупатен не можеше да се сомнева, зашто секој од нас, повеќе од кога и да е, ѝ остана верен на тајната.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сонуваше нејасен сон во кој ја виде Марија во раскината венчаница испрскана со крв и се разбуди со страшна увереност дека повторно го напуштила, оставајќи го сам во тој голем свет, овојпат засекогаш.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Единствено што можам е да ги слушам знаците на судбината и да ги користам како добродетел кој никој друг не може да ми го даде.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Липав за сите Баби со тешки товари во корпите, за Тетките со сини измастени пликоа во долги редици пред поштите, за Таксистите на црно кои со инспекциите и патарините се расправаа, за Циганчињата на Камениот мост кои просејќи умираа за нивните родители да живеат... за кои никој не собра заедничка сума, затоа што на родителите, законски не можеа да им се одземат...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Каков кошмар се најавуваше, а во кој никој не веруваше, посебно идните амбасадори, последниот ешалон на земјата која на крајот на нивните мандати повеќе нема да постои!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Продолжував да читам во отворената книга на која никој не ми обрнуваше внимание: Војникот го означува најболниот белег на варварството кој опстанува меѓу луѓето!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Раскажуваа, на моменти со носталгија и незадржлива патетика, на моменти со занес, од кој никој не сакаше да ги оттргне.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Климент Камилски со нетрпение ја очекуваше Татковата посета на неговата тајна библиотека за која никој друг не знаеше во градот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во неа Богдан Русимиров откри жена со карактер, стамена и угледна госпоѓа, со шмек во работата и со наследена, класична култура на однесување, жена во која никој не би се посомневал дека таа би можела да биде внесена во толку сложена и чувствителна дејност.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Така ми велеше и ме прашуваше загледана во мене со широко отворени очи (така ми се чинеше во ноќта во која ништо не можев да видам, во која никој не можеше да ме види) поткрената на прстите за да може полесно да ми се вџари во очите (сигурно ѝ се чинеше дека така ќе го направи тоа), да го открие одговорот пред да изустам, пред да ѝ кажам кој сум.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Не е фер ќерката на еден полковник на гардата да оди на годишниот бал со некоја зелка која нема ни ден гардиски стаж и чкртка текстчиња за публикации кои никој не ги чита.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Се разбира, првин си ја зела врската со клучеви од напуштените куќи, потем посребреното огледало од својата мајка која никогаш не ја запознала, но на која често ѝ зборуваше на својот јазик на молкот, преку огледалото, потем малиот ковчег од чеизот, кој никој не знаеше што чува.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Почетниот заплет на филмот е во следново: Да ги зароби руските шпиони по кои трага, CIA го измислува својот непостоечки агент по име George Kaplan, за него резервира хотелска соба и возни билети, ја дава облеката на чистење, нарачува телефонски разговори и т.н., за руските шпиони, од кои никој не го видел, да поверуваат во неговото постоење.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ако погледнеш од горе, гледаш само црневица од забрадени, бабуњосани, свиткани и стуткани сенки како врват со наведнати глави и со одвај видлив чекор, една до друга покрај казаните и, без да погледнат во чинијата, во војничката наполу ‘рѓосана порција, во бакарното котленце, во исчаденото тенџерче, во лименката од празна конзерва, тргнуваат со уште порастреперен чекор кон своите рогозини во старите италијански коњушници во кои никој не успеа да го сотре мирисот на коњската моч.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Задуман на чардакот Преспанецот одвреме-навреме ќе фрли рибарски мрежи и во нив наместе преспански крапови ќе фати троа носталгични препелкања од кои никој ниту видел ниту ќе види фајде.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Вие знаете, иако сте деца, дека имате другари, имате познаници на кои никој не им верува.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Останав сираче на четири години. За мене доаѓаа тешки мигови во кои никој не можеше да ми помогне и да ме сфати.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Едно време Дена фати на секои пет минути да прашува кога ќе стигнеме во тоа наше Маврово, па што има таму, па како е таму, па зошто е, па кој живее во таа наша куќа кога нас нè нема, и сè некои такви досадни прашања, на кои никој не ѝ обрнуваше внимание, па сите одговори ги очекуваше од мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа беше мала лани, кога прв пат Тета ја однесе во Маврово, и ништо не паметеше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)