кој (зам.) - ние (зам.)

Но, има еден одговор кој ние многу потребен,како насушен леб, а тоа е следново: Нашиот македонски народ има потреба да направи историски чекор кон новата културно цивилизациска парадигма со цел да се креира одржлив општествено економски и технолошки систем, на тој начин осигурувајки го својот културно цивилизациски ОПСТАНОК.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ликот на нејзината душа ѝ се одразуваше во очите, во кои ние децата јасно го читавме нејзиното расположение.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога ќе напаѓаа големи снегови, по кои ние израс­навме, секогаш гледавме во нив да не ги откриеме трагите од копитата на козичката Мила, која сигурно го бараше учителот, неговите деца, сите нас од времето на козите...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Инаку јас и таа во животот на многу пати се имавме фрашкано со "горешти погледи" ; жена ми ја спасија од нашиот грев само предрасудите со кои ние луѓето живееме.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Ако го исклучам машинистот, другите, особено двајцата од Пустенец, маката ги научила на една, според нив, вештина, која ние најстрого би ја осудиле, а тоа е уцената.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тие го толкуваат она што е оригинално „дадено”, на начини кои ние возрасните некогаш сме ги употребувале, но сме ги заборавиле.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Негацијата е барана од другите: таа е дел од трансперсонален конспиративен систем, преку кој ние се конформираме со останатите и тие со нас.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И оние за кои ние не постоиме, не постојат, и ако ние се прашуваме, и не треба да постојат.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Го тераме да се качува на оние дрвја на кои ние не можеме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Да не да ѝ додаваа нови стебла на гората, да не му додаваа нови ѕвезди на небото?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Стои тој во сенката на големото име на својот народ, знае: полека мелат божјите воденици, побавно штрака штичката над левакот, полека се истура плодот врз каменот, и знае тој дека при ова се вели: дајте да запееме за поголеми нешта, да ѝ запееме на семенката, на 'ртулецот да им запееме, на она кое нè продолжува да му запееме зашто тоа ги содржи сите облици низ кои ние, нивното потомство минуваме.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Има луѓе за кои ние другите ишто не знаеме.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
„Кодот на клиентот е сместен во специјален чип; Освен СИПИ, за кои ние во бизнисот не сакаме многу да зборуваме, нема друг начин да се открие твојата фраза.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Мораме да се бориме и против длабо­ кота привлечност која за нас ја има агонијата на капиталот, против инсценацијата на сопствената агонија која што ја приредува капиталот, а во која ние сме вистинските смртници.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Тоа е таа стојанхристовска насока, која ние сакале нејќеле сме должни да ја регистрираме и внесеме во нашата литературна наука, во практична употреба.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сликата за философијата како пионер е дел од логоцентричната замисла за интелектуалната дејност со која ние како фанови на Дерида не би требало да си имаме работа.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Таа се храни со своите жители и со сончева светлина, пие од водата, од дождот, која ние еднаш веќе сме ја пиеле.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А можеби, заради мојата приврзаност кон брат ми, ме мразеше мене затоа што беше немоќна да ја мрази онаа заради која нејзиниот златен Зиги се одвојуваше од нас; тој започнуваше друг живот, градеше нов свет во кој ние можевме да бидеме само попатни минувачи, во нашиот свет тој сега избираше да биде само гостин, а мојата мајка, ако ја замразеше Марта Бернајс, не можеше ништо да ѝ стори, отровот кон љубената на брат ми никогаш не би стигнал до неа и би останувал во мајка, и затоа ме избираше мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не го гледав она што некогаш толку силно копнеев да го видам; меѓу моите очи и Венеција паѓаше онаа завеса што со годините станува сѐ понепроѕирна, сѐ потемна, а која нѐ дели од сѐ она што е околу нас, па ни се чини дека и она што ни е и на дофат на раката му припаѓа на некој друг свет, свет кој не ни припаѓа нам, и во кој ние не припаѓаме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така ми се чинеше, а можеби грешев додека се обидував да си ја објаснам тегобноста на моето постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На секои неколку чекори Сара нѐ замолуваше да подзастанеме, не затоа што ѝ беше тешко да оди, туку затоа што сакаше да се загледа во оние нешта покрај кои ние минувавме без да ги забележиме, затоа што беа дел од нашето секојдневие: мајка и дете седнати на клупа им фрлаа трошки на гулабите, сликар стоеше покрај штафелајот и сликаше една бреза, девојка водеше под рака слепа старица и ѝ раскажуваше за светот што се пружаше околу нив, две деца копаа во земјата со рацете а нивниот татко читаше весник и не забележуваше како тие пронаоѓаа црви, млад човек се беше сместил како на фотеља на гранката на огромниот даб и потсвирнуваше, момчиња играа со топка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми предложи да се качиме на гондола. „Не,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Колку многу среќи на едно место,“ рече Сара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Така се обвистини приказната што со занес ни ја кажуваше нашиот другар, а во која ние не верувавме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Арнотија ли е материјалната помош од Бугарија за воставањето, кога таа поддршка само нѐ натера да си ги расфрлиме народните сили, со кои ние бевме силни, а сега сме ништо?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секој од нас ќе забележи оти тие луѓе, за кои ние знаевме само од книга и ги знаевме како луѓе што сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за пријатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покровители, не затоа што сме ние Грци, или Бугари или Срби, не зашто се грижат за некакви општонародни интереси во кои влегуваат и нашите, не зашто сакаат да поможат и да нѐ избават нас, а само со чисто егоистички цели, т.е. тие го експлоатираат тоа што ние се викаме со нивните народни имиња и сакаат, врз основа на постоењето на тие народни имиња во нашата татковина, да ја зголемат својата татковина, да ги обезбедат своите интереси со завладувањето ако не на цела Македонија, тоа барем на голем дел од неа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но и притоа се надевам оти за Македонците ваквиот јазик ќе биде попријатен и позвучен од јазикот на нашите соседи, со кои ние сега-засега се дигаме наголемо.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Обете приказни ги илустрираат начините на кои здравиот разум нé наведува на заклучоци кои што не се во склад со начинот на кој ние мислиме дека светот треба да работи - начини што 94 okno.mk се темелат врз верувања што ние сме ги создале преку животното искуство на набљудување.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Прачката пак беше Штафетата на младоста, која ние реакционерно ја преименувавме во Паштета.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
И шампанско по цена со која ние ја плаќаме водата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ние истражуваме алтернативно разбирање на говорот како динамично соединување на состојбите на телото што обезбедуваат социјален модел во кој ние живееме како човечки суштества.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тоа чекање навистина завршуваше со успех на кој ние децата не се радувавме премногу, ами олеснето потрчувавме по ластик или топка.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Таа за човека може да биде и природна, но може да ги има и сите обележја на болест од која ние само инцидентно ќе можеме да се излекуваме, но во процес на внатрешно зреење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Никогаш не можеше да се радува на начинот на кој ние сакавме да ја предизвикаме нејзината среќа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ретки се оние кои на било каков степен не ја почувствувале жедта за моќ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајка речиси несвесно, несетум ја симна врската клучови од вратот, држејќи го во едното крило своето најмало чедо во студената ноќ.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тогаш Мајка, чекајќи го Татко, уште еднаш се најде со своите чеда пред затворената врата на судбината, откако ја минавме среќно границата испишана под водата на езерото и според сказните во кои ние децата верувавме дека била чувана од триглав змеј, кој се будел на секое минување на границата и ги повлекувал барките на дното, веруваше и сега, како и тогаш, кога ги искажа сите молитви од дното на душата, дека Бог и овој пат е на страна на мајките кои тој ги испратил за да си ги спасуваат своите чеда.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште еднаш ме измами некоја сила од некој кој ние не му го знаеме местото и големината или некоја сила што и без наша волја се создава во нас и не фрла од кошмар во кошмар .
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Можеби тоа е можно како хипотеза во теоријата, но во практиката, во животните текови во кои ние егзистираме, тоа е апсурд.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Вистинската власт, власта за која ние се бориме ден и ноќ, не е власт над предметите, туку над луѓето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Полицијата на мислите трага по нив и ги уништува, речиси со истата брзина со која ние ги препечатуваме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Знам, - рече берберчето, - Но ете што ти направиле тие мрсници против кои ние војуваме.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Изгледа дека техниките на интерперсонална манипулација, контрола и моќ не го наведуваат несреќниот да биде среќен, депримираниот да биде радосен, избезумениот да биде смирен, дезориентираниот да биде ориентиран, конфузниот да биде јасен, заведениот да ги отфрли неприфатливите и да ги усвои прифатливите гледишта. Margina #21 [1995] | okno.mk 51
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Хипнозата, како што ми се чинеше, нуди еден крајно едноставен метод (доколку некој ги знае нејзините цаки) за „матење” со манипулација, научно истражување, техники на интерперсонално наведување, т.е., со моќ, во она подрачје во кое луѓето заемно си делуваат едни со други и во кои ние се обидуваме да ги наведеме другите да го прават и да бидат она што сакаме ние и vice versa.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Таа е еден од мноштвото разновидни начини на кои ние ги наведуваме другите да гледаат, слушаат, допираат, мирисаат, веруваат, мислат, чувствуваат, посакуваат, и да го прават она што ние сакаме да го прават.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Настаните течат неизбежно по текот кој ние им го предодредуваме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во тешките времиња за книгата, кои ние децата никогаш не можевме да ги разбереме зошто се такви, татко ми се движеше брзо и нервозно во својата библиотека, ги разместуваше книgите, ги криеше, продолжуваше неговата алхемија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јас, вашиот старешина, ќе ве будам, ќе ве постројувам пред казан, а други, кои ние тука ги викаме инструктори, ќе ве научат војнички да се постројувате, да ракувате со оружје... Тишина таму!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- И замина продолжувајќи да ја врти главата и сам на себеси да си зборува што нему и му беше обичај поради кој ние децата понекогаш скришум одевме зад него да го наслушуваме што ќе рече.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Бреза ги овори широко нејзините очи за кои ние велиме дека се две најцрни и најубави маслинки на светот, а низ обравчињата уште ѝ се тркалаа солзички. Слушаше и ништо не разбираше.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Сепак, јас би сакал да го бранам ставот дека има нешто посебно во начинот на кој ние луѓето сме интелигентни.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Предикативната функција на персоналните конструкти дава логичко оправдување на претпоставката на Kelly (1955, стр. 46) дека „процесите во личноста психолошки се канализираат на начинот на кој ние ги антиципираме настаните”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Овој став оди малку понатаму од отфрлање на редукционизмот - со кој ние очекуваме дека Rychlack ќе се согласи.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Другите вклучуваат: • приговори (често искажани од филозофи и научници од општествените науки) искажани врз основа на погрешно разбирање не Gödel-овата теорема, квантната физика и другите резултати од математиката и природните науки што се во врска со AI; • приговори базирани на набљудувања на нешта за кои се тврди дека луѓето можат да ги прават но машините ете не можат; 86 Margina #3 [1994] | okno.mk • приговори кои произлегуваат од монистичкиот редукционизам и од недостигот на разбирање на поимот на различни нивоа на дискурс (пр. когнитивен наспроти имплементациски); • приговори предизвикани од ограниченото разбирање на компјутерите и воопшто информатиката. Rychlack-овите посебни тврдења се полни со чисти манифестации на сите гореспоменати конфузии (помеѓу другите), и така, тие служат како инструктивни, иако екстремни, примери од типот на конфузии кои ние се надеваме дека ќе ги разјасниме во оваа дискусија.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сепак, кога ја разгледуваме интелигенцијата in abstracto наспроти она што е специфично човечко во начинот на кој ние се сметаме за интелигентни, јас ќе тврдам дека би морал да се земе во обзир начинот на кој ние сме отелотворени, почнувајќи со фактот што поседуваме физички тела и завршувајќи со тоа што сме членови на човечко општество.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Љубица одеше да ги пасе овците и ретко ни доаѓаше на жетва или пак на другите земјоделски работи кои ние ги работевме.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Потоа уште и забрани на кои ние не сме свикнати: врати се дома пред да се стемни, не излегувај, опасно е, не вози велосипед, улиците се прометни, не собирај другарки по собите, не пикај се кај другарки по туѓи куќи...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Леле, Игбал, таква баба не си видел!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа е лавиринтот живот, во кој ние сме само играчи кои треба да се придржуват на правилата на играта која, всушност, нас нѐ игра за да нѐ тестира колку сме издржливи, колку сме доследни, верни и упорни.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)