кој (зам.) - кому (зам.)

Веќе сме наседнати да конферираме, а крај нас едни двајца се размавале со мечовите и секој час треба да се види кој кому ќе му ја отсече главата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кој кому овде може да дава часови по лудило?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Вака: кој кому мајка му карал, кој кому жена му свртел, кој кому ќерка му тртел.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мислеше: да ја фатам планината, па да видиме кој кому ќе плати, стар сум, а и окото веќе не ми нишани; да побегнам некаде – нема каде, а и ако побегнам, тој ќе ми плати со крвта на некое од децата; да седне да чека да биде што ќе биде – ни тоа не му се сакаше.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Навистина, пресудата кој кому му згрешил е неисправна и неиздржана, а давањето обвиненија однапред ве тера да ја заземете мојата страна, но јас темелно го испитав случајот и сега ќе ви го кажам со ред.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сите „телесни контакти со други машки“ што завршуваат со оргазам „по строга дефиниција се... хомосексуални“, настојувал Кинси, без разлика кој кому што му прави и без разлика колку силни или кревкички можеби изгледаат мажите што се впуштиле во секс едни со други.53
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога ќе помислам, отсекогаш сум се прашувал: „Кој кому му претходел, Ракот на Генот или Генот на Ракот?”, или, ако сакате наопаку: „Кој кого го наследил, Генот Ракот или Ракот Генот?“
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
„Нека кара, вели Ѓеро, да нѐ голтнеше морето, не ќе имавме кој кому да си ја караме мајката...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)