кој (зам.) - ви (зам.)

Го сакав Дали заради остриот изглед на неговата архитектура - Кирико е многу сличен - долги сенки, бескрајна далечина, линии кои се собираат во перспектива...лица без облици.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
•Во книгата која ви ја посветија Вам, Ерик Ромер и Клод Шаброл говорат дека Вашата прва идеја била од Опседнат да направите многу пооткачен филм; на пример, директорот на клиниката требало на табанот да го има истетовирано Христовото распетие, за да го гази на секој чекор, бидејќи тој бил голем покровител на црните миси, итн...
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
— Кој ти вели, мори мале, оти неќу да ве вида, кој ви вели оти сте ми одмилеле!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Или да се примени гестот- Унковски: сѐ дур не покажете сериозен респект при одврзувањето на кесето - „кој ви ебе матер!, не пипам ништо!“
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Спомнете си кој ви навредувал земја, и нека срцата охрабрат ваши!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тој како по команда продолжи: - Кој Ви е тој Татко – заштитник, па Бог? Сеништа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Секој збор кој ви го говорам е глупав и виновен.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се интересира за човечката сексуалност на посебен начин, на ист начин како што се интересира за водената енергија или за електрицитетот... Тоа е форма на енергија, тоа е форма на човечка енергија и активност која интригира. Големото стакло јасно се занимава со тоа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Триста години си останавте раја со ваш јазик, вера и име... пред триесет години со моја дозвола, ама со грчки пари сред село изградивте црква и од тој ден се поделивте на патријаршисти и егзархисти и разделница отворивте меѓу вас и се развраживте со големата помош на тие, кои ви се правеа пријатели.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Значи вие бевте в село. Кој ви е роднина? - Сите...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Како дете потрчуваше по мене. Го водам и го засакувам - овца ми бара да заколам, овца ќе заколам ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А вам кој ви кажа дека запалил куќа лесновска?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Целата креативност завршува во “заебот” и бескрајните игри под површината. И пак: кој ви ебе матер!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А вие сите на кои ви се чини дека приказнава е распекмезена и нестварна.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- Кој ви го запали селото, прашуваме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Што молчите вака, Дуковице, ѝ велам, кој ви е, мори, болен во куќава?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А заклучокот е дека и во фармерките и тексас јакната сте исто толку убава како онаа вечер, за која ви реков дека ќе бидете избрана за кралица на убавината.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Кој ви треба, господине? - дури тогаш се охрабри.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Всушност, оној сон што не сте го сонувале, но кој ви беше зададен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа норма обајцата делумно сте ја исполниле, лажејќи дека сте сонувале нешто што не сте сонувале и давајќи ги своите лажни податоци, своите лажни имиња.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Изгорел, сега е пепел“, докажуваа. Попот праша: „Кој ви рече дека изгорел?“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Затоа не се држете до крајните точки, до субјектите А и З, туку земете една од можните точки, еден од субјектите, на пример субјектот Д, и тргнете на лево или на десно, според истиот принцип за кој ви зборувам.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ако ги запрашаш, пак грчките книжевници: „Кој ви ги создал буквите и превел книгите?“ - Тоа малцина од нив и ретко знаат за тие работи.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Ако, пак, ги запрашаш словенските книжевници: „Кој ви ги создал буквите и кој ви ги превел книгите?“ - сите знаат и одговарајќи ќе кажат: Свети Константин Философ, наречен Кирил, тој нам ни ги создаде буквите и книгите ги преведе, заедно со брата си Методија. Уште се живи оние што ги виделе нив.“
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
Шо правите вие двајцата сами беќари: Кој ви замесуа, кој ве приперуа? — и собра сили та заврши: — ами не барате ли некоа сиромашка, да се прожениш, та на татка ти не му дава закон шо не му дава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- сакав да му возвратам на Зрновски, (или му возвратив!); посакував дури и да го навредам но ниту една мисла не подзапираше за да ја здогледам докрај, за да ѝ ја измерам силата, па се џарев во Зрновски збунет и беспомоќен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Која ви е целта? Што треба да помислам? И зошто да го сторам тоа?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Значењето е двосмислено, и многу луѓе ме прашаа дали сакам режимот да се врати.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Би го нарекол тоа еден вид иронија, што ви дозволува да ја изразите својата ситуација во сопствената околина, тоа е хумор на нашата епоха. okno.mk | Margina #10 [1995]
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Исто како да имате советник кој ви сугерира која стока да ја купите, а која не. ◊ Оваа земја е прекрасна.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И. К.: Кога еден свет исчезнува и станува дел од минатото, дури и потсвесно сфаќате дека сте ја делеле истата реалност со тие луѓе кои ви предизвикале страдање или кои страдале поради вас.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Постојат различни нијанси на хумор; Зошченко користи една што многу ми се допаѓа, еден вид хумор кој ви помага да избегате од кафезот.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Замислете го за момент вашиот живот без вашите најблиски, без луѓето за кои живеете, луѓето кои ви ја исполнуваат душата со благосостојба, кои ве мотивираат, кои ве инспирираат, кои се причина за постоењето на вашиот мал космос.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Дали имате постигнато хармонија во животот, дали се обидувате да балансирате со работите кои ви ги сервира секојдневието?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Кое е највредното наследство кое би им го оставиле на вашите најблиски?
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кои ви се тие мачки, вели Апостол Макаровски. — Мачките од логорот, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што најмногу читате? Кој ви е омилен писател? Кое ви е најмило дело?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Потрагата по идентитетот е потрага до крајот на животот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Човековиот сон е бездруго дел од заедничката меморија на човештвото.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Ви благодарам за доверливата искреност, за сонот што ми го раскажувате, кој ви се случува во Битола, Македонија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А што се однесува до вас лично, се прашувам дали, со оглед на вашето албанско потекло, вашиот идентитет и фактот што сте биле дипломат, за вас се поволни околности, кои ви овозможуваат да имате за оваа ситуација дистанциран став и да вршите посредувачко влијание.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред извесно време Луан Старова радосно ми го најави објавувањето на Балканскиот клуч, како и Времето на козите, во џебно издание.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Со бескрајна почит и чувства на приврзаност Ваш Луан Старова XXIII Имаше голема, бескрајна душа Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Токму во овие околности, минатото лето, еден напис во Телерама (од кој ви испраќам една копија во случај да не сте во тек) ми овозможи да откријам дека преведувачот на Времето на козите и на Татковите книги е сегашниот амбасадор на Франција во Албанија, господинот Патрик Крисман.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Простете, ако бев преорширен и ви пишував за работи кои ви се добро познати.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но, многупати, настаните кои ви ги раскажува самиот живот, се случуваат без ваша волја, најчесто определувани од богот на случајноста.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Јас не знам, почитувана Лејбовиц, дали некогаш ќе ги прочита овие редови, кои ви ги пишувам за Шапоно почитуваниот главен уредник на Фајар, но верувајте дека ќе продолжам со пишувањето на мојата балканска сага додека ми трае животот, верувајќи во нејзината поврзувачка моќ, особено како од читатели како вас.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Човекот за кој ви раскажувам одамна е умрен, но во бавчата што тој на времето ѝ ја одзеде на реката и ден денес се раѓаат круши и јаболка, се раѓа пченка, грав, а луѓето поминуваат, гледаат и се сеќаваат на тој вреден човек.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
ЈАКОВ: Кој ви дал дозвола? Мислите секој смее да ја сака уметноста и театарот?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЈАКОВ: Кој ви вели дека сум буден? Сета нација е под анестезија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Кој ви дал право да ме застапувате? Ви ги одземам акредитивите. Од денес се застапувам сам.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)