- Кој чука? - праша. Почека, а кога оној не одговори, Змејко се шмугна во томничината, го извади ножот и со притаен чекор се доближи до вратата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
3. Распосли си го окото -
мојата љубов сака да патува
мојата љубов сака да залута
да се врати, да нѐ спаси
мојата љубов сака
Во предградието на твоето око
трепките си поигруваат есен,
отвори, патникот кој чука е љубовта
ќе влезе за да побегнеме од времето
меѓу градите отсекогаш сум носела виделина
окото твое отсекогаш ме барало мене -
разбуди го, ноќва како на сон те сакам,
погледни ме, љубовта да ми патува...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
- Тук! Тук! Тук! - Кој чука? Кој ме буди? - сонливо запраша Полжавот. - Дождот - слушна одговор.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Селанките ѝ завидуваа на Митра, селаните се поприсетија каде е работата, та излезе по некој збор кај пазарџиите, ама „кој чука туѓа 'рж?“
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)