кој (зам.) - успее (гл.)

Во собата, над креветот, виси сликата на Ататурк; смела и решителна физиономија, која успеала турскиот народ да го поведе против заостанатоста, а за нов и понапреден живот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овој бандит, кој успеа да побегне и сега се крие и прави злосторнички дела, осуден е на смрт.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Единствениот излез постои само во интернетот кој успеа да го измајмуниса мејнстрим ѓубрето и воедно да му избега од апсолутното медиумско контролирање.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ворхоловите ко-автори, тие не беа толку чираци на големиот волшебник колку вистински алхемичари кои успеаја да ја синтетизираат нефатливата аура на Ворхол во литературен стил што ќе беше од огромен значај и во случај Ворхол никогаш да не фатеше сликарска четка во својата рака.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа заслужи процент од вкупниот доход за книгата што Енди едноставно одби да го земе предвид.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Вистина, Били Нејм направи нешто повеќе од само печатар­ ските корекции (вклучувајќи ја и новелата “а”), но Хакет и Коласело заслужуваат многу поголемо признание за нивната работа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Истовремено си велев: кој успеал да ископа нешто од сонот?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таму е вистината, си велев и се надевав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А притоа продолжував да копам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кој успеал да ископа дупка во вода, Филозофе?“, прашаа дванаесеттемина.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Едноставно ќе си го предавав предметот, ќе си ги користев расправите за да ги истражуваме средишните прашања за машкиот геј-субјективитет кои ме збунуваа, ќе ми доаѓаа разни идеи, хипотези и решенија, ќе ги обработував со една генерација студенти, па одвреме-навреме, кога ќе ме заблеснеа мигови на просветлување, ќе си објавував огледи на таа тема.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сметам дека моите напори се надоврзуваат на нивните, а не дека ги одменуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А додека се трудев да ги одговорам неодговорливите прашања што си ги бев зацртал, почнав многу да им се восхитувам на претходните писатели на темава кои успеале да дадат видливи одговори и убедливи толкувања на машката хомосексуалност како културна практика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, штом толку се озлогласи предметот, јасно беше дека тука ќе мора да правам многу повеќе за да го оправдам целиот проект – да се зафатам со темата на некој издржан, макар и делумен, начин и да дојдам до некои вистински одговори.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Во Маргина веќе во два наврати го претставивме Лири (бр. 17-18 и 21), а овојпат се решивме за едно покомплексно претставување на текстовите на Тимоти Лири.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ТИМОТИ ЛИРИ На 31 мај годинава почина една од најхаризматичните личности на модерното доба, единствениот човек во 20-иот век кој успеа да стане поп-икона за неколку генерации (дедовци-баби, татковци-мајки, синови-ќерки), име коешто во иднина веројатно ќе биде синоним за нашето време (крај на векот) - ТИМОТИ ЛИРИ. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 25
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Еден ден повеќе нема да лазат, туку ќе полетаат.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа ја наполни раката со гасениците кои успеав да ги извадам, и рече: „Еден ден ќе се претворат во пеперутки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На крајот добиената сложеност на податоците е поврзана и со ограничувањата на дадениот компјутерски модел кој успеал да ги воспроизведе со задоволителна точност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Класикот“ за овој број е г-динот Ташко Георгиевски, еден од ретките македонски писатели кој прочитал нешто од светската литература по 1950 година; во неговиот случај не се работи само за „читање“ туку богами и за проникнување во стилскиот феномен наречен „француски нов роман“, кој успеа да формализира одредени ингениозности на Џојс и Пруст.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Место сето тоа ти, застанат така пред жената и со оние тројца мајстори, што ти дишеа во вратот, пред жената, целата раздрохтавена како пауница од задружната благота, не можеше да смислиш ништо друго, освен да ги требиш сламките од засушениот малтер на чекичот во твоите раце, дури не ти притекна онаа мудрост, која успеа да ја протепкавиш во неколкуте збора, што ги исцеди од својот гнев како мајчиното млеко:
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Bo барањето на што поубедлива документарност при интерпретација на личните и општи судбини, зафатени од виорот на Балканските војни и Првата светска војна, покрај кажувањата на десетина преживеани учесници од Македонија (со кои успеав да се сретнам во Битола, во Солун, во Берово, во Горно Коњаре, Скопско, во Ваташа, Кавадаречко, во Слојштица Демирхисарско, во Жиово, Мариовско, во Претор, Ресенско и т.н.) ненадоместлива помош ми беа и белешките на учителот Милорад Марковиќ, односно неговиот „Воен дневник“, којшто во еден поголем дел е воден на боиштата во Македонија.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бев свесен дека како и да пишував, никогаш не ќе успеев да се доближам на достоен начин на легендата на Арафат и на одбраната на својата Палестина, на сложената енигма што се криеше во неговата комплексна личност, на неговиот живот-жртва.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Животот, личноста и борбата на Јасер Арафат не можеше да се сведат на никакви шеми на владетелите кои успеале да го оттргнат својот народ од колонијалната зависност и до крајот на животот, да се сметаат како пратеници на Бога во доживотното владеење.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
При една посета на италјанскиот претседател на владата Аминторе Фанфани, крај работната маса на Бургиба ќе забележи една книга на Југурта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На прашалниот поглед на премиерот, Бургиба ќе рече: - Да, јас сум Југурта кој успеа!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сега можеше да си го дополни своето семејно стебло кое, некогаш, залудно се обидуваше да го направи, со помош на својот најстар син кој успеа да го состави семејното стебло по Таткова линија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во нашето маало, со години, живееше легендата за мајката на Мајка Тереза која успеала да ги изгледа, со љубов и со достоинство, своите деца, а на ќерка си Гонџа ќе ѝ ја влее љубовта кон човекот и кон големата мисија што ќе ја оствари во текот на својот живот, во заштита на сиромашните.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се работи за грешка (за мене сѐ уште непојмлива), од страна на издавачот „Независна музичка работилница - Трот рекордс“ кој успеа, наместо композицијата што посебно ја изработив за оваа цел, да стави концертна матрица за истата песна иако таа веќе беше уредно префрлена на посебен ДАТ (од страна на издавачот) и беше повеќе пати емитувана на 103. Margina #21 [1995] | okno.mk 83
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Проблемот станува дотолку побизарен, што конфликтот има шанси да прерасне во судски спор, се разбира доколку не се најде некаков компромисен договор.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
За спасувањето на колекцијата најголема заслуга имаше Цветан Горски, кој успеа во годините на фашизмот, со блиските на Игора Лозински, да ги спаси драгоцените експонати и по војната да ги оживее во единствен Музеј во светот и на Балканот. Но, тоа не би лесно.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Последната генерација која успеа да мине непречено од Езерото низ реката, до морето и океанот, пред да се затвори реката, се врати низ своите потомци и запре пред вистински, нов балкански ѕид.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во тој момент, баш откако го изговорив зборот „гладен“, цревата повторно се побунија, но овој пат со полифоничен цвилеж.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Исто така, според раскажувањата на мајка ми, Јован бил способен маж кој успеал со капиталот што го имал да создаде уште повеќе и да ѝ изгради голема и убава куќа на Олга во предградието на гратчето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Јас не сум којзнае колку позната во Фрежис, но се восхитувам на снаодливоста на поштарот кој успеа да ја најде мојата адреса, дотолку повеќе што јас почнувајќи од месец јуни престојувам во Швајцарија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
„Извини“, неочекувано му рече Марко кој успеа да го заврши или прекине разговорот со колегата од другата страна.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Јас се обѕирав наоколу и почнуваше да ми станува сè повеќе страв, а најмногу ме плашеше тоа што не бев сигурна во кој правец е нашата куќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа беше окупирана само од светулките и од ѕвездите и прашуваше дали можеби тие што светат на небото се исто така светулки кои успеале да одлетаат многу високо и дали, ако внимателно се загледаме во нив, ќе успееме да згогледаме некое мало тролче.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)