Бог, таков каков што си го замислуваат луѓето, не постои: постои некоја сила, натприродна, која управува со светот, додека луѓето се управуваат според својот сопствен разум и според своите закони.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Винстон немаше никаква врска со организирањето на лотаријата, со која управуваше Министерството за изобилство, но беше свесен ( како впрочем и секој друг во Партијата ) дека премиите во најголем број случаи беа непостоечки.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ниту пак- ова е дигресија - е очигледно зашто некое само еднаш следено правило, поради тоа што е следено само еднаш, треба да биде сфатено на платонистички начин.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Се чини дека Витгенштајн ги користи согледбите за „лабавоста” која може да се јави кај правилата кои управуваат со изразите со намера да се одбрани од оној вид објективизам кој самиот го застапуваше во Tractatus-от.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Овде и едниот и другиот ја воспоставиле истата разлика меѓу судот, и мисловниот процес кој управува со делото и има универзална вредност, и делото, конкретната реализација, занаетчиското изведување, кое спаѓа во посебен домен.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Правилата кои управуваат со растот на растението ги пренесуваат особините од помалите на поголемите размери.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Тие „поништуваат” и заменуваат согласно со правилата, и тоа со оние правила кои управуваат со самите операции.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
И не жалам, зашто знам оти сум смртен и не тажам зашто на Господ му ја ветив мојата сенка, мојата душа и тој ја избра меѓу убавите семиња на светот за Бродот од селото Бродец, со кој управува Утнапиштим дален, а кого вие го нарековте Ное.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Еден петел, но не кој било петел, туку голема, горда, убава и раскошна птица, која управуваше со кокошарникот, и за тоа нешто беше свесен, за Милан беше симбол на машкоста и власта.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Во интервјуто вели дека тој и неговата генерација на театарџии со став, бегале од театрите со кои управува државата затоа што тие биле инкубатори на посредни творци, всушност „културњаци“ кои се во заложништво на државата.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Според тоа, таа не е живо суштество, туку е робот со кој управува некој.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- Механизам! Робот! – се чудеше Додо. – Но кој управува со тој робот?
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Гласот како да доаѓаше од некоја далечина.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Спиеја тврдо, со насмевка на лицата, меѓу нив и Шарлаган- кан.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Колку е бесмислено тврдењето Дека триумфите се најблиското соѕвездие За оние со кои управува умешноста!
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ако беше точно тоа, ако на цели народи им е дадена таквата способност, тоа ќе беше најголемиот грев на оној кој управува со нас луѓето и со нашата волја, па нека е тој господин и самиот Господ.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Но човекот е сепак тој кој управува со својот живот но и со животот на сите суштества што го придружуваат. Дај боже да грешам!
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)