Оттаму, од нејзината могила, таа ќе ја гледа куќата во која ги поминала сите тешки и сите среќни години, како и најголемиот дел од патот, оној единствен пат по кој во една далечна ноќ се качуваше кон ѕвездите и кон планината.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Колективната амнезија, меѓутоа, се чини дека е само симптом кој упатува на многу посериозни општествени аномалии.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Но бев сигурен дека на дипломатот му се пружа историската шанса да излезе од својата вообичената орбита, да ја потврди смислата на амбасадорскиот чин, на пресуден фактор во меѓучовечката универзална комуникација, во смислата на која упатуваше Егзипери, со максимата дека вистинската професија е таа која му служи на зближувањето на луѓето.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Патолошката душевна состојба на која упатувале тие поими подразбирала истополова сексуална желба, но не се сведувала само на неа.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Неговата функција се распаднала во себе - тој веќе не е оној кој упатува на изворите на знаењето туку станал пречка на патот до него.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Нема да ги спомнувам другите поединости кон кои упатуваше поткренувањето на раката што го водеше мојот поглед кон тумбата, бидејќи уште веднаш сфатив дека нејзиниот избор не беше случаен.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)