кој (зам.) - тлее (гл.)

Не сум виновна што кога талкам, насекаде после мене оставам распламтени јазици кои тлеат и чекаат да ги изгаснам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во моментите кога се меша со притоките на ирационалноста, заблудата, кога ветрот ни фрла прашина во очите, настанува поматување и колку и да се прашуваме и да бараме оправдувања и да го потиснуваме бесот кој тлее во нашите срца, ќе мора да се соочиме со сопствените одлуки и чувства.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Би те кренале неми над своите немирни тежини да те поплави небето со белите трошки на погледот Дали тогаш твоето сонце ќе може да го озвучи кроткиот дожд на тишината Сепак не е зимата румена како нашите образи и не е вистински сетна како здивот на реката Побарај го слапот од надевање во извезената кора на мразот под која тлее жуборот на едно кревко сеќавање
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)