кој (зам.) - сочувствува (гл.)

Величковски, кој сега работи во приватна агенција за обезбедување, а дополнително и како електричар и хаусмајстор на повик, охрабрен од добиениот спор и од тоа дека, сепак, и во нашата држава може да се добие судски спор за прекршени работнички права, е решителен за тоа дека и во иднина повторно би тужел доколку му биде повредено некое право од сферата на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Прва карактеристика на тие искуства беше некаков тип на психијатриска емпатија со оние кои сочувствуваат, без оглед дали сочувствувањето е изразено или не.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Според него, типичен пример за прекршени права и обесправеност е случајот со стечајците,6 со кои сочувствува затоа што и самиот тој своевремено „преживеа“ една стечајна постапка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)