кој (зам.) - смета (гл.)

Странката која смета дека надлежниот суд го повредил правото на судење во разумен рок, има право да поднесе барање за заштита на правото на судење во разумен рок до Врховниот суд на РМ.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Под нестручно и несовесно вршење на судиската функција се подразбира незадоволителна стручност или несовесност на судијата што влијае на квалитетот и ажурноста во работењето, и тоа:... – постапување со предметите спротивно на начелото за судење во разумен рок, односно одол- жување на судската постапка без постоење на законски основ (чл. 75, ст.1, ал.4 од ЗСуд).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Пак за крунски сведок го земаме Тезауро, кој смета дека небото е „восочна плоча“ (cerula) во која природата го вцртува „она што ќе го измедитира“; притоа, за своите тајни таа создава загадочни знаци и симболи.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ретроспективата што тој ја замислил предлага пријатна „прошетка“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Мешавина од елиптични формули, длабоко нејасни или претерано едноставни, кои се разјаснуваат исклучиво преку набљудување спроти светлоста на париското сонце, бидејќи според мислењето на авторот, делото е ориентирано во правец исток/запад, иако може да се каже дека токму низ тој прозорец низ којшто е претставено делото, Бојс исчезнал во синилото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сепак, овие забелешки не ги оправдуваат оние кои сметаат дека единствено уметни­кот е способен правилно да ги претстави своите творби, да ги оживее и да ги измени низ едно естетско уредување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не, не сум толку категоричен како Claude Lanzmann, кој смета дека од овие настани не може да се прави фантастика.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Доколку работникот кој смета дека трпи вознемирување на работното место, а поради тоа му е нарушена здравствената состојба, има право до завршување на постапката, да биде преместен во друга работна просторија, односно работна средина (чл. 28), додека пак на лицето кое го врши вознемирувањето или го злоупотребува правото на заштита од вознемирување, работодавачот може да му изрече една од мерките за непочитување на работниот ред и дисциплина, а ако во рок од 6 месеци повторно изврши вознемирување, може да му го откаже договорот за вработување (чл. 29).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Рокот за поднесување на барањето е 6 месеци од денот кога последен пат е извршено однесувањето кое претставува вознемирување на работно место (чл. 21) и тоа задолжително треба да содржи: (1) податоци за подносителот на барањето; (2) податоци за вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување на работно место, ако не е подносител на барањето; (3) податоци за вработениот кој се смета дека врши вознемирување; (4) краток опис на однесувањето за кое оправдано се смета дека претставува вознемирување на работно место; (5) траење и зачестеност на однесувањата кои се сметаат за вознемирување на работно место, како и датумот кога последен пат е извршено тоа однесување и (6) наведување на факти и докази (чл. 20).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Барањето за поведување на постапката се поднесува до одговорното лице кај работодавачот, а освен работникот, вакво барање може да поднесе и претставник на синдикатот, лице надлежно за работите за безбедност и здравје при работа или за управување на човечки ресурси и претставник на вработените, по писмена согласност на работникот кој смета дека е изложен на вознемирување на работно место (чл. 19).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Работниците и претставниците на синдикатите на работниците кои сметаат дека се оштетени поради неисполнување на обврските што произлегуваат од пренесувањето, можат да побараат судска заштита (чл. 68-д, ЗРО/05 – Пречистен текст), а одредбите од членовите 68-а и 68-б важат и кога за пренесувањето на активностите е надлежно повисоко тело (чл. 68-в, ЗРО/05 – Пречистен текст). 25 Според чл. 32 ст. 5 од Уставот на РМ (1991): „Остварувањето на правата на вработените и нивната положба се уредуваат со закон и со колективни договори.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Му реков: „Имај на ум, се случува и тоа, а и мене ми се има случено, дури кога ќе згрешиш да сфатиш дека животот има задолжено специјални избраници и помеѓу луѓето за кои сметаш дека посебно те ценат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се разбира, животот одвреме навреме ќе им одреди на овие свои избраници кога да го изведат казнувањето и со какви средства.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нивна задача е да спроведуваат некои важни упатства и да ги штитат интересите на нарачателот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Притоа, по правило, секогаш тој го избира вистинскиот момент.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За членовите на професионалните дисциплини кои сметаат дека имаат пристап до објективното знаење, критичкото размислување не е можно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тие луѓе сега се способни да се спротивстават на овие ефекти, како и на структурите за кои сметаат дека се непра­вилни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Дијалог помеѓу две различни нивоа на гледање не е можен.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Заедно со една група луѓе учествував во деконструкцијата на одделните начини на живот и мислење, преку преиспитување на конститутивните ефекти на специфичните ситуации во нивните животи во областите на моќ кои имаат облик на социјални структури.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Извикуваа пароли во кои славеа прогресот на народниот дух, ослободувањето од дотогашните лажни вредности, викаа: „Да живее народната уметност!“, ги застрашуваа сите оние за кои сметаа дека не се декларирани.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Г0ј се однесува на мажествени момци што сакаат други мажествени момци, кои ја ценат мажественоста и ја негуваат блискоста со други мажи, кои ја отфрлаат женственоста, кои сметаат дека аналниот однос е „крајно деградирачки и одвратен за мажественоста“.348 Еве како е тоа срочено на нивната страница на интернет: Значи, ти си нормално машко што, ете, сака други машки – можеби многу.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И не, „г0ј“ не е збор на јидиш за „рисјанин“: тоа е „геј“ или „гај“ (дечко, бел. на прев.), со нула наместо средната буква.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веќе имав вложено извесни напори да си ги изградам сопствените вкусови, за кои сметав дека се посебни и кои, според мене, го изразуваа мојот особен однос кон мојот историски миг, кои ги изразуваа мојата избрана припадност на одредени движења и стилови во современата уметност и култура и моите политички вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, од многу причини не се поврзуваш со „ГЕЈ“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не, не е тоа хомофобична жалопојка од христијанската десница: тоа е промоција на интернет на „г0ј“-идентитетот, „Нов идентитет во машката сексуалност“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Најмалку заинтерсирани за тоа биле гемиџиите, кои сметале дека секој инцидент или заострување на ситуацијата во Солун можел штетно да се одрази, односно делумно да го провали нивниот план за акција.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Што значи тоа? - На крајот од седумдесетите години, читателите на ревијата за музика „Џубокс“ можеа да го дадат својот глас за гитаристот за кој сметаа дека е најдобар во СФРЈ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ова звучи доста охрабрувачки, особено за оние кои сметаат дека нивната лоша комуникација со светот се должи на недостаток на луѓе со кои можат да разговараат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Живееше во симфониската тишина која умееше да ја оркестрира во животот, победувајќи ја горчливата осама крај верните таткови книги, наспроти разбеганите чеда, за кои сметаше сѐ уште дека ја беше испратил бог во животот да ги доварди, да ги спасува!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Луѓето сметале дека тие композиции се „помпезни и конфузни“, но имало и такви кои сметале дека тие се ремек-дела без конкуренција.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Татковата потрага се исцрпуваше во неговите книги за кои сметаше дека ја дополнуваат вистината на балканскиот човек, а Мајка сметаше дека најголемата книга си беше самиот живот, која беше најцелосна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Охридска каза; дека истото село, според пописот на Охридската каза, било одредено од турската власт како дервеџинско село што го чувало патот што водел од Охрид, преку манастирот Свети Наум, за Горица (денешна Корча), за Арнавуд Белгради (денешен Берат) и за Авлија (денешна Валона); дека манастирот му плаќал данок на господарот на Охридската каза Џеладин-бег; дека во одобрението на Цариградската Порта за градење на нов храм, стои оти манастирот е во Охридска каза, дека иконата на свети Архангел Михајло што е подарена од Влашкиот кнез Александар Наруци во 18 век стои: „На манастирот Свети Наум, Охридска каза; дека и други управувачи на Влашко: А.Апсиланти, М.В.Сукул, и К.Мирузи, кои сметале дека нивната земја порано била под духовно раководство на Охридската архиепископија, му подарувале подароци на манастирот како светилиште на таа архиепископија; дека во минатиот век, во манастирот по разни поводи (на прошетка, на панаѓур или на одмор) навраќале австрискиот, грчкиот и рускиот конзул, кои во писмата до своите влади го опишувале значението на овој манастир давајќи податоци дека тој се наоѓа во Охридска каза, Битолски вилает и дека манастирот имал големо богатство со кое го издржувал училиштето во него, а ги помагал и другите училишта во Охрид.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Или ако бевме спомнати како сведоци кои сметаат дека е најумно да го заборават она што го слушнале?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зарем сметаш дека и во тој случај ќе останевме неизвалкани?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Пред некој ден бев во Монпелје.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Техничкиот напредок е една работа, а наравот на човечките суштества кои сметаат на прогресот е друга работа. Најнапред.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Можеби треба да се направи ова за да го разберат вжештените глави?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
А/Д 1 добиле информации од Грција дека "Иван Михајлов е во Будимпешта и дека се обидува да воспостави контакт со Британците за доброволно ангажирање", а грчкиот премиер "лично барал да биде информиран дали е тоа точно и енергично барал овој непомирлив непријател на Грција да се држи подалеку од неа".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа свое тврдење тој го поткрепувал со фактот дека и самите Британци кои го помагале ЕАМ работеле против себе.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Реакцијата на Молотов била дека тој не може да зборува во име на Југославија и Бугарија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тоа го потенцирал и фелдмаршалот Сматс, кој сметал дека со советското навлегување на Балканот биле загрозени британските интереси во Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Излагањето на Идн го поддржал и американскиот министер за надворешни работи, Стетиниус, кој сметал дека е пожелно да им се сугерира на Бугарија и Југославија да причекаат во нивните преговори до одржувањето на Мировната конференција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Решението го дал Бејли, кој сметал дека е потребно, за да се избегне инволвирањето на Владата, Стефанов да биде поканет во Лондон како гостин на Полската влада.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)