Невозвратената љубов, талкањето, бегството од вистината, барањето излез и сето она што ја буди надежта за живот, немилосрдно го гази времето и остава простор за помирување со судбината која сече до корен доколку не се побара капка надеж и верба.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Кога чумата ќе заминеше понатаму влечена од широкиот, пијан замав на својата коса која сече не одбирајќи, зрело и незрело, портата на замокот повторно стануваше мост.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Трепереа тенките усни на Велета, а од очите му искреше пламен, кој сечеше како остер нож.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)