кој (зам.) - сведочи (гл.)

Тоа е роман, кој сведочи за златното доба на рајот на детството, извишувајќи се над секоја пасто­рална симфонија од млеко и мед, сведочејќи за хармо­нијата помеѓу луѓето и животните, помеѓу сиромашниот рурален свет, и урабаниот свет – сè уште преполн со илузии и идеали...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Среде албумот, притиснат меѓу две страници, имаше некогашен разнобоен цвет, обезличен од времето кој сведочеше за среќните мигови во нивната љубов.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кејџовото влијание на Њујоршката сцена во педесетите години во која се разви уметноста на хепенингот, неговата активна улога во движењето Флуксус, долгогодишната соработка со Марс Канингем и неговиот балетски театар, се различните правци во истражувањето кои сведочат за ширењето и еластичноста на неговите обиди.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Бев многу возбудена кога го читав овој роман, кој сведочи не само за големината на еден писател, туку и уште за една благородност, за една голема душа која малку се сретнува во нашето време.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во мигот низ свеста ѝ проструи добиената анонимна „интернет мува“ со мал сегмент кој сведочеше за автентичноста на материјалот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Оваа централна идеја во книгата, претставена во голема драматика која сведочи дури за степенот на загрозувањето на животот и слободата на нараторот, повторувам, ова силно минување низ пеколот на духот е силно предадено во романот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)