кој (зам.) - расне (гл.)

Но само се исправил полека, недозгрбавен и не со крената глава, туку повеќе сличен на човек што долго време стоел замислен на исто место, меѓу сенки од кои расне непробоен покрив и под кој ќе почне нова битка без сеќавање за вчерашните рани и лузни на неизлекуваната душа; и ќе гризе и ќе боде и ќе дави ревејќи само со крвта и сличен по нешто на оној негов дедо или дедо на неговиот дедо од дните кога бил со каменен чекан удрен над истото вака распарано животно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што ако не јазикот и кој ако не поезијата, барем до некаде, не ги обезличи страдањата.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И се случило Панделиј Каламарис трипати да се споулави: еднаш кога останал сам и ранет во рамо меѓу своите мртви борци (и болен водел чета темни пушкари) со кои раснел и сонувал битки; потоа кога војводата Зигас, за да не се предаде жив, фрлил запален факел во бурињата со барут и, чиниш се здружиле стотици молњи и громови, летнал на парчиња кон сонцето покриено со чад; најпосле, кога десетина жени со дребни дечиња в раце се фрлиле за одбрана на честа во водопадите на Црна Река, меѓу нив и жената на Панделиј со близначињата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
(Ќе замавне оддолу кон небото, човекот не се распорува поинаку.)
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето се бореле и со нокти и со заби, за една глава барале две: на малите народи една глава им е поскапа од три непријателски; ќе убиеш тројца, четвртиот тебе ќе те доака; ти гниеш во гроб, тој делка дечиња - тројца браќа му загинале, четири дечиња ќе изделка; ти ни род ни пород, тој сѐ може.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Живеалиштето ѝ личеше на змејско дувло, не копано, туку соѕидано од тули од кои раснеа кисели дрвја, боз и трње.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Да не изумуваме дека некогаш, точно низ овие предели во кои раснеле и исчезнувале потомства и потомства, Орфеј минувал тука и им пеел и на среќните и на несреќните.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)