— Е море, си ода, бацко Толе, си ода, бре, млада су, ми се сака да носа, да јада локумчиња, шиќерчиња? — му одговори таа слободно и му намигна со левото око. — Зар тебе не ти се каснуа пиленце?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
(15) Не потекнува ли тагата на младиот човек, кој разбрал дека еталон метарот ја загубил својата моќ да ги мери раздалечините од онаа сосема космичка меланхолија типична за fin-de-siecle и која ќе ја најдеме и во една песна на Laforgue со наслов Тажачката на времето и неговиот другар простор?
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
— Ти, Марије, си одиш со Мушона, а? Змија лута ќе те клукне, ќе те обеса на сретсело, да знајш? — ја судеше еден ден Толе во Бзовиќ дваесеттодишната убава чупа Марија Милетова од Старавина, за која разбра дека му се подала на Мушон Евреинот што држеше дуќан во Старавина за некакви си прстенчиња, грлувчиња, мониста и други ѕрнѕурки.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)