Ако тргнеме од претпоставката дека нашето општество разликува два основни менталитета: примитивен (кој се потпира на чувствата) и цивилизиран (кој се потпира на разумот), ќе дојдеме до свеста која продуцира нова поделба: на луѓе наклонети кон масовната култура, и на такви кои и припаѓаат на интелектуалната елита.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Се разбира дека на фонот на завршената (?!) војна на Балканот (која беше приготвена токму од некои “уметници” и “идеолози” и која содржеше прилична доза на сè уште потпламнувачката фашисоидност), во околности на специфични меѓунационални тензии кои продуцираат одреден културен и идеолошки рефлекс и овде кај нас, во Македонија, а најпосле и во контекст на нашето, како држава, ново дефинирање на она што значи културна политика и културни цели, постојат сериозни причини “вечната тема” за односот меѓу “уметноста” и “идеологијата” одново да се актуелизира.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)