кој (зам.) - почнува (гл.)

Ја измачуваше мајка си прашувајќи ја одново и одново зошто нема повеќе храна, викаше и ѝ подвикнуваше (се сеќаваше дури и на тоновите на својот глас, кој почнуваше предвреме да мутира и понекогаш ќе грмнеше чудно длабоко), или пак се обидуваше со цимолење да изнуди повеќе отколку што му следуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Климент Камилски, во домот на Сотир и Луција, им кажуваше за еден од најзначајните кругови на својот живот кој почнуваше од Париз, па преку Шпанија, Балканот, повторно завршуваше во Париз, во нивниот гостопримлив дом.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На централниот дел од ѕидот стоеше порака, напишана на вешто изработен папирус, која почнуваше со зборови: „Кажи ми ангелу скришно каде да соберам сила искушениево да го скротам?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Работи кои не може а да не ги сториш да не нарачаш петто пиво откако си испил четири; да не го ставиш откако веќе си го брцнал; да останеш кул кога одеднаш ќе се разбудиш во крематориум, поклопецот на печката е затворен, а копчето притиснато на ’он’; да не ја сфатиш погрешно реченицата која почнува со "не ме сфаќај погрешно, ама..“
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Стариот ковчег, во распеани бои, со цвеќенца, со иницијали, паѓаше в очи зашто стоеше како камен – темелник на нов дом кој почнуваше да се ѕида.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Е, кога веќе се расприкажав на оваа тема, морам да ја спомнам и песната на Арсен Дедиќ која почнува со стиховите: „Се додворував на непозната девојка/ Во кањонот на Тара кај Колашино/ Зборував на сите јазици/ жарев и палев за да ми поверува...“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Прво, денес сѐ почесто и погласно слушаме залагања за „организирана народна културна дејност“ (тука, се разбира, мислев на Луција, која како навиена го прочита својот говор на приредбата, кој почнуваше токму со таа фраза).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Излезе пред колибата, сѐ уште не осмелувајќи се да зачекори во снегот кој почнуваше на чекор од вратата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мирисите на јоргованите но и липите кои почнуваа да се расцутуваат опиваа од сите страни. Отсекаде како да зрачеше едноставна опуштеност.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Оној кој им беше водство и утеха во овие четириесет години талкање, оној што го изведе нивното избавувањето од египетското ропство, оној што имаше од бога пренесена моќ, само со допир од својот пастирски стап да ја окрвави цела, големата река Нил; оној што на моќниот фараонски Египет му донесе божји казни и несреќи, тој што по волјата божја го отвори длабокото море и на неговото дно направи пат за безбеден премин за својот народ, првиот патријарх на јудејското племе, оној од кој почнува бележењето во светите книги, тој што во деновите на талкање и глад се помоли за спас и го нарани избраниот народ според божјата благодат со мана, чудесна храна што бог ја истури од небото и, на крајот, оној што го доведе својот народ до ветената земја, а самиот не дочека да стапи во неа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Прозата на Б. Варошлија „произлегува од еден говор кој почнува да се раѓа сѐ понагласено во нашата јазична практика во урбаните средини, расказите на В. Малески се градени врз одредени говорни ситуации во кои се еманципира еден јазик на чаршијата, на градот, од говорот на руралните средини со кои е сѐ уште во силен контакт, литературата на С.Попов произлегува од јазикот на селото кој е затекнат во една конзервирана состојба итн.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Или си сенка од тврдина зад која почнува незнајно Кралство.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Тоа беше најомилената песна на овчарите, која почнуваше вака: „Huile, huile, palomita“, која, ако се преведе, би значела „Летај, летај, мало гулапче“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ниту една посета од кралска личност, на некој скромен дрводелец или селанец, немаше да биде прифатена со поголема и поласкава благодарност и радост.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мајка се подготвуваше да си ја разјасни првин за себе, па потоа за Татко и за децата, својата „грчка врска” која почнуваше од најраните години на нејзиното детство.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)