Овој, човек, си реков, е типичен пример за еден од оние кои обожаваат да им прават интриги на своите конкурентни другари, на кои веројатно цел живот им прават лице дека животот би го дале за нив.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
И така, Џон се соочувал со тешка битка во обидот да си ги завери мажествените исправи, па му требала сета помош што може да ја присобере, а која мојот скандалозен предмет баш и не му ја давал. (Можеби вреди во врска со ова и да се каже дека за мојот предмет никогаш не сум добил приговори од геј-мажи што се гордеат со својата флагрантна женственост и што се исплашиле дека тоа што во описот на предметот ја спомнувам „мускул-културата“ може да наведе некого по грешка да мисли дека и тие се некакви типови што се носат војнички или дека се некакви забегани фитнес-отоци во тренерки, кои обожаваат тимски спортови и немаат никаква смисла за духовит збор.)
Главната причина поради која не би било мудро да се отфрлат приговорите на Џон со некаква праведничка самозадоволност или со некаква покровителска надменост е што на тој начин би се потценила нивната политичка моќ и би се превидело дека се втемелени во еден конкретен спој на општествени и историски настани, за кои, всушност, даваат важно и корисно навестување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Никој нема да ти се вџаши, да свика за да се побуни, да те прекине среде реченица, ако се осмелиш да навестиш дека тип кој обожава диви, кој сака сентиментални песнички за невозвратена љубов или песни од мјузикли, кој наизуст ги знае најдобрите реплики на Бети Дејвис или им придава врховна важност на отмените парчиња или на внатрешното уредување – велам, никој нема да се згрози ако подречеш дека таков некој маж, можеби, евентуално, не е баш сосема стрејт.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)